|
Снаа и свекрва |
Внеси реплика | страница <1 34567 15> |
Автор | ||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ма нееее, ако даде Бог нека даде било што Ако е син, не сакам воопшто да му се мешам кога веќе ќе стане зрел маж. Тоа е одлика на уште позрела мајка... Ако имам ќерка и смета дека е убаво да живее по правилата на свекрва и, нека повели. После неколку години ќе види дека сум била во право.. Ако одлучи да постапи по моиве правила, ќе биде уште посреќна
Габи, среќа што јас сум 3 саати со автобус подалеку..дури и да мисли друго слободно може да престане да мисли Што фали на моите правила, мој дом мои правила. Не сум под нејзин покрив па да почитувам тоа што ќе ми се рече.. |
||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Sto ako svekrva ti se vodi po drugo pravilo sto ja naucile nejzinite |
||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ти изгледа цврсто си убедена дека ќе имаш ќерка...
|
||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас се водам по едно правило што ме научија моите, па кој што сака нека рече...
Кај мене свекрвата е гостинка, кај неа јас сум гостинка. Ако и чини добро, ако не пак добро. Кога сака добредојдена е...нормално, со претходна најава, ништо не е тешко да се јавиш на човек дека идеш за да не ја бакнеш вратата и да си отидеш.. И само тоа почитувам, иди ми дојди ми на ручек, вечера, викенд... Мешање во штипки не фала, кога син и решил дека треба да го помине животот со мене тогаш има да ме почитува како јас неа. Не мора да ме сака.. Изјави од типот..ама знаеш син ми не сака зелена боја дома, фрижидерот ти е преполн тоа е расипништво, па зошто сега одите на одмор а не другиот месец, јас мислам вазнава треба да стои на маса а не во ќош..Не почитувам. Во куќата на син и мојата ќе биде нас како ќе ни одговара а не неа. Кога ќе и одам јас на гости, гостинка сум. Можам да измијам чинии, да подготвам ручек, да исчистам, да исперам ако треба..не ми е мачно. Но истото ниту го барам ниту го сакам од неа кога ми е мене гостинка. Чиста сметка, долга љубов.. |
||
г.Министерка
Нов член Регистриран: 21.Јули.2013 Статус: Офлајн Поени: 6 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
не знам оти ама си мислам дека че ја сакам појче од мајка ми ако ја иам , оти мајка ми е бетар од свекрва , нон стоп негодува ...тешко на таја шо че и биди сна.
|
||
Феникс
Сениор http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46 Регистриран: 12.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 8143 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
После час по веронаука.....ќерката си доага од школо и ја прашува мајката......а мамо која и била свекрва на Ева?..како се викала?.........мајката одговара...ееее ќерко Ева немала свекрва ...живеела во рајот |
||
vitocorleone
Нов член Регистриран: 22.Декември.2012 Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ииииииии темава значи страшно ме погоди, инаку верен сум но вереницата и мајка ми уште сега не се согласуваат незнам што ме очекува, и се плашам дека нема да излезе ништо добро од сето тоа а зијан ќе бидам јас.
|
||
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13921 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
,,,,gabiiiiii,,,,,,,,,amaaa,,,,,,,,,,,
a sho treba jas svekor da bidam,,,,znachi predvreme me isprati vi kazano,,,,,,, |
||
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
||
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Umrele 4 zeni i otisle na neboto....
Sv. Petar ja prasuva prvata: -Imase li ti svekrva? -Da -Ajde vo rajot... Ja prasuva vtorata: -Imase li ti svekrva? -Da -I ti pravo vo rajot... Tretata: -Imase li ti svekrva? -Ne -Vo pekolot... Cetvrtata ja prasuva -Imase ti svekrva? -Jas imav dve svekrvi...edna od prviot i edna od vtoriot brak -Ti vo pekolot! -Ama zosto jas......drugite.... -Tebe i pekolot kako raj ke ti se gleda! |
||
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Вчера околу темава се изнасмеааааав...
Некоја испорака пред kанцелариите на OSCE имавме...
И додека паркирани чекавме,со отворени прозори...
Свекрвата ренде ја правеше снаата (претпоставувам пред ќерка и),
на само неколку чекори од мене без око да и трепне дека слушам.
Од пусто незгодно ај затворивме прозор со колегата и зовревме.
А пак се слушаше
Бреееееееееее недај Боже таква снаа ни на душман,
а читајќи го деновиве извештајот за малтретирање на мажите
од страна на жените страв ме фати да си терам ја вака попаметно...
Барем тепан нема сигурно да бидам
Македонско девојче па и најубаво како да не...
Абре тоа некој од мака го пишувал тепан да не оди
|
||
Milko01
Сениор Регистриран: 19.Март.2012 Статус: Офлајн Поени: 180 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Обожавам свекрви........
|
||
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Невестата била дочекана на традиционален начин во куќата на својот сопруг. По тој повод новото семејство побарало од нејзе да одржи еден мал говор, на што невестата станала, и почнала: „ Моја сакана фамилијо. Ви благодарам што така убаво ме пречекавте во својот дом и своето семејство. Пред се, сакам да ви кажам дека со моето присуство овде, несакам да предизвикам некакви непријатности и расправии или поради мене да ги менувате своите навики и обичаи.„ „Како мислиш ќерко?„ – ја прашал свекорот. „ Она што го мислам тато, е дека оние кои миеле садови, можат слободно да си продолжат со работата. Оние кои переле алишта, мораат да си продолжат со тоа. Оние кои готвеле, да не престануваат да готват заради мене. И оние кои ја чистеле куќата, исто така нека си продолжат со истото.„ „Што се однесува до мене, јас сум овде само да го забавувам вашиот Син.„ Лол |
||
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Искрено многу често слушам изјави од типот-Не ја поднесувам мајка му, -Ми се стемнува кога ќе ја видам, Ма не и стапнувам, и т.н. како и изјави- Фала богу убаво си живееме, - Не ја сакам, ама ја почитувам,
Се сеќавам колку свекрва ми беше среќна кога ќе се соберевме сите на ручек, се смеевме, шегувавме. И сакала или не, често се прашувам како ќе изгледаа тие ручеци, ако одеше само мажот ми со децата, ако не одев јас?! Чуваме деца, се грижиме за нив, ги растеме со сета љубов. И ко што вели една моја пријателка-подболува срцето ко ќе го видиш ко некој вдовец - доаѓа од врата сам (заради мир во куќата). И арно рече некој погоре, до телињата ќе е. Оти онаму кај што има почит, има и слога. |
||
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Апсолутно немам против сопругот да ги посетува и да се гледа со неговите кога сака, ама јас не морам да одам со него освен ако ептен морам. Немам муабет со нив, напорни ми се и не сакам да бидам под стрес. Преправањето не е моја јака страна. Јас ги почитувам како негови родители а не морам да ги сакам. Исто не би имала против моите деца во иднина да ги праќам кај баба и дедо или тие да ги зимаат кога сакаат ама јас лично не сакам да поминувам време со нив. Мојата свекрва е добра баба и добра мајка ама и јас и таа ни во друг живот да сме се сретнале немало да се сакаме. |
||
Beauty fades, dumb is forever
|
||
Внеси реплика | страница <1 34567 15> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |