IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - УЕФА Лига Европа
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

УЕФА Лига Европа

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 10>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2011 во 06:51
Лига на Европа - резултати 3. коло

Денеска на програмата беа првите мечеви од 3. коло во Лигата на Европа, а постигнати се следниве резултати:

Сласк - Локомотива Софија 0:0
АЕК Ларнака - Млада Болеслав (0:0)
Аланија - Актобе 1:1 (0:1)
Вентспилс - Црвена звезда 1:2 (1:1)
Карпати - Сент Патрикс 2:0 (1:0)
Алесунд - Елфсборг 4:0 (1:0)
Анортозис - Работнички 0:2 (0:0)
Металурги Рустави - Рен 2:5 (1:3)
Олимпија - Австрија 1:1 (0:1)
Салцбург - Сеница 1:0 (0:0)
Спарта Прага - Сараево 5:0 (2:0)
Валеренга - ПАОК 0:2 (0:0)
Ворскла - Слајго Роверс 0:0
Бурса - Гомељ 2:1 (0:1)
Хапоел Тел Авив - Вадуц 4:0 (2:0)
Омонија - Ден Хаг 3:0 (1:0)
Сплит - Фулам 0:0
Јанг Бојс - Вестерло 3:1 (2:1)
Левски - Спартак Трнава 2:1 (0:0)
АЗ Алкмар - Јаблонец 2:0 (0:0)
Диферданж - Олимпијакос Волос 0:3 (0:0)
Динамо Бук*решт - Вараждин 2:2 (2:2)
Газиантеп - Легија 0:1 (0:0)
Пакш - Хартс 1:1 (1:1)
Бриж - Карабах 4:1 (1:0)
Мајнц - Газ Метан 1:1 (1:0)
Железничар - Макаби Тел Авив 0:2 (0:0)
Национал - Хекен 3:0 (3:0)
Палермо - Тун 2:2 (1:1)
Стоук - Хајдук 1:0 (1:0)
Атлетико Мадрид - Стромсгодсет 2:1 (0:0)
Митјиланд - Гимараеш 0:0
Рид - Брондби 2:0 (1:0)
Рејкјавик - Динамо Тбилиси 1:4 (1:1)

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2011 во 16:19
ПОЗНАТИ СЛЕДНИТЕ ПРОТИВНИЦИ НА МЕТАЛУРГ И РАБОТНИЧКИ
 

Доколку Металург  биде поуспешен од Локомотив Софија  во третото квалификациско коло ќе се сретне  со подобриот од дуелот помеѓу Сласк од Полска  и Данди од Шкотска (првиот натпревар заврши со победа на Сласк од 1-0). Работнички кој е со едната нога во третото коло по победата на Јувенес Догана на гости од 1:0 ќе игра најверојатно со Анортозис од Кипар  кој вчера славеше над Гагра од Грузија со 3-0. Првите натпревари од третото коло на програмата се на 28 јули, додека реваншите се предвидени за 4 август.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2011 во 06:02
Ренова елиминирана по пенал рулет

Фудбалерите на Ренова се елиминирани веќе по првото претквалификациско коло во Лигата на Европа. Фудбалерите на Ренова не успеаа да ја задржат предноста од првиот меч кој го добија со резултат од 2-1 и да обезбедат пласман во следната рунда од ова натпреварување. Вечерва во Белфаст против Гленторан, Ренова е елиминирана по пенал рулетот кој им припадна на домашните со резултат 3:2. Во 90 регуларни минути, Гленторан се избори за продолженија откако го доби мечот со 2:1, а по дополнителните 30 минути немаше конечна одлука. При изведувањето на пеналите фудбалерите на Гленторан беа поконцентрирани, што на крајот им донесе и виза за следната рунда. За тетовскиот тим од белата точка промашија Исмаили, Статовци и Гафури, додека прецизни беа Симовски и Хуни.
 
Во регуларниот дел од мечот, Гленторан стигна во водство во 31. минута преку Кларк, а на 1:1 израмни Исмаили во 59. минута. Тимот од Северна Ирска за продолженија се избори преку Мареј во 74. минута.

Продолженијата не донесоа возбудувања, па патникот во следната рунда се решаваше преку пенали. Гленторан во следната рунда ќе игра против украинска Ворскла.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2011 во 06:00
Лига Европа - резултати

Реванш натпреварите од мечевите во 1. коло од квалификациите за Лигата на Европа се одиграа денеска, а постигнати се следниве резултати:

Металурги Рустави - Банантс 1:1 (прв меч 1:0)
Иртиш - Јагјелонија 2:0 (0:1)
Шахтјор Караганди - Копер 2:1 (1:1)
Улисес - Ференцварош 0:2 (0:3)
Фљамуртари - Будуќност 1:2 (3:1)
Милсами - Динамо Тбилиси 1:3 (0:2)
Зета - Спартак Трнава 2:1 (0:3)
Карабах - Банга 3:0 (4:0)
Фола - Елфсборг 1:1 (0:4)
Номе Каљу - Хонка 0:2 (0:0)
Минск - Олимпик Шивалан 2:1 (1:1)
Хекен - Керјенг 5:1 (1:1)
Луситанос - Вараждин 0:1 (1:5)
Тромсо - Даугава 2:1 (5:0)
Влазнија - Биркиркара 1:1 (1:0)
Рунавик - Фулам 0:0 (0:3)
Нит Атлетик - Алесунд 0:2 (1:4)
Олимпија - Широки Брег 3:0 (0:0)
Пакш - УЕ Санта Колома 4:0 (1:0)
Работнички - Транс Нарва 3:0 (4:1)
Тре Пене - Рад 1:3 (0:6)
Клифтонвил - ТНС 0:1 (1:1)
Гленторан - Ренова 3:2 по пенали (1:2)
Сент Патрикс - Вестманејар 2:0 (0:1)
Рејкјавик - Фуглафјордур 5:1 (3:1)

Во мечевите од 2. коло на 14. односно 21. јули се среќаваат Металурги Рустави - Иртиш, Судува - Елфсборг, Металург Скопје - Локомотив Софија, Сант Хулија - Бнеи Јехуда, Жељезничар - Шериф, КуПС - Газ Метан, Минск - Газиантеп, Искра Стал - Вараждин, Таурас - Ден Хаг, Гленторан - Ворскла, Јувенес Догана - Работнички, Еребро - Сарајево, Крузејдерс - Фулам, Хланетли - Динамо Тбилиси, Флоријана - АЕК Ларнака, Шахтјор Солигорск - Вентспилс, Фљамуртари - Јаблонец, Рејкјавик - Жилина, Мика - Валеренга, Олимпија - Бохемијанс, Домжале - Сплит, Диферданж - Левадија, Тирана - Спартак Трнава, Ференцварош - Алесунд, Лијепаја Металургс - Салцбург, Рад - Олимпијакос Волос, ТНС - Митјиланд, Кечкемет - Актобе, Хекен - Хонка, Гагра - Анортозис, Вадуц - Војводина, Рудар Пљевљ - Австрија, Сласк - Данди Јунајтед, Шахтјор Караганди - Сент Патрикс, ЕБ Стрејмур - Карабах, Хафнарфјордур - Насионал Мадеира, Пакш - Тромсо, ТПС - Вестерло, Хазар Ланкаран - Макаби Тел Авив и Влазнија - Тун.

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2011 во 00:19

Работнички го посакува Атлетико Мадрид

Работнички сигурно маршира во Европа. Фудбалерите се цврсто на земја, иако реално веќе го минаа првото квалификациско коло за настап во Лига Европа по триумфот во Талин над Транс Нарва со 4-1. Реваншот в четврток (20 ч.) на „Филип Втори“ во Скопје ќе биде само формалност. Романтичарите сепак се претпазливи, иако веќе мислат на противникот во трето квалификациско коло. Во втората рунда, ако ја минат Транс Нарва, противник ќе им биде апсолутниот аутсајдер Јувенес Догана од Сан Марино. Третата рунда е вистински џек-пот за македонските клубови, кои ретко доаѓаат во таа фаза.

- Да го почекаме реваншот со Транс Нарва. Фудбалот е непредвидлив, иако реално веќе сме во второто коло. Ако стасаме до третата рунда, го посакувам Атлетико Мадрид за противник. Доста ни е од Англичани. Сакаме да ги одмериме силите со клуб од земјата каде што се игра најдобар фудбал - вели капитенот Борче Маневски. Работнички е уверливо најуспешниот македонски претставник во европските купови во последните пет, па и повеќе години. На двапати играше со англиски клубови, против Болтон во квалификациите за Лигата на шампионите и лани со Ливерпул во третата рунда од Лига Европа. Островјаните се како судбина за скопјани, па еднаш противник им беше и ирскиот Крусејдерс.

- Се надевам дека ќе останеме сите во клубот, барем додека трае европскиот настап. Имаме квалитетен и одлично избалансиран состав што може многу да понуди. Гроздановски и Лазаревски веќе се вклопија, а костурот ни остана од лани - вели Маневски. Вториот најдобар стрелец во изминатата сезона со 19 голови вели дека патешествието до Талин и назад било потешко од самиот меч против Транс Нарва.

- Победата ни ги врати насмевките по долгото и напорно патување. Од Скопје до Софија, преку Прага, стасавме до Талин. Во првиот дел беше израмнето, а потоа додаваме гас и лесно ги совладавме. Спарното време ни беше голем противник, но и тоа го надминавме. Враќањето повторно беше одисеја, но со песна и славење беше полесно. Од Талин до Амстердам, па со автобус до Диселдорф, од каде долетаа во Скопје.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2011 во 05:55
Лига Европа - резултати

Денеска на програмата беа 25 меча од 1. коло во квалификациите за Лигата на Европа, а постигнати се следниве резултати:

Банантс - Металурги Рустави 0:1 (0:0)
Олимпик Шивалан - Минск 1:1 (1:1)
Банга - Карабах 0:4 (0:2)
Транс Нарва - Работнички 1:4 (1:1)
Рад - Тре Пене 6:0 (4:0)
Даугава - Тромсо 0:5 (0:2)
Елфсборг - Фола 4:0 (3:0)
Хонка - Номе Калју 0:0
Вараждин - Луситанс 5:1 (2:0)
Ференцварош - Улисес 3:0 (2:0)
УЕ Санта Колома - Пакш 0:1 (0:1)
Алесунд - Нит Атлетик 4:1 (2:1)
Динамо Тбилиси - Милсами 2:0 (1:0)
Спартак Трнава - Зета 3:0 (1:0)
Фуглафјордур - Рејкјавик 1:3 (1:2)
Вестманејар - Сент Патрикс 1:0 (0:0)
Керјенг - Хекен 1:1 (0:0)
ТНС - Клифтонвил 1:1 (1:1)
Фулам - Рунавик 3:0 (1:0)
Јагјелонија - Иртиш 1:0 (0:0)
Биркиркара - Влазнија 0:1 (0:1)
Ренова - Гленторан 2:1 (1:1)
Копер - Караганди 1:1 (0:0)
Широки Брег - Олимпија 0:0
Будуќност - Фљамуртари 1:3 (0:1).


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2011 во 06:08
Металург против Локомотив од Софија

Освојувачот на македонскиот куп, екипата на Металург ќе стартува од второто квалификациско коло и како неносител во извлекувањето за противник ја доби екипата на Локомотив од Софија. Оваа екипа ни е веќе добро позната од сезоната 2006/07 кога во УЕФА купот го елиминираа тогашниот освојувач на македонскиот куп, Македонија ЃП.

Другите наши два претставника во Лига Европа во вторто коло за евентуални противници ќе ги имаат тимовите од Сан Марино, односно Украина. Тимот на Работинички ќе има полесен распоред и доколку го совлада Естонскиот претставник во првото коло, во второто ќе се сретне со Јувенес Догана од Сан Марино, а тимот на Ренова ќе има тежок двомеч со тимот на Ворсклав.

Натпреварите од првото квалификациско коло се играат на 30 јуни и 7 јули, а второто квалификациско коло ќе се игра на 14 и 21 јули.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2011 во 05:41
Порто ја освои Лигата на Европа

Порто - Брага 1:0 (1:0)
Фалкао 44'

Фудбалерите на Порто се овогодинешните шампиони во Лигата на Европа, откако во финалето одиграно во Даблин ја своладаа Брага со 1:0.

Единствениот погодок на мечот го постигна Радамел Фалкао и тоа на самиот истек од првото полувреме. Гуарин испрати фантастичен центаршут, а осамениот Фалкао со глава прецизно ја смести топката во мрежа. Виситина, Колумбиецот се наоѓаше на самата линија од офсајд, можеби дури беше и во недозволена позиција, но голот на крајот секако беше признат.

Брага во второто полувреме веднаш дојде до можност кога Мосоро имаше сто отстона шанса, откако сам истрча пред голот на Елтон но не успеа да го совлада. Порто сепак успеа да ги издржи сите напади на Брага и така да дојде до вториот трофеј во ова натпреварување.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2011 во 07:15
Англија, Норвешка и Шведска добија едно место повеќе во Лига Европа

Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска им додели на Англија, Норвешка и Шведска по едно дополнително место во Лига Европа за следната сезона, бидејќи овие три земји ги заземаат водечките места на фер плеј листата. Во Лига Европа ќе се натпреваруваат екипите кои во овие три лиги се наоѓаат на прво место на националните фер плеј листи, односно оние кои собрале најмал број жолти и црвени картони. Веќе е познато дека во Норвешка на прво место на таа листа е тимот на Алесунд, додека во Шведска тоа е екипата на Хакен. Англија наскоро треба да го соопшти името на клубот што ќе настапува во Лига Европа. Освен картоните, како критериум за фер плеј се смета и респектот кон судиите и противниците, однесувањето на навивачите, но и на функционерите на клубот. Сите три екипи следната сезона натпреварите во Лига Европа ќе ги почнат во првото коло на квалификациите.


Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2011 во 13:37
UEFA League Europa 1/4 Final :
 
1.Porto - Spartak Moscow
 
2.Benfica - PSV
 
3.Villarreal - Twente
 
4.Dynamo Kiev - Sporting Bragaне
 
 
1/2 Final :
 
4. - 2.
1. - 3.


Изменето од LiDivio - 06.Април.2011 во 12:41
Кон врв
KUKOC7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Барон Минхаузен

Регистриран: 26.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1852
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KUKOC7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2011 во 09:46
само со еден удар кон гол не заслужуваа ни спарта да ја поминат а не па овие Брага!! сосема заслужено си испадна ливерпул!!! 
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2011 во 09:40

Двата англиски претставника во Лига Европа не ја оправдаа улогата на фаворити и од натпреварувањето се простија на домашен терен.

 

Првите дуели од двобоите на Манчестер Сити со Динамо Киев и на Ливерпул со Брага се покажаа како решавачки за тоа кој ќе се пласира во четвртфиналето во Лига Европа.

По оние 2:0 за Динамо во Киев, играчите на Манчестер Сити знаеја дека мораат да дадат се од себе за да го надминат тој дефицит. По првото полувреме тие имаа 1:0 благодарение на погодокот на Александар Коларов во 39. минута, но тој погодок на левиот бек се покажа како единствен до крајот на средбата.

Големи проблеми на тренерот Роберто Манчини и на своите соиграчи им направи Марио Балотели, кој со еден непромислен старт над нашиот Горан Попов уште во првото полувреме ги остави со играч помалку. И без него Сити напаѓаше, но никако не успеа да го скрши отпорот на Украинците.


Со помал минус по првата средба се соочи Ливерпул пред дуелот со Брага на “Енфилд“, но на крјот се покажа дека и оние 1:0 од првата средба се доволни за пласман во следната рунда за Португалците.

Домаќините на овој дуел не покажаа дека се способни да го разбијат бункерот на гостите, кои сосема заслужено обезбедија место во чеѕтвртфиналето.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2011 во 09:37
  

Русите во дуелот со Твенте влегоа со  минус од 0:3 од првата средба во Холандија, која на крајот се покажа како преголема, иако веќе во првото полувреме водеа со 2:0.

 

Зенит уште во првото полувреме од својот осминафинален двомеч во Лига Европа сп Твенте можеше да го елимнинира минусот од 0:3 од првата средба. По 37. минути игра домаќините веќе имаа 2:0 и беа на добар пат да изборат пласман во четвртфиналето.

Првиот гол за Зенит го постигна Роман Широков во 17. минута, а Андреј Кержаков со една “бомба“ зголеми на 2:0 во 37. минута. До крајот на полувремето, а и на средбата, имаа шанси за трет гол, но не успеаја да го постигнат.

На крајот, Твенте ги одби сите нивни напади, па дури и имаше свои шанси за гол и покажа дека и Холанѓаните можат да играат на ложи временски услови со оглед на температурата од минус четири степени во текот на средбата.

Резултати од реванш средбите од  осминафиналето:

Спартак Москва - Ајакс 3:0 (2:0), прва средба 1:0
(Комбаров 21, Веилтон 30, Алекс 57)

ПСЖ - Бенфика 1:1 (1:1), прва средба 1:2
(Бодмер 35 - Гаитан 27)

Манчестер Сити - Динамо Киев 1:0 (1:0), прва средба 0:2
(Коларов 39)

Зенит - Твенте 2:0 (2:0), прва средба 0:3
(Широков 17, Кержаков 37)

Виљареал - Баер 2:1 (1:0), прва средба 3:2
(Казорла 22, Роси 61 - Родригез аг 82)

Ренџерс - ПСВ 0:1 (0:1), прва средба 0:0
(Ленс 14)

Ливерпул - Брага 0:0, прва средба 0:1

Порто - ЦСКА Москва 2:1 (2:1), прва средба 1:0
(Хулк 1, Гуарин 23 - Тошиќ 29)



Изменето од емил - 18.Март.2011 во 09:38
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2011 во 15:17

Вечерва се играат реваншите од осминафиналето во Лига Европа во кои некои од фаворитите можат да се простат со ова натпреварување доколку не остварат победи.

 

Исто како и пред две недели, четири средби од Лига Европа се закажани за во 19.00 часот, а четири за два часа подоцна.

Од квартетот средби кои се играат први најмногу внимание привлекува тој во Манчестер каде Сити ќе се обиде да го надокнади минусот од првата средба во дуелот со Динамо Киев. Украинскиот претставник во првиот дуел одигран во студени временски услови, славеше со 2:0 и сега на составот на Роберто Манчини е да постигне три погодока доколку сака да оди понатаму.

Во другите три средби од 19.00 часот Спартак во Москва ќе ја чува предноста од гостувањето во Амстердам од 1:0, Бенфика патува за Париз со 2:1 од првата средба, додека Зенит на свој терен ќе има тешка задача по поразот од 0:3 во првата средба со Твенте.

Од 21.05 часот во Ливерпул домаќините се соочуваат со императивот победа по поразот во Брага од 1:0. Составот на Кени Далглиш во овој дуел влегува полн со оптимизам, посебно по првата средба во која веројатно беа подобар противник, но загубија со гол примен од пенал.

Порто и Виљареал славеа во првите средби во гости и се фаворити за пласман меѓу последните осум, додека во Глазгов, Ренџерс и ПСВ почнуваат од нула.

Лига Европа - осминафинале:

(19.00 часот)

Пари Сен Жермен – Бенфика (1:2)
Манчестер Сити – Динамо Киев (0:2)
Зенит – Твенте (0:3)
Спартак Москва – Ајакс (1:0)

(21.05 часот)
Порто – ЦСКА Москва (1:0)
Ренџерс – ПСВ (0:0)
Виљареал – Баер (3:2)
Ливерпул – Брага (0:1)

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.