|
Најубавите стихови во Библијата |
Внеси реплика | страница <1 34567 98> |
Автор | |
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Znaci nekolku pati se obiduvam da ja procitam ama stigam do odredeno mesto i ne mozam ponatamu...i toa koga doagjam do delot kade se nabrojuvaat potomcite ,dali mozebi gresam treba da prodolzam ponatamu i samo da gi citam potomcite bez da se obiduvam da se koncetriram na nabrojuvanjeto
|
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ЗА ПЧЕНИЦАТА И КАКОЛОТ
Матеја 13 24 „Царството небесно е слично на човек, кој посеал добро семе на својата нива. 25 Но, кога луѓето спиеја, дојде неговиот непријател и посеа какол меѓу пченицата и си отиде. 26 А кога посевот порасте и донесе плод, тогаш се покажа и каколот. 27 А слугите на домаќинот пристапија и му рекоа: ‘Господару, зар не посеа добро семе на својата нива? Тогаш, откаде е каколот во неа?’ 28 А тој им рече: ‘Човек непријател го направи тоа.’Слугите пак му рекоа: ‘Сакаш ли тогаш да одиме и да го исплевиме?’ 29 А тој рече: „Не, да не би корнејќи го каколот, да ја откорнете со него и пченицата. 30 Оставете ги нека растат двете заедно до жетвата. А во времето на жетвата ќе им речам на жетварите: ‘Соберете го најнапред каколот и врзете го во снопови, за горење; а житото приберете го во мојата житница’. ИСУС ИМ ОБЈАСНУВА ЗА КАКОЛОТ НА НИВАТА 36 И Неговите ученици дојдоа при Него и рекоа: „Објасни ни ја параболата за каколот на нивата.” 37 А Тој им одговори и рече: „Сејачот на доброто семе е Синот Човечки. 38 Нивата е светот; доброто семе, тоа се синовите на Царството; а каколот се синовите на лукавиот, 39 а непријателот, што го посеа, е ѓаволот. Жетвата е свршетокот на векот, а жетварите се ангели. 40 Како што каколот се собира и се гори во оган, така ќе биде и на свршетокот на векот. 41 Синот Човечки ќе ги испрати Своите ангели, кои ќе ги соберат од Неговото царство сите соблазни, и оние, кои вршат беззаконие, 42 и ќе ги фрлат во огнена печка; таму ќе биде плач и чкртање со заби. 43 Тогаш праведниците ќе светнат како сонце во Царството на својот Татко. Кој има уши да слуша, нека слуша!” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Римјаните: 6:13
И не давајте му ги вашите членови на гревот за оружје на неправдата, туку предавајте Му се сами себеси на Бога, како оживени од мртвите, а вашите членови на Бога за оружје на правдата! Пословици: 2:6 Зашто Господ дава мудрост, од Неговата уста доаѓа знаењето и разумот |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Еремија: 8:9
Мудреците ќе бидат засрамени, исплашени и фатени во примка. Ете, тие го презреа Господовото слово! А нивната мудрост - што им ползува? 9:24 А кој сака да се фали, нека се фали со тоа што има мудрост за да Ме сознае Мене. Зашто Јас Сум Господ Кој ги твори милостта, судот и правдата на земјата, зашто тоа Ми е мило,” зборува Го |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
СВЕТОВНА И БОЖЈА МУДРОСТ
1Коринтјаните 1 26 Гледајте го, браќа, само своето повикување! Нема тука многу мудри по човечко сфаќање, нема многу силни, ниту многу од благороден род. 27 Туку, Бог го избра она што е безумно пред светот, за да ги посрами мудрите; што е слабо пред светот, Бог го избра, за да ги посрами силните; 28 и што е неблагородно и што е презрено во светот - и она што се смета за ништо - Бог го избра, за да го уништи она што е нешто, 29 за да не може ниедно тело да се пофали пред Бога. 30 Од Него сте и вие во Христа Исуса, Кој ни стана мудрост од Бога, праведност, и осветување, и искупување, 31 за да биде како што е напишано: „Кој се фали, во Господа да се фали!” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
2 Летописи 7:14
И ако се смири Мојот народ, кој се наречува со Моето Име, и ако се помоли, и го побара Моето лице и ако се откаже од лошите патишта, Јас ќе го послушам тогаш од небото и ќе му го простам гревот и ќе му ја излечам земјата. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ЗА УПОРНОСТА ВО МОЛИТВАТА
Лука 18 1 А им кажа парабола како треба секогаш да се молат и да не се обесхрабруваат. 2 И рече: „Во еден град беше некој судија, кој не се боеше од Бога, и не се грижеше за луѓето. 3 А во истиот град имаше и една вдовица, која доаѓаше при него и му се молеше: ‘Заштити ме од мојот противник!’ 4 Тој нејќеше некое време; после си рече во себеси: ‘Иако не се бојам од Бога, ниту се грижам за луѓето; 5 ќе и го дадам правото на оваа вдовица, зашто ми додева, за на крај да не дојде и да ме нападне.’” 6 И Господ рече: „Чујте, што зборува неправедниот судија!” 7 Та Бог ли нема да ги заштити Своите избраници, кои викаат кон Него, дење и ноќе, имајќи трпение со нив? |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ИСУС Е ЛЕБОТ НА ЖИВОТОТ
Јован 6 50 Ова е лебот што слегува од небото, за да не умре оној, кој јаде од него. 51 Јас Сум живиот леб што слезе од небото. Ако некој јаде од овој леб ќе живее довека; а лебот, што ќе го дадам, Јас, е Моето тело, што ќе го предадам за животот на светот.” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ИЗВОРОТ НА РАДОСНАТА ВЕСТ
Галатјаните 1 11 Зашто, ве известувам, браќа, дека Евангелието кое го проповедав не е човечко, 12 бидејќи ниту јас го примив од човек ниту го научив, туку преку откровението на Исуса Христа. 13 Вие секако сте чуле за моето некогашно живеење во јудејството: како прекумерно ја гонев Божјата црква и ја запустував. 14 и во јудејството надминав многу свои врсници во својот народ, вдахновен од преголемата ревност за преданијата на своите прататковци. 15 А кога Му беше по волја на Оној, Кој ме оддели од утробата на мојата мајка и ме призва преку Својата благодат, 16 да Го открие во мене Својот Син, за да Го проповедам меѓу народите, не се посоветував веднаш со тело и крв, 17 ниту отидов горе во Ерусалим кај оние, кои пред мене беа апостоли, туку отидов понатаму во Арабија и пак се вратив во Дамаск. 18 А на три години потоа отидов горе во Ерусалим, за да го видам Петар, и останав при него петнаесет дена. 19 А некој друг од апостолите не видов, освен Јаков, братот Господов. 20 А пак што ви пишувам, еве пред Бога велам дека не лажам. 21 Потоа дојдов во краиштата на Сирија и Киликија. 22 А на црквите во Јудеја кои се во Христа, лично им бев уште непознат, 23 тие беа само слушале: „Оној, кој некогаш нè гонеше, сега ја проповеда верата, која некогаш ја разурнуваше.” 24 И го славеа Бога во мене. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ПСАЛМ 4:8
Спокојно ќе легнам, и ќе заспијам зашто само Ти, Господи, ми даваш да живеам во безбедност. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ЕРЕМИЈА 9
23 Господ зборува вака: „Мудрите нека не се фалат со мудроста, ни јунакот нека не се фали со смелоста, ни богатиот нека не се фали со богатството. 24 А кој сака да се фали, нека се фали со тоа што има мудрост за да Ме сознае Мене. Зашто Јас Сум Господ Кој ги твори милостта, судот и правдата на земјата, зашто тоа Ми е мило,” зборува Господ. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ИСУС И САМАРЈАНКАТА
Јован 4 5 Исус дојде во самарјанскиот град, наречен Сихар, во близина на земјиштето, што Јаков му го даде на сина си Јосифа; 6 таму беше Јакововиот Извор. А Исус, изморен од патот, седеше така на кладенецот; беше околу шестиот час. 7 Дојде една самарјанка, за да нацрпи вода. Исус и рече: „Дај Ми да пијам!” 8 Зашто учениците Негови беа отишле во градот да купат храна. 9 Самарјанката Му рече: „Како Ти, Јудеец, бараш од мене, Самарјанка, да пиеш?” Имено, Јудејците не општеа со Самарјанците. 10 Исус и одговори и рече: „Кога би знаела за Божјиот дар и Кој е Оној што ти вели: ‘Дај ми да пијам,’ ти би побарала од Него и Тој би ти дал жива вода.” 11 Жената Му одговори: „Нема со што да нацрпиш, господине, а кладенецот е длабок! Тогаш, од каде имаш жива вода? 12 Зар си Ти поголем од нашиот татко Јаков, кој ни го даде кладенецов? И тој самиот пиеше од него, и неговите синови, и неговиот добиток!” ИСУС Е ЖИВОТВОРНАТА ВОДА 13 Исус во одговор и рече: „Секој кој пие од водава, пак ќе ожедни. 14 А кој пие од водата што Јас ќе му ја дадам нема да ожедни довека, туку водата што ќе му ја дадам, ќе стане во него извор на вода, извирајќи во вечен живот.” 15 Жената Му рече: „Господине, дај ми од водата за да не ожеднувам и да не доаѓам тука да нацрпувам!” 16 Исус и рече: „Оди, повикај го мажа си и врати се тука!” 17 Жената му одговори и рече: „Јас немам маж.” Исус и рече: „Право кажа дека немаш маж; 18 зашто си имала петмина мажи и тој, кого го имаш сега, не ти е маж. Тоа го рече вистинито.” 19 Жената Му рече: „Господине, гледам дека си пророк. 20 Нашите татковци Му се поклонуваа на Бога на оваа планина, а вие велите дека Ерусалим е местото каде што треба да се поклонуваме.” 21 Исус и рече: „Верувај Ми жено, дека иде часот кога не ќе Му се поклонувате на Таткото ниту на оваа планина ниту во Ерусалим. 22 Вие не знаете на што му се поклонувате; ние знаеме на што му се поклонуваме, зашто Спасението доаѓа од Јудејците. 23 Но доаѓа час - и веќе е тука - кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Таткото во дух и вистина, зашто Таткото сака такви поклоници. 24 Бог е Дух, и кои Му се поклонуваат, треба да Му се поклонуваат во дух и вистина.” 25 Жената Му одговори: „Знам дека ќе дојде Месија, Кој се вика Христос. Кога ќе дојде Тој, ќе ни објави сè.” 26 Исус и рече: „Јас Сум, Кој зборувам со тебе.” 27 Тогаш дојдоа Неговите ученици и се чудеа дека разговара со жена, но ниеден не рече: „Што сакаш?” или: „Зошто разговараш со неа?” 28 Тогаш жената ја остави својата стомна и отиде во градот, па им рече на луѓето: 29 ”Дојдете да Го видите Човекот, Кој ми кажа сè што сум направила! Да не е Тој Христос?” 30 Тие излегоа од градот и тргнаа кон Него. 31 Во меѓувреме учениците Го молеа Исуса: „Рави, јади!” 32 Но Тој им рече: „Јас имам храна за јадење, што вие не ја знаете.” 33 Тогаш учениците зборуваа помеѓу себе: „Да не му донесол некој јадење?” 34 Исус им рече: „Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној, Кој ме прати и да го завршам Неговото дело. 35 Зар вие не велите: „Уште четири месеци и жетвата ќе дојде! „Еве, ви велам: подигнете ги своите очи и видете ги нивите како побелеле за жетва! 36 Жетварот веќе добива плата и собира плод за вечен живот; да се радуваат заедно и сејачот и жетварот. 37 Зашто во ова вистинска е пословицата: „Еден сее, а друг жние!” 38 Јас ве испратив да жниете, каде што не сте се труделе. Други се трудеа, а вие влеговте во нивниот труд. 39 И мнозина самарјани од градот поверуваа во Него по зборовите на жената, која сведочеше: „Тој ми кажа сè што сум направила.” 40 Па кога Самарјанците дојдоа при Него, Го замолија да остане кај нив; и остана таму два дена. 41 И уште повеќе од нив поверуваа заради Неговото слово, 42 а на жената и велеа: „Сега не веруваме заради твоето кажување; зашто самите чувме и знаеме дека Тој е навистина Христос, Спасителот на светот.” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Матеја 12 1 Во она време, Исус минуваше низ посевите во сабота; а Неговите ученици огладнеа и почнаа да кинат класје и да јадат. 2 А фарисеите штом го видоа тоа, Му рекоа: „Гледај, Твоите ученици прават, што не е дозволено да се прави во сабота.” 3 А Тој им рече: „Зар не сте читале што направи Давид, кога огладне тој и оние кои беа со него? 4 Како влезе во Божјиот дом и ги изеде изложените лебови, што не смееја да ги јадат ни тој, ни неговите другари, а само свештениците? 5 Или, зар не сте читале во Законот дека свештениците, во сабота во Храмот, ја осквернуваат саботата и не се виновни? 6 Но Јас ви велам, има тука еден што е Поголем од Храмот. 7 Ако би сте знаеле што значи: ‘Милост сакам, а не жртва,’ немаше да ги осудите невините. 8 Зашто Синот Човечки е Господар и на саботата.” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
2 ТИМОТЕЈ2:15
Труди се грижливо, за да се покажеш себеси достоен пред Бога како работник, кој не треба да се срамува, кој правилно го проповеда словото на вистината! |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Внеси реплика | страница <1 34567 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |