![]() |
|
Силата на Светците |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 34567 21> |
Автор | |||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Госпел - може да посочиш само во кој стих го има тоа Ѓоа... чисто за да споредам (не ми е при рака преводот од МПЦ) - благодарам.
Евангелос - Саул прво се обраќа до Бога, но тој не сака да ги послуша неговите молитви. Затоа се обраќа на овој начин - преку врачање. Нема показател дека пробал директно да се обрати до Саул, па не му успеало, така што и твојот коментар не држи вода. Јаков вели да се исповедаме еден на друг и да се молиме еден за друг. Но вели и дека делотворната молитва на праведникот има голема сила. Духот, кога е во рајот - прво е дух на праведник, второ е дух кој е во постојана молитва - во постојана врска со Бога. Не гледам зошто не би можел да му се обратиш и нему? Зошто не би можел да се обратиш на дух кој не е веќе во привременото престојувалиште свое, а во вечното? Сериозно... не гледам никаде пречка, ниту забрана за тоа. |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
![]() |
|||
gospel ![]() Сениор ![]() Регистриран: 01.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 405 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Точно така Евангелос.
![]() На крај краиштата, секој нека си биде убеден во своето, а крајот на нашиот живот ќе покаже кој колку верувал и во што верувал. |
|||
![]() |
|||
gospel ![]() Сениор ![]() Регистриран: 01.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 405 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Преводот на МПЦ го користи зборот ЃОА, а тоа значи ПОЃОМИТИ.
Преводот погоре што го копирав го најдов на интернет и не сум сигурен колку е добар. Тој ми беше единствен во електронска форма за да копирам и да не пишувам. |
|||
![]() |
|||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Конкретното поглавје покажува дека духот може да се повика со помош на врачање, но не и без врачање, затоа што доколку можело и без врачање, Саул немало да оди кај врачарка туку самиот ќе му се обрател на духот.
Од друга страна, верните во старозаветно време не иделе кај Бог (затоа што Христовата жртва за гревот сеуште не била дадена), туку оделе на ДРУГО МЕСТО кое на еврејски се нарекува ШЕОЛОТ или Подземјето во нашите преводи. Тоа значи дека во новозаветно време ни со врачање немаш гаранција дека можеш да повикаш дух од Небото.
Врачањето, повикувањето и обраќањето на духови на мртви НЕ СПАЃА во делот што Јаков го препорачува. Еве што вели Јаков...
"Боледува ли некој меѓу вас, нека ги повика старешините на црквата, и тие нека се помолат над него, и нека го помажат со масло во името на Господа, и молитвата на вера, ќе го спаси болниот и Господ ќе го крене, и ако направил гревови, ќе му бидат простени. И така, исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да оздравите! Делотворната молитва на праведникот има голема сила."
(Јаков 5:14-16) Од тука јасно може да се види дека станува збор за застапнички молитви меѓу живите верници во црквата. Во спротивно кажи ми како може починат верник да ти ги исповеда гревовите на тебе? Немој да ми кажеш дека некој починат верник ти се појавил на сон и ти се исповедал
![]() Зарем е можно погоре Јаков да советува да ги повикаме духовите на починатите верници да го помажаат со масло болниот и да се молат за него за да оздрави?
zidraski, ма дајјјјј
![]() |
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
![]() |
|||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Не знам каде го виде тоа Ѓоа... не знам каков превод користиш, но во неколку различни преводи и јазици не можам да најдам таков збор... Второ - во текстот пишува "Самоил го праша Саула..." и уште неколку пати текстот е даден од име на Самуил. Никаде не се вели дека е некој кој личи на Самуил или некој кој се преправа да биде Самуил... |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
![]() |
|||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Не, затоа што Саул, како што разбираме од коментарот на Самуил, не го послушал Бог кога требало, иако имал упатство како да постапи.
Сепак - духот и од оној свет е во состојба да не слушне. Како ќе постапи потоа - тоа е негов избор... верникот тука не се меша. Но верникот никогаш не се ослонува само на молитвата упатена од светецот, секогаш и самиот тој се помолува, како и ги замолува луѓето околу него, и пред се - свештениците (старешините за кои зборува Јаков) да се помолат за него. Затоа велам - не гледам ништо спорно во упатувањето молитва кон светец. Перверзијата во која се претвара од незнаењето на одредени свештеници и од врачањето на одредени грешници е сосема друга работа, тие две работи не треба да се мешаат. Проблемот е што вие зборувате за вториов вид "обраќање" кон светци, но тоа нема ништо со православието... |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
![]() |
|||
gospel ![]() Сениор ![]() Регистриран: 01.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 405 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Но таму пишува дека маѓесницата ЃОА, КОБАЈАГИго видела духот на Самоил. Тоа значи дека не видела ништо од Самоил, но неговото место го зазема некој друг, а кој тоа размисли ти? |
|||
![]() |
|||
gospel ![]() Сениор ![]() Регистриран: 01.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 405 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Но дали Бог му помогна на Саул и ја услиши неговата молитвата, и дали Самоил се молеше на Бог за да му помогне на Саул?
|
|||
![]() |
|||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Госпел - ако прочиташ надолу во истото поглавје, ќе видиш дека пишува дека Самоил се обраќа... сега... ако во Библијата пишува дека Самоил се обраќа (а не "некој што личеше на Самуил, но не беше тој, му рече"), тогаш како тоа да го разберам?! |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
![]() |
|||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Да, врачањето е забрането. Но, конкретното поглавје покажува дека духот и од оној свет е во состојба да се обрати и да не слушне. Да замолиш нечиј дух да се помоли за тебе, влегува во делот што Јаков го препорачува - да се молиме едни за други... Духот е вечен, не умира. Не е битно дали се наоѓа во привременото или во вечното живеалиште.
|
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
![]() |
|||
gospel ![]() Сениор ![]() Регистриран: 01.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 405 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Еве го целиот текст, читај по ред:
5 Кога Саул го здогледа филистејскиот логор, се исплаши и срцето му затрепери силно. 6 Саул го праша за совет Господа, но Господ не му даде одговор, ни во соништата, ни преку Уримот, ни преку пророците. 7 Затоа Саул им рече на своите слуги: „Побарајте ми жена која повикува духови, за да одам кај неа и да ја прашам.” А слугите му одговорија: „Еве, во Ен-Дор има жена која повикува духови.” 8 Тогаш Саул се преправи, облече други облеки и отиде со два човека. И дојде ноќе кај онаа жена и и рече: „Да ми вражаш со помош на дух и повикај ми го оној кого што ќе ти речам.” 9 А жената му одговори: „Па ти знаеш што направи Саул и како ги истреби од земјата повикувачите на духови и вражалците. Зошто му поставуваш стапица на мојот живот за да ме погубиш?” 10 А Саул и се заколна во Господа, говорејќи: „Така ми живиот Господ, не ќе бидеш ништо виновна за ова!” 11 Тогаш жената запраша: „Кого да ти го повикам?” А тој одговори: „Повикај ми го Самоила!” 12 Кога жената го здогледа Самоила, извика гласно, а тогаш му рече на Саула: „Зошто ме измами? Та ти си Саул!” 13 А царот и одговори: „Не бој се! Туку што гледаш?” А жената му одговори на Саула: „Гледам нешто божествено што се дига од земјата.” 14 Саул ја праша: „Какво му е обличјето?” А таа одговори: „Излегува старец, наметнат со плашт.” Тогаш Саул созна дека е тоа Самоил, па падна со лицето на земјата и се поклони. 15 Самоил го праша Саула: „Зошто го замати мојот мир повикувајќи ме горе?” А Саул одговори: „Во голема неволја сум, зашто Филистејците завојуваа против мене, а Бог се заврте од мене и не ми одговара веќе, ни преку пророците ни во соништата. Затоа те повикав тебе за да ме поучиш што да правам.” 16 А Самоил одговори: „Зошто ме прашуваш мене, кога Господ се одвратил од тебе и ти станал непријател? Бог се одврати од овој нечесен, не богобојазлив цар, и не сакаше да му одговори. Кога Бог не одговара, како ќе можи пророкот да одговори кога е мртов. Еве што тој вели: А Самоил одговори: „Зошто ме прашуваш мене, кога Господ се одвратил од тебе и ти станал непријател? Дали си сигурен дека тој што зборуваше беше пророкот Самоил? |
|||
![]() |
|||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
zidarski, ако душите на оној свет ги слушаат нашите молитви, тогаш зошто Саул самиот не му се обратил/помолил на Самоил туку морал да иде кај врачарка која со помош на врачање го повикала духот на Самоил?
Во примерот што го наведуваш не станува збор за молитва или за обраќање туку за ПОВИКУВАЊЕ НА ДУХ со помош на ВРАЧАЊЕ, нешто кои било забрането со СМРТНА КАЗНА од Бог!!!
Од каде знаеме јас и ти каков процес е врачањето и што се инволвира таа ѓаволска постапка? Сигурно има причина зошто Бог стрикно ја забранил оваа работа и толку страшно ја осудил.
|
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
![]() |
|||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Евангелос, го знам добро примерот... се надевав дека ќе го цитираш самиот стих...
![]() 15 Самоил го праша Саула: „Зошто го замати мојот мир повикувајќи ме горе?” Еве ти одговор на твоето прашање - духовите слушаат и на оној свет. Го пишува во Библијата. Ако слушаат повикување преку врачање (кое е лошо и забрането), зарем нема да слушнат искрено обраќање од човек кој се моли на Бога и ги замолува и нив да се помолат за него? Во секој случај - во Библијата има гаранција дека душите го слушаат нашето обраќање, а тоа беше твоето прашање... |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
![]() |
|||
gospel ![]() Сениор ![]() Регистриран: 01.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 405 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Еве што видела маѓепсницата:
„Жената одговори: гледам како ѓоа (божем)господ излегува од земјата. Каков е тој на изглед? - праша Саул. Таа одговори: Излегува од земјата престар маж облечен во долга облека.“ Во текстот жената не видела ништо. Ѓоа, кобајаги, божем видела нешто. Таа не го видела духот на Самоил, туку демонот кој се јавил со гласот на Самоил. Сето што се случува е демонска работа. Маѓепсница, вражање, гледање духови = Сатанизам. Поздрав |
|||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 34567 21> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |