![]() |
|
ИНТЕРНЕТОТ МУ ГИ ОТВОРИ ВЕНТИЛИТЕ НА НАЦИОНАЛИЗМОТ |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 345 |
Автор | |
МАРШАЛ ![]() Сениор ![]() ![]() ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ajjjjjjjjjjj ......... pa na vakva mediumska pokrienost i GEBELS bi im pozavidel na ovie nasive
![]() ![]() ![]() Изменето од miroslav_g8 - 28.Ноември.2008 во 09:57 |
|
![]() |
|
butel2 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 26.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 4138 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
AJJJ Marsale kakvi socijalni nemiri koga se e pod kontrola, se e ubavo. se e zacrtano ostvareno.....
![]() |
|
![]() |
|
МАРШАЛ ![]() Сениор ![]() ![]() ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
iskreno se nadevam deka " g - djicata " ana kje go procita ova ........ KAKO MOZE DA NAPISE TAKVA GLUPOST KAKO STO E DEKA NAJPRIJATELSKI SME NASTROENI KON NEJZINITE NALOGODAVCI , to jest amerikancite PROKLETI ..... eve , jas ne sum
![]() ![]() Изменето од miroslav_g8 - 28.Ноември.2008 во 09:52 |
|
![]() |
|
butel2 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 26.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 4138 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
zosto Vladimir mislis deka zgresila koga omrazata e od politicka strana?
ke dojde Zora , ke pise crknete, umrete, Moira se pravi na toso i sto e toa? a nekogo ke opomenuva zatoa sto napisal nesto sto ne i se bendisuva ... nacionalizmot i omrazata se sirat so amin na vlasta |
|
![]() |
|
Vladimir88 ![]() Сениор ![]() ![]() "Arbeit macht frei" Регистриран: 20.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4349 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ИНТЕРНЕТОТ МУ ГИ ОТВОРИ ВЕНТИЛИТЕ НА НАЦИОНАЛИЗМОТ
Политичките форуми бликаат од омраза Ана Велјановска Политичката ситуација во државата и говорот на политичарите се најголемиот поттикнувач на говорот на омразата кај луѓето, кој е особено присутен на интернет-блоговите и форумите, бидејќи интернетот е форма на изразување која е најбезболна и не се санкционира. Мината недела на познатиот интернет-сајт „Иди види“ беа ставени слики на загинати припадници на поранешната Ослободителна војска на Косово и фотографии од искасапени човечки тела, проследени со шовинистички пораки од типот „Нека се множат вакви“ (најверојатно мислејќи на загинатите), „Само мртвиот Шиптар е добар Шиптар“ или „Поздрав до мајсторите“, „Така им треба“. Коментари и пораки со националистички содржини може да се сретнат и на многу форуми, како и под статиите на интернет-изданијата на дневните весници. Дел од печатените медиуми, поради злоупотреба на просторот оставен за коментари, одлучија да ги сопираат истите. Во тој контекст многу често избива интернет-војна и се упатуваат секакви навредливи пораки, како на пример, „Умрете комуњари, вие сте предавници“, „Татари, цигани“, „Грчишта проклети“, а корисниците се потпишуваат со псевдоними од типот „Филип Македонски“, „Александар Велики“ и сл. Пораките со навредливи содржини кои се упатени најчесто кон нашите соседни држави станаа секојдневие во светот на интернетот. Последното истаржување на „Брима галуп“ покажува дека Македонците најпријателски се настроени кон Црногорците. Сите други соседи, со кои постојат отворени политички прашања, во поголема или помала мерка се предмет на омраза. Пријателски чувства Македонците имаат кон Турците и кон Американците, што повторно може да се објасни со политиката на нивните држави кон Македонија. Стручњаците се свесни за силната корелација меѓу политичките настани и емотивните релации меѓу населението. Токму затоа, сметаат аналитичарите, политичарите имаат голема одговорност. - Политичкиот говор го храни говорот на омразата особено кога почнатата политичко-партиската пресметка се засилува. Фундаменталните прашања во општеството не се решени за да се смири таквиот говор на омраза. Македонија нема граѓанска димензија на демократија, односно слабо е развиено граѓанското општество, а токму тоа е местото каде се смирува тој говор - објаснува Илија Ацевски, професор по социологија. Според него, одговорноста на политичарите во тој поглед е особено значајна бидејќи тие ја поттикнуваат омразата за националноста, така што одговорноста за своите постапки ја бараат кај друг. - Политичарите преку својот говор треба да испраќаат смирувачки тонови затоа што тие најмногу го користат јавниот сервис и влијаат на јавното мислење. Ако тие за секој проблем што не можат да го решат посочуваат конкретно некој друг за виновник, тогаш луѓето кои се на маргините на општествениот живот, виновникот за својата ситуација го бараат кај страната која е посочена за виновник. Оттаму и се раѓа тој говор на омраза - вели Ацевски, нагласувајќи го моментно актуелниот проблем со името и односите со Поранешна Отоманска Покраина Грција. Токму таквата негативна атмосфера и расположение кај народот, смета Ацевски, политичарите ја користат и ја пренасочуваат кон меѓуетничките односи. Професорот Јован Ананиев смета дека политичарите ја создавале меѓуетничката омраза како основа за да ја зголемат својата моќ, но по одреден временски период дошло до т.н. етноцентрична деконтаминација меѓу граѓаните, со што се урнаа и нивните режими. - Доколку политичките елити на различните етнички заедници во Македонија манифестираат меѓуетничка толеранција по принципот „влијание одозгора-надолу“, ова однесување делумно ќе се преслика и меѓу граѓаните - порачува Ананиев. Интернетот се уште е еден затворен круг, но, сепак, е показател за она што се случува во една држава, согласни се аналитичарите. Превземено од друг форум. _________________________________________________________________________________________________________________ Госпоѓо/Госпоѓице Ана, во право сте, ама се прашувам зошто тука не ги пишувате навредите што се упатени од нашите соседи кон нас, зошто? Зошто?? Тоа многу многу не го коментирате во вашата колумна, не коментирате Македонецот како секој ден е напаѓан од бугарска, српска, грчка и албанска пропаганда....да видите како е омаложуван и навредуван од сите овие 4 соседи...... Па и ние како Македонци, кои си ја сакаат својата земја имаме право да реагираме на овие провокации. А за тоа што велите дека имало омраза грешка сте, еве јас ќе признаам ги плукам сите овие 4 фактора, но не е точно дека го мразам српскиот, грчкиот, бугарскиот, или албанскиот народ.Јас имам пријатели од сите овие народи што ги набројав, зошто сметам дека постојат исклучоци.... Јас реков и ќе речам, во право сте, ова е точно што сте го напишале, но зошто не коментирате за навредите и понижувањата кои ги трпи Македонецот секој ден на форумите??? Некако не сте ми во целост реална во ова што го пишувате, одете во Историја (не само на Идивиди) туку на сите форуми и видете што се збори за Македонците. И ако мислите дека оваа омраза е од политичка природа, сте згрешиле и тоа многу(што се однесува до мене). Само по се изгледа на крај ќе испадне дека текстов е нарачан од некој политичар.... Изменето од Vladimir88 - 28.Ноември.2008 во 06:22 |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 345 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |