Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Април.2014 во 16:05 |
ПОСНА КРЕМ ТОРТА СО МЕДСостојки: За кора: - 250g мед
- Чаша пиво
- Лажичка сода бикарбона
- ½ шолја масло
- Брашно по потреба
За фил: - 250g шеќер
- 250g мелени ореви
- 2 реда посна чоколада
Подготовка: Од сите состојки заматете не прегусто тесто и испечете 5 кори од него. Изматете го шеќерот со растопената чоколада и додајте ги оревите. Држете се до правилото еден ден ред тесто – еден ред фил и за помалку од половина час тортата ќе биде готова. Одберете глазура по избор, додадете неколку половинкиореви и прелијте со мед.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Април.2014 во 16:04 |
ПОСНА ТОРТА СО ЈАБОЛКАСостојки: - 5 средни јаболка или 600 гр излупени јаболка се рендаат на крупно ренде.
- 900 гр шеќер
- 2 лажичиња сода бикарбона
- 2 филџани зејтин
- 650 гр брашно
Подготовка:
Изренданите јаболка и содата бикарбона се мешаат во пластичен сад со дрвена лажица и се оставаат да стојат 30 минути. За тоа време се промешува 2-3 пати. На оваа смеса се додава зејтинот, па се меша. Потоа се додаваат брашното и шеќерот и се меша. По желба може да се додаде половина кесичка цимет, ореви и суво грозје. Добиената смеса се пече во подмачкан плех од шпорет на 1800C, 30 – 40 минути. Изладената посна торта се сече на коцки и се декорира со шеќер во прав. На здравје!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Април.2014 во 15:59 |
ПОСНА ЧОКОЛАДНА ТОРТАСостојки За кората: 250 гр мелени ореви 200 гр шеќер 200 гр брашно 1 ванилин шеќер 1 прашок за пециво 1/2 лажиче сода бикарбона 1 лажиче цимет малку мелено каранфилче 3 дцл вино (бело или црвено) За филот и глазурата: 4 лажици џем од кајсии, јагоди, праски или шипки 150 гр чоколадо за готвење малку маргарин малку рум Подготовка:
- Во садот во кој ќе матите измешајте ги брашното, содата бикарбона и прашокот за пециво. Во тоа додадете го шеќерот, мелените ореви, каранфилчето, ванилиниот шеќер и циметот. Измешајте убаво. - Во тоа додадете го виното и измешајте со дрвена лажица да добиете компактна смеса. - Оваа смеса сипете ја во округла тава обложена со хартија за печење и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30 минути. - Кога тестото ќе биде печено извадете го од тавата, оставете да се излади и пресечете го по должина на половина за да добиете две округли кори. Едната кора ставете ја на украсна чинија за торти. - Загрејте го малку џемот и со него премачкајте ја кората. Одозгора ставете ја втората кора која исто така ќе ја премачкате со џем, одозгора и од страните. - За глазурата, истопете го чоколадото на пареа со малку маргарин и рум. - Прелијте ја врелата глазура над тортата и оставете да се излади пред да ја послужите.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Април.2014 во 15:54 |
ГРИЗ АЛВАСостојки:- 1 чаша зејтин
- 2 чаши гриз
- 3 чаши шеќер
- 4 чаши вода
- 2 ванили малку сецкани ореви
Подготовка:Загрејте го зејтинот, додадете го гризот и нека се пржи до добивање на браонкаста боја, додадете го шеќерот и ванилата, уште кратко време пржете заедно, за кратко тргнете од огнот, додајте доколку сакате сецкани ореви (јас додавам и цимет) додадете ја водата, вратете на огнот и варете кратко време – таа ќе се згусти. Тргнете од огнот, наполнете навлажнети калапи, почекајте да се олади. На чинија свртете ги калапите и извадете ја алвата. Само со лесно ударање таа веднаш ке излезе.. или пак сервирајте ја онака како што сакате вие.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 29.Март.2014 во 04:41 |
Сојата ја оставаем во ладна вода да откисне 20 минута. Потоа водата ја истураме и тураме нова, па ја ставаме сојата да зоврие. Тиквичките ги сечкаме на тркалца. Во тепсија редиме ред тиквички, ред соја ( низ која ставаме од оризот и морковот исечен на тркалца). Додаваме зачини по желба. Ставаме да се пече во загреана рерна. Кога убаво ќе порумени го рендаме кашкавалот и враќаме уште малку во рерна за да се растопи.
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Март.2014 во 13:12 |
Ако до сега посните десерти не важеа за едно од омилените, по овие торти мислењето потполно ќе ви се промени. Ќе ве освојат со префинетиот вкус, богатата арома и интересните состојки. Без оглед на тоа дали постите или не, ќе вреди секој залак кој ќе го вкусите. Медена торта Состојки За кора: - 250g мед
- Чаша пиво
- Лажичка сода бикарбона
- ½ шолја масло
- Брашно по потреба
За фил: - 250g шеќер
- 250g мелени ореви
- 2 реда посна чоколада
Подготовка: Од сите состојки заматете не прегусто тесто и испечете 5 кори од него. Изматете го шеќерот со растопената чоколада и додајте ги оревите. Држете се до правилото еден ден ред тесто - еден ред фил и за помалку од половина час тортата ќе биде готова. Одберете глазура по избор, додадете неколку половинкиореви и прелијте со мед. Торта од портокал
Состојки За кора: - 1 шолја масло
- Шолја кисела вода
- 400g брашно
- Прашок за печиво
- 100g шеќер
За фил: - 4-5 портокали
- 0,5l вода
- 350g шеќер
- 2 пудинзи од ванила
- 4 лажици густин
- Маргарин
Подготовка: Од сите состојки потребни за тестото изматете меко тесто. Испечете 4 кори. Излупете ги портокалите, сварете ги во половина литар вода, почекајте да се изладат и ситно сечкајте ги. Во водата каде ги варевте портокалите сварете ги пудинзите до 350g шеќер и 4 лажици густин. Кога филот ќе се излади, додајте неколку лажички растопен маргарин. Врз секоја кора прелејте подебел слој од филот и финиширајте со растопено посно чоколадо.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Март.2014 во 06:08 |
1. Во поголем сад се ставаат брашното,и сите зачини кои ги сакате и сето тоа добро се соединува. 2. Компирите се лупат се сечат на тенки кругови, се валкаат во брашното од двете страни и се редат во огноотпорен сад подмачкан со масло. 3. На тиквичките им се сечат краевите се сечат на тенки кругови и тие се провалкуваат во брашното од двете страни(за еден ред од тиквички е потребно една ипол тиквичка) 4. Преку тиквичките ставаме од сирењето или урдата па малку бибер и веѓета па домат исечкан на коцки и преку него исечканите магдонос и нане и на крај секаде по малку се става од исечканото лукче. 5. На крај се завршува со остатокот од тиквички извалкани во брашно. 6. Добро се залива со маслиново масло се покрива со фолија и добро се затвара од сите страни. 7. Се пече во загреана рерна на 200 Ц. 1 час.потоа се открива и се пече додека благо не порумени. Многу вкусен и лесен ручек и се служи со големи количини свежа салата или јогурт Ч))
|
|
Kastro
Сениор
Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Март.2014 во 20:22 |
Salata so tuna (ovaa jas si ja podgotvuvam )
Marula iseckana ,kromdice seckano ,tuna 1 konzerva ,1 kesence kubeti so vkus na kechap,maslo maslinovo ili od soncogled (po vas izbor sekako),balzamiko, sol ,malku biber ,sosema malku morsko orevce i 2-3 supeni lazici majonez posen (go ima po marketite)
Dosta vkusno, ne se cuvstvuva deka e posna
p.s. sekako samo za onie denovi koga se jade riba
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
Kastro
Сениор
Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Март.2014 во 20:18 |
Eve edna idea ...Za dorucek mozete cahjche i lebce so puter od kikiriki koe sami ke si go podgotvite
Домашен путер од кикирики
Дали сте знаеле дека кикириките се едни од најпознатите хранливи продукти. Тие содржат од 50% масла и 25% протеини. Во кикириките има повеќе протеин отколку во повеќето видови на месо. На пример, кикириките содржат поголем број на минерали и витамини одошто во говедско црниот дроб, па затоа тие се омилена храна на вегетаријанците и фото моделите. Поради високата содржина на прехранбени влакна, тие даваат чувство на исполнетост. Го снабдувааат човечкото тело со масни киселини, кои пак ја подобруваат меморија. Тие се идеален извор на енергија, особено се корисни за луѓето кои избегнуваат холестеролот, бидејќи кикириките, како растителен продукт, НЕ СОДРЖАТ ХОЛЕСТЕРОЛ.
Токму затоа, ви предлагам еден мноооогу едноставен рецепт за домашен путер од кикирики, барем ќе знаете што јадете.
Подготовка: 15 мин.
Готвење: 15 мин.
Вкупно: 30 мин.
Состојки
- 200 г кикирики (непечени или печени, лупени и несолени)
- 3 лажици мед
- 4-6 лажици масло (сончогледово или маслиново, на најдобро е масло од кикирики)
- малку сол
Подготовка
- Ако кикириките се непечени, тогаш тие се печат, се оставаат да се оладат и им се отстранува лушпата (ова е најмачниот и најдолгиот дел).
- Излупените кикирики и солта се ставаат во блендер и се блендираат.
- Потоа се додава маслото и медот и се продолжува да се блендираат додека се добие убаво хомогенизирана и мазна смеса.
- Ако се добие густа смеса која тешко се блендира тогаш слободно додадете уште 1 или 2 лажици масло. Се чува во затворен сад, на темно место.
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Март.2014 во 14:22 |
Во длабок сад ги ставаме брашното, солта, шеќерот, маслото за готвење и квасецот претходно растопен со малку млака вода. Ја додаваме водата млака и замесуваме тесто. Оставаме да стаса тестото 20-30 минути. Потоа го делиме тестото на мали топчиња и секое топче го расукуваме со сукалка. Од едната страна го сечеме тестото до пола на линии на растојание од пола сантиметар и ги виткаме гевречињата. Ги макнуваме во тањирче со вода, а потаоа ги валкаме во сусам и ги редиме во тепсија. Печеме во загреана релна околу половина час.
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Март.2014 во 16:34 |
Гвакамоле е намаз од авокадо и изворно потекнува од Мексико. Значи ‘авокадо сос’, а буквално тоа и претставува. Традиционално се подготвува со авокадо, домат и кромид, а може да се прават и различни варијации. Во поголем сад се става зрелото излупено авокадо, претходно исчистено од семката. Се додава лимонов или сок од лајм, а потоа авокадото се гмечи да се добие пире маса. Во масата се додава претходно излупен домат исецкан на ситни коцкички. А потоа и кромидот и лукот излупен и исецкан ситно на коцкички. Се додава ситно секан магданос, потоа сол, мелен кориандер, мелен бибер, ким, по желба копар, босилек или друг зачин кој го користите и сето тоа добро се меша. Доколку сакате луто може да се додаде и ситно сецкано чили пиперче или лута пиперка. Варијациите може да се прават со краставица или друг сезонски зеленчук. Се остава малку да отстои, а потоа може да се консумира. Остатокот од Гвакамолто се чува во фрижидер. Главниот трик во подготвувањето на рецептот е во авокадото кое мора да биде сосема зрело и меко. Зрелоста ќе ја проверите со нежно притискање на плодот. Доколку купите тврдо авокадо оставете го на собна температура неколку дена целосно да омекне. Одличен оброк за време на пост затоа што авокадото е доста масен и свеж плод. Може да се консумира со готов тортиља чипс (доритос) или топол леб од фурна.
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Февруари.2014 во 07:30 |
Прво морам да напоменам дека користените состојки можат да се менуваат...според вашиот вкус и според сезоната... или според тоа што го имате во фрижидер :) Исечкајте го зеленчукот на тенки ленти (не важи за брокулата, карфиолот, боранијата). Загрејте ја вок тавата, па потоа додајте малку масло и оставете убаво да се загрее. И почнете со пржење: прво кромидот (2 минути), па додадете го морковот (2 минути), па пиперките, па карфиолот, боранијата, тиквичката, брокулата и на крај зелката. Постојано промешувајте со дрвена лажица и внимавајте зеленчукот да не се препржи (бидејќи сепак треба да се сервира малку крцкав). Зачинете со малку сол и бибер и готово! Супер оди во комбинација со пилешко во слатко-кисел сос...или ориз на кинески начин...Пријатно!
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Февруари.2014 во 10:47 |
Лечо во Унгарија го служат како главен оброк. Јас првпат го пробав како прилог кон скара, може и така да се служи. Едноставен е за подготовка, многу вкусен и по желба може да додавате т.е да одземете некои состојки. Подготовка Пиперките измијте ги и исечете им го горниот дел кај рачките, исчистете го семето. Исечете ги на осминки по должина. Доматите излупете ги и исечкајте ги на покрупно. Кромидот исечкајте го ситно и ставете го во една поголема и длабока тава на малку зејтин да се пржи. Кога ќе омекне, додадете го црвениот пипер малку да се пропржи па ставете ги пиперките да се пропржат. Доволни се 5 минути за малку да омекнат, па потоа додадете ги и доматите. Посолете и побиберете, додадете ги и останатите зачини (шеќер, ловоров лист, киселината). Откако доматот ќе пушти сок ставете го доматното пире и оризот и оставете на тивко да се динста. Промешувајте од време на време и проверете дали има доволно течност. По потреба додадете малку вода. Кога оризот ќе се свари, ставете го истиснатото чешне лук и изматените јајца. Готово е кога јајцата ќе бидат испржени. Доколку сакате може оризот да го изоставите...наместо тоа да додадете сланина или сечкани домашни колбаси.
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Декември.2013 во 16:09 |
Ако мислевте дека посното е здодевно - грешите. Потребни ви се само
неколку поздрави состојки и силна желба да создадете вкусно ремек-дело.
Ова се 3 вкусни предлози кои можете да ги испробате уште денес:
Ослич во бело вино
Потребно ви е: 1kg филети оослич, 2 моркови, целер, бибер, чаша бело вино, чаша вода, брашно, масло, сечкан магдонос, сол
Подготовка: Морковите и целерот исечкајте ги на
кругови. Рибата наредете ја во тава и прекријте ја со зеленчукот, а
потоа додајте малку масло, сол и бибер. Ставете ја да се пече.
Сосот подгответе го така што на тивок оган ќе загревате 2 лажици
масло, ќе додадете 2 лажици брашно, малку сол и бибер. Смесата разредете
ја со чаша вино и чаша вода. Кратко варете ја течноста со постојано
мешање.
На крај, прелијте ја рибата и допечете уште 10тина минути. На крај, исечкајте го магдоносот и зачинете по желба.
Компир салата
Потребно ви е: 500g компири, 200g целер, 50g маслинки, 1 црвена пиперка, 100g посен мајонез, кромид, сол и бибер
Подготовка: Компирот добро сварете го и исечкајте го
на кругови. Целерот исчистете го и исечкајте го на кришки, исто како и
кромидот. Пиперката ситно исечкајте ја, а на маслинките извадете им ги
семките и пресечете ги на половина.
Промешајте ги сите состојки со мајонезот и по желба посолете и зачинете.
Ролат од кокос
Потребно ви е: 200g мелени посни бисквити, арома од портокал, 200g брашно од кокос, 200g шеќер, вода
Подготовка: Половина шолја вода сварете ја неколку минути, па додајте го шеќерот. Поделете го шербетот на два дела.
Во првата половина додадете ги бисквитите и аромата од портокал, а во другата половина додадете го брашното од кокос.
Смесата од бисквити растапкајте ја на тава обвиткана со хартија за
печење, а од горе додајте ја смесата од кокос. Потоа замотајте го во вид
на ролат.
Оставете го да се олади, проросете уште малку брашно од кокос и колачот е подготвен за служење.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|