|
Што прави оваа влада?! |
Внеси реплика | страница <1 4647484950 200> |
Автор | ||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас го кажав моето мислење според оноа што ми е мене познато, не само од следењето на работата на владата од СИТЕ ваши медија (МКТВ Сат не се гледа кај мене), како и со редовни посети на Македонија и разговори со луѓе кои постојано живеат во татковината, исто како и вас (примам и други мислења). Постојат луѓе кои се сложуваат со вас, има луѓе кои се неопределени и луѓе кои сметаат дека доколку се земе с'е во обзир, владата сепак добро си ја врши работата (најдобро од сите досегашни). Овие последниве изгледа се најмногу на број затоа што тие ја гласаа и ја изгласаа оваа влада. Вие со тоа не мора да се сложите и затоа, како и сите други, имате право на свое рамноправно мислење. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
A sakam na ova samo kratko da iskomentiram....\ "5. И ова прашање не ти го разбирам, па не сакам да дадам несоодветен одговор. Само можам да кажам дека јас не гледам оти владата се задолжува за да опстане." pogledni malku porealno na nestata , a ne samo na MKTV Sat da ja gledas "realnosta" ... mozes i da prasas kako opstojuva , a mozes i da primis i od nekoj drug nekoe razmisluvanje bidejki Toj od ovde najubavo znae kako raboti negovata vlada ( ova se odnesuva na Makedonskata vlada , ..bidejki vo Makedonija ima dve paralelni vladi )
|
||
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Претпоставувам дека се сложивме оти друга влада до сега нема сторено повеќе за Македонија од оваа. Само што се вратив од гости кај еден мој пријател и му го спомнав ова прашање, а тој ми одговори дека погрешно сум прашал. Имено, вели тој, ниту една претходна влада, ниту од ВМРО, ниту од СДСМ, нема сторено скоро ништо, па прашањето дали некоја друга влада сторила повеќе од оваа е чиста академија без никаква вистинска супстицијалност. Сега, твоите прашања се поставени повеќе емоционално отколку реално, ама ќе се обидам да ти ги одговорам на најкус можен начин иако сметам дека не сум експерт за разговори на ваков начин. 1. Како можеш да тврдиш дека владата не се справува со проблемите во сопствените редови ? Дали си присутен кога таа разговара за нив, па да можеш да го тврдиш ова ? Или можеби мислиш дека за сите свои внатрешни проблеми и нивните расчистувања мора во детали да го известува народот ? Или можеби ти лично не се сложуваш со некои владини решенија, па затоа го велиш тоа? 2. Секоја влада гради споменици, вклучувајќи и во кризни времиња. Проектот беше поставен, усвоен и започнат уште пред да дојдат денешниве кризи. Ако тоа е најголемиот грев на оваа влада, тогаш за тебе нека биде така. Ти не се сложуваш со тоа, некои луѓе се сложуваат, а некои со својот став стојат помеѓу вас. 3. Стандардот на луѓето не опаѓа поради задолжувањето на владата (патем денес Македонија е една од најмалу задолжените држави во Европа), туку владата се задолжува поради опаѓањето на стандардот на луѓето. Во моментов ова не е нешто карактеристично само за Македонија, туку за цела Европа и поголем дел од светот. 4. На следното прашање не можам да одговорам бидејќи навистина не разбирам што прашуваш. За регулирање на цените со увоз, како и за соодветното субвенирање на одредени стопански гранки веќе разговаравме. 5. И ова прашање не ти го разбирам, па не сакам да дадам несоодветен одговор. Само можам да кажам дека јас не гледам оти владата се задолжува за да опстане. Забележувам дека постојано се враќаш на исти работи кои веќе сме ги издискутирале во детали: спомениците, увозот и задолжувањето. Постојаното повторување на истите е само вртење во кругови кое не носи никакво додатно објаснување. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Меси, ај малку по приземно и по реално. Ниедна влада нема направено многу добро за Македонија оти и не може да се направи којзне што,ама сите до една (не само влада туку функционери-си сработија за себе и своето лично богатење и тоа сите легално-во рамките на законот (оти и законите сами си ги носат/гласаат), без да може некој да ги гони и да одговараат оти факт е дека ниеден премиер до сега не одговарал нити е судски гонет (освен Бучковски за кој нема завршница) Можам да сум партиски определена, можам да не сум, а мои симпатии да има одреден политичар или партија-но никако да зборувам дека се што е сработено од опцијата која ја подржувам дека е ОК. Факт е дека сегашнава владеачка гарнитура направи бајаги работи, но факт е дека направи и големи утки кои според нив се оправдани заради средување на ситуацијата во земјата (или јавна тајна е дека е под некаков притисок на меѓународни емисари). Што ме лути? Изјави од типот-Барем нешто работи Еве и јас БАРЕМ нешто ќе работам дома= ќе го извадам до пола паркетот-ама нов нема да наместам, ќе искречам до пола ѕид ама нема да довршам, ќе реновирам купатило иако лани го реновирам- значи барем нешто работам Дека има некој добри работи има-факт. Но? За коалицијата со ДУИ неможат ништо бидејки МОРА да се во коалиција со победникот од албанскиот блок-ФАКТ Законот за амнестија- МОРАА да го донесат, но не за сите амблок. МОРАА да се испазарат дека за оние кои извршија тешки дела врз бранителите и мавровските работници нема амнестија. Тука згрешија-ФАКТ Реакциите за постапката на Бесими на Слупчане- ПРАВЕДНО-ФАКТ Законот за бранители- закаснето ама треба и мора да се донесе-ФАКТ. Зошто? Па ако нема разлика меѓу БРАНИТЕЛИ И ДРЖАВНИ НЕПРИЈАТЕЛИ тогаш зошто земјите имаат војска, полиција, државни граници. Ај да нема ништо, па нека биде се на ачик, кој што сака нека прави. Никако не можат да се израмнат луге ангажирани во заштита на земјата со луге кои го рушат држвниот поредок. Не може да се стави равенство и да имаат исти права БРАНИТЕЛИТЕ и припадниците на ОНА, АНА и кој ли не-ФАКТ Ако се дозволи тоа, тогаш нека се стави еднаквост и на ПОЛИЦИЈАТА со КРИМИНАЛЦИТЕ. За мене тоа е исто, ако еден припадник на некоја си терористичка организација треба да има исти права со бранител, тогаш МОРА да има исти права и КРИМИНАЛЕЦОТ со ПОЛИЦАЕЦОТ.-ФАКТ Нема договор Груевски-АхметиГо читам ова и велам- И не треба да има договор. Груевски како премиер треба да пресече и по цена на коалиција и по цена на влада и по цена на криза. И не само Груевски, туку сите луге кои и мислат добро на Македонија. Редно е. Изменето од mamamd - 25.Август.2012 во 08:58 |
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|
Човечки и непристрасно ќе ти одговорам...
Оваа влада донесе инвестиции што е факт и тоа никој неможе да го спори. Оваа влада дели субвенции и тоа никој неможе да го спори. Околу обновување на инфраструктурата ако го сметаш во тоа и Скопје 2014 човечки и непристрасно ќе ти одговорам дека го направија лоповски проект во време кога е најмалку потребен. Е сега човечки одговори ми... Зошто владата е толку лицемерена кон граѓаните и реално не се справува со проблемите во сопствените редови туку ги остава работите со жими мајка и пу пу извини? Зошто оваа влада во време на светска криза гради споменици? Зошто оваа влада во време на криза дополнително ја задолжува Македонија, а при тоа стандардот на граѓаните вртоглаво е опаднат? Зошто оваа влада ако дели субвенции не го штити Македонско стопанство туку дозволува да се одлеваат парите надвор од државата? Зошто оваа влада го празни буџетот а при тоа се задолжува за да опстане и ги црпи приватните фондови кои се пари на народот? |
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Зборено човечки, јас гледам дека до сега ниту една влада нема сработено за државава како оваа и тоа во најтешки економски времиња за Европа. И повторно ќе речам дека не е совршена, но јас подобро од ова до сега немам видено во Македонија. Ајде сега ти кажи ми онака човечки и непристрасно, која друга влада пред оваа формација, трчала повеќе, давала повеќе субвенции, ја обновила повеќе инфраструктурата и донела повеќе надворешен капитал во земјата ? |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Е друже ај не гледај непријателство... Од една страна дава амин кон некои што ни ја навредуваат честа... Од друга страна не превзема ништо да ја ублажи економската состојба на народот а може и тоа во доста голема мера, и после како можеме да коментираме дека владата мисли на државата... Сепак се враќаме на она име Тендер Влада... дај што даш да изгураме уште малку па после нек си кршат глава.. Мене така ми делува... За 1 е мајка за други е маќеа... Барем нешто квалитетно да сработеше за на народов да му олесни.. од една страна го шамара, му вреѓа интелигенција, од друга страна се повеќе му ги зема парите, и на крај како да ги сакаме.. ај еве кажи ми...збориме човечки гледано од аспект на луѓе...
|
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Знеш што... джабе ни е муабетов ако зад секоја потег на владата (било која влада) гледаш непријателство кон народот и државата.
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Зарем 10 денари за килограм домати беа високи цени, или сега 50 денари за килограм е ниска цена? Туку се создаде неконтролиран увоз на стоки при што се доведе до колапс на македонскиот производ, па сега ќе ни пуштаат реклами како македонскиот производ е супер, како македонските фабрики знаат и умеат и да купуваме македонски производи откако увидоа дека во голема мерка македонскиот производ отиде во таканарачен стечај.. Прво го уништија производот кој беше со конкурентни цени на пазарот со неконтролиран увоз за сега да ни ја развиваат националната свест.. Од друга страна сосема нормално е дека купувачот ќе купува евтин производ бидејќи моќта на купувачот драстично опадна .. да не речам за цели 100 %... Се стигна до степен да се купува вчерашен и завчерашен леб од 10-15 денари (кој не викам дека е лош за јадење) за да може да се преживее.. Искрено дојди и види колкава е побарувачката на бајатиот леб... Лебот кој порано го купувавме за стоката и домашните животни сега полека но сигурно станува основен прехранбен производ за разлика од тазето леб .... Сите твои муабети држеа вода до пред извесно време, но во последните 6 години драстично се зголеми увозот со што се уништи македонскиот производ во голема мерка и се создаде вишок на работна сила дополнително во последните 6 години, а да не зборам за стандардот на македонските граѓани кои отиде далеку надолу... Тоа е факт, тоа е секојдневние... Не зборам на памет, не зборам од инает, зборам за тоа што го гледам секој ден на улица... |
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Што можеше и како можеше власта да реагира на кризата е прашање зашто и како власта инвестираше во небитни проекти во време на криза кои драстично се зголемуваат секој ден? Зарем тие пари инвестирани неможеа да ја ублажат кризата? Или е потребно дополнително задолжување а после кукање како е кризата крива... Мислам апсурди до немај каде... Кукаме светот во криза, Македонија во криза, од друга страна, спомениче ваму, спомениче таму, фонтанче онде, фонтанче онде.. и чат пат по некоја овената врба... Сума сумарум пола милијарда евричи... И после криза било.. епа криза е... Искрено според тебе, ти ако крпиш крај со крај во месецот дали ќе тргнеш да се позајмуваш пари од други да можеш да си реновираш по дома, знаејќи дека утре тешко или ич нема да ги враќаш?
|
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Се сложувам дека Македонија се соочува со криза која лесно може да стане целосна рецесија... поправо веќе е стапнато таму , како што им се случува на добар дел од западноевропските држави. Проблемот овој пат не е до Македонија, туку до состојбата во Европа со која најмногу работаат македонските фирми. Кога Европа кивнува Македонија добива настинка. Ако Европа, економски притисната до пукнување, нема пари за инвестирање или купување, тогаш како можат македонските фирми да бидат и натаму заангажирани како до сега? Уште полошо, поради таквата европска економија исплатите кои ние требаше да ги добиеме доцнат со месеци, а некои нема никогаш да бидат направени. Затоа владава имаше работни патувања со цел да привлечат инвеститори и да направат зделки со азијските држави, а за неколку дена делегацијата ќе пристигне и во Северна Америка. Европа ќе ни биде болна точка за следните неколку години и излез од тоа е барање посигурни економски партери надвор од неа. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Потполно се сложувам со тебе и затоа владата дозволува увоз на евтини прехрамбени продукти. Замисли ако го забранеше увозот и народот беше присилен да купува од пазарот во кој царуваат неможни цени (како што беше, доколку добро се сеќаваш, пред дозволување на увозот), повисоки и од оние во западноевропските држави ??? После твојов коментар јас сум 100% сигурен дека ти ќе беше првиот што овде ќе критикуваше со големи болдирани букви и ќе го поведеше народот на демонстрации пред владата држејќи транспарент "Немаме пари за леб" и ќе бараше владата да стори нешто за спуштање на цените. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Излишни се коментарите од типот во светот е вака, во светот е онака или вака е замислено онака е замислено.. Типичен пример.. Појди на пазар и види каков производ се пласира... Конкретно кај доматите кои се всушност највлијателен земјоделски производ во овој период од годината може да се види дека најзастапен е увозниот производ, и тоа можам да кажам во процент од сигурно 70 %... Со тоа е истиснат или се истиснува македонскиот производ како оригинален а се пласира увозен под името на домашен, кој ни од далеку не личи на македонскиот. Проблемот е во тоа што некој и некаде тоа го дозволува, а од друга страна тој таму некој се фали како дели субвенции на земјоделците ама ги дели согласно обработливото земјиште и предвидениот приход, а не според реалниот резултат.. Убави се субвенциите немам апсолутно ништо против нив, ама поентата е да се заштити домашниот производ на штета на увозниот, за да може и субвенцијата правилно да се распредели и за да може домашниот производ да види извозно светло.... Земја каде доминира земјоделието не е дозволиво да врши увоз на стоки кои во земјата ги има (имало) во изобилие.
|
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ама изгледа колега никогаш не си бил во контакт со земјоделието Дали знаеш колку давачки имаат земјоделците? Дали знаеш колку чинат препаратите за прскање? Дали знаеш колку чини ѓубривото? Дали знаеш дека не зависи се од земјоделците? Земјоделците плаќаат за многу работи додека да дојдат до финалниот продукт. А трошоците се големи. Зошто не се намалат цените на препаратите за прскање (како што еве во Грција еден препарат што го има и кај нас чини 5 евра а кај нас 900 денари)? Еве еден пример, синоќа зборевме тука за огледување на праски. Кај што сум моментално на поминување, областа е позната по одгледувањето на праски и се смета дека се едни од најдобрите во цела Грција. Вика вака... Ги засадил дрвата пред 5-6 години. Секоја година дава околу 55% од парите што ги добил претходната година за препарати, за кроење и сл. Праските тука на големо ги откупуваат по 20 евро центи за оние со средна големина и 25 евро центи за најголемите праски под услов да се целосно здрави и да немаат ниту една црна точка или омекнат дел. Даваат по 20-30 евра од ден по лице за собирање на праските, а и превозот до откупниот пункт е на товар на производителот. Праските на пазар се пола евро (вчера во Воден) и евро по туристичките места. Заработката не е голема иако зборуваме за површина од 6 хектари. Во Македонија има можеби уште поголеми трошоци, затоа и домашниот производ не е конкурентен на пазарот. А тоа не зависи само од земјоделецот.
|
||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||
Внеси реплика | страница <1 4647484950 200> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |