IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Кошарка и ракомет
  Активни теми Активни теми RSS - РАКОМЕТ - новости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

РАКОМЕТ - новости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 18>
Автор
Порака Обратен редослед
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2010 во 22:11


Zenskata rakometna reprezentacija gi mina kvalifikaciite koi se orzaa vikendov vo Drama, Egejska Makedonija.

Posle pobedite nad grcija i Azerbejdzan, denes nasite reprezentativki ja pobedija i reprezentacijata na Svajcarija so 37:26 i go osvoija prvoto mesto na turnirot, edistvenoto koe vodi vo barazot.

Najdobar strelec denes bese Bajramoska, so 8 gola, a vo reprezentacijata na Svajcarija... Mustafovska, so 6 gola... Jaka nekoja Svajcarica...
Incredible Blue
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2010 во 17:35

Пет ракометни екипи од Македонија со настап во евро-куповите

 

Пет македонските екипи утре и задутре ќе настапат во рамките на третото коло од европските ракометни куповите.

Во купот на ЕХФ Македонија има два претставника. Металург е домаќин на француската екипа Иври во скопската сала „Автокоманда“, додека во Битола Пелистер ќе го пречека шпанскиот тим Адемар Леон. Противниците на македонските претставници во овој куп се најзвучните имиња што можеа да ги добијат.

Во СРЦ „Кале“ во Скопје, Вардар Про во Купот на куповите е домаќин на екипата на Брехем од Луксембург, додека единствениот македонски тим кој ќе гостува овој викенд е ВВ Тиквеш, и тоа во Полска кај Азоти Пулави. Овој натпревар се игра во рамките на Челинџ купот.

Сите четири натпревари се играат во ист термин, утре од 18 часот.

Единствениот македонски женски тим во оваа фаза на натпревари Металург Скопје, в недела во салата „Автокоманда“ го игра реванш дуелот со шведскиот тим Сковде. Македонскиот шаммпион има висока предност по првиот дуел бидејќи забележа победа на првиот натпревар од седум голови (27:20). Почетокот на натпреварот Металург Скопје – Сковде е во 18 часот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2010 во 06:31

Ристовски го избрка Савевски од Вардар?

Ракометниот вицепрвак Вардар вчера неочекувано остана без тренер, откако Љубомир Савевски поднесе оставка, негова втора за период од само три недели. Откако пред 20-ина дена, на самиот старт на квалификацискиот циклус за ЕП 2012, го напушти кормилото на машката репрезентација под притисок на бојкотот на неколкумина играчи на Металург, се шпекулира дека сега од слични причини си замина и од клупата на "црвено-црните". Овој пат, станува збор за наводен конфликт со капитенот Борко Ристовски.
Иако првиот голман на репрезентацијата не сакаше ништо да коментира, јавна тајна беше дека неговите односи со Савевски беа на стаклени нозе уште од доаѓањето на Ристовски во клубот ова лето. Двајцата, наводно, за првпат се судриле уште во подготвителниот период, на турнирот во Добој, и тогаш тргнаа шпекулациите дека Савевски нема да издржи долго на оваа функција.
- Да, Савевски поднесе оставка и Вардар моментално нема тренер. Ќе размислам што понатаму - рече претседателот на "црвено-црните" Михајло Михајловски.
Савевски ја презеде екипата од Веселин Вујовиќ на полусезоната од минатото првенство, па, и покрај една победа над Металург, Вардар тогаш ги испушти и двата трофеја. Од клубот си заминува по уште еден пораз во борбата на два авторитети, откако истата судбина претходно ја доживеа и во Кометал ЃП (Радуловиќ) и машкиот национален тим (Мојсоски, Алушевски, Ангелов...).

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2010 во 05:27

Кумановци го сменија Георгиевски

По поразот на домашен терен од Пелистер, управата на РК Куманово го смени тренерот Новко Георгиевски. На негово место од вчера е назначен Горан Миладиновски, поранешен играч на кумановци. Тој треба да дебитира на клупата на мечот со Металург викендов.

Причината за смената на Георгиевски се слабите резултати на екипата. Георгиевски останува во Куманово, но ќе ги води младинците. Куманово во лигата влезе откако МРК Вардар им го отстапи местото и добија и неколку ракометари како засилување. По осум кола во Супер ВИП лигата, кумановци се на петтото место со девет бода, три повеќе од Тинекс Пролет и Борец.
Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2010 во 00:57
cestito bravost za rakometarite respekt
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2010 во 00:45
Реми рамно на победа за македонските ракометари


Проклетството е скршено, Македонија остана непоразена во Сараево, но не победи, 28:28 против репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

Иако пропуштивме напад за победа, констатираме дека ремито е позитивен резултат и дека Македонија со зголемени шанси ќе го чека продолжението на квалификациите на пролет.

Реми рамно на победа во еден драматичен двобој што не приближува на чекор до пласман на европскиот шампионат по цели 14 години.

Тежок натпревар во кој нашите ракометари покажаа карактер и ментална цврстина и најдоа сили да се мотивираат за позитивен резултат и за голема радост овде во Сараево.

Можеше да биде и победничко ако Алушевски во последните секунди нашиот најдобар стрелец го постигнеше деветтиот гол но и вака имаме голема шанса, со што во јуни идната година Босанците ни доаѓаат на реванш во Скопје.

Изедначен прв дел со наше водство на стартот и потоа извонредниот Шариќ и Доборац обезбедуваат два гола позитива. Се исплашивме во моментите кога домаќините додадоа два се зголемија на четири гола разлика во 34-тата минута а на семафорот стоеше 17:13.

И потоа стрпливо со максимална борбеност и поцврста одбрана најпрво ја издржавме резултатската нишалка минус два, минус еден и во драматична завршница предводени од Ристовски кој имаше 12 одбрани, и головите на Наумче Мојсовски и реализациите на Алушевски ја решивме драматичната завршница со реми кое во оваа ситуација има триумфален сјај, ако се знае дека Унгарците се најблиску до првата позиција во групата.

Босанците играа повторно само 40 минути, максимално смирено и со голема упорност го искористивме нивниот психолошки товар и грешките, и со константно зголемување на темпото го добивме посакуваниот резултат.

Првиот играч на мечот Алушовски со осум гола имаше одлична поддршка од Наумче Мојсовски кој постигна шест, четири исклучително значајни во вториот дел и Кире Лазаров кој со пет гола и неколку асистенции во моментите кога беше добро чуван ја разби одбранбената зона наместена за неговата левица.

Ќе се радуваме до март кога ни гостува Унгарија, и со позитивни вибрации ќе се обидеме да го расчистиме патот кон Еврошампионатот во Србија 2012-та.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2010 во 19:37

Савевски поднесе оставка

 
image

Љубомир Савевски поднесе оставка од селекторската функција на македонската ракометна репрезентација. Савевски вели дека ваквиот потег го повлекува во интерес на репрезентацијата и обвини неколку медиуми за непринципиелна кампања за негово заминување. На последниот тренинг не се појавија 6 ракометари на Металург. Ракометарите кои ја одбија поканата на Савевски рекоа дека ги навредувал на последниот натпревар во Автокоманда, каде тој ја предводеше екипата на Вардар Про.

„Оставката ја дадов во интерес на репрезентацијата. Против мене се води организирана кампања. Во медиумите се појавија измислици дека јас сум ги избркал играчите од првиот тренинг на репрезентацијата. Ги отфрлам овие неточни обвинувања, но заради смирување на тензиите кои настанаа во репрезентацијата пред квалификациите за ЕП 2012 одлучив дека е најдобро да се повлечам од селекторското место“.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2010 во 10:43

Металург-Вардар дерби во ракометниот шампионат

 
Извор: Макфакс

Попладнево во салата во Автокоманда ќе се одигра дерби натпреварот помеѓу Металург и Вардар Про, единствените кандидати за шампионската титула во домашното ракометно првенство.

Во првиот од предвидените четири дуели во ракометната Суперлига, двете екипи влегуваат со иста цел, победа која ќе ги приближи до шампионската титула.

Освојувачот на двојната круна од минатата сезона, Металург, во натпреварот влегува по победата над Мешков и пласманот во третото коло во Купот на ЕХФ. Од друга страна Вардар сезонава ќе се обиде да ја прекине доминацијата на противникот и да ја врати изгубената титула.

Тренерите на двата тима, Лино Червар и Љубомир Савевски очекуваат тежок и неизвесен натпревар. Во дербито, Металург и Вардар влегуваат со максимален ефект од пет победи во исто толку натпревари.

Дуелот во салата во „Автокоманда“, Металург-Вардар Про започнува во 17:15 часот

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2010 во 13:47
Лазаров со осум гола

Екипата на Сиудад Реал дојде до нова победа во Асобал лигата откако на мечот со Каи Арагон заврши со резултат од 36:25.

Кире Лазаров беше дел од тимот кој е лидер во шпанскиот шампионат, а како што веќе сме навикнати, беше најефикасен на теренот. Тој постигна осум гола, а успешно реализираше и два удари од линијата од седум метри.

Со оваа победа Сиудад Реал продолжи со добрите игри и со освојувањето бодови во Асобал, а оваа победа е добра најава за она што ќе следува викендов во Лигата на шампионите. Сиудад Реал в недела игра на домашен терен против првакот на Романија, Констанца. Тоа воедно ќе биде и македонски двобој бидејќи Бранко Ангеловски ќе му гостува на Лазаров во меч во кој Сиудад Реал е апсолутен фаворит за освојување на бодовите.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2010 во 18:01

Србија домаќин на Светското првенство за ракометарки 2013

 

Србија во декември 2013 година ќе биде домаќин на Светското првенство за ракометарки, одлучено  е денеска на состанок во  Меѓународната ракометна федерација (ИХФ), пренесува Бета.

Втор кандидат за домаќин беше Јужна Кореја.

ИХФ одлучила Светското првенство за ракометари 2013 година да го организира Шпанија, во конк*ренција со Данска и Норвешка.

Србија во 2012 година ќе го организира и Европското првенство за ракометарки

Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2010 во 19:12
E ako de, topkata e okrugla i ne i e gajle dali vlaga u kos ili u gol...
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2010 во 22:30
RK Metalurg vikendov vo Porto go igra kvalifikaciskiot turnir za vlez vo ligata na shampionite.

Petok - so Dinamo Minsk
Sabota - so Porto Vitalis
Nedela - so ZTR Zaporozje...
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2010 во 14:16
Се создава најсилна регионална суперлига
 
 


Регионална суперлига во ракомет е на повидок. Во неа би играле најсилните клубови од Македонија, Хрватска, Словенија, Србија, БиХ, Црна Гора, па дури и од Австрија, Унгарија и Швајцарија.

„Потпишан е акт за основање на лигата, а деталите дополнително ќе се знаат. За проектот преговараат заинтересираните страни и сите се согласија дека тоа ни е од заеднички интерес. Не е дефинирано уште која земја колку претставници ќе даде, веројатно по два, а Австрија и Црна Гора по еден. Од БиХ на почетокот би имало три, и тоа заради развој на ракометот во сите три национални ентитети. После се` ќе се регулира со квалитетот на националните претставници“, изјави алфа и омегата на хрватскиот ракомет Зоран Гобац за Јутарњи.

Проектот има поддршка од сите страни, а ќе се основа и нова организација СЕХА (South Europe Handball Association) со претставници од сите земји учеснички. Натпреварувањето би почнало во сезоната 2011/12.

„Имаме поддршка од ЕХФ и ИХФ и се планира клубовите кои ќе играат во лигата да изборуваат пласман за дополнителни места во Лигата на шампионите и другите европски купови. Тоа ќе биде дополнителен поттик за ракометот во цел регион. Нашите млади играчи ќе имаат многу повеќе добри натпревари, а ќе профитираат и репрезентациите“, заклучи Гобац.

И македонскиот ракомет ќе има огромна корист од вакво натпреварување, особено бидејќи веќе подолго време само Вардар и Металург се борат за титулата и освен дерби мечевите немаат други силни натпревари.

Најверојатно токму овие два клуба би биле дел од регионалната супер лига, која би имала најмногу 16 клубови, а главен спонзор би бил Ерсте груп, чие име ќе биде во назив на лигата.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2010 во 11:40
конечнооо...дури и не ми се верува на резултатов

ај и во недела да изиграат една ваква...

Изменето од sanja-a - 28.Мај.2010 во 11:41
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.