|
Патријарх Павле... |
Внеси реплика | страница <1 34567 8> |
Автор | ||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да види патријархов каков раздор направи на темава, во гроб ќе се подзаврти.
|
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Погоре напишав дека не знам за Павле... но еве се потрудив
да научам нешто ....иако можеби е малку касно ........
Во српскиот народ патријархот Павле ќе остане запаментен по своите мудри проповеди и совети, како што е на пример, неговата позната мисла: "Кога човекот ќе се роди, целиот свет се радува, а само тој плаче. Но, треба да живее така што кога ќе умре, целиот свет плаче, а само тој се радува!" Бил скромоен човек со големо срце. Знаел да се вози со тролејбус, сам себеси си ја крпел мантијата, си ги поправал чевлите, знаел да работи како столар, кројач, сам укоричувал книги... Поради својот кроток и богопосветен живот, православните верници низ светот го сметаат за жив светец и наследник на Свети Сава - пишува весникот "Ало".
Уште како дете тој останал сираче, бидејќи родителите на рамо му умиреле, па малиот Гојко Стојчевиќ (вистинското име на патријархот) го чувале, баба му, тетката, а потоа и стрикото. Поради својот ситен раст и кревката конструкција, тој не можел да ги поднесе тешките земјоделски работи во родната Славонија, па семејството одлучило да го школува. По нивна сугестија, тој запишува богословија, но паралелно студирал и Медицински факултет. Бидејќи немал доволно пари за школување и издржување, работел во Белград разни работи на градежни објекти. Монашкиот живот го почнал во овчарско-кабларскиот манастир, каде го добил монашкото име Павле, а за кусо време станува јероѓакон. Најголемиот дел од својот световен живот, цели 33 години, ги минал во Косово и Метохија, делејќи ја мачната судбина на својот народ. Епископ рашко-призренски станува во 1957 година, оставајќи длабок печат врз црковното живеење и работа, како и оргоман доверба и почит кај верниците. Србите од Косово не го забораваат неговото трпение и смиреноста при бројни понижувања и шиканирања од иредентата. Бил омилен меѓу поглаварите на бројни православни цркви, а особена почит кон него имал рускиот патријарх Алексеј Втори. Патријархот оставил и свој тестамент, каде меѓу другото пишувал и каде сака да биде погребан. Како патријарх, тој би требал да биде погребан во Пеќката патријаршија, но тој постојано говорел: "Каде смртта ќе ме снајде, таму и гробот да ми биде".... |
||
секој нов ден, носи нова надеж...
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Tetratka, ti blagodaram shto odgovori na molbata.
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Тоа е променето бидејќи тој е монах... на чинот на монашење човекот духовно се преродува и затоа добива ново име... има тема монаштвото... таму поопширно |
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
На интернет прочитав неколку занимливости:
- вистинското име му е Гојко Стојчевиќ(соодветно православната традиции подоцна е променето) роден 1914 г. во славонското с.Куќанци во Хрватска(во тоа време дел од Австро-Унгарската монархија), - како ученик по веронаука имал оценка 2, повеќе ја сакал математиката и физиката - никогаш не излегол на било какви политички избори освен кога се гласаше за новиот устав на Р. Србија на референдумот во 2006 година |
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Вселенскиот патриарх Вртоломеј ќе чиноначалствува на опелото на блаженоупокоениот патриарх... |
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ајде и на македонски неговата биографија:Неговата Светост Патријархот српски г.г. Павле е роден на 11-ти Септември 1914 год., во село Куќанци, срез Долни Михољац (тогаш во Австроунгарија, а сега во Славонија, Р. Хрватска), во земјоделско семејство. Гимназија завршил во Белград, шестгодишна Богословија во Сараево, а Богословски факултет во Белград. Рано останал без родители. Татко му отишол да работи во САД, таму добил туберкулоза и „се вратил дома за да умре“ кога детето имало три години, а наскоро се упокоила и мајка му. Го одгледала тетка му. Знаејќи дека детето е „многу слабичко“, го штедела од селските работи и така му овозможила да се школува. Иако малиот Гојко бил склон кон „предметите кадешто не мора да се меморира, како што се математика и физика“, надвладеало влијанието на роднините и негов конечен избор била Богословијата. После завршената нижа гимназија во Тузла (1925-1929), и Богословија во Сараево (1930-1936), заминал во Белград кадешто се запишал на Богословски факултет. Тука вонредно ги завршил и преостанатите години од гимназијата, за да може истовремено да се запише и на Медицинскиот факултет. На Медицинскиот факултет стигнал до втората година од студиите, а Богословскиот го завршил и така го затекнува Втората светска војна. На покана на својот школски другар Јелисеј Поповиќ, заминува во овчарско-кабларските манастири, кадешто го започнува својот монашки живот. Најпрво бил во манастирот „Света Троица“ во Овчар, а потоа станал и вероучител на децата бегалци во Бања Ковиљача. Тогаш тешко се разболел а лекарите дијагнозирале туберкулоза, предвидувајќи му уште три месеци живот. Извесно време поминал во манастирот Вујан, кадешто се излечил и во знак на благодарност изрезбал и подарил еден дрвен крст. Замонашен е во манастирот „Благовештение“ во 1946 год., кога е ракоположен во чин јероѓакон. Од 1949 год., до 1955 год., бил собрат на манастирот Рача. Школската 1950/51 год., ја поминал како заменик учител во призренската Богословија „Светите Кирил и Методиј“. Во чин јеромонах е ракоположен 1954 год., истата година постанал и протосинѓел, а архимандрит 1957 година. Од 1955 год., до 1957 год., бил на постдипломски студии на Богословскиот факултет во Атина. Избран е за Епископ рашко-призренски 29-ти Мај 1957 год., а хиротонисан е на 21-ви Септември 1957 год., во белградската Соборна црква. Хиротонијата ја извршил Патријархот српски Викентиј. За Епископ рашко-призренски е востоличен 13-ти Октомври 1957 год., во призренската Соборна црква. Во рашко-призренската Епархија градел нови цркви, обновувал стари и разрушени, ракополагал и монашел нови свештеници и монаси. Се грижел за призренската Богословија, кадешто повремено држел и предавања од црковно пеење и црковнословенски јазик. Често патувал, ги обиколувал и служел во сите места на својата Епархија. Српски Патријарх постанува 1990 год., кога на тоа место го наследува Патријархот Герман. Тој е 44-тиот Поглавар на Српската Православна Црква. Се занимавал и со научни трудови. Ја објавил монографијата за манастирот Девич. Во „Гласник”-от на Српската Православна Црква, од 1972 год., објавува студии од Литургика во облик на прашања и одговори, од коишто настанало тротомното дело „Да нам буду јаснија нека питања наше вере, I, II, III (1998)“. Уредник е на богослужбената книга „Србљак“, која Синодот на Српската Православна Црква ја издава во 1986 година. Го подготвува „Христијанскије празники“ од М. Скабаланович. Автор е и на изданијата Требник, Молитвеник, Дополнителен требник, Велики типик и на други богослужбени книги и изданија на Синодот. „Питања и одговори чтецу пред производство” го објавува во 1988 год., а „Молитве и молбе“ во 1990 година. По заслуга на Патријархот Павле, во 300 примероци е умножена богослужбената книга Октоих, од печетницата на Ѓ. Црнојевиќ. Патријархот Павле долги години бил претседател на комисијата на Светиот Архијерејски Синод за превод на Светото Писмо на Новиот Завет, којшто официјално е одобрен од Црквата и објавен е во 1984 година. Исто така, бил претседател на Литургиската комисија на Светиот Архијерејски Синод, којашто го уредувала и печатела Служебник-от на српски јазик. Од неговиот избор за српски Патријарх, обновени се и основани повеќе епархии. Обновена е Богословијата во Цетиње, во 1992 година. Во 1994 год., отворена е Духовната академија „Свети Василиј Острошки“, во Србиње (Фоча) и Богословијата во Крагујевац 1997 год., како отсек на Богословијата „Свети Сава“ од Белград. Основана е Информативно-издавачка установа на Српската Православна Црква. Во 2007 год., основан е и Православен богословски факултет при Универзитетот во Ниш. Во негово време во 1993 год., во Белград е основана Академијата на Српската Православна Црква за уметности и консервација, со неколку отсека (иконопис, фрескопис, консервација). Во 2002 год., е вратена веронауката како настава во училиштата, како и Богословскиот факултет во рамките на Белградскиот универзитет, од кадешто беше исфрлен во 1952 година. Имајќи ги предвид заслугите на Патријархот Павле на научно-богословското поле, Богословскиот факултет на Српската Православна Црква во Белград, во 1988 год., му додели звање почесен доктор (honoris causa) на богословието. п.с. За да немаме забелешки од модераторите Изменето од Tetratka - 16.Ноември.2009 во 20:52 |
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас спомнав дека патриархот е свет човек - тој служеше секојдневно Божествена Литургија... Тој е позната како најголемиот аскет меѓу патриарсите во православниот свет... Никогаш немал сопствена кола а сите кажуваат како често сам го посетувал Косово со градски транспотр...
Човек со прав православен дух и христијанска добродетелност и скромност... Човек кој целосно ги исполнува Евангелските заповеди за љубов меѓу ближните и непријателите... Тој иако е патриарх не е Папа за да биде алфа и омега во преговорите со МПЦ... тој беше дел до Синодот на братската православана црква во Србија... работите не зависат само од него... Тука треба да се запрашаат нашите преговарачи колку се способни за преговори, и кој од нашите има живот како патриархот... За теолошките проблеми (реплика на скалица) мразам схоластика и римокаточки утицај на православната црква... за тајните во црквата не ми се разговара а и темата не е таква... позз |
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
skalica
Група Регистриран: 16.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 64 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ти се молам Семилостив, Господи, упокоj jа душата на Твоето чедо - патријархот Павле, во место светло, место блажено, место мирно, каj што нема болка, жал и воздишка; и како благ Човекољубец Бог, прости му го секое согрешение што го направил со збор, со дело или со помисла, зашто нема човек коj ќе живее (на земјата), а да не згреши; бидеjќи Ти си, Господи, единствен без грев, Твоjата правда е вечна правда и Твоето слово е вистина.
Вистинските христијани постојано се молат за своите упокоени за Господ Бог да се смилува над нивните прегрешениија. Слушнавме (и разбравме) дека упокоениот наш брат во Христа Господа се причестил со Телото и Крвта Христови, препоставуваме - со исповед. Ако е така, во голема мерка си го очистил патот кон спасението но, имајќи го во предвид фактот дека за време на исповедувањето често ни остануваат неисповедани гревови, најчесто од заборавеност, затоа Црквата Христова не повикува на будност и, временски, поголема посветеност на подготовката за светата тајна Исповед. Од тие причини, најдобро е молитвено да сме и во припомош на душата на нашиот брат во Христа, особено до 40-тиот ден од неговото преминување од временото во вечното. п.с. Лично би можел да набројам многу негови недостатоци поврзани со неговиот национализам и неможноста да се издигне над таа велико-српска болест, особено заради непризнавањето на нашата света Црква, но тоа нема да го направам, зашто не учеле - за упокоените секогаш добро. Бог да го прости. |
||
Прости ми, Господи, јас сум грешен човек!
|
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Тоа си е моја работа и мој став, а да прашам : До кога со вакви провокации и навреди. види болд |
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас незнам ништо за Патријах Павле,
но гледам дека добри, долги, 95 год. живеел
Бог да го прости
|
||
секој нов ден, носи нова надеж...
|
||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
слава му ..... Изменето од МАРШАЛ - 16.Ноември.2009 во 13:37 |
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
Внеси реплика | страница <1 34567 8> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |