IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4849505152 157>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2013 во 17:13

horoskopot-go-otkriva-ljubovniot-stil

Лавот ќе ве воведе во светот на авантурата, Близнакот ќе ве шармира со духовити шеги, а Стрелецот ќе ве освои додека трепнете.

Овен - Директен
Овој огнен знак е познат по директноста. Не сака игри на заведување и освојувања. Кај него е се брзо, едноставно и лесно. Сакаш или нејќеш?

Бик - Романтичен
За разлика од Овенот, Бикот сака сè да биде полека. Ќе ве повика на пијалак или вечера, но повеќе од тоа не очекувајте. Ќе му бидат потребни повеќе од неколку излегувања за да го направи следниот чекор. Тогаш подгответе се за долга предигра.

Близнак - Шармер
Сака да флертува, тој е вистински шармер. Ќе ве освои со шеговити приказни и коментари. Ако сакате безобразни шепотења и телефонски секс, тогаш Близнакот е вистински човек за вас.

Рак - Емотивен
Припадниците на овој знак се многу чувствителни. За нив сексот не е само физички подвиг, туку очекуваат тоа да биде романтичен израз на љубовта.

Лав - Страстен
Лавот е голем авантурист, а на фантастичните начини со кои што ќе се обиде да ве освои им нема крај. Многу е страстен, но во сексот како и во животот сака да доминира.

Девица – Срамежлив
Припадниците во знакот на Девица се срамежливи и повлечени, па веројатно вие ќе морате нив да ги освојувате. Но, кога ќе се опуштат ќе бидете изненадени на што сè се подготвен за да ве задоволат.

Вага – Внимателен
Тие тежнеат да остварат совршена хармонија во врската. Ќе ве опсипуваат со внимание и ситни детали. Уживаат во секси долна облека, масла за масажа и тивка музика.

Скорпија – Мистериозен
На нивното сексуално умеење и магнетизам никој не останува рамнодушен. И додека сексот со припадник во знакот на Скорпија можеби ќе биде најдобар во вашиот живот, неколку минути подоцна тој може да стане многу студен и затворен.

Стрелец – Заводник
Мајстор на уметноста за заведување, Стрелецот знае сè за „ловот“. Ако станете негов плен ќе бидат доволни само неколку моменти за беспомошно да паднете во неговата прегратка.

Јарец – Комплициран
Јарецот може да биде многу комплициран љубовник. Потребно ви е многу трпение за да ги истрпите сите негови бубачки, но за тоа ќе бидете добро наградени.

Водолија – Перверзен
Припадниците во знакот на Водолија најверојатно под креветот чуваат полна кутија со секси играчки од сите видови. Ако не сакате да експериментирате тогаш тој не е вистинскиот за вас.

Риби – Верен
Страст, љубов и внимание, сето ова ќе го доживеете со љубовник во знакот на Риби. Верен е но и малку мрзлив па ќе мора да се потрудите за двајцата за да опстане врската.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2013 во 17:09

Елементот на кој му припаѓа нашиот хороскопски знак има голема улога во вештините на согласување со другите, особено со оние кои ни се блиски. Откријте дали сте компатибилни со вашиот партнер или носите спротивна, деструктивна енергија.

dali-ste-stvoreni-eden-za-drug-spored-horoskopot-1

  • Земја: Бик, Девица, Јарец
  • Воздух: Близнаци, Вага, Водолија
  • Оган: Овен, Лав, Стрелец
  • Вода: Рак, Скорпија, Риби


Оган и Оган

Ова е огнена комбинација, заради која односите помеѓу партнерите се многу интензивни. Во еден момент меѓу нив постои страст, а во следниот се расправаат и си противречат. Но, нема ништо лошо во тоа. Знаците кои им припаѓаат на овие елементи не се мразат меѓу себе затоа што ја кажуваат вистината. Ниеден партнер во оваа комбинација нема да се досадува. Генерално, еден на друг си даваат енергија, што е добро.

Оган и Земја
Ова е многу стабилна комбинација, додека партнерите имаат заеднички интереси. Земјениот знак ја канализира енергијата на огнениот, но се случува огнениот знак да го премори земјениот. Од друга страна пак, ова би можела да биде многу креативна комбинација. Огнот нема да  ја прифати предвидливата секојдневна рутина, а на земјата не и се допаѓаат честите промени. Фрустрациите во оваа смисла можат да бидат честа тензија меѓу партнерите.

Оган и Воздух
Овие двајца нема да знаат кога да застанат. Воздушниот знак постојано ќе ја распалува немирната природа на огнениот, па на крајот и двајцата ќе изгорат во прекумерна возбуда и умор. Оваа комбинација во никој случај не е рационална и приземјена. Двајцата партнери ќе завршат растргнати и со проблеми, кои се последица на тоа што ниеден од нив не знае да се смири и да застане цврсто на земја.

Оган и Вода

Ова е необичен спој. Ако сите останати фактори се совпаѓаат, тогаш овие два знака ќе најдат причина зашто не може да се заедно. Ова е комбинација во која е тешко да се надминат разликите. Огнениот знак ќе се чувствува исцрпен од водениот, а водениот ќе го убедува дека всушност тој го смирува неговиот дух. Ова се знаци кои ќе си ја ограничат меѓусебната слобода.

dali-ste-stvoreni-eden-za-drug-spored-horoskopot-3

Земја и Воздух
Овие два партнери ги поврзува практичноста и интелектуалноста. Врската може да успее, ако и двајцата се спремни да функционираат како тим. Во оној случај кога врската е продуктивна, може да биде многу здрава и отворена, но ако воздушниот партнер почне да паметува и да го критикува другиот, тоа ќе го уништи земјениот знак. Воздушниот знак може да се нервира заради успореноста и смиреноста на земјениот знак.

Земја и Земја
Овие двајца можат да пронајдат голема утеха еден во друг. Многу добро се разбираат и одлично знаат што е она што другиот го мотивира или демотивира. Заедно ќе уживаат во мирен живот и ќе проаѓаат низ проблемите и кризите стабилно и полека. Ова е комбинација во која двајцата партнери ќе си пронајдат душевен мир. Проблем може да се појави ако едниот од партнерите е премногу песимистичен – така ќе го повлече и другиот на дно.

Земја и Вода
Ова е совршен спој на енергии кои одлично можат да функционираат, градејќи здрав и балансиран однос. Водата ја смирува и надополнува Земјата, а Земјата ја стабилизира Водата. Ова е многу креативна комбинација која содава сјаен тим. Со малку труд, овие партнери одлично ќе си делуваат еден на друг.

dali-ste-stvoreni-eden-za-drug-spored-horoskopot-2

Вода и Вода
Оваа комбинација не е ни многу добра, но не е ни лоша. Водата ги претставува емоциите, па овие партнери или ќе се поддржуваат и ќе се развијат добра врска или заради многу негативности можат да се уништат еден со друг. Најважна е перспективата.

Вода и Воздух
Додека Водата сака да биде препуштена сама на себе и нежно да си тече низ своето темпо на живот, Воздухот сака промени и брзина, па во овој однос малку ќе ги размрда работите. Врската меѓу овие два знака може да заврши, оставајќи многу негативни чувства. Она што на почетокот се чини возбудливо, може да заврши со тотален контра ефект, кој ќе се повторува во недоглед.

Воздух и Воздух
Овие два елементи можат да се разговараат со часови и на крај да не дојдат до никаков заклучок. Еден на друг можат да си шепотат празни фрази кои не изразуваат емоции, ниту пак ги допираат чувствата на другиот. Спојот на овие два елементи, може да ги исцрпи партнерите со непотребно зборување, трачарење и непотребен сарказам. Во овој однос фали стабилност и ниеден од партнерите нема да напредува ниту емотивно, нити интелектуално.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2013 во 14:47

Близнаци
Близнаците ќе ве забавуваат како ниту еден друг знак. Кај спротивниот пол најважен им е надворешниот изглед. Своите емоции ги држат под контрола, но сепак на нивниот шарм и духовитост е тешко да се одолее.  трепкање

Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2013 во 08:41

sto-veli-horoskopskiot-znak-za-vaseto-zdravje-povekjeОсвен што хороскопскиот знак ви го одредува карактерот, согласувањето со околината, тој делува и на изборот на занимање и партнер, а може...


...и да ви укаже на слабостите и предностите кога вашето здравје е во прашање.


Овен

sto-veli-horoskopskiot-znak-za-vaseto-zdravje-1

Овните најчесто страдаат од главоболка, мигрена, несоница, а им се случува и да паднат во несвест. Припадниците на овој знак најлесно ќе се разболат ако нивниот живот е проткаен со монотонија, потоа со егзистенцијални проблеми и константно планирање на иднината, што неминовно лошо се одразува на нивниот нервен систем. Меѓутоа Овните се многу силни, па повеќето заболувања ќе ги поминат на нозе, не сфаќајќи дека со тоа си прават мечкина услуга. За да еден ден немаат проблем со хроничните заболувања им се советува да реагираат штом забележат и најмали знаци на исцрпеност, умор, болки или други проблеми.


Бик

Биковите често имаат проблем со дишните патишта, па страдаат од асма, бронхитис, чести воспаленија на грлото, а поради хедонистичкиот начин на живот склони се кон кардиоваскуларни заболувања, чир и слично. Колку се заљубени сами во себе толку го сакаат и животот, па затоа им  е тешко да се придржуваат кон било каков режим на исхрана, вежби или терапија, што може да им донесе проблеми на здравствен план. Не поднесуваат да бидат болни и да лежат во кревет и често негираат дека имаат некој здравствен проблем. Падот на имунитетот кој е предизвикан со големи напори и стрес се честа причина за заболувања кај овој знак.


Близнаци

Знакот Близнаци најчесто има проблеми со горниот дел од телото, коскениот систем на рамењата, рацете и со заболувања на нервниот систем. Често ги мачи упорна кашлица, асма, фрактура на коски или некое психичко заболување. „Ги убива“ самотијата, несфатеноста, лимитираноста на средината во која се наоѓаат, што често пати создава притисок кој подоцна се одразува и на нивната здравствена слика. Близнаците спаѓаат во тешки пациенти затоа што мислат дека можат да оздрават веднаш по земањето на таблетата, ги занемаруваат симптомите на болеста, им се случува да заборават да земат терапија  во определениот временски период, или пак да ја прекинат кога тие сметаат дека доволно заздравиле.


Рак

Што се однесува до Раковите нив ги мачи дигестивниот тракт, а може да имаат и проблеми со видот. Лошото варење, чир и предиспозиција за труење со храна се нивните главни маки кога е здравјето во прашање. Спаѓаат во редот на многу емотивни луѓе што често негативно се одразува на нивното здравје, а нервозата ја држат потисната во себе, па наместо нив се нервира нивниот желудник. Класичната медицина нема многу да им помогне ако не се опкружени со луѓе што ги сакаат и кои се грижат за нив. Умеат по малку да се однесуваат како хипохондрици, па штом кивнат трчаат на лекар, за кој ќе се испостави дека е нивни семеен лекар барем две генерации наназад.


Лав

Болките што ги мачат Лавовите се поврзани со 'рбетот, видот, но и со крдиоваскуларниот систем, па најчесто се жалат на проблеми со очите и болки во 'рбетот. Припадниците на овој знак се навикнати многу да работат и да се трошат, па немаат многу време да се грижат за себе и за своето здравје што може скапо д аги чини ако подолго време ги запоставуваат симптомите. Освен тоа, одењето на лекар за нив преставува знак на слабост, па мораат да ги надминат прво проблемите на суетата, освен оние со пренатрупаниот работен распоред. Губењето на работата, член на семејството или некој друг стрес кој делува на нивното его може да доведе до заболување кај инаку гордите Лавови.


Девица

Педантните Девици ги мачат проблеми со дигестивните органи и абдоменот, па најчесто страдаат од грчеви, запек, како и заболувања поврзани со црниот дроб и жолчката, а можат да се јави и камен во бубрег и во жолчка. Меѓутоа она што ги издвојува од другите знаци е тоа што се редовни кога се во прашање контролните прегледи, а на најмал сигнал дека нешто во нивниот организам не функционира како што треба одат на лекар по совет. Тие се примерни пациенти и доследно го следат упатството на лекарот, а често и самите повеќе се информираат за својата болест како преку консултации со лекарите така и преку литература. Подложни се на болести тогаш кога се чувствуваат бескорисно и неефикасно.


Вага

Вагите би морале да обрнат повеќе внимание на долниот дел од 'рбетот, хормонскиот статус на целиот организам како и уринарниот тракт, а болестите кои најчесто се поврзани со припадниците на овој знак се лумбаго, цистит, проблеми со бубрезите и грчеви. Бидејќи тежнеат кон хармонија и не поднесуваат конфликти, многу нешта кријат во себе, што како последица има развој на психосоматски заболувања, па нивното лечење обично вклучува како помош од конвенционалната медицина така и совети од психолог или психотерапевт. Мана им е тоа што совет од лекар ќе послушаат само доколку таа личност им е симпатична и пријатна. Недостатокот на љубов понекогаш е главната причина за развој на болеста, бидејќи живеат за да сакаат и за да бидат сакани.


Скорпија

Скорпиите на прв поглед имаат силен имун систем, но всушност се подложни на заболувања на гениталниот и уринарниот тракт, а често ги мачи и варењето. Скорпиите се ноќна мора за лекарите, бидејќи како што се таинствени кон другите такви се и кога ќе отидат на лекар, често не ги објаснуваат сите симптоми. Меѓутоа имаат цврста воља што им помага да истраат кога оздравувањето е во прашање, па не се откажуваат додека не се почувствуваат потполно здрави. Нивното здравје и имуниот систем се загрозени кога ќе се соочат со некој голема загуба, или кога во нивниот живот нема мистерии и возбуда.


Стрелец

Припадниците на овој огнен знак, особено женските припаднички, често ги мачи борба со упорен целулит на колковите и задникот, а кога се во прашање сериозни заболувања склони се кон кршење коски и други повреди. Кога се болни главно се ослонуваат на својот вроден оптимизам дека наскоро ќе им биде подобро и ќе го пребродат заболувањето. Добро соработуваат со лекарите и ги слушаат нивните совети, па поради тоа им се советува внимателно да го одберат лекарот затоа што понекогаш премногу му веруваат. Кога ќе им се срушат идеалите, кога ќе доживеат да бидат издадени или измамени од блиска личност поподложни се на заболувања.


Јарец

Артритис, реума, честа појава на кариес, разни кожни заболувања како екцем е она што на здравствен план им задава најмногу грижи на Јарците. Сепак, ретко се болни, а и кога тоа ќе се случи не се жалат, туку тоа стоечки го поднесуваат. Бидејќи не сакаат да зависат од никого и од ништо, ќе се трудат својата терапија што побргу да ја завршат и како пациенти се послушни, но само затоа што сакаат што побргу да му се вратат на вообичаениот живот. Сакаат да чујат реална прогноза која им се соопштува со трезвен тон, бидејќи и самите сакаат да остават таков впечаток, иако во суштина се многу осетливи. 


Водолија

Водолиите имаат проблеми поврзани со циркулацијата или мускулното ткиво, ги мачат спортски повреди како и проширени вени. Тие се љубопитни пациенти, па сакаат подробно да им се објасни зошто се разболеле и на кој начин можат да оздрават. Доследно се придржуваат до терапијата, а единствен проблем е што забораваат да отидат на контрола, па често се случува болеста да се врати. Губењето независност, неизвесната ситуација на работа, љубовното разочарување, спаѓаат во стресови кои Водолиите многу често ќе ги осетат преку својот имунолошки систем.


Риби

Бактериските и вирусните инфекции се редовна појава за Рибите кои од сите знакови имаат можеби најосетлив имунолошки систем. Умеат да се занемарат како себе си така и своето здравје, што ги прави идеални пациенти, а бараат големо внимание од оние околу нив од кои и очекуваат нега. Нивните болести често се огледало на нивната несигурност и стравови што ги мачат. Рибите се склони да земаат и повеќе лекови отколку што им е потребно, па треба да обрнат внимание да ја испијат само онаа терапија која им ја препорачал лекарот. Имаат осетлива природа, а било какви ограничувања можат да доведат до појава на психосоматски заболувања.



Изменето од Valerija - 21.Декември.2013 во 08:42
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2013 во 08:39

Тврдоглави, но трпеливи, Биковите оваа година ќе бидат подготвени за секоја олуја која ќе ја доживеат. Првиот дел од годината ќе ви донесе борба за работа и пари, додека здравствените проблеми ќе ви создаваат конфузија во текот на целата година. Добрата вест е што љубовта и интимноста ќе ги одржувате на одлично ниво, па ќе имате безрезервна поддршка.

godisen-horoskop-za-2014-godina-bik-01

Работа и пари:

Според овогодинешниот хороскоп, Бикот ќе има непријатности на работното место кои ќе ги предизвика самиот. Сепак, добро е да запаметете - грижите за работата или долговите нема многу да ви помогнат.

Наместо тоа, сконцентрирајте се на своите најдобри квалитети и верувајте дека сте во состојба да одработите одлични нешта! А, ако не успеете, повторно започнете од почеток.

2014та година ќе биде добра година за усовршување на нови вештини и развој на нови способности.

Можеби ќе се изненадите, но од месец јануари па се до мај ќе имате шанса да постигнете огромни успеси. Не си дозволувајте да се сомневате сами во себе и да излезете од играта.


Љубов, семејство, пријатели:

Она што сигурно ќе го добиете оваа година е поддршка од вашите пријатели, семејството и саканите личности.

Годишниот хороскоп за Бик покажува дека ова е година на вашите романтични врски. Вашата способност да комуницирате и да се доверите на својот партнер, допринесува до зацврстување на љубовните врски.

Исто така, довербата која ви е на високо ниво, ќе си го направи своето.

Ако сте во кратка врска, не избрзувајте со интимата, туку трудете се што подобро да се запознаете. Дозволете им на страстите да паузираат и овозможете им спонтан тек на случувањата.

Имате повеќе од доволно пријатели, но сепак ќе запознаете неколку нови во месец мај и јуни.

godisen-horoskop-za-2014-godina-bik-02

Здравје:

За Биковите ретко постојат предизвици на кои не можат да одговорат. Биковите се познати по својата тврдоглавост, па затоа никогаш не се откажуваат. Искористете ја оваа особина и кога ќе се борите со своето здравје.

Покрај тоа, пристапувајте им логично на задачите. Што е она што ви успева, а што не? Правете ги оние работи кои ви даваат позитивни резултати и елиминирајте ги оние кои резултираат со негативни последици.

Годишниот хороскоп за Бик покажува дека има шанса да се откажете од некои задоволства во чест на здравјето. Најважно е да не дозволите тврдоглавиот став да работи против вас.

Позната личност во знакот на Бик -  Адел

godisen-horoskop-za-2014-godina-bik-03

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2013 во 08:38

molitven-horoskop-povekjeСекој хороскопски знак има посебни карактеристики. Овој пат разгледуваме кој хороскопски знак како се моли и какво е неговото трпение, дали ќе се препознаете...

 

Овен
Господе, те молам дај ми трпение, ама ако може веднаш!

Бик
Господе помогни ми да ги прифатам промените во животот, но не мора да брзаш бидејќи моментално правам вечера.

Близнаци
Ох Боже или можеби Божица...каде си...која си...како се викаш? Кој ти е телефонскиот број? Каде и кому да се помолам?

Рак
Те молам, Господе, да ја чуваш мајка ми, станот и татковината, додека сум на пат. (Мамо, знам дека не треба да бидам толку зависен од тебе, ќе одам на пат и нема да бидам тука три дена.. Ќе ти се јавам утре, во вторник, среда и во четврток, веднаш кога ќе се вратам)

Лав
Господе, татко мој, ќе бидеш горд на мене, ќе им покажам на сите дека сум подобар од сите браќа и сестри.

Девица
Боже, те молам направи светот да биде подобар и те молам концентрирај се додека го правиш тоа. Последниот пат направи многу грешки.

Вага
Разбирам, Боже, се’ ми е јасно, знам како одлуките и изборот мора да бидат мои. Во ред, Ок е, ако ти така велиш.

Шкорпија
Господе, помогни ми да им простам на луѓето кои ме повредиле; не дозволувај тоа да го заборавам и потсети ме од време на време да им вратам..

Стрелец
Единствен, семоќен, сезнаен, возвишен, семожен, вечен, мој, само мој Боже! Те молам веќе билион пати: помогни ми да не претерувам во животот!

Јарец
Мил мој Боже. Немам што да ти барам. Се’ што треба ќе направам самостојно. Како и да е, фала ти што си тука покрај мене.

Водолија
Господе, знам дека ги слушаш моите мисли и знам дека не треба посебно да те повикувам. Викендов правам забава, па баш ќе ми биде мило ако дојдеш!

Риба
О Боже, ти на небото, ветувам дека веќе нема да плачам, лелекам или пијам; смилувај се и помогни ми само уште овој пат..

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2013 во 08:37

sharmot-na-horoskopskite-znaci-povekjeСигурни сме дека барем понекогаш ѕиркате во хороскопот за да видите дали ви се наклонети ѕвездите, дали се согласувате со некој знак. Еве што може да...

 

...очекувате од заљубените знаци на Зодијакот.

Овен
Овните секогаш оставаат силен прв впечаток. Како и не би кога животна цел им е да се наметнат на околината! Бараат страствена врска каде ќе можат да бидат доминантни, но кога вистински ќе се заљубат ништо не им е важно! Тие се најискрениот и најспонтаниот знак.

Бик
Биковите се големи материјалисти кои и на емотивните односи често гледаат низ корит. Пред потенцијалниот партнер секогаш сакаат да остават добар впечаток. Ретко превземаат иницијатива.

Близнаци
Близнаците ќе ве забавуваат како ниту еден друг знак. Кај спротивниот пол најважен им е надворешниот изглед. Своите емоции ги држат под контрола, но сепак на нивниот шарм и духовитост е тешко да се одолее.

Рак
Раковите се големи романтичари кои нагло и често го менуваат расположението. Од партнерот очекуваат бескрајно внимание, а се препуштаат на своите чувства само откога ќе се уверат дека другата страна е искрена.

Лав
Лавовите можат да поднесат неверојатен број комплименти и пофалби на своја сметка. Секоја нова врска ќе ја доживеат како прилика за да се докажат. Иако се мошне страствени понекогаш е невозможно да се справите со нивната љубомора.

Девица
Девиците се многу итри и директни, а од партнерот бараат сигурност, доверба и точност, Преголема романтика и изјави на љубв ним им изгледаат смешно, па затоа воопшто не се обидувајте со таква тактика.

Вага
Вагите важат за големи заводници, но сепак “плитки“. Нив им е важно да си одговараат со надворешниот изглед на партнерот. Сметаат дека се совршени па затоа и не бележат успеси со посталожените и разумни знаци.

Скорпија
Скорпиите обожаваат да заведуваат. Сексот им е многу важен, а чувствата грижливо ги кријат и чуваат за себе. Кога некој ќе ги повреди – одмаздата е неизбежна.

Стрелец
Стрелците се храбри и поседуваат голема енергија и самодоверба. Подготвени се да ризикуваат. Сакаат авантури, но кога навистина ќе се заљубат грижливо си го чуваат своето.

Јарец
Јарците веднаш ставаат до знаење дека во нивната емотивна врска мора да постои ред. Врската им се одвива според протокол и без излив на емоции.

Водолија
Водолиите обожаваат да привлекуваат внимание, а игрите на заведување со нив носат возбудливост и неизвесност. Нивното однесување понекогаш е ексцентрично и провокативно, но со нив никогаш нема да ви биде здодевно.

Риби
Рибите се многу емотивни и лесно се заљубуваат па затоа можете секогаш да им го привлечете вниманието. Со нив постапувајте внимателно затоа што многу лесно може да ги повредите. Најголем сон им е нивната љубовна приказна да се претвори во бајка со среќен крај.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Crna Arapina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Crna Arapina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2013 во 22:40
ОВЕН
Овните се искрени и спонтани, а исто така и многу доминантни. Таков е и првиот впечаток кој го оставаат – бучен и впечатлив. Сепак, во нивната детска искреност и наивност, тој прв впечаток најчесто е многу мил и придонесува луѓето лесно да ги засакаат.

така да си знаете

Train hard,Fight easy !
Кон врв
Crna Arapina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Crna Arapina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2013 во 22:39

Каква харизма имаат хороскопските знаци?


Секој човек има своја единствена харизма која го прави различен од останатите. Но, астролозите велат дека луѓето кои припаѓаат на ист хороскопски знак имаат слична харизма.

ОВЕН
Овните се искрени и спонтани, а исто така и многу доминантни. Таков е и првиот впечаток кој го оставаат – бучен и впечатлив. Сепак, во нивната детска искреност и наивност, тој прв впечаток најчесто е многу мил и придонесува луѓето лесно да ги засакаат.

БИК
Биковите секогаш сакаат да остават добар впечаток. Но, ретко преземаат иницијатива, па можно е на прв поглед да изгледаат резервирано и строго.

БЛИЗНАЦИ
Одлично се снаоѓаат со контролата врз емоциите, а од друга страна се непресушен извор на забава. На нивниот шарм и духовитост тешко е да се одолее, а емоционалната резервираност создава мистерија за секого.

РАК
Раковите се многу чувствителни и многу често го менуваат расположението, па поради тоа може да остават прв впечаток на неискрени личности. Сепак, со тек на време овој впечаток не е тешко да се поправи, бидејќи воопшто не се такви какви што изгледаат на прв поглед.

ЛАВ
Генерално, Лавовите се одбивни при првата средба поради нивната претерана самодоверба и фалење. Сепак, нивната искреност и детска наивност, исто како и Овенот, лесно ќе направи да ви се вовлечат под кожа.

ДЕВИЦА
Девиците се перфекционисти, па првиот впечаток за нив е дека се строги, што и не е далеку од вистината. Но, кога искрено љубат некого, тоа го прават со цело срце, па нивната строгост е во втор план.

ВАГА
Вагите мислат дека се совршени и мошне лесно можат да залажат некого дека се токму такви – но, само за кратко време.

СКОРПИЈА
Скорпиите се големи заводници. Кај истиот пол најчесто оставаат негативен прв впечаток поради нивната доминантност, но пак, за спротивниот пол се вистински магнет бидејќи се многу силни личности. Сепак, кога некој ќе ги повреди, одмаздата е неизбежна.

СТРЕЛЕЦ
Стрелците се енергични и храбри знаци полни со самодоверба, но не и со егоизам, што ги прави едни од омилените во друштвото. Тие се подготвени да ризикуваат, но кога навистина ќе се заљубат, партнерот го чуваат подобро од сопствените очи.

ЈАРЕЦ
Јарецот е уште еден строг знак кој не се оддава лесно на емоциите, а првиот впечаток за него најчесто е негативен. Кога подобро ќе го запознаете, ќе сфатите зошто е таков и кои му се приоритетите во животот, а кога ќе одвои време за вас уште повеќе ќе го цените.

ВОДОЛИЈА
Водолиите се ексцентрични и провокативни, а во исто време весели, што ги прави многу привлечни и шармантни. Со нив никогаш нема да ви е здодевно и секогаш ќе ви недостасува нивното друштво.

РИБИ
Рибите се многу емотивни, а ако ги фатите во таквите моменти, може да бидат многу здодевни. Но, кога ќе ве засакаат, лесно ќе најдат начин за да ви влезат под кожа.


Train hard,Fight easy !
Кон врв
Crna Arapina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Crna Arapina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2013 во 21:32
Originally posted by zverka_ zverka_ напиша:

Близнаци

Обожавате градови кои никогаш не спијат како Њујорк, Копенхаген, Милано, Стокхолм, но и приморските места во кои никогаш не може да ви биде досадно. Такви се Херцег Нови, Ница, Кан, Лидо ди Изоло. 

Tokmu taka!!!!!!


A Џорџе Петров го заборави голема насмевка
Train hard,Fight easy !
Кон врв
zverka_ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6604
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zverka_ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2013 во 16:56

Близнаци

Обожавате градови кои никогаш не спијат како Њујорк, Копенхаген, Милано, Стокхолм, но и приморските места во кои никогаш не може да ви биде досадно. Такви се Херцег Нови, Ница, Кан, Лидо ди Изоло. 

Tokmu taka!!!!!!

Јас сум 99% сигурна дека луѓето ме озборуваат,но 100% сум сигурна дека баш "ме заболи" за тоа!!!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2013 во 15:36

Секој е секси на свој начин, но карактерно, според хороскопот постојат 3 знаци кои важат за вродено сексипилни.

koi-se-trite-najseksipilni-horoskopski-znaci

Можете ли да претпоставите за кои станува збор?

Скорпија

Најсексипилен знак во целиот зодијак. Ако некогаш сте запознале некој во овој знак, знаете дека има неодолива моќ за привлекување. Мистеријата со која се окружени не остава никого рамнодушен. Тие се храбри, доверливи и заводливи.

Лав

Лавот ќе направи се за вас, и секогаш ќе бидете во центарот на вниманието. Лавот ги прави работите секогаш подобро од другите. На сопствен начин заведува и излудува, има најубава насмевка на светот и тело создадено за флерт.

Рак

Раковите се тешки за освојување, но уште потешко и ќе ги преболите. Ќе ве привлечат за кратко време, ќе ви влезат под кожа и нема бегање. Ќе ве сакаат од срце, а сексот со Раковите е незаборавен.


голема насмевкаВажно јас спаѓам во еден од трите наведени



Изменето од Valerija - 18.Декември.2013 во 15:37
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2013 во 08:08

Близнаците обожаваат градови кои никогаш не спијат, Лавот го привлекуваат места каде што има спортски натпревари и фестивали на пиво, Скорпиите сакаат да уживаат во егзотични дестинации...

kade-bi-ziveele-spored-horoskopot-01

Дознајте според хороскопот во кои градови би требало да живеете.

Овен

Вашиот немирен дух ве влече кон градовите со богат ноќен живот, како што е Буенос Аирес. Но, ви одговараат и градови во кои се одржуваат големи спортски манифестации, фудбалски натпревари, автомобилски трки, тениски турнири како Париз, Лондон, Њујорк, Мелбурн.

kade-bi-ziveele-spored-horoskopot-1

Бик

Иако сте големи љубители на природа и села, вас ве привлекува и Ориентот, Истанбул, Каиро, Александрија. Поради добрата храна и добрите забави може да ве воодушеват и Барселона и Лос Анџелес.

kade-bi-ziveele-spored-horoskopot-2

Близнаци

Обожавате градови кои никогаш не спијат како Њујорк, Копенхаген, Милано, Стокхолм, но и приморските места во кои никогаш не може да ви биде досадно. Такви се Херцег Нови, Ница, Кан, Лидо ди Изоло.

kade-bi-ziveele-spored-horoskopot-3

Рак

Претставниците на овој знак уживаат да се одмораат покрај вода, во близина на море, езеро или река. Затоа, вистински избор за вас се Цирих, Женева , но и космополитскиот Сиднеј.

kade-bi-ziveele-spored-horoskopot-4

Лав

Вас ве привлекуваат градови кои се домаќини на големи спортски настани, но и фестивали на пиво. Како љубители на раскошот и гламурот вам ви одговараат места со добри забави како Монте Карло, Париз, Ница, Барселона, Њујорк и Лас Вегас.

kade-bi-ziveele-spored-horoskopot-5

Девица

Добро се чувствувате во Краков, древната Атина, раскошниот Париз и преубавата Будимпешта, каде во некој ресторан во центарот на градот читате весник, пиете кафе и уживате во слатките.

kade-bi-ziveele-spored-horoskopot-6

Вага

Најмногу вам ви одговараат градови на море во кои се одржуваат големи уметнички манифестации, музички и филмски фестивали, модни ревии и изложби. Такви градови се: Рим, Венеција, Милано, Ница, Кан и Пекинг.

kade-bi-ziveele-spored-horoskopot-7

Скорпија

Секогаш сте подготвени да запознаете некоја нова култура или егзотична дестинација. Вам ви одговараат шпанските и италијанските градови, особено Сицилија, а ве привлекуваат и Чикаго, Њујорк и Рио де Жанеиро.

kade-bi-ziveele-spored-horoskopot-8

Стрелец

Ниедно место вам не ви одговара во целост, бидејќи сакате промени. Ви се допаѓа спој на модерното и традиционалното, градови со раскошна архитектура во кои има културни и спортски случувања.  Најмногу ви одговараат Мадрид, Рим, Барселона и Палма де Мајорка.

kade-bi-ziveele-spored-horoskopot-9

Јарец

Љубители сте на историјата и ја почитувате традицијата, па вам, освен родното месо, ви одговараат и Лондон, Единбург, Кардиф. Градови во кои може да уживате во разгледувањето на средновековни замоци.

kade-bi-ziveele-spored-horoskopot-10

Водолија

На вашиот сензибилитет одговараат модерни градови во кои се живее брзо, како Амстердам, Хонг Конг, Њујорк, Париз, Берлин и Санкт Петербург.

kade-bi-ziveele-spored-horoskopot-11

Риби

Ви одговара близината на водата, а најмногу океанската. Сакате мали градови без многу гужва, како Валете на Малта, градовите на Сардинија, Малдивите, Азурниот Брег, Куба и големи градови како Сиднеј.

kade-bi-ziveele-spored-horoskopot-12

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2013 во 09:06
Секој хороскопски знак се нервира за различни нешта. Ова е листа од обични и секојдневни работи кои секој знак одделно најмногу го нервираат.

sto-go-izluduva-sekoj-horoskopski-znak-01

Некои од знаците имаат и заеднички работи кои ги нервираат, тие сигурно би се разбрале меѓусебно.

Овен

- Луѓе кои ги влечат нозете кога одат

- Невозвратени телефонски повици

- Кога не им работи мобилниот телефон

- Луѓе кои цел ден го минуваат на Фејсбук

- Луѓе кои не преминуваат веднаш на главното

- Луѓе кои не знаат да играат

- Кога доцнат автобуси, авиони, возови

- Луѓе кои се облекуваат немарно

- Народна музика



Бик

- Фалбаџии

- Хаос и неорганизираност

- Искината облека или скинато копче

- Лоша храна

- Кога некој ги игнорира

- Да зборува во јавност

- Луѓе кои не користат дезодоранс

- Шеги на нивна сметка

- Да излезат наивни

- Брза храна



Близнаци

- Луѓе кои немаат смисла за хумор

- Да не се во центарот на вниманието

- Расипани часовници

- Лошо вино

- Тесни чевли или фармерки

- Луѓе кои бавно зборуваат

- Луѓе кои бавно одат

- Песимисти

- Зависници

- Расипани електронски апарати



Рак

- Кога е претопло

- Волна која ја иритира кожата

- Спиење на кауч

- Луѓе кои стигнуваат прерано

- Луѓе кои се облекуваат лошо и неуредно

- Да бидат критикувани на кој било начин

- Насилни филмови

- Да ги изгубат очилата

- Луѓе кои ги крадат нивните „5 минути“



Лав

- Луѓе кои се облекуваат подобро од нив

- Луѓе кои имаат подобар автомобил од нив

- Да бидат игнорирани

- Некој намерно да ги прави љубоморни

- Да биде на место што е премногу ладно

- Да бидат мокри

- Да ги тераат да прават нешто што не сакаат

- Кога мора сончев ден да помине затворен дома

- Кога им кажуваат дека треба малку да забават

- Кога им кажуваат дека не сметаат да флертуваат



Девица

- Неуредни и неорганизирани луѓе

- Луѓе кои не им возвраќаат на повици

- Луѓе кои не носат часовници

- Луѓе кои не им враќаат забелешки

- Губење време на Фејсбук

- Луѓе кои не зборуваат граматички правилно

- Луѓе кои често се колнат

- Емоционални сцени

- „Стенд ап“ комичари

Вага

- Луѓе кои бараат да ја намалат музикатѕа

- Луѓе кои јадат нездрава храна

- Отпадоци во природата

- Луѓе кои крадат цвеќиња

- Луѓе кои се груби кон животните

- Луѓе кои не им возвраќаат на повикот

- Врски за една вечер

- Лоша фризура

- Луѓе кои користат дрога



Скорпија

- Луѓе кои често позајмуваат од нив и никогаш не им враќаат

- Љубовници кои не можат да доживеат оргазам

- Кога партнерот ги прави љубоморни

- Кога некој е подобро од нив во она што го прават

- Да ги озборуваат

- Да ги обвинат за неверство, дури и ако е точно

- Помодарство

- Луѓе кои тврдат дека имаат духовни моќи



Стрелец

- Кога доцнат авиони, возови, автобуси

- Кога не лета во прва класа

- Луѓе кои постојано се жалат

- Луѓе кои се плашат да ризикуваат

- Кога ќе ги обвинат дека не знаат да работат со пари

- Луѓе кои очекуваат од нив да се појават на состаноци навреме

- Злоставување животни

- Нарушени човекови права



Јарец

- Луѓе кои се расфрлаат со пари

- Луѓе кои бараат позајмици

- Луѓе кои не враќаат нешто позајмено

- Луѓе кои не ги воспитуваат правилно децата

- Луѓе кои не си ја завршуваат работата за која се повикани

- Луѓе кои не ја затвораат пастата за заби

- Читање поезија

- Кога треба некого да возат

- Лоша фризура



Водолија

- Луѓе кои се облекуваат досадно

- Лоша храна

- Да зборуваат за минатото

- Психијатри

- Трачеви

- Непрактични луѓе

- Кога другите не им се лојални

- Кога се отфрлени од друштвото

- Да ги валкаат рацете



Риби

- Кога е премногу топло

- Да ги изгубат очилата

- Загадена вода

- Луѓе кои прегласно се смеат

- Луѓе кои бегаат од караници

- Алкохоличари

- Автомобили кои непотребно трошат енергија

- Бавни возачи
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4849505152 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.