|
ЗОШТО СМЕ СЛАБИ ? |
Внеси реплика | страница <1 3456> |
Автор | |
muhadzir
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 14.Март.2008 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 740 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
ISLAM VJERA ISTINE
|
|
mudzahid
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 15.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 818 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Причини за слабоста на муслиманите и нивните искушениа |
|
И НЕ СЛЕДИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.
И ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ГОВОР ЛАЖЕН. |
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mudzahid - не се разбравме, температурата ја спомнав како причина за неразвивање на индустријата во средниот век, не денес. Токму тоа го велам, дека денес нема надворешни причини за да не се постигне напредок. И кога зборувам за температурата и климатските услови - имав во предвид главнината на муслимански земји - Северна Африка, Блиски Исток, Арапскиот Полуостров, па дури и Иран, Афганистан, Пакистан, кои заради својата географија, во средниот век имале доста големи тешкотии за развој на тешка индустрија, за разлика од Европа. Тоа оставило длабоки траги и создало мислење дека индустријата е нетрадиционално нешто за исламскиот свет...
Не мислам дека само единството на муслиманите е доволен лек за тој проблем. Мислам дека треба да се отстранат сите надворешни и внатрешни фактори прво, со што ќе се создадат услови за еднаквост. Како што кажа некој погоре (мислам Аиша), како може да зборувате за единство, кога оној во Сомалија, нема леб да јаде, а оној во Дубаи гради острови во морето, оти се чуди што да прави со парите... |
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Договорено!
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Omer El Faruk
Сениор Регистриран: 31.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 997 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Види,да му кажеш на тој што,што ти дал таква препорака ,тој нека си биде доктор.Мене супер мие да си бидам медицински брат,помалку замарање,и пораат душата. |
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Абе ако, ама зошто да останеш на ниво на медицински брат кога можеш да бидеш доктор?
П.С. Ова ти е препорака од еден твој брат со кого разговарав вчера во врска со темата. Освен тоа, ти си позасегнат со ова прашање како муслиман, но јас секако би дала придонес. |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Omer El Faruk
Сениор Регистриран: 31.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 997 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А види Омер за истата забелешка која ја доби од Зидарски што одговори:Абе Зидарски,јас ти сум човек од акција .Не се замарам многу со анализи од минатото,темата убаво е поставена,убаво братот посочи некои причини за декаденцата на муслиманите,мариа-магдалена изрази желба да даде придонес во изнаоѓањето решение (лек) на проблемот,а јас пак како и секогаш :ПРВ ТИТО ЈАВА ПРЕД СВОЈАТА КОЛОНА,КРАЈ ТЕСНО ПАТЧЕ ПЛАНИНСКО.... Ама сеа кога ќе подразмислам,во право си,треба првин добро да се проанализира состојбата,па после следува решението.Затоа вие сега убаво анализирајте си,а јас ќе ве следам. |
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас мислам дека ова е сериозна тема во која на многу објективен начин изнесовте еден проблем.
Но за да се реши еден така комплексен проблем, мислам дека треба да се направи подлабока анализа на корените на проблемот, да се откријат причините..Не би се согласила со Омер кој веднаш оди на терапија. За да лекарот даде добра терапија, мора да постави добра дијагноза, инаку може да даде попгрешна терапија. Значи, би направила потемелна анализа и дијагноза, (односно би го продлабочила започнатото од погоре) а потоа би изготвила план за решавање. Иако, имплементацијата на тој план во праксата би се одвивал многу тешко со оглед и на многуте надворешни фактори кои имаат директно влијание во проблемот. Но важно е од нешто да се започне. Од внатре, од себе... |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
mudzahid
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 15.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 818 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Благодарам Зидарски за исцрпниот пост, убаво резоме, иако во некои делови кои ги имаш истакнато тука не се согласуваме, особено во оној дел каде нагласуваш дека температурата е главна пречка за неразвивањето во индустријата на Исламскиот свет, бидејќи како што знаеме Исламскиот свет е голем па не треба да го замислуваме како Саудиска арабија, напротив тука спаѓаат и доста држави со добра клима. Освен тоа денес светот има измислено доста системи за разладување кои можат да ги подобрат условите за работа во земјите со високи температури. Еве јас лично поради приридата на мојата работа неколкупати сум ги посетил Обединетите Арапски Емирати-поточно Дубаи- каде има многу високи температури кои во летниот период го надминуваат 50 ц.степен, таму може да се забележат многу архитектонски чуда, градени на тие температури, облакодери, хотели со стотици спрата, градилишта со илјадници вработени, па кога за нив не е проблем температурата, не е проблем ни за развивање на индустрија. Таму согледав трговија која е на ниво, може да се најде се и сешто, со еден збор целиот свет е присутен на пазарот, но за жал освен некои ирански производи, и овошниот сок кој се прави во ОАЕ, не видов некоја позастапеност за тој пазар на производи кои ги нудат Исламските земји.
|
|
И НЕ СЛЕДИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.
И ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ГОВОР ЛАЖЕН. |
|
Aisha
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Локација: Palestine Статус: Офлајн Поени: 1119 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ova e sekojdnevnata dilema na sekoj musliman....
kako da napreduvame koga nasiot ummet "krvavri" od site strani.... Kako na gladniot somalilec da mu zboruvas za pridobivkite i ubavinite na islamot, koga vo istiot moment negoviot brat vo islam dava 10 milioni dolari za reigsterska tablica.... kako na pregladentiot sudanec da bide svesen za islamot, koga negoviot najblizok prekumorski sosed, se davi vo zlato i pari..... Eh........ "Ovoj umeet (zaednica) e kako edno telo, ako eden organ oboli site ja cuvstuvaat bolkata" (hadis). Sto da se kaze, koga momentalnata sostojba govori premnogu za sebe. Marija M. prekrasno go dolovi problemot, ko sebe si da se citam..... Eh eden ummet, eden Pratenik, eden Bog......a nie sme tolku razdeleni, razedineti....ne mozeme da se slozime za edna obicna rabota, a kamoli da se sedne na masa i da se bara pricinata "ZOSTO SME SLABI." "Ako ovcata se odeli od stadoto, volkot ke ja izede." (hadis). Muslimanite se tolku daleku od svoeto stado, duri i moze da se zakluci deka najcesto stadata se mnogu osameni......Narodi, narodnosti, nacii, = Nova vera vo srcata na muslimanite NACIONALIZAM....... "Bevme najlos narod pa Allah ne vozdigna. Se dodeka barame slava von islamot Allah ke ne ponizi." (omer ibn Hatab) rezime: Samo vo edinstvenosta vo nasite redovi, ke ja vratime slavata. Da gi stisneme i zbieme cvrsto saffovite (redovite), i ke sfatime kolku sme jaki.... |
|
PROUD TO BE A MUSLIM!!!!
|
|
Omer El Faruk
Сениор Регистриран: 31.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 997 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Абе Зидарски,јас ти сум човек од акција .Не се замарам многу со анализи од минатото,темата убаво е поставена,убаво братот посочи некои причини за декаденцата на муслиманите,мариа-магдалена изрази желба да даде придонес во изнаоѓањето решение (лек) на проблемот,а јас пак како и секогаш :ПРВ ТИТО ЈАВА ПРЕД СВОЈАТА КОЛОНА,КРАЈ ТЕСНО ПАТЧЕ ПЛАНИНСКО....
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mudzahid, како што ветив, еве подетален осврт околу економскиот развој...
Иако Омер премина кон решението на состојбата (интересен предлог), сепак, сметам дека е битно да се разгледаат причините, за да може да се има целосна слика, а и да се избегнат старите грешки. Исламот се проширува со освојувањата на Арапите. Тоа се случува во период во кој Римската Империја е растурена, новите империи - Византија и Франкската, сеуште не се доволно етаблирани. Во тоа време, целиот свет се "врти" околу средоземноморскиот базен. Односно - сите развиени во тоа време цивилизации и општества имаат релативно исти климатски услови, релативно исти комуникациски можности. По освојувањата, извесно време, има силна доминација на Исламот, во секој поглед, затоа што одеднаш доминираат со најбитната трговска траса во тоа време - Блискиот Исток и Северна Африка. Некаде во 11-тиот век, започнува голема промена... Европа е веќе поделена на држави и почнува да воспоставува некаков ред и правила на однесување меѓу нив, што доведува до зголемена економска комуникација, односно, развој на трговијата. Во географските и климатски услови на Европа, земниот транспорт е многу тежок, и затоа, Европјаните се принудени да бараат нов начин на транспорт на стоки и луѓе. Нешто на што Европа (особено Франција, Италија и Германија) е богата - е водни ресурси. Започнува транспорт преку вода (ова особено се развива во 13-тиот век). Зборувам за континентален транспорт, не прекуморски. Тоа, значително ја олеснува трговијата, транспортот е ефтин, доста побрз од земниот, доста посигурен. За разлика од нив - Исламскиот свет, е доста беден на вода и таквиот вид на транспорт е речиси невозможен. Набргу потоа, започнува индустријализацијата на Европа. Повторно, заради предноста на транспортот, индустриските објекти се градат блиску до водните ресурси. Исламскиот свет, од истата причина, а и од причина што климатските услови не дозволуваат развој на индустрија (на температури од над 40степени, нема како да се развива тешка индустрија), повторно заостанува во тој развој. Но, сеуште, ја има главната предност - трговскиот пат до Кина и Индија минува низ исламски територии и е ексклузивно право на муслимански каравани. Зачините, кои во тоа време вредат повеќе од златото, се најмоќното економско оружје на исламскиот свет. Но... се случува голем пресврт. Европските земји, збогатени од индустрискиот развој, во 15-тиот век започнуваат да развиваат нови патишта кон Индија и Кина. Уште една причина за ова е тоа што политичката сцена во муслиманскиот свет се менува, и наместо арапските владетели, на сцена настапува нова империја, која сеуште е во воинствено расположение и заради тоа не е баш пожелен трговски партнер - османлиската империја. Со откривањето на морски пат кон Индија и Кина, најмоќното економско оружје на исламот е одземено... Што се случува во наредните неколку века? Прво - Европа продолжува со индустријализација, а исламскиот свет, пред се заради климатските услови не е во можност да го прави тоа. Европа почнува сама да произведува многу од зачините кои ги увезува од Истокот, соодветно, се намалува зависноста од него, и најбитно од се - Европа го открива новиот свет - Америка, огромно неистражено и неискористено поле со невидени ресурси! Исламскиот свет, повторно, нема никаква полза од тоа откритие. Во 18-тиот век, започнува користење на посовремена технологија, поусовршена, која сеуште зависи од водите, и го унапредува уште повеќе западното општество. Но - најголемиот економски удар настанува во 19-тиот век со измислувањето на парните турбини и користењето на јагленот! Ова е суровина со која Европа е пребогата, а исламскиот свет или ја нема или не е во можност да ја ископа, повторно, заради климатските услови. Со тоа откритие, со таа суровина, разликата која постепено се зголемува низ последните 7-8 века, одеднаш станува непремостлива. Но... што се случува во исламскиот свет? Се создава реакционерство кон западот. Од кои причини - наместо како порано - стоките да доаѓаат од исток кон запад, одеднаш започнуваат да доаѓаат од запад кон исток. Балканот почнува да се развива во крајот на 19-тиот век и започнува влез на западен капитал, кој неминовно води до влез на западни идеи. Реакционерството се јавува заради тие идеи, но за жал, се манифестира врз капиталот и предностите што доаѓаат од технолошкиот напредок. Одеднаш се што е напредно, развиено, техника, технологија, се смета за непријател на исламот, затоа што се поистоветува со западните идеи кои се во спротивност со исламските традиции. Тоа, за жал е погубно за исламскиот свет и и ден денес се гледаат последиците од таа реакција. Во 20-тиот век, по загубата на османската империја, нема веќе таква исламска сила која да значи нешто во светски рамки. Тоа раѓа еден задоцнет романтизам во исламскиот свет, особено во втората половина на 20тиот век, и сон за формирање на старата исламска држава. Тоа што не се разбира, односно погрешно се пристапува, е тоа што се очекува дека треба да се создаде идеална исламска држава, за да може да се има идеално исламско општество. Всушност, токму обратното!!! Треба да се создаде идеално исламско општество, кое само по себе, ќе ја создаде идеалната исламска држава! Што би значело идеално исламско општество? Освен, верските елементи, за кои нема потреба да зборувам, тоа содржи многу битни светски елементи. Тоа го вклучува - образованието, образование на жената и нејзино активно вклучување во социјалните процеси во општеството. Развој на комуникациските системи и услови за комуникација. Унапредување на технологиите на производство. Унапредување на начинот на живеење и подобрување на основните услови во кои се функционира. Активна комуникација со останатиот свет, а не изолациона политика, итн, итн, итн... Во такви услови, тоа општество ќе се движи напред, ќе се развие економски, политички, социјално. И како такво, се разбира, со влијание на верата и традиционалните вредности, ќе може да се зборува за идеално општество, кое само по себе ќе роди идеална држава (односно, колку што се може поидеална, се разбира, чист идеал не постои). Тоа е моето мислење по ова прашање... |
|
mudzahid
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 15.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 818 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Задоволен сум од она што досега го признесоа сите форумџии, иако сметам дека темата е доста опширна и има уште многу да се коментира, па очекувам произнесување и на другите кои можат да дадат еден поопширен поглед, кон оваа тема, а секако и на оние кои веќе се произнесоа.
Благодарам Омере, Мухаџире кои ги изнесовте своите ставови. Месенџер штом се вратиш на форумот чекам твој став. |
|
И НЕ СЛЕДИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.
И ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ГОВОР ЛАЖЕН. |
|
muhadzir
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 14.Март.2008 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 740 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Zablagodarnost mu pripadza na Allah dz.s. Gospodarot na site svetovi. Golem respekt do bratot mudzahid za temata sto ja otvori, Allah da te nagradi brate, od esencijalno znacenje e samoto prasanje za sekoj musliman "Zosto sme slabi"?!
Jas licno smetam za da dojdeme do odgovorot na toa prasanje prvo treba da se zaprasame "Zosto bevme jaki"?! t.e. Koi bile pricinite sprema koi muslimanite napredovale, gospodarele, sozdavale, gradele, postignale visok stepen na slava i napredok? Da se uverime dali tie pricini se uste postojat kaj muslimanite, a nie sepak uste nazaduvame?? Za zal pricinite za napredok i slava na muslimanite deneska gi nema, isceznale, ako nesto ostanalo toa se kako tragi od tetovaza na edna raka. Bez somnenie glavnata pricina za napredovanje na muslimanite e nivnata uzvisena verba vo Allah dz.s. Nasite predhodni generaciii cvrsto se drzele za Allahovata vera, praktikovale i ziveele spored Allahovoto upatstvo. A denes za zal od Islam kaj muslimanite ostanna samo tragi, k*ran se uci a bez da se vladee spored negovoto upatstvo. Se zaprasuvam kade e ugledot koj sto se spomnuva vo k*ranskiot ajet: "Ugled pripada samo Allahu, Njegovom Poslanikom i Muslimanima".! Pa zarem zabegavme vo krajnost pa ce tvrdime deka Allahovite zborovi se promenile, pa nie denes poradi toa sme slabi i ponizavani, neobrazovani i zaostanati ?? Ne Vallahi, problemot e samo vo muslimanite, koi se odtrgnaa od vistinskiot pat, a za toa Allah ne poucil vo k*ran: "Zaista, Allah nece promijeniti stanje jednog naroda, sve dok taj narod ne izmijeni sebe( i svoj odnos prema Allahu)".(Er-Ra`d,11) Bidejki muslimanite se promenija i Allah dz.s ja promeni nivnata sostojba, ugledot i goleminata ja zameni so ponizenje i mizerija.. Allah e Najpraveden, On e samiot pravda. Kako moze da se zamisli da go pomogne na eden narod bez nikakov trud, i da go obdari so blagodeti koi sto gi obdaril nivnite predci, koga samiot narod go napusti emanetot sto go prevzede. Kako moze da se zamisli ugled bez pricina,, zetva bez oranje i seenje,, uspeh bez rabota i trud, i pomoganje bez nikakva pricina za toa?? Bez somnevanje toa bi bilo sprotivnost so Allahovite prirodni zakoni na koi Allah go postavil celiot svet, i nemase da ima razlika pomedzu vistinata i nevistinata,, stetata i korista,, a Allah dz.s e daleku od toa da go napravi. Zamislete eden narod koj ima 100 obvrski sprema Allah dz.s. a gi ispolnuva samo 5? Moze li da semta deka gi ispolnil site obvrski i da ocekuva nagrada za toa kako sto imale nivnite predci koi gi ispolnuvale ako ne 100 posto najmalce 90 ili 80 posto nivnite obvrski sprema Allah dz.s.?? Sigurno deka ne, bidejki toa bi se koselo so toa sto Allah dz.s. go vetil preku svoite Pratenici, bi se koselo i so razumot i logikata. |
|
ISLAM VJERA ISTINE
|
|
Внеси реплика | страница <1 3456> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |