|
Дали алкохолот треба да стане нелегален? |
Внеси реплика | страница <1 345 |
Автор | ||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Точно и тоа не е никаква тајна. Како што реков, има повеќе причини од кои едната е економијата, а другата е желбата на народот. Кажи ми која власт ќе се осуди да го забрани алкохолот ??? Побрзо би забраниле религија. Повеќе народ би се кренал на нозе на првото отколку на второто. Инаку животот не научил дека е полесно да не се дозволи оноа што веќе е забрането отколку да се направи обратното. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
TheNagual
Сениор Регистриран: 22.Август.2013 Статус: Офлајн Поени: 156 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Значи потврдено е дека некои крајни опасни пороци се толерираат, а некои далеку побезбедни не. Без разлика на фактите и аргументите. Ако некој си пијуцка алкохол нема да му одговара алкохолот да се забрани иако знае колкави штети предизвикува алкохолизмот. Ама ќе крека како марихуаната убива и упропастува притоа игнорирајќи ги фактите. Луѓето генерално не се многу рационални, а демократијата многу често доведувала до воспоствавување на есктремно ирационални системи, како нацизмот на пример. Не сум против демократијата пер се, туку против начинот на кој таа се практикува денес. Личниот лајфстајл и потрагата по среќа НЕ СМЕАТ да бидат предмет на јавен интерес. Што помалку мнозинството одлучува за приватниот живот на индивидуата тоа подобро. Во таа смисла референдумите на кои колективот одлучува дали и колку еден човек смее да пие или да пуши се најблаго речено примитивен остаток од културата на племенските заедници. Ако е така тогаш и чичко Стојан од Незнамкадино треба да ме праша мене дали смее да си пече ракија за своја употреба нели? Ако постоеја строги граници помеѓу јавен интерес и приватен живот тогаш муабетов немаше ни да го правиме.
Е сега ако веќе мора да се одлучува така, тогаш се залагам таквите ствари да се решаваат на локално ниво. Некои краеви имаат конзервативна, некои либерална култура и сл. Нема да има конфлик од овој размер ако секој крај сам си одлучува за овој тип на закони |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мислиш? |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
TheNagual
Сениор Регистриран: 22.Август.2013 Статус: Офлајн Поени: 156 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да видат како е |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ајде сега и ти како некои што коментираа на темата за марихуаната… Говориме за легализирање на супстанца, а тоа секако дека мора да биде законски регулирано на еден или друг начин. Тоа не значи дека супстанцата е забранета. Таквите формални норми се ставаат да се задоволи помалиот број луѓе од општетсвото кои се против (широката) употреба на алкохолот. Тоа се вели и "и волкот сит и овците на број". Политика. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
TheNagual
Сениор Регистриран: 22.Август.2013 Статус: Офлајн Поени: 156 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ај да кажеме вака. Некои закони се базираат на рационални тези и мнозинска прифатливост, а некои не. Еве на пример законот за забрана на продажба на алкохол после 7 (9 летно време). Ниту познавам ниту сум чул за некого кој мисли дека законот е потребен и дека навистина влијае во намалување на алкохолизмот. Па ете си постои. |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Е па не е баш така. Законите СЕ базираат на рационални тези и на мнозинската прифатливост (тоа е демократија). Токму така, доколку нешто мнозинството прифаќа и доколку економијата има ќар од тоа, а ризикот и штетите во cпоредба се помали, тогаш неразумно е истото да не се прифати. Разумно е општеството да прифати пресметан ризик доколку увиди дека користа е поголема од штетата. Поради истиот терк на размислување сметам дека и марихуаната треба да биде легализирана. Изменето од Messenger - 16.Јуни.2015 во 16:52 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
TheNagual
Сениор Регистриран: 22.Август.2013 Статус: Офлајн Поени: 156 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ааа значи алкохоличарите треба да се лечат, ама дуваџиите да лежат у затвор. Е тука те чекав :) |
||
TheNagual
Сениор Регистриран: 22.Август.2013 Статус: Офлајн Поени: 156 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Има и други работи што биле со милениуми легални, па денес не се. Значи законите не ни се базирани на некои рационални тези туку на мнозинска прифатливост. Ако нешто го прават сите и многу индустрии имаат ќар од него тоа ќе биде легално, толерирано, па дури и промовирано. И покрај тоа што во реалноста е несомнено на врвот на штетните пороци. Да се разбереме. Ја сум против прохибиции. Прохибицијата во Америка е пример за тотална пропаст на обидот да се забрани алкохолот. Темата ја постирав чисто од експериментални и компаративни цели. |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Темава е валидна, ама прашањето е јаловно. Нереално е нешто што било со миленијуми легално, на кое се базираат неколку важни индустрии (земјоделие, преработувачка индустрија, угостителство…), кое обезбедува опстaнок на иљадници семејства и донесува задоволство на стотици иљади луѓе (говорам само во македонски рамки), да биде прогласено за нелегално. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не. Патем тоа веќе еднаш е направено во САД, па излезе уште уште полошо. Нешто слично како што, на пример, денес е случај со марихуаната. Работата е што не може поради некои неразумни луѓе да бидат пенализирани сите останати. Истовремено се сложувам со мислењето на Мазак алкохолот произведен во домашни услови да биде забранет за продавање. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Mazak
Сениор Регистриран: 24.Мај.2015 Локација: YesImSupercool Статус: Офлајн Поени: 629 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мислам дека треба да има сериозни рестрикции како на пример како што е во некои земји каде што е најстрого забрането производство на алкохол во домашни услови наменет за продажба и плус 0.75л алкохол флаширан било кој е 40-60 долара и дека токсикоманите(зависници од алкохол) треба да се лечат.
Воедно го поздравувам отварањето на темава затоа што навистина има голем број алкохоличари. Изменето од Mazak - 16.Јуни.2015 во 01:23 |
||
“Be content with what you have. You have enough to live a happy life.”
|
||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
НЕ !!!
|
||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||
TheNagual
Сениор Регистриран: 22.Август.2013 Статус: Офлајн Поени: 156 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Според многу испитувања алкохолот е најопасната опојна супстанца на светот. Се наоѓа на врвот на листата според штетите што ги предизвикува.
http://www.economist.com/blogs/dailychart/2010/11/drugs_cause_most_harm Алкохолот е директната причина за 2,5 милиони смртни случаи годишно во светски рамки. 4% од сите смртни случаи во светот се поради последици од алкохол, а за лицата помеѓу 19 и 25 години е 9% https://ncadd.org/in-the-news/155-25-million-alcohol-related-deaths-worldwide-annually Дури и умерено конзумирање на алкохол има крајно негативни ефекти врз кардиоваскуларниот систем, црниот дроб, нервниот систем и когнитивните способности. Кај 30% од конзументите создава зависност која многу тешко се лекува. Во САД државата двои преку 200 милијарди годишно за лекување на последиците од алкохолизам. http://www.niaaa.nih.gov/alcohol-health/overview-alcohol-consumption/alcohol-facts-and-statistics Алкохолот е број 1. причина за семејно насилство и други облици на криминално однесување. Based on victim reports, alcohol use by the offender was a factor in: • 37% of rapes and sexual assaults • 15% of robberies • 27% of aggravated assaults, and • 25% of simple assaults https://ncadd.org/learn-about-alcohol/alcohol-and-crime Најголем дел од сообраќајните незгоди во светот се предизвикани од алкохол. И уште многу други аргументи Дали мислите дека алкохолот треба да се забрани со закон и конзумирањето, производството и дистрибуцијата да станат кривично дело? |
||
Внеси реплика | страница <1 345 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |