IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Палачинки
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Палачинки

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 20>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2013 во 08:36

Палачинки со ореви

Палачинки со ореви

Состојки

  • 120 г мелени ореви
  • 2 лажици шекер во прав
  • 1 пакетче ванилин шекер
  • 40 г масло
  • 120г брашно,сол, шекер
  • 2дл млеко
  • 1 јајце

  • 1дл павлака

Подготовка

Од брашното,јајцата и млекото се изматува тесто ,се посолува и по потреба се додава шекер.Од тестото се печат палачинките.Уште топли палачинките се мачкаат со фил,се виткаат и се редат во овална чинија и се прелеваат со растопената чоколада.

Приготвување за филот:

Павлаката се изматува,се засладува и се додава ванилин шекер.Потоа се додаваат мелените ореви и смесата се замирисува со истолчkaните каранфилчиња и циметот,а по желба се додава и рум.





Изменето од Valerija - 16.Декември.2013 во 08:36
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2013 во 08:33

Тостирани палачинки

Тостирани палачинки

Состојки

  • 10 палачинки
  • 10 лажички мајонез
  • 10 лажици кечап
  • 10 парчиња салама
  • 10 парчиња кашкавал
  • малку оригано и печурки

Подготовка

Повремено купиваме готови палачинки, кои според мене и не се баш палачинки штом се во посна верзија и дома најчесто ги јадат мачкани со Нутела. Но, кога нема да се изедат на време и ќе одстојат ден-два, веќе не се така убави како пресни. Па ова е еден начин како да се искористат, да не се фрлат, а да бидат вкусни исто како тогаш да се правени.
Мерките се произволни, секако можите да си ги прилагодите на свој вкус.
Исто така, можите да ги направите и во блага верзија, полнети со пасирана банана и неколку лажици Нутела. Кај нас Нутелата се потроши, па ви ја презентирам само солената верзија.

Кашкавалот и саламата изрендајте ги, а печурките исецкајте ги. Секоја палачинка се премачкува со мајонез, врз неа се става од ренаданиот кашкавал и салама, па од печурките, се посипува со малку оригано и најгоре се попрскува со кечап. Се преклопува прво од една страна, да дојди како правоаголник, па потоа од спротивните страни, да дојди како коцка. Се става во загреан тостер околу половина минута, колку да се стопи кашкавалот. Одозгора можи да ги попрскате со кечап и рендан кашкавал, но и не мора. Служете го топли.

Секако под поимот салама, влегуваат било кои месни производи кои ви одговараат спрема вкусот или тоа што имате во фрижидерот (посебна, шунка, алпска, кулен, сланина...)

Дополнителни фотографии



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2013 во 08:32

Какао палачинки

Какао палачинки

Состојки

  • 250 мл. млеко
  • 250 мл. вода
  • чаша од 250 мл. брашно
  • 2 јајца
  • 1 лажица какао
  • 1 лажица шеќер
  • прстофат сол
  • 2 лажици масло или стопен путер
  • мармалад или крем за филување

Подготовка

Јајцата ставете ги во сад со шеќерот и солта, измешајте со миксер или жица. Додајте ги млекото и водата, убаво измешајте. Додајте го брашното и какаото, убаво измешајте да нема грутчиња, додајте го маслото и пак измешајте. Сместа оставете ја 30мин во фрижидер. Не мора, но така се поубави.

На тавче за палачинки со салафетка со масло намрсена.(Јас пржев во Тавата за пржење на Делимано-преубава) и ставајте по една мала чорбарка од смесата разлејте брзо на сите страни и почекајте да се одделува од страните кога малку е зарумената (или какви ги сакате), завртете ја со лопатка или со рака на другата страна пржете уште 1 мин.Па вадете ги на рамна чинија.(јас само ја лизнав и излезе.Воопшто ништо не се лепи.). Постапката повторете ја со останатата смеса.
Од оваа доза излегуваат 12 палачинки со дијаметар 20 см. Филувајте ги една по една со мармалад. Завиткајте ги во ролна или триаголник или пак наредете ги како торта и сечете парчиња.
Јас сместа ја оделив на пола(само со пола какао)

Дополнителни фотографии



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2013 во 08:29

Палачинки со лук

Палачинки со лук

Состојки

  • 12 посни палачинки
  • 1 главица лук
  • 1 рака ореви
  • 3 лажици масло
  • 100 мл жешка вода

Подготовка

Овие палачинки традиционално се прават на 2ри јануар, кога се слави Светецот Игнат. Овој рецепт го имам од мојата баба, која ги правеше секогаш на овој ден, па јас ја продолжив оваа традиција.

1. Лукот се чисти и се толчи со малку сол.
2. Во лукот се додаваат оревите. Се толчат заедно.
3. Во оваа смеса се става маслото и водата. Сето заедно се меша.
4. Во секоја палачинка се става од смесата. Се преклопува палачинката на четири. Се редат палачинките во Делимано фантазија округла тава која е попрскана со малку масло.
5. Смесата која ни остана ја тураме врз палачинките.
6. Печиме во загреана рерна колку палачинките да се потпечат и поруменат.

Дополнителни фотографии



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2013 во 08:28

Палачинки (без млеко)

Палачинки (без млеко)

Состојки

  • тесто
  • 250 мл кисела вода
  • 1 јајце
  • 1 прстофат сол
  • 1 прстофат шеќер
  • 1 лажичка зејтин
  • 100 грама брашно
  • за фил
  • 400 грама еурокрем или мармалад ( за две дози )

Подготовка

Со рачна мешалка го матиме јајцето со солта и шеќерот. Го додаваме зејтинот и киселата вода. На крајот го додаваме брашното и убаво матиме да не ни останат грутчиња од брашното. Ја загреваме тавата, подмачкуваме со неколку капки зејтин, а и не мора воопшто, зависи во каква тава ги пржиме палачинките. Јас ги пржев во вок тавата. Малку е тешка за превртување, ама воопшто не се лепат.
Со мала црпка истураме од смесата. Ја пржиме палачинката од едната и од другата страна. Ја филуваме по желба и ја завиткуваме во ролат. Јас правев две дози бидејки дома речиси сите сме по благото и една доза ни е малку. Од две дози ми излегоа околу 17 палачинки. И ова тесто за палачинки беше моја идеја. На нас ни се допаднаа, се надевам и на вас. Добар апетит.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2013 во 11:33
Чоколадни палачинки

Потребно е:
  • 2 јајца
  • 150 г брашно
  • 300 мл млеко
  • 30 г путер
  • 40 г темно чоколадо (со 70% какао маса)
  • 1 лажица какао
  • 2 лажици шеќер
  • 1/4 лажиче сол
Подготовка: Чоколадото исечкајте го на парчиња и заедно со путерот ставете ги да се растопат на пареа. Во сад ставете ги јајцата, шеќерот и солта, па со миксер изматете ги. Ставете половина од брашното помешано со какаото, 1/3 од млекото, па остатокот од брашното и на крај полека додавајте го остатокот од млекото, мешајќи за да добиете ретка смеса. На крај, во оваа смеса ставете ја растопената смеса од путер и чоколада. Добиената смеса оставете ја да отстои 1 час во фрижидер. Печете ги палачинките, широки и тенки. Од оваа смеса излегуваат околу 10 палачинки.
[IMG]
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2013 во 11:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 17:55
сакам сега плачење
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 17:50
Префрлив!
Пријатно јадење, ќе стигне утре по ДХЛ.
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 17:49
Originally posted by Valerija Valerija напиша:

Ja,zaludno se rastrchav po temive:))
Palachinkite si imaat svoja tema:))


Упс црвенеење префрлајте постови и праќајте палачинката голема насмевка 
соориии колешки среќа големо гушкање
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 17:47
Ja,zaludno se rastrchav po temive:))
Palachinkite si imaat svoja tema:))
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 17:46
Ova kaj temata za palachinki treba da se posluzhi:))
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 17:46
Ееееее таква глупирање
Ам сеа ... како да дојди пред мене размислување
Ај по ДХЛ прајчај голема насмевка 
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 17:44
Ама маани најде, еве без нив, само со плазма.



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 20>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.