![]() |
|
ОНА или ДУИ е српска креација |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 345 |
Автор | |
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Според документите што ги објави „Дневник“, формирањето и раководењето на штабот на Оружената војска на Косово (ОВК) било во организација и под директна команда на српските тајни служби. „Ибар“ и „Вујко“ уште во 80-тите години соработувале со поранешните југословенски тајни служби, а сојузништвото продолжило и во времето на Слободан Милошевиќ. „Ибар“ е опишан како еден од „најквалитетните и најпродуктивните соработници што Службата ги имала меѓу припадниците на албанската непријателска емиграција“. Во периодот 1983-1984 година, па до јуни 1997 година, „Ибар“ на службите им доставил на 10.000 корисни информации, податоци, белешки, документи, а учествувал и во неколку акции против албанската и усташката непријателска емиграција. За неговиот ангажман од Службите добил 167.560 швајцарски франци, 50.000 германски марки и неутврден износ во динари. Интересен момент е тоа што на еден од документите за предадени пари на кој има штембили на некогашниот Сојузен секретаријат за надворешни работи, како потсекретар е потпишан Зоран Јанаќковиќ, поранешен амбасадор на Србија во Македонија. Службата имала и компромитирачки материјали за „Ибар“ што ги потврдувале неговите „хомосексуални и педофилски склоности“.
ДУИ: Правдата ќе ги стигне дистрибутерите на досиејата Албанскиот народ нема да дозволи шверцерите и отпадоците на антиалбанската политика да ги омаловажат гордоста и светоста на праведните албански борби, реагира вчера ДУИ ![]() ![]() ![]() Каде се сокриени оние јунаци. Изменето од Анастеа - 28.Октомври.2010 во 00:54 |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
![]() |
|
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
„Ибар“ може да ја поплави Владата
Кога пред четири години се правеа срамежливите чекори за лустрацијата, се претпоставуваше дека процесот ќе отвори длабоки рани во кревкото македонско општество, но, само малкумина можеа да претпостават дека ќе резултира со вистински политички земјотрес. Трите досиеја за високите функционери на ДУИ, „Вујко“, „Мама“ и „Стрелец“, а особено досието што го објави вчерашен „Дневник“ под псевдонимот „Ибар“( роден во Зајас, со факултетска диплома се стекнал во Приштина), силно го тресат кормилото на ДУИ и се закануваат да ја поплават Владата. Документите не само што ги проблематизираа позицијата на ДУИ и кредибилитетот на Владата, туку отвораат и многу прашања за настаните што ни се случуваа во поновата историја - транзициското време, особено за мотивите и за карактерот на конфликтот од 2001 година. Информациите за наводната инволвираност на врвот на ДУИ во соработничката мрежа на српските тајни служби ја надминува лустрацијата и добива длабока политичка димензија, што се заканува да направи тектонски поместувања во македонското општество. Изменето од Анастеа - 28.Октомври.2010 во 00:53 |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 345 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |