|
Што прави оваа влада?! |
Внеси реплика | страница <1 4748495051 200> |
Автор | ||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ЕкономијаМакедонија е во рецесија, само треба некој да објавиСите услови за рецесија се исполнети, велат од Стопанскaта комора на северозападна Македонија. Стопанствениците бараат начин како да се справат со кризата. 24.08.2012 Некои од
стопанствениците официјално објавуваат дека во Македонија има рецесија,
но владата главно се уште го избегнува тој збор. Стопанскaта комора на
Северозападна Македонија наведува од пред неколку месеци дека земјава
влегува во рецесија. Компаниите не произведуваат зашто немаат нарачки. Индустријата бележи пад во последните 10 месеци, вели Мендерес Кучи, претседател на Стопанскaта комора на северозападна Македонија.
Според нас, сите услови за рецесија се исполнети, само останува истата да се објави.
Мендерес Кучи, Стопанскa комора на северозападна Македонија.
„Според нас, сите услови за рецесија се исполнети, само останува истата да се објави.“ За последиците од економската криза во Сојузот на стопанските комори главно се уште зборуваат спорадично. Мирче Чекреџи прогнозира дека рецесијата е веројатна доколку и вториот квартал е со негативен раст на БДП, но официјалните податоци за последните три месеци се уште не се објавуваат.
Намалени се нарачките од странство, индустриското производство паѓа,
бројот на вработени во индустријата паѓа. Значи ова е исклучително тешка
година. Се надеваме дека во втората половина ќе се поправат работите.
Мирче Чекреџи, Сојуз на стопански комори на Македонија.
Според Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ за првото тримесечје од 2012 година изнесува 1,4 насто. Во првото тримесечје од 2012 е забележан пад во секторите - Градежништво од 9.8 проценти, Преработувачка индустрија и Снабдување со електрична енергија, гас и вода од 9,6 проценти и секторот Сообраќај, складирање и врски од 0.1 насто. „Намалени се нарачките од странство, индустриското производство паѓа, бројот на вработени во индустријата паѓа. Значи ова е исклучително тешка година. Се надеваме дека во втората половина ќе се поправат работите“, вели Чекреџи. Опозицијата, пак, веќе објави дека Македонија е веќе во рецесија и дека првите два квартали се негативни, а македонската економија се занимава со проблеми на висока невработеност и сиромаштија. Мендерес Кучи од Стопанската комора на северозападна Македонија, вели дека бизнисмените бараат нови мерки за излез од рецесија. „Ние очекуваме дека покрај ребалансот на буџетот ќе дојде до зголемување на ДДВ, дали по основ на одредени услуги или артикли ќе треба да се види“, вели Кучи. За тоа какви треба да бидат мерките за да му се помогне на стопанството во Сојузот на стопански комори имаат понаков став. „Секакво зголемување даноци во македонската економија која стагнира и не се развива би било катастрофално.Треба да се оди на други радикални мерки, а тоа е намалување на даноците“, вели Чекреџи. Задача на Владата е да најде начин, да спроведе и донесе мерки кои ќе ја заштитат земјата од рецесија, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Во ситуација кога во Европа кризата кулминира никој не може да исклучи ни едно сценарио. Наша улога како Влада е навремено да направиме напор последиците од таа рецесија која не може да се избегне целосно да биде превенирана и да се заштити македонското стопанство, рече неодамна Ставрески. Ставрески рече дека владата навремено презела мерки како стоте милиони евра кредит за македонските претпријатија, отворање нови работни места, намалување на царини и друго како и дека сега за сега не се планира ребаланс на Буџетот, а доколку се појави потреба за тоа, дополнително ќе се разгледува можноста. И после државата ќе ми пласира извештаи и ќе не убедува како Македонија е надвор од кризата т.е дека немаме криза... А сите извештаи и параметри укажуваат дека Македонија длабоко гази во криза. |
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не.. народот е присилен да јаде тоа што е поевтино затоа што неможе да си дозволи да купува квалитетно и скапо... Ако прашаш во една месарница порано што се трошело највеќе, ќе ти кажат чисто месо.. ребра, кременадли, кртина, печеници, свински вратови и шунки... прашај сега што се троши ќе ти кажат, кубасици, виршли, мелено месо, салами, месен нарезок и пилешко сомнително од увоз како најевтин производ за разлика од другите видови месо.. Со тоа доаѓаме до заклучок дека куповната моќ на народот е далеку опадната за разлика од пред неколку години и е во тренд на понатамошно опаѓање.
Пак ќе се навратам на твоите постови.. Убаво е тоа осмислено во економијата како што ти го пишуваш, ама проблемот е што ова е Македонија и куповната моќ на народот тука диктира што и како ќе се троши... |
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Убаво е тоа замислено и средено во светот, арно ама ова е Македонија...
Од една страна цената на нафтата е до плафон.. тоа се рефлектира на цената на домашниот производ. Друга страна .. државата може да регулира колку и кои производи се внесуваат во државата.. Неможе кој како стигне да увезува кога сака и колку сака производи.. Државата на тој начин не го штити домашното производство.. Испаѓа дека само дели пари на земјоделците ама овие го намалуваат приносот зашто пазарот е преплавен од странски производи наместо од домашни... Воедно увозниот производ е даааааааааллееееееееекууууу поевтин од Македонскиот.. Зашто? Зашто во другите држави го има во изобилие и цената е дампинг до максимум, и се продава само колку да се продаде зашто државата таму правилно ги дели субвенциите и согласно оствареното, а не како тука согласно пријавеното земјиште и според тоа колку би се остварил приход наместо тоа колку е остварен приход... |
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Никој не го спречува земјоделецот да произведува супериорен продукт и да го пласира по повисока цена. Ако навистина може да направи нешто такво и ако има луѓе кои ќе му го ценат тој производ, тогаш ќе му го купат. Никој не те спречува ниту тебе да купуваш такви квалитетни и скапи продукти. Ако земјоделецот нема пари да произвдува патлиџан каков што го наведуваш, тоа значи дека не може да го продаде (затоа нема пари). Ова пак значи дека воглавно луѓето во Македонија не одделуваат екстра пари за продукт кој можат да го купат поефтино. И тоа се оcновите на економијата. Едно е што ние си правиме муабет на форумов евоцирајќи спомени и кажувајќи си ги нашите сакања, а сосем друга е реалноста на пазарот кога треба да посегнеме по парите. Увозот на поефтина храна само му оди во прилог на народот и му дава шанса да бира дали сака да јаде пластика од увоз или висококвалитетен домашен производ. Присилувањето да јаде оноа што ќе му одреди било која влада во државата не е демократија. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас ти го прочитав постот, ама ти не следиш што говорам јас. Ако владата врши протекција и ги затвори границите, тогаш народот плаче дека неможе да излезе на крај со превисоките цени на пазарот. А цените се превисоки оти земјоделецот или сака со помалу работа за дојде до повеке пари или не умее да работи економично. На тој начин само со безобразна помош од државата ќе може да царува на домашниот пазар за сметка на народот кој ќе биде приморан да плаќа инфлаторна цена за нешто што може да снабди за половина пари. И ако владата правеше така, ти ќе беше првиот што ќе викаше по неа зошто не превземе нешто за намалување на цените на прехрамбените продукти. Затоа велам, доколку домашниот земјоделец умее да работи економично и профитабилно, тогаш сериозно нека му се посвети на земјоделието и државата ќе му ја даде потребната помош. Тоа е економскоо работење кое функционира во светот денес. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ќе го има Та нели оди она рекламата за домашни производи Кој ќе преживее сегашниве цени ќе раскажува како еднаш патлиџанот од странство со добар дрвенест дел во средината кој кога јадеш имаш чувство дека јадеш пластика се плаќаше 50 ден оти земјделците наши немаа пари да одгледуваат наш вистински патлиџан на кој кога ќе помислиш лиги ти течат |
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Дали убаво го прочита постот што го пишав?
Како прво домашното производство веќе го нема капацитетот да го освои пазарот, а како второ цената на увозот може да ја урне домашната цена кога сака.... Некои се штитат како бели мечки зашто убава паричка дале за некое подмачкување.. а воедно увозот убаво го полни државниот буџет па заради тоа и е толку слободен.... |
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Пријателе, ете шанса за таканареченото ефтино и конкуретно домашно производство да го освои домашниоот и странскиот пазар. Економијата си има свои закони и ако ги познаваш и ги следиш нема да има потреба од никакви претпоставки и конспирации. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Грешка си... Цената на доматите пред 3 години изнесуваше 10 денари за килограм, па почна да се увезуваат бугарски и турски домати, кои ја урнаа таа цена од 10 денари за килограм, со што се намали производството па увозниците во оваа година го запоседнаа пазароти ги наштелуваа цените како нив им одговара, бидејќи пазарот во Македонија е во недостиг на домати од домашно производство и можат да си ги местат цените секој ден како нив им одговара. Сега цена на домати се движи од 35 до 50 денари за килограм, со што цената од пред 2 години е покачена за цели 350-500 %. Во овие моменти на пазарот во Македонија можеш да најдеш повеќе турски домат, препакуван во Македонска амбалажа отколку домашно производство. Лани исто така се урна производството на крставици заради некоја си таму измислена болест со што дополнително се уништи производството, а оваа година на пазарот се појави неограничено количество на оранжериска крставица во пакување од Македонија, а всушност увозен производ. Значи од една страна субвенции се делат кои каде и за што завршуваат малку потешко се воочува зашто земјоделците земаат пари, ама реколтите се намалени, од друга страна се дозволува неконтролиран увоз на зеленчукови и овошни артикли. |
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
NRGMKD напиша:
"Сепак од многу аспекти се гледа дека државата е позаинтересирана за либерализација на пазарот бидејќи парите од давачките на увозниците се многу полесни......" Има група на луѓе на кои им одговара домашното производство да биди во стагнација за увозот да е зголемен со што се доаѓа до екстра профит за многу краток период,се она шо е обратно во производството каде профитот се остварува долгорочноно со инвестирање во технологија и во човечки ресурси како и континуиран трошок на одржливост. Доколку имавме развиено наменско производство и бевме помалце увозно ориентирани ќе овозможеше многу повеќе да се тргува компензационо, она шо Кинезите и Турците го прават во трговската размена со некои земји и одржуваат ниска цена на производот. Производите им се конкурентни на пазарите,а за Кина,Турција носи профит. Изменето од Alekxandar - 23.Август.2012 во 09:37 |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не е баш така... Ако увозните производи се поскапи тогаш никој нема да ги купува и домашните, како поефтини, ќе се продаваат без проблeм и ќе бидат извезувани бидејќи како такви ќе бидат купувани насекаде. Цената на овошјето и зеленчукот беше прескапа за граѓаните и за да се намали притисокот по нивниот буджет државата дозволи увоз. Увозот ги намали цените и направи домашните производители, доколку сакаат да бидат конкурентни на домашниот и надворешниот пазар, да најдат начини да ги намалат трошоците на своето производство, онака како што се прави и во другите држави. Ако воопшто се диктира некоја цена од увозниците тоа е само пониската од онаа на домашните производители, а не обратно. Во спротивно никогаш не би биле во состојба да ја продадат увозената роба. Владата одлучи да почне со субвенции за некои земјоделски производи со цел да им помогне на земјоделците во усвојувањето на технологијата за подобро и поефтино производство, а под кои услови тоа е можно објаснив претходно. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Најголемиот проблем е тоа што владата не го штити домашното производство од напливот на странските производи. Само во последните 2-3 години увозот на зеленчук, овошје е зголемен за цели 40 %. Заради тоа имаме и пораст на цените на пазарите бидејќи цените наместо да опаѓаат, тие се зголемуваат, бидејќи се диктирани од страна на увозниците на овие производи, наместо од домашните производители.
Се увезува секаков тип на пченица, а сите знаеме дека доколку во Македонија се искористат максимално потенцијалите за оваа култура, ќе бидат покриени потребите на сите потрошувачи во државата и ќе остане дополнително количество за складирање во државните резерви или пак да биде пренаменето за извоз. Но секако поради зголемениот увоз, цената на домашната пченица е неконкурентна за разлика од увезената, па македонските производители секоја година се помалку садат за разлика од минатите. Истото се случува и кај делот на млечните производи. Македонските фармери беа целосно уништени а со тоа се овозможи влез на странски производи од млеко како и нивна доминација на пазарот. Сега со уништено фармерство на Македонските млеко производители им е се потешко да го фатат чекорот со големите увозници и дистрибутери на млеко и млечни производи. Сепак од многу аспекти се гледа дека државата е позаинтересирана за либерализација на пазарот бидејќи парите од давачките на увозниците се многу полесни, а додека за домашното производство државата треба да стимулира а тоа секако не и оди баш во прилог (збориме гледано од страна). Трета работа. Владата не поддржува и дава никаква стимулација за развој на стопанството за производството на суровини за индустријата. Од тој аспект, поголемиот дел од домашните производи своите главни суровини ги снабдуваат преку извоз, наместо да користат домашни суровини. Од тука гледано државата треба да го стимулира и овој дел на производство. Најкласичен пример е со производителите од конзервната индустрија конкретно кај производителите на кечап и производи од домати. Ниту еден производител не врши набавка на домашна суровина т.е доматно пире кое е основа во процесот на производство на кечап. Во Македонија во моментот има над 15 производители на кечап кои држат 65 % од домашниот пазар, а ниту еден од нив не набавува доматно пире од домашните производители, туку сите вршат увоз на доматно пире од кина. Разликата во цената помеѓу увезеното пире од кина и домашното пире е некаде над 25 %, што е огромна разлика. Доколку државата стимулира во овој сектор и тоа како ќе се покрене таа машинерија. Паралелно ќе се зголеми производството на домати а со тоа ќе има повеќе пари кај земјоделците, потоа домашните производители на кечап набавката на суровината ќе ја вршат од домашните производители на суровина со што ќе се створи поголем обрт на парите внатре а со тоа државата ќе профитира од данокот на 3 полиња наместо на 2 како што е сега. Проста математика... Парите се вртат дома во куќа. Фирма која остварува поголем промет на пари, по автоматизам плаќа повеќе данок (не зборам за повисок, туку како повеќе пари од данокот заради зголемениот обрт). Е сега негатива на ова е што ќе настрадаат увозниците, но сепак тоа се далеку помали фирми за разлика од тие што се производители, така да колатералната штета е помала. Домашните производители не бараат многу.. едвај 20-25 милиони евра во субвенција, а со тоа ќе се поттикне производството и кај суровинските производители и кај преработувачите на оваа суровина. Така ќе се поттикнат и поголем број на вработувања и кај двата работодавачи, а воедно ќе се намали и цената на повеќе артикли. Имам уште многу класични примери, каде и како владата може да врши стимулација и субвенционирање а со цел на зголемување на домашното производство и зголемување на бројот на нови вработувања.. Но пак ќе се навратам на основното. Амортизацијата на економската криза не се врши преку зголемување на даноци, туку преку олеснување на работата на стопанството кое е главниот двигател на целокупната економија и најбитен фактор за полнење на буџетот. Се вртиме околу старата поговорка.. фрли рипче да си фатиш крапче. Олеснување на даноците, привремено стопирање на одредени давачки, запирање на непотребно трошење пари и тоа како ќе ја подобри крвната слика во државата. А како стојат работите и начинот на кој што работи владата потсеќа само на растури куќа... 1 направи 100 расипи. Изменето од NRGMKD - 22.Август.2012 во 02:24 |
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
http://www.libertas.mk/%D0%BE%D1%85%D1%80%D0%B8%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%98-%D1%81%D0%B5%D0%BF%D0%B0%D0%BA-%D1%9C%D0%B5-%D0%B8%D0%BC%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD-%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D1%83%D1%87%D0%BA/
Сепак ќе има закон и за УЧК?!За да се надминат разликите околу законот за бранителите, коалициските партнери ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ денеска после 16 часот одлучиле да формираат правна комисија која ќе ја раководи Трајко Вељановски, пренесе ОхридСкај. Според порталот во првичните договори од 2011 година помеѓу Али Ахмети и Никола Груевски бил постигнат договор членовите на расформираната УЧК, посебно тие кои имале последици од конфликтот да бидат финансиски поткрепени без донесување на посебен закон за припадниците на УЧК . „Ова барање било доставено до Ахмети од страна на Груевски, а било образложено со наводен пад на рејтингот на Груевски доколку се изгласал закон за правата на припадниците на УЧК. После посетата на Слупчане на Министерот за одбрана и одавање на почит кон загинатите во конфликтот, ВМРО ДПМНЕ со знаење на ДУИ до парламентот предложи нов закон за бранителите до конфликтот од 2001. По се изгледа се работи за добро осмислен договор помеѓу коалицијата кој би требало да резултира со Закон и за бранителите и за членовите на УЧК! Заканите на ДУИ дека ќе излезат од влада пред се се упатени на нивното и на гласачкото тело на ВМРО – ДПМНЕ кое треба да биде под притисок, и во страв од пад на владата па полесно да го дигестира законот за правата на борците на УЧК. Посебно е добро за рејтингот на ДУИ оваа ситуација заради со оваа операција сакаат да го подобрат паднатиот рејтинг кај гласачите кои веќе отворено негодуваат за односот во „Тендер коалицијата„. |
||
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
1. Субвенции се даваат затоа што домашното производство е поскапо од увозното. 2. Дадените субвенции не гарантираат дека производството ќе биде зголемено или ќе остане на истото ниво како минатите години. 3. Субвенции не се даваат на секој кој ќе ги побара. Така се правеше порано, па луѓето претпочита побрзо со малверзации да си стават готови пари во джеб отколку да го свијат грбот и да работат на земјиштето. 4. Субвенции се даваат на оние кои ќе го пријават земјоделието како примарно занимање од кое си го прават живеењето, кои точно ќе ја пријават површината за обработување, кои ќе ја осигураат таа површина, кои ќе ја обработуваат истата, од кои ќе се очекува извесно производство и кои на крајот ќе го пријават приходот и ќе платат данок. Земјоделието ќе дава онолку колку што луѓето се заинтересирани да се занимаваат со него. Уште од време на СФРЈ најголемиот дел на земјоделците, а особено младината, се пресели во градовите. Земјоделието од примарно, за нив стана споредно или никакво занимање. Тој тренд продолжува и натаму. Луѓето повеќе сакаат да се вработат преку партијска линија во државната администрација или во некоја посолидна фирма отколку да копаат, сеат, жнејат и висат по пазари. Конкретно за грозјето... најголемиот проблем за опаѓање на неговото производство е односто на "Тиквеш" према земјоделците. Оваа фирма е главниот откупувач на грозје и држи најмалу 50% од македонскиот пазар. Пореди својот монополистички статус се однесува буквално како што сака, земајќи им го грозјето на луѓето за никакви пари и задржувајќи им ги парите со години. Поради неговата големина државата с'е уште не може да стори нешто многу подрастично во однос на тоа. Безобразието на "Тиквеш" оди до таму што отворено велат - ако не ви се допаѓа нашата работа затворете не! Се разбира, знаат дека таквиот потег во овој момент би бил погубен и за винарството и за владата. Затоа владата почна со политика на поттикнување на изградба на приватни винарски визби, како и опција на странско вложување во винарството со откупување на државно земјиште и давање поволни услови за инвестирање. Работите ќе се сменат кога "Тиквеш" повеќе нема да биде главна карта (не ваква каквa што е до сега) во македонското винарство. Во однос на зголеменото производство на тутун, тоа се должи на владиното прекинување на дотогашниот терк на работата на тутунскиот монопол (истоветен како оној на "Тиквеш"), прекинување на долгогодишниот систем на шверцување цигари од група луѓе кои имаа врски со владата уште од времето на СФРЈ и со заинтересување на странскиот капитал за овој наш производ. Денес тутунот се откупува од странска фирма која гарантира добри цени и редовна исплата, а истиот се користи за најскапите цигари кои се продаваат во западните држави. Kај градинарските култури има разнoликост бидејќи тоа зависи од разноликоста во нивното индустријско преработување (конзервирање на пиперки, ајвар, лутеница...). Оноа што денес е понудено како квалитетен македонски произвот, а е прифатено од странските пазари, бележи пораст, додека другото јасно е дека ќе стагнира. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Внеси реплика | страница <1 4748495051 200> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |