|
Поуки од Светото Писмо |
Внеси реплика | страница <1 34567 13> |
Автор | |
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗА ПРИЈАТЕЛСТВОТО – ПОУКА ОД ЈОВ. За Јов се вели уште на почетоткот на книгата следново: “ Беше некогаш во земјата Уз човек по име Јов. ТОЈ БЕШЕ НЕПОРОЧЕН И ПРАВЕДЕН ЧОВЕК: СЕ БОЕШЕ ОД БОГА И СЕ ОТСТРАНУВАШЕ ОД ЗЛОТО.“ (1:1) Дека тој навистина беше праведен, непорочен, дека се боеше од Бога и се отстрануваше од злото имаме потврда од најсигурен извор. Во Продолжение Бог изјавува за Јов: “Господ рече: „Дали го забележа МОЈОТ СЛУГА ЈОВ? Нему никој не му е рамен на земјата. ТОЈ Е НЕПОРОЧЕН И ПРАВЕДЕН ЧОВЕК, СЕ БОИ ОД БОГА И СЕ ОТСТРАНУВА ОД ЗЛОТО!” (1:8) Пријатели, ве молам внимавајте, ова не е пофалба од човек, ова се зборови и признание кое доаѓа директно од Бога. Вака Бог го гледа Јова, и за таков го сметал. Скратено да објаснам што се случува во продолжение со надеж дека вие ќе ја отворите Библијата и ќе ги погледнете деталите. Јов беше кодошен и напаѓан од ѓаволот дека поради тоа што Бог го заштитува и благословува, затоа и му е верен и псолушен на Бога. Бог му дозволи на ѓаволот да му ги одземе сите материјални богатства, па дури и децата. Но Јов не се огрешил пред Господа. Еве што се вели за постапката на Јов во сред искушенијата: “Покрај сè тоа, ЈОВ НЕ ЗГРЕШИ НИТУ ИЗУСТИ НЕКАКВА НАВРЕДА ПРОТИВ БОГА.“ (1:21) По тие искушенија Бог дозволи сатаната да го нападне Јова со тешка болест, ја искористил дури и Јововата жена за да го измами да згреши. Ама повторно: “Во сè тоа ЈОВ НЕ ЗГРЕШИ СО СВОИТЕ УСНИ.“ (2:10) Кога слушнале за неволјите кои го снашле, тројца пријатели му дошле да го охрабрат и утешат, да ја споделат неговата мака. Арно ама, некои таги, тешкотии, маки, страдања и болки се неподносливи за човековото око. Болеста на Јов била толку болна, страшна и неверојатна што по лик не можел да биде препознаен. “И кога оддалеку ги насочија очите кон него, НЕ ГО ПРЕПОЗНАА. Тогаш ПОЧНАА ДА ПЛАЧАТ; секој ја раздра својата облека и фрлија прав на своите глави кон небото. Потоа СЕДНАА ПОКРАЈ НЕГО на земјата и останаа така седум дена и седум ноќи. НИЕДЕН НЕ МУ ПРОГОВОРИ НИ ЗБОР, зашто видоа дека е голема неговата болка.“ Јов 2:11-13 Седум дена и ноќи молчеа, седеа покрај пријателот и сочувствуваа со него. Седум дена и ноќи ја делеа маката и болката на својот пријател. Не знае што да кажат, со зборови не можеше да се утеши и охрабри нивниот пријател. Арно си седеа 7 дена и ноќи, ама ... човек не е човек ако не каже нешто. После тие седум дена, ете го Елифаз проговири и се потруди да му објасни на својот љубен пријател Јов. “Дали пропаднал некогаш невин? Кога беа истребени праведниците? “ (4:7) Со тоа индиректно му кажа на пријателот дека е виновен и неправеден. Јов во сета болка и мака се бранеше. Потоа ете го и вториот пријател Валдад: “Па зар може Бог да ја гази правината, може ли Сèсилниот да ја изопачи правдата? “ (8:3) Пораката беше јасна, Бог е праведен а ти не си. На Јов болката му се зголемуваше, ама повторно проговпри и се бранеше. Ама и третиот не остана покусо, Софар: “Но ако Бог сакаше да проговори и ... да ти одговори, ... ќе знаеше (Јове) дека ти бара сметка за гревовите.“ (11:5-6) Грешник си Јове, признај си, и не се оправдувај! Тоа му беше пораката од него. Јов кутриот повторно проговори во своја одбрана, ама го болеше не само од болеста, туку уште повеќе од отсуствто на сочувство и разбирање кај неговите пријатели. Го болеше што неправедно беше осуден и отфрлен од нив. Го болеше оти знаеше дека пред Бога нема згрешено, а сепак страдаше, ги поднесуваше страдањата и искушенијата, а неговите пријатели не само што не му помагаат и прифаќаат, туку и го осудуваат и напаѓаат. Без да навлегувам во теолошка дебата, за момент само прифатете го следново. Не секое страдање е казна за грешност. Некои страдања се допуштени од Бога за да се пофали Бог со нас, со нашата љубов кон Него. Некои страдања се за да не направат поцврсти и посилни за Господа. Некои страдања се за да ја зајакнат нашата вера и карактер. Некои страдања се за да му ја затвори Бог устата на сатаната и да прекине да не кодоши и напаѓа, покажувајќи му ја нашата послушност, смиреност и вера во Бога во секоја ситуација. Има и многу други причини зошто Бог дозволува страдања во животот на верникот, но никогаш Бог не го напушта верникот и секогаш му помага. Затоа Ап. Павле рекол: “Но знаеме дека сите работи содејствуваат за добро на оние, кои Го љубат Бога, кои се повикани по Неговата намера.“ (Римјани 8:28) Јов можеби и да се сомневал дека некогаш несвесно направил грев, иако го испитувал своето срце и барал прошка од Бога, сепак имаше сведоштво во своето срце дека од друга причина е дозволено страдањето. Од друга страна Бог јасно објавил дека Јов не згрешил против Него, и дека Јов останал праведен и непорочен при сите напади на сатаната, искушенија преку жената, па дури и сега преку пријателите. Затоа и покрај грижата на совеста која го јади човекот и го тера на испитување, кога верникот згреши и се покае, Бог му простува и го заборава гревот. Совеста е моќно Божјо орудие вградено во човековата душа, преку кое Бог не опоменува кога грешиме. Но, совеста на Јов беше чиста, затоа тој им се обраќа на своите пријатели: “Погледајте ме сега добро во очите, внимавајте да не ве излажам во лице. Проверете дали е неправда! Проверете го зборот, јас сум правичен! ” (6:28-30) |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Евангелие според Лука
|
|
SOLI DEO GLORIA
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Благословувај Го Господа, душо моја! Благословувај Го Господа, душо моја, и Се што е во Мене: Неговото свето име! Благословувај Го Господа, душо моја, и не заборави ги Неговите добротворства: Тој ги проштава сите твои гревови, Тој ги исцелува сите твои болести; Тој ти го спасува животот од распадливост, те овенчува со добрина и љубов; Ти го исполнува животот со добрини, твојата младост се обновува како на орелот. Господ прави праведни дела, и на угнетените им ја враќа правдата, на Мојсеј му ги објави Своите патишта, на Израеловите синови Своите дела. Жалостив и милостив е Господ, долготрпелив и многу милостив. Не е јаросен за вечни времиња, ниту Неговиот гнев пламнува довека. Не постапува со нас според нашите гревови, ниту ни плаќа според нашите беззаконија. Зашто колку е небото високо над земјата, толку е голема Неговата милост кон оние што се бојат од Него. Колку е исток далеку од запад, толку ги оддалечува од нас нашите беззаконија. Како што таткото ги милува синовите, така Господ ги милува оние, кои се бојат од Него. Зашто знае добро како сме создадени, си спомнува дека сме од прав. Човековите денови се како трева, цветаат како полски цвет; штом ветерот ќе го допре, и веќе го нема, ни неговото место не го помни. Но Господовата љубов е вечна над оние кои се бојат од Него, и Неговата правда над синовите на синовите, над оние што го чуваат Неговиот завет, и ги помнат Неговите заповеди, за да ги исполни. Секој да Го благословува Господ Господ го постави Својот престол на небо, и Неговот Царство владее над Се. Благословувајте Го Господа, сите Негови ангели, вие моќни во силата, кои го исполнувате Неговиот збор, послушни на гласот од Неговото слово! Благословувајте Го Господа, сите Негови воинства, Негови слуги, што ја исполнувате Неговата волја! Благословувајте Го Господа, сите Негови дела, во секое место на Неговото владеење! Благословувај Го Господа, душо моја! Псалм 103 Извадок од Стариот завет - Библијат |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
" Надевај се на Господа од се срце и не се потпирај врз твојот разум. По сите свои патишта размислувај за Него, и Он ќе ти ги покаже твоите патеки." (Izreki 3:5,6) Mora da imame doverba vo BOG osobeno koga sme vo depresija poradi toa sto se' ni izgleda crno. Da razmislime za ona sto i' se slucilo na ostarenata Noemina , na koja i' pocinale mazot i dvata sina . Sepak, Noemina i ponatamu imala doverba vo BOG. I rabotite navistina se promenile! Nejzinata snaa Rut, koja bila vdovica od edniot sin mu stanala zena na Voaz i rodila sin. Noemina go cuvala deteto a izvestajot veli: "Сосетките му дадоа име, велејќи: "На Ноемин и се роди син", и го нарекоа Овид. Тој е татко на Јесеја, таткото Давидов."( Rut 4:14-17). Isto kako Noemina i nie ne mozeme da bideme sigurni kakov ishod kje imame od nekoi losi situacii. Posle site teskotii sto ja snajdoa vo zivotot, na krajot sepak nejziniot zivot trgna na podobro. Zatoa, sekogas treba da imame doverba vo BOG deka ke gi vodi rabotite iako mozebi vo momentov ne mozeme da vidime nisto od toa. |
|
SOLI DEO GLORIA
|
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
" Оти знаеме дека сите созданија заедно со нас воздивнуваат и тажат досега." ( Rimjanite 8:22) Niz celata covecka istorija se slucuvale losi raboti koi vodele do golemi nepravdi. Denes situacijata e polosa od koga i da bilo porano. Zosto? Zatoa sto vekje so decenii ovoj bezbozen svet se naogja vo svoite posledni denovi i , kako sto mu se blizi krajot, lugjeto ziveat vo osobeno teski vreminja. Vo Svetoto Pismo pisuva : А ова знај го: во последните денови ќе настанат тешки времиња, зашто луѓето ќе бидат саможиви, среброљупци, самофалци, горделиви, хулители; непокорни на родителите, неблагодарни, несвети; без природна љубов, непомирливи, клеветници, невоздржани, жестоки, непријатели на доброто, предавници, избувливи, надуени, повеќе сластољубиви, а не богољубиви, кои имаат изглед на побожност, а се одрекле од нејзината сила; отстранувај се и од нив! ( 2 Timotej 3:1-5). Gledame deka ovie prorocki zborovi se ispolnuvaat tokmu vo nasevo vreme. Posebno vo poslednite sto godini nepravdite dostignaa nevideni razmeri. Edna rabota e sto vo ovie godini se vodele najmnogu vojni . Na primer, nekoi istoricari procenuvaat deka samo vo Vtorata Svetska Vojna zaginale okolu 50 do 60 milioni lugje, od koi povekjeto bile civili-nevini mazi, zeni i deca. Otkako zavrsila taa vojna, vo razni sudiri zaginale uste milioni, pri sto pogolemiot del od zrtvite povtorno bea civili. Satana predizvikuva vakvi nepravdi bidejki e besen i znae deka negoviot kraj se blizi i deka vo bitkata Armagedon kje bide porazen i unisten . Tokmu vo nasevo vreme kako nikogas dosega se ispolnuvaat stihovite od Otkrovenieto : |
|
SOLI DEO GLORIA
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Верни до крајот Господ Исус Христос вели: 44 Затоа и вие бидете готови, зашто Човечкиот Син ќе дојде во час, кога не мислите.” 45 И така, кој е оној верен и благоразумен слуга, кого господарот го поставил над слугите свои, за да им дава храна навреме? 46 Блажен е оној слуга, кого неговиот господар - кога ќе дојде - ќе го најде да прави така. 47 Вистина ви велам: ќе го постави над сиот свој имот. 48 Ако пак оној зол слуга рече во своето срце: ‘Мојот господар ќе се забави долго, ‘ 49 па почне да ги бие своите сослужители, и да јаде и да пие со пијаниците, 50 господарот на оној слуга ќе дојде во ден, кога не очекува, и во час, што не го знае, 51 па ќе го пресече и ќе го стави меѓу лицемерите. Таму ќе биде плач и чкртање со заби.” ==Евангелие по Матеј 24:44 ; Библија== Апостол Павле не’ охрабрува: 9 Да не бидеме уморни да правиме добро, зашто ќе жнееме во право време, ако не се умориме. ==Послание до Галатјаните 6:9 ; Библија== Прашањето со кое се соочува Божјиот народ во 21. век не е >>Дали Бог навистина ќе остане верен?<< Досега би требало да знаеме дека Тој е верен во се’ што ветил. Клучното прашање гласи: >>Дали јас ќе му останам верен.<< На различни начини, прашањето за иднината може да се постави и за сегашноста. Во која насока оди нашиот сегашен духовен живот? Дали секој свој ден му го посветуваме на Господа, растејќи во благодатта и во верноста, или полека и незабележливо попуштаме, навикнувајќи се на светот и на неговите патишта? Најголемата потреба што ја има светот, е потребата од луѓе – луѓе кои не можат да се купат ни да се продадат, луѓе кои не се плашат гревот да го наречат со неговото право име, луѓе чија совест е верна на должноста, како магнетната игла на полот, луѓе кои ќе ја застапуваат правдата, макар и небото да се урне. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"лебот наш насушен дај ни го денес" ( Matej 6:11) ISUS gi naucil svoite sledbenici da se molat za ona sto e navedeno pogore vo stihot. Lebot bil osnovnata hrana na mnogu narodi, vklucuvajki gi i Izraelcite. Iako se smeta za hrana koja ednostavno se podgotvuva, hemiskiot proces pri koj nekolku osnovni sostojki se pretvoraat vo vkusen leb voopsto ne e ednostaven. Koga bila pisuvana Biblijata, Izraelcite pravele leb od pcenicno ili od jacmenovo brasno i voda. Ponekogas dodavale i kvasec. So kombiniranjeto na ovie ednostavni sostojki se sozdavaat golem broj hemiski supstancii megju koi doagja do hemiski reakcii koga kje dojdat vo dopir. Sepak se' uste ne e sosema jasno za naucnicite koi se' reakcii se odvivaat megju ovie supstancii. A i nacinot na koj lebot se vari vo zeludnikot i crevata e uste eden zacuduvacki slozen proces. Zatoa ne ne' iznenaduva toa sto psalmistot peel: " Колку се бројни Твоите дела, о Господи! со мудрост направи сè: земјата е полна со Твои созданија." ( Psalm 104:24) |
|
SOLI DEO GLORIA
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Верност во секојдневниот живот 10 Кој е верен во најмалото - верен е и во многу; а несправедливиот во најмалото, несправедлив е и во многу. ==Евангелие по Лука 16:10 ; Библија== Следните особини претставуваат некои од факторите на верност: Доверба – Довербата значи дека некој може да смета на вас. Чесност – значи искреност. Значи дека нема да лажете, нема да мамите ни да крадете. Постојаност – Да се биде постојан значи да се има кодекс на чест. Кога човек е постојан, тој се држи за некои вредности и верувања, според кои живее. И постојаноста е еден од темелите на карактерот. Преданост – Преданоста е приврзаност. Тоа значи да се биде со некого и кога е тешко. Преданоста е важен дел на пријателството. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Неверувањето-знак на последното време 8 Ви велам, ќе ги одбрани скоро. Но, кога ќе дојде Човечкиот Син, ќе најде ли вера на земјата?” ==Евангелие по Лука 18:8 ; Библија== Апостол Павле пишува: 13 додека злите луѓе и измамниците ќе напредуваат во злото, измамувајќи и бивајќи измамени. ==Второ послание до Тимотеј 3:13 ; Библија== Денешното општество е премногу попустливо пред гревот. Нашето окружување се’ повеќе наведува на грев, а нашата човечка природа, сама по себе, тежнее тоа да го злоупотреби. Постојано се промовира саможивоста. Рекламите не’ утврдуваат во здоволување на сопствените желби: ‘зошто да чекаме, зошто да се откажеме од себеси, зошто да се жртвуваме, зошто да не се поведуваме по другите’? Постојано слушаме: >>Оствари ги своите желби, зашто ти го заслужуваш тоа<< и слични пораки. Токму саможивоста e првата особина во Павловиот список за последното време: 1 А ова знај го: во последните денови ќе настанат тешки времиња, 2 зашто луѓето ќе бидат саможиви, среброљупци, самофалци, горделиви, хулители; непокорни на родителите, неблагодарни, несвети; 3 без природна љубов, непомирливи, клеветници, невоздржани, жестоки, непријатели на доброто, 4 предавници, избувливи, надуени, повеќе сластољубиви, а не богољубиви, 5 кои имаат изглед на побожност, а се одрекле од нејзината сила; отстранувај се и од нив! ==Второ послание до Тимотеј 3:1-5 ; Библија== Насекаде наидуваме на пароли: >>Земи го најдоброто<< , >>Сакај се најмногу себеси<<. Сконцентрираноста на самиот себе произвела уште една појава - неодговорност. Ова навистина би можело да биде она поколение, за кое стои напишано: 11 Има род кој го колне татка си и не ја благословува својата мајка! 12 Род кој мисли за себе дека е чист, а не е измиен од своите нечистотии. ==Пословици 30:11-12 ; Библија== Денес постојат многу луѓе кои мислат како сите други да им се виновни, најчесто и невните родители, а само тие се во право. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
" Зашто Господ ја љуби правдата и Своите свети не ги остава. Засекогаш ќе бидат сочувани, ќе биде истребено потомството на безбожниците." ( Psalm 37:28) Denes pravdata e mnogu retka. Moze da staneme zrtvi na nepravda ma site nivoa na opstestvoto- na naseto rabotno mesto, na uciliste, vo odnosite so vlastite i na drugi polinja- pa duri i vo semejniot krug. Se razbira, ova ne e nisto novo. Nepravdata navlegla vo coveckoto opstestvo koga nasite prvi roditeli se pobunile i stanale bezzakonici pottiknati od buntovnoto duhovno sustestvo koe stanalo Satana Gjavolot. Nema somnenie, Adam Eva i Satana, gi prekrsile pravednite nacela koga go zloupotrebile prekrasniot dar na slobodna volja sto im go dal BOG. Nivnite neipsravni postapki mu donele neopislivo stradanje i smrt na celoto covecko semejstvo ( 1 Mojseeva 3:1-6; Rimjanite 5:12; Evreite 2:14). Od pobunata vo gradinata Eden, pa se' dosega , nepravdata e sostaven del na coveckoto opstestvo. Ova ne ne' iznenaduva zatoa sto vo Biblijata pisuva deka Satana e bogot na ovoj svet ( 2 Korintjanite 4:4). Toj e lazlivec i tatko na lagata, klevetnik koj mu se protivi na BOG ( Jovan 8:44). |
|
SOLI DEO GLORIA
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бог е верен 8 Господи, Боже над Воинствата, кој е како Тебе? Силен Си, Господи, и вистината Те опкружува. ==Псалми 89:8 ; Библија== Како и за секој друг вид на плод на Духот, Бог е наш пример и во верноста. Бог е сега исто толку верен, како што бил и милиони години пред создавањето на земјата. И во следните милиони години Тој ќе остане исто толку верен, како што бил кога ги создавал своите вечни закони. Ништо нема да го одврати ниту ќе ги измени неговите патишта. Да согледаме некои својства на Божјата верност: -Божјата верност е далекусежна: 5 Господи, Твојата добрина е до небото, Твојата верност до облаците. ==Псалми 36:5 ; Библија== -Божјата верност е сигурна: 33 но нема да му ја одземам Мојата наклоност, ниту ќе ја прекршам Мојата вистина. ==Псалми 89:33 ; Библија== -Божјата верност е голема: 22 Заради Господовите добрини не сме уништени, Неговите милости никогаш не престануваат. 23 Тие се нови секое утро: Твојата верност е голема! ==Плач Еремиин 3:23 ; Библија== -Божјата верност е установена на небесата 2 Зашто реков: „Мојата љубов е создадена засекогаш!” Својата вистина ја втемели на небото: ==Псалм 89:2 ; Библија== 23 А Самиот Бог на мирот да ве освети наполно! И вашиот дух, и душата, и телото да се запазат беспрекорно при доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос! 24 Верен е Оној, Кој ве повикува и Кој и ќе го направи тоа. ==Прво послание до Солунјаните 5:23-24 ; Библија== 3 Но верен е Господ, Кој ќе ве утврди и ќе ве запази од лукавиот. ==Второ послание до Солунјаните 3:3 ; Библија== 23 Да го држиме непоколебливо исповедувањето на нашата надеж, зашто е верен Оној, Кој ветил ==Послание до Евреите 10:23 ; Библија== |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
" И никому не враќајте зло за зло, а размислувајте за тоа што е добро пред сите луѓе." ( Rimjanite 12:17) Koga edno dete kje go turne svoeto drugarce, obicno prvata reakcija e i toa da vrati so turkanje. Za zal, ne im e svojstveno samo na decata da vrakjaat milo za drago. I mnogu vozrasni go pravat istoto. Koga nekoj kje gi navredi, sakaat da vratat so ista mera. Iako povekjeto vozrasni nema doslovno da go turnat drugiot, istiot efekt kje go postignat na nekoj po prikrien nacin. Mozebi kje pocnat da go ozboruvaat onoj sto gi navredil ili kje najdat nacin da go sprecat da uspee vo nesto. Seedno koja taktika kje ja upotrebat , namerata e ista - da mu vratat so ista mera, da se odmazdat. Iako zelbata za odmazda e dlaboko vkoreneta vo lugjeto, vistinskite Hristijani ne i' podlegnuvaat. Namesto toa, go sledat sovetot na Apostol Pavle koj e spomnat vo pogorniot stih. Kontekstot na ovie zborovi, koi se naogjaat vo 12 poglavje od Rimjanite ni pokazuva deka e pravedno da ne se odmazduvame i deka na toj nacin pokazuvame ljubov i skromnost. |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Божјиот Закон и Божјата добрина 7 И така, што да речеме? Дали е Законот грев? Далеку од тоа! Сепак, јас го запознав гревот само преку Законот, зашто не би ја запознал страсната желба, ако Законот не рече: „Не ќе пожелуваш!” 8 А гревот најде повод во заповедта и предизвика во мене секаква желба, зашто без Закон - гревот е мртов. 9 И јас живеев некогаш без Законот; но кога дојде заповедта гревот оживе, а јас умрев; 10 и се покажа дека заповедта, што беше дадена за живот, ме водеше во смрт; 11 имено, гревот, откако доби повод во заповедта, ме заведе и ме уби преку неа. 12 Затоа Законот е свет; а и заповедта е света, и праведна, и добра. ==Послание до Римјаните 7:7-12 ; Библија== Потешкотиите што ги имаат некои во врска со Божјиот Закон, лежат во недоразбирањето на улогата на Законот во планот на спасението. Кога ќе дојдеме на лекар заради здавствена пречка, тој најпрво мора да ја утврди дијагнозата, па дури тогаш да ни препише терапија. Проблемот настанува кога луѓето ја мешаат дијагнозата и терапијата. Не само што Божјиот Закон е Негов стандард, туку служи и како дијагноза во процесот на спасението. Павле едноставно кажува дека без Законот не би знаел дека постои грев. Според тоа, Законот утврдува дека сите сме болни од гревот. Без оваа дијагноза, малкумина би дошле кај Христа за да ги исцели. Божјиот Закон е неопходен во планот на спасението, зошто без Законот нема ни грев, а без грев, нема ни потреба од Спасител. Псалмистот Давид пишува: 8 мило ми е, Господи, да ја исполнувам Твојата волја, јас го носам Твојот закон длабоко во срцето.” ==Псалми 40:8 ; Библија== Се поставува прашањето како некои луѓе можат да веруваат дека држењето на Божјиот Закон е товар? |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Живејте правејќи добро 23 Може ли Етиопецот да ја измени својата кожа? Или леопардот своето крзно? А вие, можете ли да правите добро, свикнати да правите зло? ==Книга на пророк Еремија 13:23 ; Библија== Наведениот текст истакнува едно од основните обележја на човековата природа: ние тешко се менуваме, особено кога станува збор за лошите страни на карактерот. Имајки го ова на ум, можеби можеме подобро да разбереме зошто поимот добрина во Библијата има многу подлабоко и попрецизно значење отколку во нашата секојдневна употреба. Како плод на Духот, добрината проникнува длабоко во човековата суштина, и ја опфаќа секоја мисла, секој збор и секое дело на побожниот човек. Оттаму барањето човековите побуди да бидат добри пред неговите дела да можеме да ги наречеме >>добри<<. Тоа значи дека е добар оној човек, чии добри дела потекнуваат од неговата внатрешна посветеност и љубов кон Бога. 10 Боже, создај ми чисто срце, и постојан дух обнови во мене! ==Псалм 51:10 ; Библија== 9 Како ќе го запази младиот човек чист својот пат? чувајќи ги Твоите зборови. ==Пслам 119:9 ; Библија= |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Внеси реплика | страница <1 34567 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |