|
ФИФА СП (Мундијал) |
Внеси реплика | страница <1 34567 38> |
Автор | |
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Аустралија - Холандија, уште еден натпревар со многу голови на задоволство на гледачите. Натпреварот заврши со 2:3 со што продолжува фантастичната серија на „лалињата“.
Голови: Robben 20' Cahill 21' Jedinak (p) 54' Robin van Persie 58' Depay 68' На натпреварот Шпанија - Чиле заврши учеството на актуелниот светски шампион на ова првенство. Сосема заслужена победа на чилеанците. не ми е јасно зошто се инситираше на Касиљас кога на клупата имаа голман од типот на Де Геа, дури и Пепе Реаина е во подобра форма. Имаше минимална промена во тимот од срамниот пораз со Холандија и така без ниту еден постигнат гол на ова СП шпанците си ги спакуваа куферите. Резултатот беше 0:2. Голови: Vargas 20' Aranguiz 43' Третиот натпревар од вчера беше помеѓу Камерун и Хрватска. Се очекуваше Хрватите да се изборат за победа по неправдата која им беше нанесена на натпреварот со Бразил но тие ја „декласираа“ екипата на Камерун (што би рекол Златко Калински ) со резултат 0:4.Се почувствува враќањето на Марио Манџукиќ кој постигна два гола. Се си мислам дека играше тој на натпеварот против Бразил и судиите немаше да можам да ги спасат ... Голови: Olic 11' Perisic 48' Mandzukic 61' Mandzukic 73'
|
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Белгија- Алжир завршија со резултат 2:1. И во Брисел се славело како да победиле на Мундијалот . Белгија како фаворит на овој натпревар се освести дури на крајот на второто полувреме и во 10 минути ја поправи грешката и си обезбеди победа.
Голови: Feghouli (p) 24' Fellaini 70' Mertens 80' Натпреварот на денот Бразил - Мексико заврши без голови и резултат 0:0. Според некои ова би бил искалкулиран резултат кој на двата тима им носи по еден бод. Според мене бразилците се далеку од фаворизираната екаипа за која предвидуваа дека ќе ја понесе титулата оваа година. Беа надигарни од Мексико а и не можеа да најдат лек за фантстичниот голман Ochoa. Последниот напревар беше помеѓу Русија и Јужна Кореја. Уште еден нерешен резултат (кој го руши просекот на досегашното првенство) и резултат 1:1 Голови: Ho Lee 68' Kerzhakov 74'
|
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
добро што Аргентинците не знаат српски....
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Швајцарците славеа и свиреа со вувузели по улици, па си помислив да не завршиле натпреварите, а тие победиле на Мундијалот. |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вчера долгоочекуваниот напревар Германија - Португалија заврши со апсолутна доминација на германскиот тим. Со резултат 4:0 репрезантацијата на CR7 беше декласирана. Mueller го започна ова првенство со хет-трик . И на овој натпревар имаше еден пенал од типот на оној во натпреварот Бразил - Хрватска и ми се чини дека судиите продолжуваат со лошото судење на ова СП.
Голови: Mueller (p) 12' Hummels 32' Mueller 45' Mueller 78' Првиот и едниствениот натпревар (досега) кој заврши со нерешен резултат и без голови е натпреварот Иран - Нигерија. Резултат 0:0 . Гана - САД завршија со резултат 1:2 . Иако лично јас очекував повеќе од репрезентацијата на Гана (како еден од најдобрите африкански репрезентации) американците го постигнаа најбрзиот гол во досегашните натпревари и тоа на првата акција и во првата минута. Голови: Dempsey 1' Ayew 82' Brooks 86'
|
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
По муабетиве низ маало што ги слушам,берикетно им е на кладилнициве...
Нема да ме чуди да лобираат и на две години да се одржува. А на вработените се мислеле не тринаеста но и четиринаеста плата да им дадат. Изменето од Орка - 16.Јуни.2014 во 20:47 |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еден од не толку возбудливи денови освен онаа Late Night Show синоќа ...
Швајцарија - Еквадор завршија со 2:1 . Го гледав натпреварот но не со голема заинтересираност (веројатно поради недостаток на големи имиња ) Голови: Valencia 22' Mehmedi 48' Seferovic 90' Франција играше со Хондурас и натпреварот заврши со 3:0. Еден од погрубите натпревари на ова првенство кој заврши со 5-6 жолти картони и еден црвен. Голови: Benzema (p) 45' Valladares (o.g) 48' Benzema 72' И на крај она што го чекав цел ден Аргентина - Босна и Херцеговина. Овој натпревар го следев во дресот на Босна. По несреќниот автогол во третата минута од натпреварот мислев дека босанците ќе се распаднат под притисокот (како да не им беше доволно што играат против големата Аргентина која го има Меси во своите редови) . На мое изненадување момците се покажаа како вистински лавови. Натпреварот беше рамноправен во секој поглед, им успеа да го држат Меси под контрола долго, Агуеро дури и не се ни слушна. Сепак натпреварот заврши со 2:1 но за мене победници се босанците (технички тие постигнаа 2 гола а аргентинците 1 ) Со вакво играње им предвидувам убава иднина,само нека продолжат така ... Голови: Kolasinac (o.g) 3' Messi 65' Ibisevic 84'
|
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На ова СП продолжуваат изненадувањата. Но сепак гледаме убав фудбал, ако се земе во обзир дека пред 4 години просекот на постигнати голови во првите 7 натпревари беше под 10 сега имаме 20 + .... (затоа и не ми оди со типовите )
Колумбија - Грција завршија со 3:0 (на мое задоволство). Се очекуваше поголем отпор на грците и тешко пробивање на нивната одбрана но сепак се докажа спротивното. Голови: Armero 5' Gutierrez 58' Rodgriguez 90' Ново изненадување донесе натпреварот Уругвај - Коста Рика. Фаворитот (мој) и потенцијалниот победник според многу статистики, со славни имиња во својата репрезентација изгуби со резултат 1:3. Голови: Cavani (p) 24' Campbell 54' Duarte 57' Urena 84' Дербито на денот Англија - Италија на прв поглед не ветуваше многу возбудувања па најмногу се типуваше на нерешен резултат без многу голови и игра сконцентрирана на средината на теренот. Пак се докажа спротивното, гледваме квалитетен фудбал кој заврши со резултат 1:2. Она што беше интересно е што целиот натпревар се одигра крајно фер и еднствениот жолт картон беше доделен во 90’ , што е чудно ако се земе во обзир кои играчи беа на теренот (дури и Марио Балотели остана без жолт ) Голови: Marchisio 35' Sturridge 37' Balotelli 50' И последниот натпревар (не толку атрактивен) Брегот на Слоновата Коска - Јапонија, кој јас лично не го гледав завршил со резултат 2:1. Иако јапонците први биле во водство за само две минути примиле два гола и го изгубиле натпреварот ... Голови: Honda 16' Bony 64' Gervinho 66'
|
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Колку натревари на светското во Бразил ќе бидат наместениЈас знам дека се наместени, затоа не гледам |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шок и ужас за Шпанците синоќа . Но сепак си мислам дека ќе продолжат напред .
|
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Имаше еден коментар за гол технологијата која требало да биде заменета со некоја за контрола на судиите ...
Дефинитивно продолжува лоштото судење на ова светско првенство, доказ за тоа е натпреварот Мексико - Камерун, натпреварот заврши со 1:0 откако три гола беа поништени (два на мескиканците, еден на Камерун). Од двата гола поништени на Мексико едниот беше 100% регуларен а и другиот беше спорен. Но некако им успеа да го завршат натпреварот со победа со голот на Peralta во 61’ ... Едно од (убавите) изненадувања и совршен натпревар беше натпреварот Шпанија - Холандија. По шпекулациите дека владее несогласување во репрезентацијата на Холандија кое може да доведе до лоши резулати тие вчера го докажаа спротивното. Ја срамнија со земја големата Шпанија и актуелен светски првак со резултат 1:5. Играа совршено иако Шпанија беше таа која преку пенал дојде до водство. Се радував како мало дете ( иако го утнав типот ) ... Сакам многу повеќе вакви натпревари до крајот на првенството .... Голови: Alonso (p) 27' Robin Van Persie 44' Robben 53' Robin van Persie 72' Robben 80' (Требаше и Sneijder да даде барем еден ) Третиот напревар беше помеѓу Чиле и Австралија. Чиле влезе како апсолутен фаворит и се докажа дека е така. Натпреварот заврши со убав резултат од 3:1 од кои првите два гола за Чиле беа постигнати во рок од 2 минути ... Голови: Sanchez 12' Valdivia 14' Cahill 35' Beausejour 90' Денеска ќе ги чекам азурите и босанците ... Изменето од Blue Scarlet - 14.Јуни.2014 во 13:55 |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Церемонијата по отварањето - пари фрлени на ветра . Единствено чинеше како тресат газиња Џеј Ло и онаа другата дада .
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Може у некои други времиња сум раснел...Но се сеќавам
како го следев мундијалот,и после секоја утакмица како трчавме на игралиште па си видел некоја финта се лупаш од земја да ја направиш.Паѓаа тука прекари некои и ден денес си ги носат... Ама ова денес просто ми е напорно да го следам. Муабетиве се вртат околу тоа кој сега гол требало да даде, играчиве прекар си добиваат ако ливчето недобитно излезе. А после утакмица сега сите трчаат во кладилница. |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ај да офтопицирам со шефката малку. Мене ми е оваа хит Синоќа се мрднаа на песнава мажите што беа со нас, не бев ни јас покуса ама псст |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Внеси реплика | страница <1 34567 38> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |