|
За смирението |
Внеси реплика | страница <1 34567 14> |
Автор | ||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|||
Ев, бидејќи не го живееш животот внатре во Црквата, можеш така произволно да си ги толкуваш работите. Дури и да си внатре во Црквата, ако го немаш поминато првиот степен, овие другиве два ти стојат налудничави.
Но, еве и старец Тадеј вели, дека кога човекот ќе се исполни со постојана молитва и благодат Божја (значи го достигнал совршеното смирение), му протекуваат солзи дури и за животните и за растенијата. Еве што вели старец Паисиј: Кога дојдов во манастир, често се прашував: „Дали како искушеник треба да се смирам и да имам послушание само кон старецот или и кон сите останати монаси?“ Еден ден, додека разговарав со старец Пајсиј за таа тема, тој ми рече: „Мислам дека дури и животните се подобри од нас, така што и пред нив се смирувам и им сум послушен. Утрово, кога се разденуваше, бев уморен зашто се молев цела вечер. Освен тоа бев исцрпен и од болеста, така што одлучив да се одморам. Набрзо, потоа, слушнав мачка која мјаукаше како да и треба нешто. Навистина сакав да се одморам, но се смирив и постапив спротивно на својата волја. И бев послушен на мачката и одговорив на нејзиниот повик. Отидов да ѝ ја отворам вратата. Почна да врне и ја пуштив внатре да не ја наврне. Што мислиш сега? Дали требаше да му бидам послушен на тоа животно? Јас мислам дека требаше.“
Тоа согледување е пак од подолна инстанца на духовниот развој.
Свети Макариј вели дека умот кој престанал да го созерцува Бога е или животински, или ѕверски. Победно од ова е - умот да стане демонски. Тоа е дното. Бог не` создаде да станеме богови по благодат. Ни даде слободна волја и разум. Но, ние таа бесплатна благодат ја отфрливме. На животните тоа не им е дадено. Тие си ги исполнуваат своите обврски според она што им е дадено. Ние бевме повикани за повисоки цели, и сето тоа го погазивме. Тогаш, нашиот разум наликува на бесловесноста кај животните. Човекот кој достигнал до степенот на обожение, многу јасно ги согледува овие работи, и гледа колку е западнат во грев, и колку ја погазил таа благодат (а замислете ни се дава за џабе!!!). Нам тој човек ни изгледа свет, и Божји угодник, а тој не може да престане да плаче за своите гревови. Гледа дека љубовта што ја има спрема Бога е безначајна, и дека Он однапред целосно ни се даде. Затоа таквиот човек се смета за крјајно недостоен, па дури и смета дека и едно обично бесловесно животно е подобро од него. |
||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Доколку човек се смета себе си за добиток, со тоа тој го понижува делото на Божјите раце.
Доколку човек се смета за добиток, тогаш тој индирекно го нарекува и Бог добиток, бидејќи е создаден по Неговиот лик.
Една од најголемите Божји заповеди вели: "Љуби го ближниот свој, како себе си". Доколку човек не се љуби себе си, тогаш како ќе го љуби ближниот свој КАКО себе си?
Оваа "понизност" се нарекува еретичка понизност. Поради ваквата "понизност" многумина правеле многу смешни работи, оделе во џунглите, спиеле по шталите, јаделе со свињите итн. Поради ваквата "понизност" многумина одбиваат дури и да се крстат и да се причестат, велејќи дека се недостојни за такво нешто (небаре некој друг се удостоил самиот себе си за да земе причест или да биде крстен).
Затоа, чувајте се од лажната и лицемерната понизност. Секој човек треба да знае дека е вреден во Божјите очи, бидејќи е создаден по Божјото подобие. Исто така секој христијанин треба да знае дека е откупен со Христовата скапоцена крв, со што нашата вредност во Бог е зголемена!
Нека ми прости ткн. "светец" Амвросиј Оптински, но претерал малку со "смиреноста". Сакајќи да се истакне со радикалната "смиреност" т.е. во случајов "понизност", тој ја преминал Божјата долна граница за човековата вредност. Изменето од EvAngelos - 29.Октомври.2008 во 11:57 |
||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Makarios, ubav osvrt, no ova sto go potencirav vo tekstot nikako ne mi e jasno. Mislam, zosto e potrebno covek da dojde i do toj stadium, da misli deka e dobitok i nisto, koga vece Gospod ne go sozdal kako stoka, tuku kako covek obdaren so um i razum?
Mislam deka takvoto omalovazuvanje na sebesi moze da dovede do teska depresija...
Inaku apsolutno se soglasuvam deka "До врвот на смирението се стигнува ако се спуштиме во длабочините на унизеноста. Како што рекол и самиот Господ: Кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви биде слуга."
Te molam pojassni mi go pogornoto, pozdrav.
|
||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|||
Светите Отци утврдиле три степени на духовен раст: очистување на срцето од страстите, просветлување на умот, и обожување на човековата личност. На секој од овие степени му соодветствува одреден процес на очистување, на молитва и на искушенија.
Свети Амвросиј Оптински вели дека, како што гордоста има три степени, така и смирението може да се манифестира во три степени. Во првиот степен, смирението е, човек да се покорува на поголемите од него, и да не се превознесува над еднаквите со него. Гордоста не се покорува никому, и како таква се јавува како разрушител на општествениот поредок. Наспроти ова, смирението овде се појавува како здрава основа за градење на човечко општежителство. Секој, кој се противи на каква било форма на законска власт (световна, црковна, образовна и сл.) е далеку од секакво смирение. Вториот степен на смирение е, човек да се покорува на еднаквите, и да не се превознесува над помалите. Ако првиот степен на смирение, колку и да е наложителен, ни се гледа како непријатен, вториот ни се чини многу тежок. Како е можно да се покоруваме на еднаквите? Сме навикнале на заповедување, почести, пофалби.. едноставно гордоста не ни дозволува да се покориме на еднаквите. Себељубието ни забранува пак, да се изедначиме со помалите од нас. Чувството на сопствено достоинство не подбуцнува да не се потчинуваме, ами да бидеме надмени. Та не сум ли поумен од нив? Не сум ли понадарен, поречит? Овие помисли и овие дејствија може да ги сметаме како патоказ дали сме го достигнале вториот степен на смирение, или сеуште сме заплетени во мрежата на гордоста. Третиот степен на смирение е, човек да се покорува на пониските од себеси и да си мисли дека е ништо, дека е добиток, недостоен за човечкото општество. Е тоа, ни се гледа како невозможно! Но, така правеле светителите. Сите се сметале за најпоследни грешници. Заради таквото големо смирение, светителите биле удостоени со голема Божја благодат. Благодатта се дава според мерката на смирението. Колку е подлабоко смирението - толку повеќе благодат пребива во тој што го има. До врвот на смирението се стигнува ако се спуштиме во длабочините на унизеноста. Како што рекол и самиот Господ: Кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви биде слуга. Изменето од makarios - 29.Октомври.2008 во 02:50 |
||||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
ПОСЛУШАНИЕ - ВИКАЛ ДЕДО!
ПОСЛУШНОСТ ДЕДО ТИ - АКО Е ПОМЛАД ...
и темава не е македонски јазик ...
Вакви теми има на “историја“
иди таму расправај се ...
ОВДЕ МОЖЕШ САМО ДА СЕ СМИРИШ ...
|
||||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Добро братче, прости. Ајде, сега кажи што подразбираш под смирение (зборуваме за духовно смирение).
|
||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Прво преведете ги овие зборови на современ македонски јазик, па потоа да ги дискутираме, ако воопшто се разгори некаква дискусија за нив. Македонскиот јазик не познава збор "послушание", туку "послушност".
|
||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|||
Некако, препирањата се поинтересни...
За смирението некако слабо, а? Па тек кога ќе ги почнеме темите за послушание, Исусова молитва... |
||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|||
Свети Теодосиј Печерски, игумен на Киево-Печерската Лавра, кој уште додека жив, од луѓето бил сметан за голем Божји угодник, често одел во Киев, кај кнезот Изјаслав. Една вечер, отецот останал до вечерта, па кнезот наредил да се приготви мала кочија со едно седало, и заповедал на едно момче да го врати отецот во манастирот. Немало место за кочијашот, па тој го терал коњот по патот, а кога се изморувал, го јавнувал, па потоа пак пешки. Момчето било незадоволно што, наместо да седи, ќе мора цела ноќ да вози некој си монах, и со роптање го потерал коњот. Излегле од градот, и момчето погледнало накај Теодосиј, та соблазнувајќи се од простата облека, помислил дека се работи за некој прост монах. Му рекол:
- Отец, ајде ти слези да ја потераш кочијата, а јас да се одморам. Свети Теодосиј смирено и без ропот рекол: - Бива чедо! Добро! - и се симнал од кочијата. Момчето се расположило, се осетило како господар, и за кратко време заспало. Цела ноќ, св. Теодосиј ја терал кочијата, и многу се изнемоштил. Утредента кога наближувале до манастирот, сите кои го сретнале св. Теодосиј, - и велможи и селани, - му се поклонувале како на Божји слуга. Момчето се чудело кога го видело тоа. „Зошто се поклонуваат на овој прост монах?“, си мислело. Се наближиле до лаврата. Стигнала вест дека игуменот се враќа од Киев. Целото братство излегло да го пречека. Сите братија длабоко му се поклониле до земјата на својот духовен отец. Момчето се ужаснало. „Кој е бре овој, та сите монаси му му се поклонуваат?“, пак се прашувало. И, кога разбрало, дека тоа е игуменот Теодосиј, се растреперило од страв, затоа што очекувал заслужена казна. А св. Теодосиј, кротко пристапил кон момчето, го фатил дружељубно за рака, го однел в кујната, и заповедал добро да го нахранат момчето. Ете, какво било смирението на св. Теодосиј Печерски. |
||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Мајкл, тие што се прогласени за еретици никогаш не ни биле сметани за Свети Отци... нели убаво го објаснив тоа со Ориген... |
||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
За светите отци: некои од нив меѓутоа беа прогласувани и за еретици подоцна како што самата наведе во една друга тема. Изменето од Majkl - 29.Октомври.2008 во 00:06 |
||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Јас не се фалам со моето (не)смирение. Смирение е да се држиш до Светото Предание, да не контрираш на некој кој има поголем опит од тебе. Светите Отци постојат од самиот почеток на христијанството и тие не само што сфаќале што рекол Христос, туку и го доживувале! А чудно е тоа како на мене, неинтелектуалец, која сум со ограничени мозочни способности, тоа што го пастираше макариос од светителот, ми е совршено јасно... |
||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|||
Старец Тадеј за смирението. Не бил баш некој интелектуалец.
|
||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Христос говорел и говори едноставно но генијално, интелектуалците меѓутоа честопати имаат потреба тоа да го усложнуваат бидејќи самите не ја разбираат вистината која е едноставна. |
||||
Внеси реплика | страница <1 34567 14> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |