IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4748495051 157>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2014 во 16:10
                                                               Најлошите астро комбинации
                                                                                                                                                                                                                                                                                                









Зодијакот може многу да ви помогне во тоа да откриете со кого си одговарате, а со кого не.
Без разлика дали верувате во хороскоп или не, постојат одредени комбинации на знаци кои би можеле да имаат проблеми во врската, па еве кои се тие:

Овен и Рак
Личностите родени во знакот на Овен се екстровертни и енергични и не се согласуваат најдобро со знаците кои се конзервативни и чувствителни, како што се Раковите. Иако не се тотално спротивни, врската меѓу Овенот и Ракот би била фрустрирачка, бидејќи имаат различни приоритети.

Рак и Водолија
Активниот и возбудив живот на Водолијата ќе делува привлечно за Ракот, но само на почетокот. Оваа врска ќе биде забавна и возбудлива можеби месец дена, а потоа ќе преовладува домашната личност на Ракот. Тоа на Водолијата брзо ќе и здосади, што може да доведе до расправии и можно неверство.


Лав и Бик
Двата знаци се многу тврдоглави и имаат различни приоритети. Лавовите сакаат слава и богатство, а Биковите сакаат стабилност и сигурност. Ниедна страна нема да попушти во расправија и тешко ќе прифаќаат промени. Меѓу нив може да има само почитување.

Шкорпија и Овен
Овие два знаци ќе бидат постојано во судир поради нивната независна природа. Можеби врската ќе ја започнат во кревет, но многу брзо ќе доживеат неуспех. Овенот по природа сака да флертува, а Шкорпијата ќе биде љубоморна.

Близнаци и Рак
Раковите се чувствителни и емотивни, а на Близнаците им недостига чувтвителност, особено додека го говорат она што го мислат. Раковите се премногу чувствителни за да излезат на крај со таквите личности.

Девица и Лав
Лавовите сакаат да трошат пари, а Девиците да чуваат. На многу врски им доаѓа крај поради парични несогласувања. Екстравагантната и опуштена природа на Лавот сигурно ќе дојде во конфликт со контроверзната и мирна природа на Девицата.


Вага и Јарец
Јарецот секогаш сака да ја има контролата во свои раце и секогаш работите бидат како што тие сакаат, што може да биде злоупотребувачко за Вагата која е со понежна природа. Јарците можат да бидат со променливо расположение и многу сестрани, за разлика од Вагите кои се прилично отворени за емоциите. Иако двајцата партнери се целосно различни, можеби би можеле да бидат заедно, ако се потрудат околу тоа.

Бик и Водолија
Осудени на пропаст и пред самиот почеток. Биковите сакаат стабилност, додека Водолиите сакаат побрзо темпо. Биковите се многу посесивни, што не одговара со опуштеноста на Водолијата.

Риби и Лав
Рибите се сонувачи и се многу чувствителни, што е контраст со ентузијастичната природа на Лавот. Потребата за внимание која ја покажуваат Лавовите, кај Рибите може да предизвика чувство на возбуда.

Стрелец и Јарец
Стрелецот сака да се смее и добро да си поминува. Јарците се приземни, а некогаш дури и меланхолични. Оптимистичниот став на Стрелците може да ги нервира Јарците и нивната врска е осудена на неуспех.


Водолија и Скорпија
Авантуристички настроената Водолија секогаш бара возбуда и нешто ново во животот, а Скорпијата сака посветеност и сигурност. Врската меѓу овие два знаци би можела да успее доколку Скорпијата од време на време отстапи малку простор за Водолијата.

Риби и Близнаци
На Близнаците им е неопходна целосна слобода. На Рибите им треба стабилност која Близнаците не можат да им ја овозможат. Рибите сакаат живот од бајките, исполнет со љубов и посветеност. Во почетокот меѓу нив може да има голема привлечност, но таа со текот на времето ќе исчезне. Близнаците се способни да бидат во љубовна врска, но имаат потреба да се чувствуваат слободно.

Девица и Близнаци
Девицата и Близнаците имаат поинакви пристапи во поглед на светот. Девиците се многу сериозни и практични, додека Близнаците изгледа имаат двојна личност и не можат да се одлучат за ништо.


Изменето од Valerija - 12.Јануари.2014 во 16:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2014 во 16:08
                                                                     
Хороскопот открива: Која е тајната на вашата убавина?
                                                                                                                                                                                                     







Сигурно и вие многу размислувате што да облечете и како да изгледате за новогодишната ноќ, па не е лошо да ги послушате советите на астрологијата.
Овен – нагласете ги очите и усните
Моментално сте под влијание на Марс, планетата на страста и еротиката, па затоа зрачите со сексапил. Одберете појака шминка, нагласете ги очите со потемна сенка, или усните со црвен кармин.

Бик – впечатлива фризура
Вашиот владетел Венера, симболот на убавината, ви подарила убава коса и забележливи очи. Ви стојат бледо-розеви кармини, и црвена коса. Деколтето е еден од вашите главни адути, затоа истакнете го.

Близнаци – убави нокти
Изгледате младолико и свежо, а за тоа е одговорен вашиот владетел Меркур. Често експериментирате со фризурата, шминката и облеката, а секогаш посебно внимание посветувате на ноктите. На новогодишната ноќ излакирајте ги со сребрен лак.


Рак – женствени детали
Вие секогаш ја слушате интуицијата и непогрешливо го бирате тоа што најдобро ви стои - од шминка до гардероба. Особено ви се важни деталите, чевлите, чантата, каишот, накитот, како и фризурата која секогаш е совршена.

Лав – раскошен сјај
Жената Лав е секогаш во центарот на вниманието, особено во свечени прилики. Никој не умее толку добро да носи облека со светки, сјаен накит и јака шминка, како и бујна и најчесто брановидна коса.

Девица – природна убавина
Што и да облечете, вие делувате префинето и елегантно. Здравата, негувана коса и дискретната шминка ви стојат совршено, делувате младолико поради вашиот владетел Меркур. Најдобро ви стојат земјени бои, кои го нагласуваат вашиот природен шарм. За Нова година направете некој впечатлив маникир на ноктите.


Вага – стилска икона
Планетата на убавината, Венера ви подарила несекојдневна убавина и стил. Најчесто носите високи потпетици, женствена облека, убава и долга коса. Шминката е дискретна, но многу ефикасна, а усните светкаат.

Скорпија – фатален поглед
Вие сте родена заводничка со која управуваат планетите на еротиката и моќта. Сексапилот го истакнувате со вртоглави потпетици и облека во темни нијанси. Вашиот поглед под долгите, густи трепки го нагласувате со туш за очи, а изгледате заводливо дури и со „дива“ фризура, но и кога ќе ја соберете во најобична пунџа.

Стрелец – истакнете ги нозете
Вие сте спортски тип и телото, а посебно нозете би требало секогаш да ви бидат во прв план. Умеете да се дотерате за пет минути, а под влијание на Јупитер, изгледате како да сте поминале часови пред огледало. Сакате спортска елеганција, а очите ги истакнувате со јака шминка, што прекрасно ви стои.


Јарец – класична елеганција
Под влијание на владетелот Сатурн сакате класични дневни комбинации и женствени фризури. Секогаш бирате „проверени“ модели кои совршено ви стојат, но во посебни прилики умеете да засените сè околу себе со сина, црвена или виолетова боја.

Водолија – лелеаво и елегантно
Уран е планета на трендовите, бунтот и оригиналноста. Со изборот на облека нагласете ги сите ваши адути. Сакате добра облека, посебно чизми, а косата ви е секогаш средена, свежо исфенирана и стилизирана.

Риби – заводливи од глава до пети
Обвиткани со велот на заводливиот Нептун, вие имате младолика убавина. Вешто ги истакнувате своите адути – очите, косата, нозете и градите. Секоја дневна комбинација ја надополнувате со добро парче накит, а вашите раце секогаш се украсени со прстени и атрактивен лак за нокти.


Изменето од Valerija - 12.Јануари.2014 во 16:08
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2014 во 15:22
Древните египјани биле првите кои верувале дека поставеноста на ѕвездите влијае врз расположението, здравјето и судбината на луѓето. Според датумот на раѓање, проверете кој знак сте во египетскиот хороскоп и прочитајте си ги главните карактеристики.

АМОН (од 1-ви јануари до 2-ри февруари)
Старите египјани верувале дека Амон е богот на пророците. Родените во овој знак брзо се заљубуваат и ја пронаоѓаат љубовта на нивниот живот. Тие се упорни, но не се наметливи. На прв поглед можеби изгледаат ладно, но тие се многу емотивни и нежни кон другите. Најмногу од сè ги боли неверство бидејќи се многу посветени на партнерот. Тие се добри пријатели и љубовници.

СЕБЕК (од 3-ти февруари до 4-ти март)
Себек е бог на реката Нил, а токму таа била извор на живот за Египет. Припадниците на овој знак многу ја ценат уметноста и повеќето од нив се уметнички талентирани. Сепак, би требало да внимаваат бидејќи можат да бидат засенети од туѓата убавина, што често ги наведува на погрешен пат. Родените во овој знак не знаат да чуваат тајни, па поради тоа често прекинуваат пријателства.

ОЗИРИС (од 5-ти март до 9-ти април)
Озирис во стариот Египет бил бог на плодноста и растот. Припадниците на овој знак се многу сензуални, но и романтични. Својот партнер постојано го изненадуваат со мали и слатки поклони. Полни се со разбирање за другите и им помагаат на своите пријатели ако се најдат во неволја.

ПТАХ (од 10-ти април до 2-ри мај)
Птах бил бог на вистината. Припадниците на овој знак се искрени, отворени и по малку наивни. Тие се импулсивни, скромни и нетрпеливи. Поради својата искреност често на другите им кажуваат што мислат без обзир на последиците. Исто се однесуваат и во љубовта, а баш таа особина на неконтролирано изразување може да ги чини неколку пријателства.

ХОРУС (од 3-ти мај до 16-ти јуни)
Хорус бил бог на животот. Припадниците на овој знак често се склони кон авантури и склопуваат нови познанства. Непознатите земји и краеви многу ги привлекуваат, па за нив патувањата на егзотични места не се ништо необично. Сакаат да уживаат во природата и во благодетите на животот.

НЕФТИС (од 17-ти јуни до 21-ви јули)
Нефтис била божица на љубовта, поради што и овој знак се смета дека е најромантичен. Припадниците на овој знак се многу сензуални, страствени и емотивни, поради што многу внимателно го одбираат партнерот. Од партнерот очекуваат многу, а за возврат враќаат со иста мера. Трпеливи се и сакаат да ги сослушаат туѓите проблеми, но даваат и корисни совети, кои ги прави одлични пријатели.

СЕТ (од 22-ри јули до 18-ти август)
Сет бил бог на молњата и олујата, па поради тоа припадниците на овој знак се многу темпераментни. Не се предаваат лесно и брзо се прилагодуваат на секоја ситуација. Исто така, тие се многу љубопитни и секогаш сакаат да испробаат нешто ново и интересно. Припадниците на овој знак се самостојни и сакаат сè да направат сами.

АНУБИС (од 19-ти август до 21-ви септември)
Анубис бил бог заштитник. Родените во овој знак се многу чесни и одговорни. Посебно се самоуверени и тврдоглави, па ретко слушаат туѓи совети. Многу се емотивни и романтични и имаат високи очекувања од љубовта, а се и интелегентни, љубезни и дискретни.

РА (од 22-ри септември до 15-ти октомври)
Ра бил бог на Сонцето. Родените во овој знак се полни со внимание и љубов за другите. Тие се рационални и секогаш размислуваат по неколку пати пред да направат нешто. Припадниците на овој знак сакаат романтика и се многу верни, а маана им е несигурноста поради која често пропуштаат добри прилики.

ИЗИДА (од 16-ти октомври до 9-ти ноември)
Изида е божица на чудата. Се смета дека родените под нејзина заштита имаат посебни моќи. Ги краси и неодолива насмевка која освојува сè околу себе. Меѓутоа, за нив не постои забрането овошје и нема да сопрат сè додека не го добијат тоа што го сакаат. Тие се многу добри пријатели бидејќи знаат да ги слушаат другите и да поделат некој добар совет.

ТОТ (10-ти ноември до 3-ти декември)
Тот во стариот Египет бил познат како бог на светлината, мудроста и магијата, па припадниците на овој знак се многу прецизни и точни бидејќи поседуваат големи организациски способности. Родените во овој знак се сестрани и ги интересираат сите гранки на науката. Во љубовта секогаш сакаат да имаат некој самоуверен покрај себе, на кого ќе можат секогаш да се потпрат.

ХАТОР (од 4-ти декември до 31-ви декември)
Хатор била божица на музиката и уметноста, па родените во овој знак често се ценети музичари и уметници. Тие се шармантни, креативни, имаат голема фантазија и работат со многу љубов. Потребен им е партнер кој ќе ги разбере и почитува.
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
Kisserboy Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јануари.2014
Локација: Битола
Статус: Офлајн
Поени: 5
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kisserboy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2014 во 03:10
Oven sum :D
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2014 во 23:04
а во кинески хороскоп сум коњ размислување
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
Crna Arapina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Crna Arapina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2014 во 11:54
KOntejner sum ahahahahha
Train hard,Fight easy !
Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2014 во 11:36
koj li e betonot ovde збунетостгазење од смеење

Изменето од viktorija123 - 06.Јануари.2014 во 11:37
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2014 во 22:34
месни нарезак изненадувањегазење од смеење
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2014 во 22:27
Босански хороскоп

Lopata (22. 12. - 19. 1.)

Rođeni u ovom znaku najčešće najebu. Dovedu ih na pripremu gradilišta i do vrata su u blatu. Inače se odlikuju analitičkim duhom i romantičnom prirodom, ali to im ništa ne koristi ako im zapadne lopata. Dobro se slažu sa rođenima u znaku Krampa.

Mešalica (20. 1. - 18. 2.)

Likovi iz ovog znaka su staložene i mirne osobe. Uglavnom su BMK, sve dok mešalica radi. Malo popizde ako se pokvari, ali onda skupe one rođene u znaku Lopate da oni to ručno odrade.Izrazito su vesele naravi i vole decu.

Dizalica (19. 2. - 20. 3.)

Rođeni u znaku dizalice su, logično, vitki, visoki i čvrsti. Malo nestabilni kao osobe, pa im se često dogodi da im zaliju stopala u beton da se ne prevrnu. Dobro se slažu sa Mešalicama. Dizalice su ljudi koji su tihi, oprezni i skloni magiji, misticizmu i vlašićkom siru i jagnjetini sa ražnja.

Kontejner (21. 3. - 19. 4.)

Njihov zaštitnik je Crveni orao. Ne zna se zašto, oni tako tvrde. Navodno to je zbog gužve u baraci (kontejneru).Dobro se slažu sa Lopatama, naravno ukoliko ovi ne pizde previše. Odlikuje ih velika umna snaga, emotivna energija i smrdljive noge.

Kramp (20. 4. - 20. 5.)

Izrazito produhovljene osobe kojima su porodični odnosi i vrednosti na prvom mestu.To je posebno vidljivo u njihovim psovkama gde redovno spominju Boga, Crkvu, majku, oca, sestru, itd. Najintenzivnija religiozna iskustva ove vrste doživljavaju onda kad im nešto ne polazi za rukom. Treba još dodati da im je totem iz biljnog sveta kupus.

Armirani beton (21. 5. - 20. 6.)

Armirani beton je znak u kojem su rođene glavne face na gradilištu. Tvrdi i glupi, čvrsti i zajebani, strah su i trepet za Dizalice i Mešalice. Izbegavati. Nemaju totema iz biljnog sveta. Bradu i brkove retko briju. Neskloni iskustvima sa područja higijene.

Pikhamer (21. 6. - 22. 7.)

Rođeni u ovom znaku su izrazito osećajne osobe. Skloni depresivnim raspoloženjima kad im ponestane piva. Emotivno vezani za majčinsku figuru u liku dežurne konobarice. Ne podnose Lopate i Betone. Boja Pikhamera je ružičasta, a totem iz biljnog sveta je kakaovac.

Mesni narezak (23. 7.- 22. 8.)

Osobe ovog znaka često pate od povišenog holesterola. Dobro se slažu s Kontejnerima. Oštroumni su i hrabre vođe. Ljudi iz drugih znakova ih vole, ali im često iza leđa jebu mater, naročito Betoni. Tajnovitost je izrazita osobina Mesnih narezaka. Njihova boja je smeđa do crna. Totem iz biljnog sveta je pasulj.

Šlem (23. 8. - 22. 9.)

Rođeni u ovom znaku su izrazito intelektualne osobe. Sve postižu glavom. Glavom najčešće štemaju, a ponekad i misle, iako je nisu skloni koristiti u tu svrhu. Obožavaju ih Dizalice i Betoni. Često se bave poezijom i romantični su. Hrabre i istrajne osobe, snažne u svakom pogledu sa istančanim smislom za pravdu i porodicu. Zalažu se za druge i legalizaciju prostitucije. Boja im je, naravno, bela.

Mujo (23. 9. - 23. 10.)

Rođeni u znaku Muje, face su na gradilištu. Najbolje se slažu s Lopatama i Krampovima, a najteže s Betonom. Prilično su društveni i prijateljski nastrojeni, pa su retko kada sami. Skloni kulturnom angažmanu u birtijama i alpinističkom penjanju na lokalne opajdare i radodajke. Mujina boja je ljubičasta, a totem iz biljnog sveta je burek.

Cigla (24. 10. - 21. 11.)

Cigla ima izrazito dobru sposobnost prosuđivanja i intuiciju. Stručnjaci su za ljudsku dušu. Lako naslute kad se sprema neka pizdarija pa se mudro povlače u pozadinu odakle podjebavaju u cilju mirnog rešenja konflikta. Najbolje se slažu s Betonima i Mešalicama, a ne podnose Krampove, Lopate, Mesne Konzerve i pisanu reč.Totem iz sveta biljaka je bršljan, a boja je boja cigle, samo zelena.

Severina (22. 11. - 21. 12.)

Severina se najbolje slaže s Kontejnerom i Mujom. Rođeni u ovom znaku skloni su analnom seksu, ali im se isto tako treba dodati i po koja duševna karakteristika kao što su intuicija i velika sposobnost predviđanja. Osećaju jaku averziju prema kameri i inače bilo kakvom obliku snimanja. Mane su im dlakavost. Boja Severine je crna, a totem biljka je trava – zelena, naravno.

Кон врв
FosterThePeople Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Декември.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1147
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FosterThePeople Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2014 во 02:32
Како можеа да погодат толку за водолија бе?
Не само сеа... :D
I just wanna feel real love.
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2014 во 23:05
Не е толку битен подарокот колку вниманието трепкање

Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2013 во 15:23

Кој е совршениот подарок според хороскопскиот знак?

Време е да убаво да размислиме за подароците за нашите најблиски кои ќе ги ставиме под елката.

Во овој период од годината сè се прави на брзање, па не секогаш имаме време и идеја за да го одбереме совршениот подарок. Можеби хороскопот може да ни помогне во изборот.

Овен

Доколку вашиот партнер е роден во знакот на Овен, изненадете го со подарок кој му е потребен. Овните не се толку многу практични, колку што се насочени на себе. Потрудете се да бидете први кои ќе му подарите подарок за празниците, па така сигурно ќе се издвоите од сите останати. Овенот ќе знае тоа да го цени.

Бик

На Бикот подарете нешто што има поврзаност со пари или пак со уживање. Паричникот е одличен подарок за Бикот, како и ваучерот за масажа, или пак подгответе му нешто слатко. Потрудете се да бидете внимателни и љубезни и тоа ќе биде повеќе од доволно. Топлото чоколадо за крајот на денот е вистински погодок.

Близнаци

Испратете интересен мејл, напишете порака на хартијата во која сте го завиткале подарокот, или пак одете на некои ново место каде што не сте биле. Купете некоја нова книга, или пак некој интересен нов магазин, бидејќи сигурно тоа ќе ги израдува. Ситниците или пак некои детали кои се потребни за секојдневните активност исто така се добар предлог.

Рак

Купете нешто за куќата, некое ќебе со кое ќе се грее во овие ладни денови, или пак нешто во врска со хобито со кое вашиот рак се занимава. Тешко дека ќе го израдувате Ракот, но битно е доколку планирате нешто временски, тогаш однапред да најавите. Него организацијата не му е јака страна.

Лав

Не е толку битен подарокот колку вниманието. Потрудете се да му удоволите на Лавот и да не заборавите да му ги разубавите празниците. Доколку избирате некој подарок, тоа може да биде вечера по дома која сами сте ја подготвиле, бидејќи тоа најмногу ќе го израдува. Доколку одберете ресторан, тогаш тој мора да биде поскап. Подарокот под елка за Лавот мора да покаже колку вам ви е грижа за кралот на животните.

Девица

Книгата секогаш е совршен подарок за овој знак. Исто така можете да одите во кино, или пак некое кафуле, било каде само да биде интересно и ќе има пријатна атмосфера. И секако да зрачи со перфекција. Потрудете се да не доцните, бидејќи тоа нема да му се допадне на личноста родена во овој знак.

Вага

За да ја изненадите Вагата потребно е внимателно да слушате што ви збори. Таа најчесто е практична, како и Девицата. Сепак, морате да се прашате што неа ќе ја направи среќна, така нема да згрешите. Вагите сакаат да се дружат, да поминуваат време со пријателите или со партнерот, па наједноставно што може да направите е да ги однесете во некое ново интересно место за кафе, пијачка или ручек.

Шкорпија

Шкорпијата не сака изненадување. Таа скоро секогаш знае кога нешто и се подготвува и тешко дека ќе можете да ја изненадите. Потрудете се да бидете практични бидејќи така ќе ја израдувате личноста родена во овој знак. Со подароците нема да ја поткупите, но ќе ви биде благодарна. Бирајте паметно и приредите или пак купете нешто корисно.

Стрелец

Овој знак сака изненадувања. Со нетрпение чека на празниците, па затоа не е чудно што еуфоријата се случува кога Сонцето е во овој знак – од 21.11 до 22.12. Што и да му подарите ќе се воодушеви. Но најмногу ќе се воодушеви доколку заедно отидете на пат, доколку шетате или пак откриете некои нова места кои сè уште не сте ги посетиле.

Јарец

Потрудете се на време да смислите изненадување за припадниците на овој знак. Него тешко ќе го воодушевите, скоро исто како и Шкорпијата. Часовник, некој организатор, табла со распоред или било што поврзано со работата. Јарецот е практичен, па добро размислете што може да му се допадне.

Водолија

Водолијата секогаш точно знае што да очекува од кого. Сака подароци и изненадувања од пријателите и роднините, но најмногу сака самата себе да си подарува. Доколку сакате да ја изненадите најдобро е да направите нешто кое што одамна го сака. Ќе биде задоволна секако, бидејќи овој знак е скромен и не бара премногу.

Риба

Воодушевете ја оваа личност родена во овој знак со некој подарок кој ќе и ја „грее душата“. Доколку е партнер во прашање, купете свеќи, прекривка, работи за спиење и уживајте. Доколку е во прашање пријател, купете му некој добар филм, или пак некоја добра купка. Сентименталното значење на подарокот секогаш е побитно од неговата вредност.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2013 во 08:12

Ова е возбудливо време за Раковите! Годишниот хороскоп за 2014 покажува дека животот ќе биде преполн со мистерии и интриги за пречувствителните Ракови. Иако работите ќе се случуваат побавно отколку што очекувате, сепак тие ќе ви донесат интерес за учење, креативност и многу нови можности.

godisen-horoskop-za-2014-godina-rak-01

Работа и пари:

Раковите веруваат дека она што го прават е секогаш точно. Затоа, може да биде многу фрустрирачки кога ќе ве заобиколат позитивните резултати.

Кога 2014 ќе започне, ќе се чувствувате како да се на врвот на светот, барем на професионален план.

Годишниот хороскоп открива дека во првиот дел од година ќе ви се насоберат неколку проблеми, а наградите ќе ве стигнат само ако вложите доста време и енергија.

Затоа, добро размислете што сакате да постигнете и во втората половина од годината напорно посветете се на кариерата.

Во текот на летото финансиите ќе бидат на највисоко ниво, но сепак не во онаа мера во која се надевавте.

Љубов, семејство, пријатели:

Почетокот на годината би можел да биде полн со предизвици. Односите кои се обидувавте да ги поправите или подобрите може многу лесно да тргнат во спротивен правец, а сето тоа ќе се должи на невнимателните зборови.

За време на овој период, обидете се да сфатите дека сè зависи од вашето однесување. Бидете внимателни и обидете се да ја вежбате толеранцијата.

Запаметете, не секогаш сте во право! Посветете повеќе време слушајќи го партнерот и заедно работете на тоа да ги разберете вашите меѓусебни потреби.

Вложувањето во врската и љубовта е задолжително во првиот дел од 2014 година ако сакате да го зацврстите хармоничниот однос.

godisen-horoskop-za-2014-godina-rak-02

Здравје:

Секогаш емотивен, Ракот секогаш си е сам свој непријател кога се работи за здравјето.

Годишниот хороскоп за Раковите носи добри и позитивни емоции, но здравјето ќе остане добро само ако стресот го сведете на минимум.

Како и секогаш, одмарајте се доволно и угодувајте си себеси во деновите кога ви се чини дека едноставно не можете да постигнете се.

Позната личност во знакот на Рак - принцот Вилијам

godisen-horoskop-za-2014-godina-rak-03

Moj znak:)



Изменето од Valerija - 24.Декември.2013 во 08:13
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2013 во 17:17

Некои од хороскопските знаци не сакаат долги додворувања, склони се кон авантури, сакаат промискуитетен секс, а некои се верни, внимателни и на секој начин се трудат да и угодат на партнерката.

maski-erotski-profil-spored-horoskopot

Првенствена цел на овој хороскоп е  забава, но од него може да се претпостават и некои основни карактеристики на хороскопските знаци.

Овен
Не сака долги додворувања и само мисли како жената да ја убеди за водење љубов. На ниедна поза не и дава особена предност, сите му се подеднакво добри и само му е важно што почесто да има секс. Затоа не се двоуми тоа да го прави полуоблечен, во ходник, во лифт, на маса.... Кај жената особено го привлекуваат брадавиците на бујните гради. Фантазира за групен секс.

Бик
Многу е пребирлив при изборот на партнерка, но кога ќе се одлучи за некоја, не го обесхрабруваат нејзините одбивања. Тој е одличен љубовник. Многу е потентен. Пред да се ожени често ги менува партнерките, но во брак е верен. Кај жената прво обрнува внимание на погледот, потоа насмевката, а потоа го гледа – задникот. Најпосле тргнува во освојување.

Близнаци
Сексуалниот однос не му е единствената цел за врска со жената. Води исклучителна сметка и за духовната нагласеност со партнерката. Љубоморен е и сомничав. Го стимулираат еротски фотографии и порно филмови. Се навредува кога партнерката одбива да експериментира во сексот. Кај жените најпрво го забележува предизвикувачкото одење.

Рак
Неговите сексуални односи не се долги и чести. Приврзан е со жените со кои што спие и често им се потчинува. Многу му е важна женската чесност и за животна сопатничка одбира девојка без сексуално искуство, иако од неа очекува во креветото да се однесува како блудница. Кај жената најпрвин го забележува деколтето, потоа усните.

Лав
Добар љубовник, сака да се набљудува во огледало додека води љубов и не се согласува во текот на сексот да се изгаснат светлата. Се труди да ја задоволи жената. Во машко друштво се фали со своите освојувачки вештини и не е многу дискретен, па поради тоа жените го избегнуваат. Сака пози за кои се потрбни акробатски вештини. Го возбудуват женските гради.

Девица
Му одговараат сите пози за време на водењето љубов и максимумот го достигнува гласно. Нема посебен тип на девојка која му се допаѓа: плава, црна, ниска, висока, скаба, полничка – сите се доволно добри ако сакаат со него да појдат во кревет и ако во него останат подолго. Тој е вистински маратонец. Ерогена зона му се ушите.

Вага
Совршен е во кревет, сака предигра и се труди да ја задоволи партнерката. Склон е кон разбивање на конвенциите во тесниот контакт, изненадува со нови пози. Поборник е на оралниот секс. Кај жената најпрво ја забележува косата.

Скорпија
Опседнат е со секс и секогаш е подготвен. Лесно се возбудува. Не е премногу избирлив при избор на партнерка. Шампион е во креветските вратоломии. За него верноста е непознаница.

Стрелец
Најмногу му одговара брз секс во кој партнерката презема иницијатива. Верен е затоа што е мрзлив. Во авантури влегува само ако жената прва тргне во акција.

Јарец
Исклучително потентен. И ги исполнува сите барања на партнерката и се труди да ја задоволи. На памет му е само сексот. Иако се труди, невешто се додворува, секогаш кажува нешто што не треба. Омилена поза му е седечката и одзади. Убеден е дека е подобар љубовник отколку што мислат жените.

Водолија
Од надвор исклучително студен и воздржан, во креветот вистински вулкан. Сака нежни разговори, предигра и сака да истражува нови пози. Тој е многу нежен љубовник. Исклучително е потентен. Ретко се забавува со повеќе жени истовремено. Ужива да го сака неочекуваното, стоејќи, тивко, потивко.... Кај жените најмногу го привлекува делот кој последен излегува од просторијата.

Риби
Нежен и романтичен љубовник, во текот на сексуалниот чин повеќе води сметка за задоволството на партнерката отколку за своето. Не е склон кон впуштање во авантури. Во суштина тој е пуританец. Што се однесува до физичкиот изглед на  жената која ја одбира, најголемо внимание му посветува на струкот и долгите нозе.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4748495051 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.