![]() |
|
Преговори за името |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 5051525354 184> |
Автор | ||||
Gorazd777 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Е таквите имаат шупаци за властодржци и затоа вака че киксаме уште 20 години,дури не се налапеет и овие,ама си велам коалицискио партнер,че трга за уши
![]() Тогаш не НАТО и ЕУ,отаде и преку че заватат. Абе штета е, сега му светнува да се виделе што се, Македонци или Антички македонци,па кога и тоа че го преџвакале,е тогаш... |
||||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
||||
![]() |
||||
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
![]() |
||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
||||
![]() |
||||
DameMak ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Така е - ни јас не сакам да си го смениме уставното име затоа што на тој начин навистина ќе престанеме да постоиме како сегашниот ентитет со македонски идентитет, и ќе бидеме нешто видоизменето. Ама јас сакам да влеземе и во ЕУ и во НАТО заради колективната заштита што сојузништвото со НАТО ни ја пружа и заради економските придобивки од членувањето во ЕУ.
Ни јас не сакам да влеземе во НАТО и ЕУ со променето име. А според сите анкети и 85% од македонскиот народ исто така не би се согласил да влеземе во ЕУ и НАТО со променето име.
Е ако така се изглупира оваа влада која ја поддржувам од 2006 навака, во мене ќе добие најголем непријател. При одржувањето на референдумот ќе бидам најголем гласноговорник против самоубиството на нацијата со таквиот потез, а Груевски од херој ќе се нареди до љуБчета во редот на предавниците со таа разлика што љуБче си го смени својот личен национален идентитет, а Груевски ќе го смени идентитетот на целата нација. Од кај знаеш - во таков случај, јас и ти од антагонисти на форумов ќе станеме истомисленици. Туку, ме загрижува она болдираното црвено - дека почна да веруваш дека името ќе ни било РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА. Имаш ти некои информации што јас и другиве форумџии ги немаме. Твоите дебати со мене пред 1 година (и тогаш и сега сметам дека ем решение ем спас да не си го смениме уставот е Republic of MAKEDONIJA) беа поинакви. Тогаш не искажуваше верување дека ќе ни било името РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА. Се поклопуваат ли некои работи? 1. Милошоски си поднесе оставка (а штабските пискарала побрзаа да го оквалификуваат како „ овој испрдок од министер“.) 2. Ти почнуваш да веруваш. 3. Еден штабски морон и пискарало на форумов од ВМРО-ДПМНЕ побрза да ме прогласи за грчки проповедник заради мојот предлог Republic of MAKEDONIJA (со кој не го менуваме уставот, а истите тие морони ќе ни предлагаат придавка или додавка во уставното име). 4. Некои странски дипломати најавуваат дека ќе требало храбри ама тешки компромиси да направиме за името. Е, сега дилемата ми е дали ќе се најдат морони во ВМРО-ДПМНЕ, па во соработка со соросоидите во СДСМ да почнат да не убедуваат дека РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА или СЕВЕРНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА било многу добро име??!?! ГРРРР ![]() Изменето од DameMak - 02.Јули.2011 во 12:36 |
||||
![]() |
||||
Diogen ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
![]() |
||||
![]() |
||||
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Ти фали едно ПО erga omnes, да не дојде до забуна па неупатените да мислат дека место Република Македонија ќе се викаме erga omnes ![]() Ај малу појаснение -"Erga omnes" ("Кон или во однос на сите" на латински) е термин со кој во меѓународното право се опишуваат обврските на една држава кон сите други држави, или кон меѓународната заедница, или кон човештвото или човештвото во целина, erga omnes може да се спроведе во областа на човековите права и животната средина; за злосторства против човештвото (како што се геноцид, ропство, или расна дискриминација); Значи- значи обврска-облигацијата (правна), концепт "кон сите". Смешно и небулозно е овој правен концепт да се бара да се примени кога станува збор за спорниот спор со името. И најсмешното (да не речам глупаво ) е тоа што erga omnes не е обврзно односно НЕ МОРА да се исполни. Банален пример- две третини од земјите во светот не признале како Република Македонија- значи НЕМА erga omnes. ![]() И што сега, ние ќе им пишеме ним писмо, ќе ги молиме да се раководат по erga omnes. ![]() И како крај-мое мислење (не мора да е точно)- изгледа нашите политичари за цели 20 години си бројат само мандати и ни продаваат ветер и магла со заплашувања. Ние имаме две опции- или прифаќаме или не. Не прифаќаме промена- си терамеекономија и надворешна соработка со тие кои не признале. Фала му на бога- и без ЕУ и НАТО има странски какви такви фирмички. Па токму грчки имаме најмногу ![]() |
||||
![]() |
||||
LiDivio ![]() Модератор ![]() Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
На прв поглед предлогот на Месинџер Republic of Macedonia (FYROM) е добар, но ако е erga omnes, тогаш испаѓа дека имаме историја која ни почнува од 1945. Затоа Грците се упорни името да биде erga omnes.
За ДамеМак,
Јас, а верувам и ти не сакаме да се смени уставот. Но, разликата помеѓу мене и тебе е што јас НЕ САКАМ ДА ВЛЕЗЕМЕ ВО ЕУ И НАТО.
Да им порачам на тие што сакаат да влезат во овие фашистички и неоколонијални организации дека без промена на името (ерга омнес) никогаш нема да влезат таму.
Новото име може да биде (а верувам и ќе биде) РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА.
Единствен спас може да биде референдумот, но со ваков народ (плус тука се ,,браќата,, кои страдаат од хипоевроатлантикинтеграциоза) тешко дека ќе го сочуваме уставното име барем во уставот и во пасошите.
![]() |
||||
![]() |
||||
DameMak ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Уфф - ![]() нема менување на уставното име тоа е нашата црвена линија затоа што така како што сме запишани во уставот, таков ни е идентитетот. После овие ставови логично следи мојата заложба дека досегашното успешно користење на транслитерираното уставно име MAKEDONIJA во неколку сфери како што се интернет комуникациите со домејнот .mk, меѓународната ознака за нашата национална валута MKD, како и меѓународната скратеница за нашата земја MKD, тоа транслитерирано име може да го реши и политичкиот спор со Грција. |
||||
![]() |
||||
Diogen ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Овака отприлика прифатиле нашите во Бук*решт 2008 - Република Македонија (Скопје), ама Грците не прифатиле.... Всушност, не толку проблемот како ќе им се бендиса на Грците, битно е во преговорите да ја симанеме онаа црвена линија на Грција што се вика erga omnes... Компромисот трба да се однесува на тоа како ќе не ословува Грција во билатералните односи , како и земјите кои не признаваат под референцата ФИРОМ.... Над 130 земји не признале под уставното име, повеќе земји кои не признаваат како ФИРОМ, ни се обраќаат како Македонија, само мал дел тврдокорни фачизоидни држави на ќело со Грција се залагаат за тотална промена на името. Можеме да лицитираме со имиња и варијанти до бесвест, дадов само пример што би било кога би било, но суштината е да го зачуваме уставното име, и да најдеме компромисно име под кое ќе не ословуваат во ЕУ и НАТО.... Ако го смениме името во уставот, ја отворивме Пандорината кутија.... Ќе треба да им кажеме на повеќе од 130 земји дека сме ние всушност други? А тука се и Кина, Русија, САД и многу други големи сили.... А со менување на уставното име, отвараме простор за шпекулации и манипулации со идентитетот на народот и јазикот (како што дадов пример погоре)... Затоа, ако сме решиле дека ќе најдеме компромис, нашата црвена линија треба да е - нема менување на уставното име.... Референците се друга работа, може некој ќе ги користи, може не, исто како надимак, накој ќе те вика овака или онака, ама ти имаш свое име и презиме......
|
||||
![]() |
||||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Koga vekje pochnavme da se gagjame so iminja na republikata eve i eden moj predlog:
Republika Makedonija (FYROM) Em kje se vikame Republika Makedonija, em Grcija se slozhi da go imame imeto FYROM... pa taka i volkot sit i ovcite na broj. Grcija i natamu mozhe da ni se obrakja so FYROM (za shto me zabole uvoto), a ostanatite i natamu so Republika Makedonija. |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
![]() |
||||
DameMak ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
За Диоген:
Северна Република Македонија или Република Македонија (Северна) - се имиња со придавка или додавка во заграда. Таквото име ќе треба да го ставиме во Уставот. Како се викаш во крштеничето - таков е твојот персонален идентитет. Како ќе се викаме во Уставот - таков е нашиот национален идентитет. Значи ќе ги збришеме македонците и на нивно место ќе се појават „Северно-македонци“ или “мекедонци(северни)“. Јас сум ПРОТИВ! |
||||
![]() |
||||
DameMak ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Токму тоа: МАКЕДОНИЈА = MAKEDONIJA, МАКЕДОНИЈА != MACEDONIA
АБе штабско пискарало - не сум ти јас никаков слепец штабски ниту од ВМРО-ДПМНЕ ниту од СДСМ, па да ми ставаш етикети дека јас ви сервирам некакви грчки итрини (со тоа ме прогласуваш за продадена душа на грците и нема да ти преќутувам никогаш, ако продолжиш така да ме оквалификуваш). Ако си малку информиран, ќе знаеш дека грците никогаш не предложиле Republic of MAKEDONIJA, Туку тие цело време сакаат некоја геогравска додавка или придавка со која ќе ни го сменат идентитетот. АКО НЕКОЈ ОД КАЈ ВАС ВО ВМРО-ДПМНЕ НИ ПОНУДИ НЕКАКВА ПРИДАВКА ИЛИ ДОДАВКА, ДУРИ ТОГАШ ЌЕ ВИДИМЕ КОЈ СЕРВИРА ГРЧКИ СТАВОВИ.
Па тоа јас ти го тврдам човеку! МАКЕДОНИЈА = MAKEDONIJA
Јас сум јасен и прецизен, ти си конфузен и противречен, а башка и не сфаќаш за што скокаш во конфликт, пред да прочиташ што тоа јас сум напишал, а што ти. Ако ти рекле од штабот дека треба да напаѓаш, нека најдат некој рамен на мојот интелект па нека повели да дебатираме. Со тебе повеќе не дебатирам иако за чудо за иста партија досега сме гласале. Изменето од DameMak - 02.Јули.2011 во 07:17 |
||||
![]() |
||||
DameMak ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
ЛиДивио, Грците имаат неколку предности над нас во овој спор: 1. Тие може да ставаат вето се додека ние не се откажеме од терминот MACEDONIA. 2. Пред нас во многу меѓународни трговски организации го регистрирале Product of Macedonia или Made in Macedonia. Па се случи да ни вратат тони вино, зимници и други производи заради терминот Macedonia на нашите производи. 3. Во други околности, и јас би го тврдел истото како и ти: Зошто само тие да го имаат правото на англиски нивната територија од Македонија да ја нарекуваат MACEDONIA. Ама во услови кога ние сакаме да влеземе во НАТО и ЕУ, а Грција става вето - најбезболниот начин да се дојде до компромис е латиничниот назив MAKEDONIJA.
Во тоа е и дополнителната вредност на мојот став за Republic of MAKEDONIJA: Спорот би се решил со формалностите на латиничната транслитерација, нема да има потреба да го промениме уставот, а пежоративно кажано: „Цел свет ќе прозбори на македонски“, т.е. ќе ја вика Македонија со најблиското изговарање до нашето оригинално изговарање “МАКЕДОНИЈА“. Тоа, се разбира доколку сакаат тие самите да не викаат “МАКЕДОНИЈА“ наместо “МАЧЕДОНИА“ или „МАСЕДОАН“, .... Ние нема да им се лутиме ни во едниот ни во другиот случај, а грците можда ќе им се лутат, ама со тоа и светот би ја осетил апсурдноста на грчките глупирања во врска со името.
Охх - пријателе, незнам. Ама и јас и ти ЗНАЕМЕ: 1. Republic of Makedonija беше пред неколку години предложено од Нимиц, а не од Грција, а ние го одбивме. Ако знаеш нешто повеќе - кажи, дали грците исто така го одбиле? 2. Грција бара „геогравска одредница“, за да ни го смени идентитетот. Значи, не сум сигурен дека Грција би го прифатила латиничното име Republic of Makedonija, ама ако спор се води за друго латинично име MACEDONIA, тогаш можеби со наше еднострано обзнанување на меѓународното име Republic of Makedonija спорот би исчезнал. И други факти говорат дека формалниот пристап со латиничната транслитерација дава резултати. Си се запрашал ли, како тоа Грција не не блокирала за интернет домејнот .mk ? Па затоа што тоа е поврзано со латиничната транслитерација MAKEDONIJA а не со MACEDONIA кое што име Грците пред нас го заштитиле во многу трговски и други меѓународни организации. Еве ти уште неколку примери за ознаката MKD која што доаѓа токму од латиничната транслитерација MAKEDONIJA а не од MACEDONIA: 1. Немало проблеми да ја регистрираме во ISO 4217 како код за нашата валута. Зошто Грција не не блокирала таму за ознаката MKD? Можеби затоа што нема право над латиничната транслитерација MAKEDONIJA која постои во многу списи во ОН (преку бившата СФРЈ), а можеби и затоа што не им е гајле за нашата латинична транслитерација на кириличното име МАКЕДОНИЈА. 2. Немало ни проблеми да ја регистрираме и како меѓународен код во ISO 3166-1 alpha-3 стандардот за ознака на нашата земја. ОВА Е УШТЕ ПОЈАКО! Зошто Грција не не блокирала таму за ознаката MKD? На кое латинично име се однесува латиничната скратеница MKD која што е за СЕВКУПНА МЕЃУНАРОДНА УПОТРЕБА?? Токму на она име пријателе за кое јас се залагам да го обзнаниме за цел свет: Republic of MAKEDONIJA. Значи во пракса латиничната транслитерација функционира и работи многу добро, и ние македонците во никој случај не сме се осетиле дека ни се сменил идентитетот затоа што земјата ни ја одбележуваат со скратеницата .mk или со MKD, туку напротив сме многу горди. Сепак, имам една задршка во сите овие мои размислувања: Факт е дека грците се геноциден народ и нема да прифаќаат никакви решенија се додека не не видат дека сме исчезнале како македонци, а можеби си викаат: македонциве иако некаде не зезнале со латиничното име MAKEDONIJA, можда ќе запнат и за латиничното име MACEDONIA па ќе успееме да им наметнеме и некоја придавка или додавка на идентитетот. Изменето од DameMak - 01.Јули.2011 во 23:28 |
||||
![]() |
||||
Diogen ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Ајде, ќе реплицирам само на овој дел, да не тегнеме у долги расправии... ![]() Името ВМРО не го користам, затоа што тоа е име на партија која постоела во одредени услови и со јасна цел , впишана во името -Внатрешна Македонска Револуционерна Организација.... Била внатрешна (во османлиска окупација) и револуционерна (да се ослободи од окупацијата).... За каква Внатрешна Револуција се залага партијава 20 години, да не ќе крева востанија и ќе не ослободи од некого - и уште се организира во шатбови и комитети..... Имаше и ТМРО - Тајна Македонска Револуционерна Организација, и двете имиња се узурпираа со додавка Демократска партија... Во првиот состав на Парламентот имаше ВМРО -ДПМНЕ и ВМРО - ДП, па се изродија едно чудо ВМРО со разни придавки и додавки, те Народна Партија, те Обединета, те Вистинска, те којзнае што веќе не... Полесно ми е да ги разликувам по додавките..... Што се однесува до „мивките“ како што ги нарекуваш, на почетокот на демократијата во Македонија имаа бисер име на парија Сојуз на Комунисти на Македонија-Партија за Демократски Просперитет... Веднаш сконтаа дека комунизмот е мртов, па 1991 година веднаш се сменија во Социјал Демокртски Сојуз на Македонија... Инаку, и ВМРО, за време на Балканските војни или после тоа (корегирај ме ако грешам), увидувајчи дека името ВМРО не соодветствува на политичките услови , комплетно го менува името во партија со граѓанска форма, за подоцна кога продолжија со чистки меѓусебе и што не е со нив, го враќаат името ВМРО - повторно внатрешна револуционерна организација... Затоа и понатаму ќе го користам ДПМНЕ, а и да го разликувам и од БНД... ![]() |
||||
![]() |
||||
Diogen ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Даме има свое мислење, не грчка итрина, ама тука не мислам дека е решението... Името Македонија, и на нашите пасоши го имате во 3 варијанти : МАКЕДОНИА, MACEDOINE, MACEDONIA... И сето тоа е едно исто, само напишано на 3 различни јазици. Според мене, борбата на Грција е насочена кон придавка на името, оти е свесна дека не може да бара целосна промена на името. И правно неписмен може да види дека нема спор ако имаш Област Македонија и Република Македонија. Лесно се разликува Македонија и Република Македонија . Терминот Република јасно политички и територијално се дистанцира од Областа со исто име, како на пример Областа Луксмбург и Војводството Луксембург, Бретања во Франција и Британија , и ред други примери... Грција поттура Тројански коњ во форма на црвена линија како барање за географска одредница пред името Македонија. Ако паднеме на таа финта, ќе ни го избришат идентитетот, што и е основната цел на Грците.. Затоа , секоја додавка пред или после Република Македонија е многу побезболно решение ако мораме да прифатиме компромис.... Пример: Северна Република Македонија или Република Македонија (Северна) - во овој случај, Републиката останува Македонија , додаден е географски опис ,но не е повредена сржта на политичкото, територијалното и националното обележје на државата, во секоја скратена варијанта на името би се користело Македонија, као и за идентитетот на народот или јазикот, би останал Македонски, нема логика пример Северни Републички Македонци.... Република Северна Македонија - во овој случај Републиката е дефинирана со друго име, па може полесно да ни се обраќаат како Северна Македонија, Северно Македонци или Северно Македонски јазик... Тука е замката, изгледа исто , ама сепак не е.... |
||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 5051525354 184> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |