IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Олимписки игри-Пекинг 2008
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Олимписки игри-Пекинг 2008

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
Автор
Порака Обратен редослед
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2008 во 13:30
Olympics 2008 - Group A

19:29     August 7
FT     Australia     1 - 1     Serbia
19:45     Ivory Coast U21     1 - 2     Argentina

Olympics 2008 - Group B

19:29     August 7
FT     Japan     0 - 1     USA U21
19:45     Holland     0 - 0     Nigeria U21

Olympics 2008 - Group C

19:29     August 7
FT     Brazil U21     1 - 0     Belgium
19:45     China U21     1 - 1     New Zealand U21

Olympics 2008 - Group D

19:29     August 7
FT     Honduras U21     0 - 3     Italy
19:45     Korea Republic     1 - 1     Cameroon U21

Изменето од Vardar1947 - 07.Август.2008 во 16:11

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2008 во 13:29
Старт на фудбалските возбудувања во Пекинг

Во Пекинг фудбалската топка веќе тргна од центарот.

По традиција стартуваше женскиот дел од турнирот со првите натпревари по групи. Во супер дербито на воведот Бразил и Германија одиграа без голови, додека во вториот меч од „Ф“ групата Кореја ја совлада Нигерија со 1:0.

Во групата „Е“ победи од 2:1 забележаа Канада против Аргентина и Кина во дуелот со Шведска.

Најголемото изненадување го приредија фудбалерките на Норвешка победувајќи го бранителот САД со 2:0, Јапонија и Нов Зеланд го затворија првото коло од групата „Г“ играјќи 2:2.

Мажите почнуваат утре, а најинтересен се очекува да биде воведниот дуел од „А“ групата меѓу актуелниот олимписки првак, Аргентина и Брегот на Слоновата Коска.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2008 во 17:50
Во Пекинг рекорден број на спортисти и жени

На годинашниве игри ќе настапат спортисти од 205 земји, што е за 3 повеќе во однос на претходните ОИ во Атина, пред четири години


Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет Жак Рог, оцени дека Игрите во Пекинг ќе бидат големо олимписко движење бидејќи на нив ќе учествуваат повеќе земји и женски натпреварувачи од кога било.

- Пред нас се величествени Олимписки игри, рече Рог на состанокот на ИОК во Пекинг, пред стартот на најголемиот светски спортски самит.
Според податоците на Интернационалниот олимписки комитет на Игрите во Пекинг ќе настапат спортисти од 205 земји, додека на ОИ во Атина 2004 имаше натпреварувачи од 202 . Рог потсети дека на Игрите во Пекинг 45 отто од натпреварувачите ќе бидат жени, што е за речиси 5 отсто повеќе од ОИ во Атина, пред четири години.

На претстојните игри во Пекинг ќе настапат повеќе од 10.000 натпреварувачи од целиот свет. Рог оцени дека организацијата на Олимписките игри ќе остави позитивно наследство во Кина, која ќе има шанса на светот да му прикаже огромен потенцијал, со кој располага државата.


Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2008 во 15:18
ОД ДЕНЕСКА

Македонското знаме во Олимпиското село

Денеска (11 ч), во Олимпиското село во Пекинг, ќе биде кренато знамето на Република Македонија. На чинот на кревањето на знамето ќе присуствуваат и градоначалникот на Олимпиското село како и амбасадорот на РМ во Народна Република Кина, Џеладин Демири. Според протоколот, како што се наведува на официјалниот сајт на Македонскиот олимписки комитет, во просториите на хотелот Хајат ќе биде организиран прием за дипломатскиот кор и претставниците на Македонската олимписка делегација.

Познато е дека веднаш по пристигнувањето во Пекинг, екипата на Македонскиот олимписки комитет е сместена во Олимпиското село, во зградата Б-6 со Олимпискиот комитет на Србија, а во непосредна близина се и националните олимписки комитети на Словенија, Хрватска, Белгија, Романија, Швајцарија, Шведска, Аргентина... Македонските спортисти се сместени во 12-те соби на осмиот кат кој е целосно на располагање на Македонскиот олимписки комитет.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2008 во 12:04
Почнува одбројувањето до почетокот на Олимписки игри



На четири дена до почетокот на 29-те летни Олимписки игри, Пекинг веќе ги собира спортистите што ќе влезат во борилиштата в сабота, ден по свеченото отворање.

Традиционално, порано почнуваат само фудбалските турнири, женскиот в среда, а машкиот в четврток.

Пекинг денеска го пречека Сеп Блатер, првиот човек во светскиот фудбал со очекување дека тој ќе придонесе најпопуларниот спорт полека да не стане најспорна олимписка дисциплина.

Откако ФИФА донесе решение клубовите да ги ослободат играчите помлади од 23 години за Олимписките игри, Барселона беше најгласна во реакциите. Каталонците поднеле жалба до арбитражниот спортски суд со објаснување дека Олимписките игри не се планирани во календарот на ФИФА и поради тоа тие не се обврзани да ги ослободат своите играчи, алудирајќи пред се на аргентинската ѕвезда Лијонел Меси.

На прес конференција во Пекинг, Блатер изрази уверување дека проблемот ќе биде решен.

„Не се работи само за солидарност, се работи за почитување на олимпискиот дух и давање можност на младите играчи за едно големо искуство“, изјави првиот човек на ФИФА.

Рафаел Надал беше второто славно име кое пладнето го дочека во Пекинг. Шпанецот го заврши 159 недели долгиот поход кон Роже Федерер на врвот од АТП листата и на 18-ти август епитетот светски рекет број еден ќе биде синоним за неговото име.

Тајмингот за тоа не можеше да биде подобар бидејќи најголемиот успех во кариерата Надал има можност да го круниса и со олимписко злато.

По олимпиското искуство во Атина во конк*ренција на двојки, годинава Шпанецот ќе го забележи првиот индивидуален настап на Олимпијадите.

Турбулентниот период за Рафа нема да заврши во Пекинг ако се знае дека само два дена по олимпискиот тениски турнир стартува Ју-Ес Опен.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.