IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - Импичмент за Црвенковски!!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Импичмент за Црвенковски!!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
Автор
Порака Обратен редослед
Калпазан Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Јуни.2006
Локација: Slovenia
Статус: Офлајн
Поени: 466
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Калпазан Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2006 во 05:27
Ајде, нека го тргнат и тој последен маскот на бившите режими од Македонија, па да почнеме веќе еднаш да живееме!
Македонија - Моја Дежела
Кон врв
Lazycat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lazycat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2006 во 14:31
Претседателот Бранко Црвенковски заслужува импичмент бидејќи се меша во партиски работи е коментарот што деновиве се вртеше меѓу приврзаници на досегашниот лидер на СДСМ, Владо Бучковски. Наводно во неговата струја се размислувало во Собранието да се побара одговорност од шефот на државата поради преписката со Бучковски, на ден пред конвенцијата.
 
- Ако се има предвид тоа што се случуваше пред конвенцијата, прашањето за импичмент не е исклучено. Кога можеа амбасадорите Ѓорѓи Спасов и Љупчо Јорадновски да бидат повикани на одговорност поради тоа што напишале колумни за СДСМ, зошто шефот на државата да не одговара за мешање во внатрепартиски работи - изјави член на СДСМ, кој на конвенцијата застана на страната на Бучковски.
 
Сепак, тој истакна дека досега не се разговарало на таа тема во неговата „фракција“ и наведува дека на Македонија и претстојат многу важни работи на надворешен план, како што се самитот на НАТО во Рига, очекувањето на преговорите за членство во ЕУ и решавањето на статусот на Косово. Поради тоа се наметнува дилема дали е во ред да се отвора прашањето за импичмент на шефот на државата, кој има надлежности во надворешната и во безбедносната политика.
 
Доколку бучковистите навистина решат да ја испитаат одговорноста на Црвенковски, ќе треба да обезбедат двотретинско мнозинство во Собранието. Бучковски има десетина поддржувачи во пратеничката група. Од владејачките ВМРО-ДПМНЕ, НСДП и ДПА, пак, велат, дека првпат слушаат за таква иницијатива. Во ВМРО-ДПМНЕ единствено велат дека имало одредено незадоволство од соопштението на Црвенковски за случајот „Мајкрософт“, во кое тој оцени дека зад нападите врз Радмила Шеќеринска стојат нарачатели од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ.
 
Во прашање е комплицирана постапка, која се поведува во случај кога има показатели дека шефот на државата ги крши Уставот и законите при извршувањето на своите должности. Постапката за испитување одговорност ја поведува Собранието, со поддршка од најмалку 80 пратеници. За одговорноста, пак, одлучува Уставниот суд, со двотретинско мнозинство од вкупниот број судии.
 
Ако уставните судии утврдат одговорност на претседателот, функцијата му престанува по сила на Уставот.
 
Шпекулациите за импичментот се надоврзаа на се погласните муабети дека се планираат уставни измени, со кои во иднина шефот на државата би се избирал во парламентот наместо на непосредни избори. Таква евентуална одлука би значела намалување на овластувањата и на легитимитетот на идниот претседател.
My name is Cat, Lazycat, and I'm an assh*le. I get excessively drunk at inappropriate times, disregard social norms, indulge every whim, ignore the consequences of my actions, mock idiots and posers!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.