![]() |
|
Акција “ПУЧ“ и бомбите на Заев |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 4849505152 69> |
Автор | ||
Gorazd777 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
За дел од овие личности,посебно протуѓер имам постирано и претходно,интересно е за гоца да се спомене дека како психопат настапувала од почеток,така има сведоци од постарите членови на партијата им кога во годините ја преземале власта и гоца беше прв пат отишла во сега непостоеќата жолта зграда ,рекла - УФ АМ СМРДИ НА ВМРОВШТИНА -(затоа сега направија монолит кај од арамилак,кај од фрустрираност,тие да се први)
така да нејзините кретеноидни постапки не се и за чудење ,посебно за оние кои ја познаваат,но интересни се сега некои началничиња,кои биле и се осеќале навредени сега и пишуваат и се обраќаат во насловите како будалетинки. Инаку за протуѓер,морам да споменам при последната им пирова победа ,ако се сеќавате прв на кој му честита и тоа под мустаќ ,пиколо мини ди гуги,беше честитка до протуѓер,кој им би главен организатор и координатор на сите ујдурми. Впроќем протуѓер е стипендист на хабзбурговците и тој има стипендија од б,лгарска страна ,за покасно да воведува б,лгаризација во македонија на мала врата,(но исто така е и во одреден период десна рака на Ќерим-турчинот додека се раскупусуваа дневните весници,сега под капа на Камчеви)затоа има и комплетно сменување на историјата и сите оние пропаганди со б,лгарска конотација,посебно претендирање на Патриотиќеската организација од САД и други активности.Тоа се и странските инсталации кои ги вметнуваат,а за нивно полесно спроведување користат маолумни полтрони. Така да нападот кој го користат со нивните излитени фрази(инсталации и странски служби),фсушност е нивен главен адут со кој работат со истите чекори. Останатата багра како јанакије и други се само профитери и деца на црвената боржуазија кои се гладни за моќ и пари и ништо друго и затоа во однос на тоа се би сториле,па и како ова Заклучокот е не плашете се од дискусијата,плашете се од овие психопати кои се на власт,имаат лице на црвенкапа,а работат како волкот во прикаската.
|
||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
||
![]() |
||
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Чудно, ама најморничаво во целата оваа ситуација ми се размислувањето, реакциите и постапките на Јанкуловска и Протуѓер....за другите криминалци како што се Латас, Мијалков, Јанакиевски, Груевски, не сум изненаден, тие се манипуланти, со криминогено однесување, социопати....ама овие двајца бре да ти биле садисти, некаква гнасна комбинација од Гебелс, Химлер и др. Менгеле
|
||
![]() |
||
Kali ![]() Сениор ![]() ![]() Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Токму во твојот последен пост Зекси, е твојата трагедија.
Го зборуваш она што го слушаш на Сител и во штаб. Воопшто не вклучуваш мозок да размислиш самостојно, колку е логично ова што го кажуваш. Јас од луѓе како тебе се плашам, искрено. Сешто може да ти се случи од луѓе доволно поводливи и сугестибилни да поверуваат се и сешто. Сешто може да ти се случи од луѓе кои немаат појма дека функционерот, министерот, премиерот, во основа треба да ти служат тебе, не ти нив. Треба да ни служат сите нам. Каде ти е емпатијата и солидарноста? Мислиш дека тоа што си добил одредени привилегии е доволно за да поддржуваш она што по никој основ не се поддржува? Луѓе страдаат околу тебе, не ги гледаш? Тоа е најголемото зло од оваа власт. Од сите грабежи, глупи закони, неправедно уништени семејства и животи, уште поглупи политички потези, најголемото зло се ПОДЕЛБИТЕ. Велиш, ’’ да ВИ стегне’’. Се поделивме на ние и вие. А демек, патриоти - која илузија. Тоа не е нормално. Не е нормална таа пропаганда која ви се внесува во глава дека сите кои се сдс, се зло и треба да се сотрат, што би рекла Јанкулоска. Тој погрден израз кој го користиш, комуњари, нема да го спомнам, иако комунистите направиле многу повеќе за оваа држава за која вмровците сега се плескаат во патриотски гради. Јас ќе славам денот кога ќе падне оваа власт, искрено. Ама никогаш нема да кажам дека вмро не треба веќе никогаш да делува во Македонија, дека ’’се минато свршено, дека се закопани, дека се предавници, печат да им се удри засекогаш’’. Има и меѓу нив саглам луѓе, не се сите луди како овие неколку.....уплашени да, немаа ’’муда’’ за морална и политичка одговорност да, ама сепак има ок луѓе. Во тоа е разликата Зекси, нели, НАПРАВИ РАЗЛИКА. Таа омраза која ја внесовте меѓу народот, таа параноја од странски служби, тоа е најголемото зло. И како што гледам, ти многу лесно си го купил тоа. Е затоа, се плашам од луѓе како тебе. P.S. Прашањето беше, зошто би ги прислушувале сопартијците и министрите ? Од истата причина поради која и ова го правеле Изменето од Kali - 09.Март.2015 во 11:17 |
||
![]() |
||
Zeksi71 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Очекуваш јас да ти кажам која странска служба е??? Најдобро е да си го прашаш зајко куК*рајко... Тој најдобро знае... Отиди до штаб на бихаќка или сега кога ќе биде во универзална и јавно прашај го. Може и ќе ти каже... Ако не на тебе на суд ќе каже сигурно за некоја година помалку во Идриз Бег. А твојата убавина односно сон со некоја друга партија на власт нема да ти се оствари... Комуњарите и комуњарската партија се минато свршено време за Македонија. Откако оној бедник бранко си отиде имаа доволно време да направат каква таква трансформација, да соберат екипа, да понудат нешто ново... Но тие времето го искористија за уште поголеми сплетки да прават овој пат и во соработка со странски служби пошто сами ни за свинска не ги бива... Но сега бидејќи се разоткрија кои се и колку вредат, одкако зајко се самозакопа за век и веков на политичката сцена, ај него лично него и цела комуњарштина ја закопа со неговите предавнички потези... Партија која има помалку рејтинг дури и од ДУИ а рејтингот на зајко е во рамките на статистичка грешка нема што повеќе да бара од народот... Да сум на местото на Грујо уште едни предвремени би ви стегнал, таман народот да ви удри печат засекогаш.
|
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
![]() |
||
Diogen ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Да се нафати некој да дојде на власт сега и овде, мора да е лудо храбар. За да се оправи државава и да застане на здрави нозе, потребни се тешки одлуки, болни мерки... Мислам дека опозицијата е свесна за ова и со овие снимки само сака да ја доближи малку реалноста до народот,да види народов каде живее и како.И толку, остава народот да пресуди и да одлучи, да се освести, да стане похрабар и да биде спремен на тешки жртви и одрекувања за да дојде до стадиум кога ќе биде слободен ,со слободна мисла и зрел за демократија. Ама тука им е замката, остава на свест на народот, овој чудесен народ, што би рекла министерката од МВР -тие човечиња,гревчиња... |
||
![]() |
||
Buggyman ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
не можам да го променам мислењето преку ноќ, не се вртам ко сончоглед. Секој човек има избор, ако гладуваш се факаш за мотика и работиш за да се преживее. Според тебе бидејќи не си сончоглед ти би одел до крај со гладта? не дека не прислушкувале во тоа време ама вака ко што го прави ова сељачево струмичко ни на сон немаше да му текне... а камоли да изјавеше дека соработува со странски служби Повторно празни зборови без да се наведе КОЈА СТРАНСКА СЛУЖБА или она правило 100 пати изречена лага станува вистина. Те молам кажи еднаш која е таа странска служба или дека така рече премиерот и тоа е така. Ќе речеш дека Заев тоа го изјави на видео снимка и ОП, тоа важи а се друго што вели Заев ПУ ПУ не важи....ефтина детска работа! точно дека ја подржувам оваа власт, и јас и цела фамилија, не оти е е идеална, безгрешна, туку заради тоа што не би сакал земјата повторно низ пекол да поминува со комуњарите... доста беше од нив... видовме колку и што направија... Гледаме но и СЛУШАМЕ што оваа власт прави, влече "Роми за уши" за да гласаат за оваа власт, се закануваат дека цели семејства да се најдат во ендек, монтираат судски процеси, гревчињата добиле плочки во смрдливото ВЦ како мотивација.... и многу други грозотии наслушнавме. Види, доста ни е и од овие ако мериме работи по твој терк и зошто да не ми е убаво мене па со некоја друга партија на власт? По што тоа ти да си задоволен а многумина не поради грабеж на гласови, човечиња за рачиња да одлучуваат за судбината на голем дел од народот во Македонија? За тебе и на твоето семејство да им е убаво? Гласај си ти понатаму за кого сакаш но со фер гласање а не да носат инвалиди од Мала Преспа, Подградец и од други места од Албанија и од кој знај каде уште не. Уште еднаш те молам кажи која странска служа е вмешана, ако се нема доказ која е таа странска служба те молам смени ја касетата за ЦД или Блуреј ЦД па да уживаме во размена на мислење иналу сево ова станува банално силување на темата. |
||
Homo homini lupus est...
|
||
![]() |
||
laki_bu ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
||
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
||
![]() |
||
Gorazd777 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Во интерес на вистината,а да биде појасно кој е Јорадан Мијалков ,кој е неговиот син Мијалков Сашо(двајцата офицери во КОС,од ЈНА,значи странски служби)кои се инфилтрираат во Македонија,Кодошат и работат прво за туѓи интереси ,а потоа и за сопствени ,за да дојдат до она што направија од Македонија и сме севдоци за денешните случувања,
но во овој напис се пишува како Јордан Мијалков,како тогашен функционер донесува решение да го прислушкуваат Мане јаковлевски еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ,Од ова се заклучува и станува се појасно кој е сега на власт и од каде му е потеклото,односно со какви мерки се служат за да владеат
|
||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
||
![]() |
||
Alekxandar ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Циркусот Medrano е поим за вештина ,техника и традиција. Министерката и министерството се Freak Show,па затоа се дрски,бесК*рпулозни,арогантни,пресметливи... бидејки се тотално искомплексирани. Всушност надменост и презир над нив има нормалната популација. |
||
![]() |
||
Kali ![]() Сениор ![]() ![]() Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() Едно знам: последниве месеци станавме свесни за жени кои ја понесоа одговорноста за менување на нештата, жени тука и сега меѓу нас, на кои сум горда и ќе ги спомнам на денешниов ден, на денешнава тема, бидејќи сум убедена дека позитивна женска енергија ќе не извади од ова во што сме влезени. Тоа се жени студентки, професорки, новинарки, активистки, кои донесуваат нова, свежа, убава, позитивна, достоинствена и сплотувачка енергија со својата вистинољубивост, гордост и интелигенција: Наташа Габер Дамјановска, Синоличка Трпкова, Гордана Попсимонова, Ениса Еминовска, Ирена Цветковиќ, Мери Јордановска, Јасминка Аневска, Искра Гешоска, Јадранка Костова, Оливера Трајковска, една девојка симбол на студентскиот протест Марија Грубор, и многу многу други ..... Шеќеринска да, тоа е жена која сеуште не ме разочарала како политичар, пу пу да не ја урочам, бидејќи лесно се разочарувам од политичари ( изгледа многу очекувам од нив !!! ) Бомбите доаѓаат од Заев, ама жените ќе ’’направат разлика’’ ! ![]() |
||
![]() |
||
evangeline ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||
![]() |
||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Последниот пост е сокриен. Ве молам, БЕЗ ЛИЧНИ НАВРЕДИ, др'жте се за темата. ![]() Јас да си ја поздравам Кали. ![]() Почнав да и пишувам осмомартовска честитка на Горде Министерката. Пишував, пишував... и на крај се запрашав: Горде ма, ти дали воопшто си ЖЕНА? Оти вака кога те слушам на снимките (чија вистинитост сеуште не си ја негирала), мене повеќе ми личиш на партиска машина за сплетки, интриги и оговарање. Покажуваш една расипана, бесчувствителна, ладна, бескрупулозна, арогантна, дрска, пресметлива, реваншистичка и не знам уште каква душа, што и не е баш многу женствено. Такво потсмевање, надменост и презир кон “човечињата“ и будалетинките кои впрочем гласале за тебе и за твоите сопартијци, не знам дали ќе можат да ти го простат оние кои ги нарекуваш циркузанти и ќе ги тегнеш за уши. Се фалиш дека министерството со кое раководиш си го претворила во партиски Call Center односно во Министерство за Вмровски Работи. Тоа за фалење и за смеење ли е ма Горде? Тебе те ставија таму за да бидеш ПРВА ПОЛИЦАЈКА и да ги штитиш интересите на граѓаните (па и на тие што не се за твојата партија, ако ти се верува) или да се понашаш како ПРВА КАУБОЈКА или поточно ШЕРИФКА, која по телефон ги решава судбините на луѓето? Толку ти удрила власта во глава, што си умислуваш дека си некаква Богиња на правдата? Си заборавила како е да бидеш обичен, мал човек со голема душа или ти тоа никогаш и не си била? За мене Горде, кога ќе заврши целиов спектакл, ќе си останеш најголемиот циркузант од Циркусот Медрано кој го спомнуваш. Од сите гадотии што досега ги слушнавме, најмногу ме изиритира твоето безобразно церекање. Во спротивното можеш да ме убедиш само со ОСТАВКА. ![]() |
||
![]() |
||
Kali ![]() Сениор ![]() ![]() Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Океј е Зекси, секој си е одговорен за сопственото мислење и делување. Јасно ми е, нема нешто што ќе ти кажам, не постои аргумент кој ќе те замисли, камоли пак да ти го промени мислењето. Јасно ми е, заљубените луѓе тоа го прават: предметот на нивната љубов е безгрешна. Жените кои се жртва на семејно насилство, често кажуваат дека ги сакаат и поддржуваат своите сопрузи кои ги млатат. Така да, во ред е, јасно ми е. Заев прислушувал заедно со странски служби, кои се мн заинтересирани за тоа што прават муабет опозиција, новинари, власт, судии, сите. Цели 4 години, за да ја уништат државата, македонското да го уништат. Тоа што државата во последниве 9 години стана приватна сопственост на шака луѓе, тоа што тие одлучуваат кој може да живее и работи, а кој не; се е дело на странските служби и Заев. Тоа што вмро функционира со контрола, уцена, притисок на се и сешто, па оттука и на своите, и тоа е од странските служби. Значи во ред е, сега ми е појасно. Ни јас не бев задоволна од сдс, во 2006 гласав за вмро. А поголем ужас и пекол од овој немам видено ни доживеано. Ама изгледа јас и ти живееме во различни димензии. Така да, во ред е. Терај си
![]() Изменето од Kali - 07.Март.2015 во 19:53 |
||
![]() |
||
ansasho ![]() Сениор ![]() Регистриран: 08.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 127 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Болест да се дојде до власт од страна на опозицијата.
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 4849505152 69> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |