IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - КОЈА РЕЛИГИЈА Е ВИСТИНСКА?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

КОЈА РЕЛИГИЈА Е ВИСТИНСКА?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4344454647 55>
Автор
Порака Обратен редослед
Miralem1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1548
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miralem1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2007 во 11:55

[/quote] DA JA BRANAT SOPSTVENAT NACIJA I VERA MOZEBI NO DA JA BRANAT VERATA NA OKUPATOROT STO ZNAM....RAZMISLI TI NASILNO DA SI BIL ZEMEN VO VOJNATA VO MAKEDONIJA DA JA BRANIS STRANATA NA MAKEDONCITE I TOA DA SE SLUCILO KOGA SI IMAL DA RECEMI 5 GODINKI I DA SI BIL KRSTEN I NAPRAVEN HRISTIJANIN NE PO TVOJA VOLJA..DA IMALO NEKOJ POP STO SEKOJDNEVNO KE TI SOLEL PAMET KAKO HRISTIJANSTVOTO E VISTINA A ISLAMOT ZLO KOE POVIKUVA NA VOJNA....I DA NEMAS PRAVO I NIKAKO DA NEMOZES DA GO PROCITAS k*rANOT TUKU POSTOJANO DA BIDES PRAKAN VO VOJNA PROTIV ZLOTO -VO OVOJ SLUCAJ ISLAMOT...KAKO BI SE CUVSTVUVAL ?????
DA BIDES ODDVOEN OD TVOJATA FAMILIJA NA KOJA SEGA POSLE 30 GODINI I NE SE SEKAVAS I DA DOJDE RED DA GI UBIES ISTITE ZATOA STO SE MUSLIMANI I JA BRANAT SVOJATA VERA OD OKUPTAOROT KOJ ST SEGA SI I TI ( NESTO KAKO DZIHADOT)....
TAKA IM BILO I NA MAKEDONCITE......KOGA TURCITE IM GI ZEMALE DECATA SAMO ZA DA NE PORASNAT I STANAT MAKEDONSKI VOJNICI ....


[/quote]

Goor,posto smetam deka poveke ti e jasno a pisuvas samo zatoa sto nemozes da priznaes,nema da te citiram na sekoe.
Povtorno ti povtoruvam,po kojznae koj pat. NE VERUVAJ NA SE OD ZBOR DO ZBOR. Od se sto si procital za Islamot i za toj danok 99,9% e LAGA !
I toa nema vrska so Islamot.
Ponataka,netocna ti e i sekoja Paralela. VO VERATA NEMA PRISILBA. ISLAMOT NE' TERA DA CITAME,DA UCIME,DA IZUCUVAME,,,, NE NI ZABRANUVA CITANJE NA BIBLIJA,ZBORUVAM ZA ISLAMOT,NE ZA TURCITE....
Ti kazav deka vo Mobilizacijata koj sto ne sakase da odi da se bori protiv svojot narod,ne otide a ti sto bea vo redovnata armija,tie i ostanaa,kako sto i kaza Daija.... jas i sluzev za ovaa drzava.
I povtorno,VO GOLEMA ZABLUDA SI a Boga mi i covek koj ne e racionalen,koj razmisluva so sopstvena glava.
Ateistite barem tvrdat deka se sami site bogovi,deka sami so sebe upravuvaat..... toa ti voopsto ne go pravis...
Turcite imale dovolno vojska,ne im trebale tugji deca.... nam preporacano nie da pravime deca i taka i e... vidis znaete nekogas da kazete deka Islamot se siri so natalitet..... Nie imame tolkav iman-vera,sto vo Imeto na Allah ne se plasime 2 na 100 vojnici.
 
A i za naredniot post ti odgovoriv samo izgleda deka ne si me cital.
Ti kazav da se upatis malku po Istorija,sam da baras ke naucis poveke.... ti go spomnav vremeto na Halid El Rasid e samo eden period koga seto pogore go nabroiv bilo STVARNOST a ne samo razmisluvanje i son na nekoj jadnik.
 
Baraj sega,trcaj,googlaj,setaj po internet,snajdi se.... ako ti napisam godina,pomalku ke se resi toj problem odkolku vaka,,, imas mnogu podobar podatok za da ispitas.
 
Цитирај I ZAMISLIV VERUVAJ DEKA ZAMISLIV - TOA BI BILO SUPER DA E TAKA....AMA TE MOLAM KAZI MI PRED DA SE VMESAAT USA NA PRIMER ILI DRUGI KATOLICKI ILI HRISTIJANSKI VLASTI VO KOJA ISLAMSKA ZEMJA SE PRAKTIKUVALO TOA PA DA RECEME EVE PAK KE BIDE TAKA???????????????????
Kazav sekade.... Islamot imal eden vladar za SITE ISLAMSKI ZEMJI. Znaci sekoja Islamska zemja imala EDEN VLADAR a ne sekoja posebni presedateli.... znaci EDEN HALIFA za site Islamski zemji i za celiot Islamski svet. Eden samo primer ti dadov,trcaj.......
Zatoa ti velam,citaj me ako me citas.... nema a da ne sum ti odgovoril nesto.
PS: UBAVO E KOGA KE SE CUE DEKA BI BILO SUPER TAKA. No za zal,si dozvoluvame da bide vaka kako sto si e (nikako)... no,ke bide povtorno taka kako sto bilo,pravedno.
Alija ra je rekao:Znanje je bolje od imetka.Znanje te cuva a ti cuvas imetak.Znanje je sudija,a bogatstvu se sudi,umrli su oni koji su gomilali bogadstvo,a ostali su oni koji su sakupljali znanje
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2007 во 09:33
Site ovie postovi, kolku i da izgledaat golemi, vredat da se procitaat. Sepak, golemi raboti se spomnuvat, naveduvaat i dokazuvaat....
 
Smetam deka otprilika imas bilo kakva slika vo vrska so prasanjeto sto go pstavi....
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2007 во 09:31

 

Сер Едвард

 

Во неговото дело „Историја на хемијата“ пишува:

„Хемијата многу напредувала во времето на абаситските халифи. Муслиманите во тоа време го знаеле мајсторството на дестилацијата, пареата и синтезата. За првпат тие употребиле натриум, јаглерод, јаглерод-натриум, алуминиум, калиум, амониум-хлорид, итн.“[1]

 



[1] Сејјид Муџтеба Мусави Лари, оп. цит., стр. 109.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2007 во 09:30

Бернард Луис

 

Роден е во 1916 година. Дипломирал на универзитетите во Лондон и во Париз. Бил асистент по предметот Исламска историја на универзитетот во Лондон. Работел исто така и во Министерството за надворешни работи од 1941 до ’45. Предавал историја на Блискиот и Средниот Исток на универзитетот во Лондон во 1949 година и на универзитетот во Калифорнија од 1955 до ’56. Автор е на повеќе книги. Тој вели:

„Пред доаѓањето на Мухамед (Божјиот мир да е над него) и неговите другари, немало решение за проблемот помеѓу Господ и Цезар. Во исламот нема Цезар, туку е Алах – Еден, додека Мухамед (Божјиот мир да е над него) е тој кој проповедаше и судеше во Негово име. Неговата власт извираше од истиот извор кој му помагаше на Пратеникот (Божјиот мир да е над него) и во двете мисии (во верската и државната мисија). Самата Објава и даваше предност на првата мисија и едновремено беше и основа за втората мисија. Кога Мухамед (Божјиот мир да е над него) умре, неговата духовна и пратеничка мисија (ширењето на верата на Алах) беше исполнета и зад него остана верската работа и политичкото дејствување. Показател за ова беше ширењето на шеријатот (законот) на Алах кај луѓето и ова можеше да се направи со ширењето на членовите и власта на заедниците кои го прифаќаа и го поддржуваа овој закон. Затоа, неопходно беше да се има еден одговорен или заменик за Пратеникот (Божјиот мир да е над него), заради водење на ова заедница. Арапскиот збор „халиф“ ги содржи и двете области. Во времето на праведните халифи, верската власт беше единствената власт. На почетокот од исламот, нема делење помеѓу системот на власта и системот на верата…И покрај снемувањето на хилафетот и делењето на исламскиот свет во многу независни политички единици и многу често и на меѓусебни војни, чувството на идентитет и убедувањето (дека муслиманите се еден народ) останало силно и активно.“[1]



[1] Ибид, стр. 238-239.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2007 во 09:28

Адем Метз

 

Професор по семитски јазици на универзитетот во Базел, Швајцарија. Има напишано неколку дела. Живеел од 1869 до 1917 година.

„Одлуката човекот да не го удри својот роб ја сметам за покорност и чест. Се пренесува дека пратеникот Мухамед (Божјиот мир да е над него) рекол: ,Најлош човек е тој што се храни сам, што не се однесува убаво и што го удира својот роб.‘

„Муслиманот можеше да се движи слободно со неговата вера и под нејзиното знаме во внатрешноста на муслиманската држава. Во неа тој наоѓаше луѓе кои го обожаваа истиот Бог кој беше обожаван и од него. Тие се клањаа исто како и тој. Законот, традицијата и обичаите беа исти. Во оваа исламска држава владееше законот, којшто им го осигуруваше правото на државјанство на сите муслимани. Тој беше сигурен и ја уживаше личната слобода, којашто не смееше да претрпи закана од никого. Никој не можеше да му наштети. Насрадин се шеташе низ сите муслимански држави во XI век немајќи притоа никакви тешкотии, со какви што на пример се соочуваше Германецот движејќи се дури и во самата Германија во XVIII век.“[1]

„Муслиманските држави се разликуваа од христијанската Европа поради постоењето на таканаречените етнички и религиозни малцинства, кои ги уживале сите права и слободи. Такво нешто не постоело во Европа.“[2]

 



[1] Д-р Имамудин Халил. оп. цит., стр. 243-244.

[2] Сејјид Муџтеба Мусави Лари, оп. цит., стр. 143.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2007 во 09:24

 

Густав Лебон

 

Француски историчар и филозоф, во неговата книга „Арапската цивилизација“, стр. 605, во врска со исламските освојувања вели:

„Неспорен е фактот дека светското општество не познава поширокоград освојувач од Арапите (муслиманите), ниту пак потолерантна вера од нивната“.[1]

Во истата книга, стр. 516, пишува:

„Еднаквоста кај муслиманите го има достигнато совршенството, онаа еднаквост којашто, од друга страна, на големо се прокламира во Европа, но нема никаков ефект во реалноста. Муслиманите практично го оживеале принципот на еднаквоста. Класните разлики кои денес можат да се забележат кај наследниците на Француската револуција не можат да се најдат кај муслиманите. Исламот ги отстранил сите класни разлики, како и семејните и индивидуалните, а сите муслимани се браќа. Во арапскиот свет една голема личност соединила различни племиња во прегратките на еден збор. Овој збор ги поврзал во еден систем на закони, според кој сите раси на сите континенти се еднакви и не се непознати еден за друг. На пример, Кинезот муслиман има сосема еднакви права во исламската држава како и Арапот муслиман, и покрај сите постоечки разлики помеѓу нив.“[2]

За муслиманите во Шпанија пишува:

„За неколку века муслиманите го променија целосно културниот и економскиот изглед на Шпанија. Шпанија беше европската гордост. Промените беа видливи и на морален план. Муслиманите се стремеле да развијат една голема цивилизирана особина кај христијаните, за нив целосно непозната дотогаш – соживотот со приврзаниците на другите вери. Ставот на муслиманите кон потчинетите народи бил премногу толерантен, им било дозволено основање на христијански и научни одбори во Севилја и Кордоба, во 852 година. Многу цркви изградени за време на исламското владеење јасно укажуваат на тоа дека муслиманите ги почитувале и другите вери. Многу христијани го прифатиле исламот, иако не биле принудени на тоа. И Евреите, и христијаните имале исти права како муслиманите. Тие можеле да имаат високи положби во владата.“[3]



[1] Др. Јусуф ел Кардав, оп. цит., стр.46, 47.

[2] Сејјид Муџтеба Мусави Лари, оп. цит., стр. 130.

[3] Сејјид Муџтеба Мусави Лари, оп. цит., стр. 143.



Изменето од DAIJA - 19.Септември.2007 во 09:26
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2007 во 09:23

 

Во универзитетот Пристон во Вашингтон е одржан конгрес за арапско-исламската цивилизација во 1953 година и е потврдено:

„Сите факти потврдуваат дека западната наука своето постоење и го должи на арапско-исламската цивилизација и дека современата научна методологија базирана врз истражување, опсервација и емпиризам, која ја одобрија европските научници, била резултат на врската на европските научници со исламскиот свет, посебно преку арапско-муслиманската држава Шпанија (Андалузија).“[1]



[1] Ибид, стр. 101.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2007 во 09:22

Проф. Далмас

 

Декан на Медицинскиот факултет на универзитетот во Монтпелје, вели:

„Жителите на Монтпелје, град во јужна Франција, кога одлучиле да го основаат нивниот универзитет во почетокот на XII век, им се обратиле за помош на другите универзитети, затоа што немале научници и професори со потребните способности... На почетокот се обратиле во Париз, но тој не бил во подобра состојба од нив. Потоа во Рим, но виделе дека самите тие биле во подобра состојба од Рим. Во тоа време, пак, Англија и Германија сè уште ги немале започнато нивните први научни чекори. На крај, забележале дека единствена држава која можела да им ја понуди саканата помош со професори и научници била муслиманската арапска држава во Андалузија (Шпанија).

Тие оствариле контакти и молби до муслиманската власт, која им ги исполнила сите, испраќајќи во Монтпелје тројца од најпознатите професори по медицина, по егзактни науки и по филозофија. Тие со богобојазност и се посветиле на нивната мисија, започнувајќи со организирање на универзитетот, а посебно со организирање на медицинскиот факултет. Тие одржувале научни предавања во текот на тригодишниот период. Потоа, кога виделе дека француските професори се оспособиле за водење и одржување на предавањата, дека станале независни, побарале дозвола од француските власти да се вратат во арапска Шпанија, на нивните универзитети.“[1]



[1] Д-р Мухамед Абдуллах Анан, Ел-Хамијадо-тајниот јазик на Маурите, Дитуриа исламе, Приштина, 1995, нр. 75, стр. 35.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2007 во 09:20

 

Мејџор А. Г. Леонард

 

Во делото “Islam, Her moral and spiritual value”, стр. 20-21, пишува:

„Читателот веднаш треба да сфати дека Мухамед немал некоја извонредна душевна инспирација, не бил обичен водач, или за повеќето номад, тој бил еден од најголемите мислители на сите времиња и епохи. Бил човек со сериозни и искрени цели, не бил само голем, туку најголемиот меѓу најголемите. Бил човек за кој човештвото никогаш порано не знаело. Бил величествен не само како пратеник, туку како јунак и државник. Бил душевен поттикнувач што го создал најголемиот народ, најголемата држава и најголемата вера. Бил скромен со луѓето и премногу понизен и посветен на Бога. Читателот треба да сфати дека исламот има длабоко значење и се труди неговите следбеници да ги извади од човечката темнина кон високите сфери на Светлината на Вистината.“[1]



[1] Ибид, стр. 24.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2007 во 09:19

Вашингтон Ирвинг

 

Во едицијата „Мухамед и неговите наследници“, за Пратеникот на Бога акцентира:

„Мухамед ги поседуваше највисоките интелектуални особини, имаше жива имагинација и неверојатно помнење. Тој никогаш не ги разликуваше луѓето, затоа и простите луѓе го сакаа. Во миговите на најголемата победа, по неговата победа над непријателите, него не го опфати мегаломанијата. Никогаш не дозволуваше да му се направи посебна почит, на пример при влегување во соба. Луѓето ги ценеше и ги почитуваше само според длабочината на верувањето, неговото покажување во практиката и извршувањето на добрите дела.“[1]

„Иако беше сериозен и достоинствен, тој понекогаш се шегуваше, беше насмеан и полн со хумор. Се вели дека имал насмевка што маѓепсува. Неговото лице беше малку поцрвенкасто, какви што вообичаено се лицата кај останатите Арапи. Меѓутоа, во моментите на воодушевеност, неговото лице имаше некаков чудесен блесок, кој неговите ученици го објаснувале како натприроден блесок на Пратеникот на Бога...

Бил скромен во начинот на живеење, умерен во јадењето и строг приврзаник на постот.“[2]

Меѓутоа, во делото „Биографија на Мухамед“, стр. 72, пишува:

„Мухамед беше печатот на веровесниците и најголемиот од пратениците кои Алах ги испрати да го повикуваат човештвото да го обожаваат само Него.“

„Однесувањата на Мухамед во Мека потврдуваат дека тој бил веровесник, пратеник, а не водач победник. Тој се покажа сомилосен и толерантен кон сограѓаните, иако тогаш поседуваше сила. Меѓутоа, тој својот триумф и победата ги круниса со милост и прошка.”[3]

„За време на ширењето на исламот, Пратеникот доживуваше многу тортури и жртвуваше многу. Дури многумина се сомневаа во вистиноста на неговиот повик. Поминаа неколку години без да доживее некој голем успех.“[4]

„Во текот на проповедањето на Објавата, беше изложен на понижување, напади и тортури до толку што беше принуден да го напушти родното место и да мигрира во друго место. Таму се оддалечи од уживањата на животот и од обидите да се збогати, само заради ширење на верувањето.“[5]

„Војничките победи не предизвикаа мегаломанија и тврдоглавост кај Пратеникот. Тој се бореше заради ислам, а не за лична корист. Дури и на врвот од славата, Пратеникот ја чуваше скромноста и едноставноста. Негова цел беше да формира една голема држава, а тоа беше исламската држава. Владееше со праведност и никогаш не се потруди неговото владеење да го направи владеење за неговото семејство.“[6]



[1] Д-р Фадлурахман Енсар, оп. цит., стр. 38.

[2] Л.С.Б. „Немуслиманите за Мухамед“. оп. цит., стр 107.

[3] Ибид стр. 233

[4] Ибид стр. 95, 96.

[5] Ибид стр. 300.

[6] Ибид стр. 302, 303.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2007 во 09:18

Ламартин

 

Еден од најголемите поети на Франција, во делото “Historia de la Turqiue” пишува за величественоста на Мухамед (Божјиот мир нека е над него):

„Никогаш човекот, доброволно или обврзувачки, не си поставил себеси повисока цел... Да се срушат бездните кои биле поставени помеѓу човекот и Создателот... За човекот да му се врати на Бога и да се обнови оправданата и ненадмината идеја за божеството, во време на хаос, на материјализам и на идолатриските визии за Бога кои постоеја тогаш.

Никогаш човекот не прифатил таква обврска недостижна за човечката способност, со толку слаби можности, затоа што, како во идејата така и во примената на тој голем план, немал никаква посебна подготвеност ниту помош, освен од една група прости луѓе кои живееја по ќошињата на пустината.

Никогаш човекот не направил таква голема и продолжена револуција во светот, затоа што за помалку од два века по неговото појавување, исламот преку убедувањето и силата, во името на Бога, доминирал долж цела Арабија, Персија, Хоросан, Трансаксонија, Индија, Сирија, Абисинија, долж сите познати места на Северна Африка, островите во Медитеранот, Шпанија...“

„Ако величественоста на целта, скромноста на мислењето и постигнатите резултати се три мерила за човечката генијалност, кој може да има храброст да го спореди кој било голем човек во историјата на човештвото со Мухамед (Божјиот мир нека е над него)?

Најпознатите луѓе воспоставиле само војска, закон и држава. Тие не формирале ништо повеќе од материјални потенцијали, кои често бивале уништени пред нивните очи. Овој човек не ги започнал само војските, законодавствата, државите, династиите и народите, туку милиони луѓе, една третина од населениот свет во тоа време, дури и повеќе, повеќе од ова: тој ги смени олтарите, божествата, верите, идеите, верувањата и душите. Според к*ранот, со секоја буква што стануваше закон, го изгради душевниот национализам, кој е прифатлив за луѓето од секој јазик и раса. Тој ни ја оставил, како неизбришлива особина на муслиманскиот национализам, омразата против лажните божества и стремежот кон еден нематеријализиран Бог. Оваа отпорност на патриотизмот против сквернавењето на вербата во Бога, им дала храброст на следбениците на Мухамед (Божјиот мир нека е над него). Освојувањето на една третина од светот преку неговата вера беше чудо од негова страна.

Идејата за единството на Бога, што ја прокламираше помеѓу измислиците за различните божества, беше таква што успеа да ги сруши сите антички храмови на идолите, инспирирајќи една третина од светот со својата вера. Животот, размислувањата и својата храброст и ги посвети на борбата против божествата. Неговата храброст во противставувањето на идолатријата, истрајноста во текот на 13 години живеење во Мека, прифаќањето на луѓето јавно понижени и скоро притиснати од современиците, неговото непрекинато проповедање, борбата против нееднаквоста, непоколебивото верување во успехот, натчовечкото трпение во текот на искушенијата, скромноста во победата, неговите амбиции свртени кон една идеја, бескрајната и продолжената борба, мистичните разговори со Бога, смртта и триумфот по смртта, сите овие нешта сведочат не за измама, привид или лага, туку за неговата цврста решителност да се обнови верата.

Оваа вера има два основни принципи: Бог е Еден и Тој не е материјален. Првиот принцип кажува каков е Бог, а вториот каков не може да биде Бог.

Мухамед беше разурнувач со сабја за лажните божества, воспоставувач на идејата со зборови. Филозоф, говорник, учител, законодавец, борец кој се бореше за неговите идеи, обновувач на рационалното верување и обожавање без слики, основач на дваесет земни и на една душевна империја. За Мухамед (Божјиот мир нека е над него) земајќи ги предвид сите мерила со кои може да се мери човековата големина, со право може да прашаме: Зарем постои поголем човек од него?“[1]

 



[1] Улфе Азиз-ус Самед, оп, цит., стр. 25-26.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2007 во 09:17

Проф. Бернард Луис

 

„Исламската вера успеа таму каде што христијанството не успеваше. Таа постигна да проповеда длабоко верување обвиено со верска толеранција, која се изразува кон припадниците на другите религии, како и кон еретиците и неверниците. Постоењето на голем број идејни школи на полето на објаснувањето и извршувањето на шеријатот е друг аргумент за толеранција и логично исламско оправдување. Од општествена призма, исламската вера секогаш била демократска или, подобро речено, поправедна.

И покрај тенденциите на неколку исламски држави да формираат аристократска класа, идејата за еднаквост во ниту еден временски период не е искоренета од исламското општество. Исламското сфаќање ја фаворизира доминацијата на законот и неминовноста на потчинетост на водачот (владетелот) спрема законот.

Решителноста и силата на научниците во османлискиот период направи да се почитува ова исламско начело.“[1]



[1] Д-р Јусуф ел Кардави, оп.цит., стр. 50.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2007 во 09:16

Едвин Карвелери

 

Дипломирал на Универзитетот во Бристон, САД. Напишал неколку книги за исламот. Меѓу останатото, тој вели:

„Многу луѓе, под влијание на нивното културно наследство, општествената состојба и образование, ја прават поделбата на верата од државата. Западните протестанти ова прашање го сметат за недискутабилно. Всушност, оваа поделба помеѓу верата и државата е нешто ново за христијанството и е измислена од малку школи, за исламот или за некоја друга светска вера, оваа поделба никогаш не е призната.

Ви донесуваме еден пример на праведно изучување, написот на проф. Артур Џефри во списанието ,Исламскиот свет‘, во јануари 1940 година, каде што зборува за еден од преводите на к*ранот на англиски јазик. Тој јасно ги признал извонредните духовни вредности на верата на која тој не и припаѓаше.“[1]



[1] Д-р Имадудин Халил, оп.цит., стр. 216.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2007 во 09:15

Полковник Енџерсал

 

Американец познат по неговата безбожност, вели:

„Илјада години по раѓањето на Христос, муслиманите основаа голема држава, подигнаа училишта по монголските и татарските градови, во Иран, Сирија, Египет, Северна Африка, Шпанија, и др. Муслиманите не подигнаа само училишта (медреси), туку подигнаа и астрономски набљудувачки центри, каде што се развија природните науки. Тие ги измислија броевите, студираа алгебра, геометрија и постигнаа да ги решат проблемите на алгебрата од трет степен. Муслиманите се покажаа како мајстори во науката за мерење на земјата, ги цртаа картите на ѕвездите, ги покажаа нивните движења и ги именуваа со разни имиња, имиња кои ги имаат и ден-денес. Тие зборуваа за делењето на Земјината топка, го опишуваа правецот на патот до Сонцето и Месечината, и промената на ноќта и денот... Изумија алатки за хемија и физика, подготвија разни часовници, открија балансери за часовници, направија и напредок во хемијата, оперираа со азот, етер, алкохол и за првпат подигнаа болници низ светот.

Муслиманите ги разбраа основите на науката, однесувањето на телата во природата и секако, ја изучија и хидромеханичката наука. Во оптиката измислија и констатираа дека светлото не се перципира од окото во предметите, туку од предметите во окото. Освен ова, муслиманите од памукот, кожата, хартијата и челикот, изработија многу вредна и корисна суровина...

Тие, успешните, не беа христијаните, туку беа токму муслиманите, кои подигнаа универзитети, кои ги собраа сите ракописи од старите дела, кои ги открија законите на природата и привлекоа внимание од целиот свет за природните знаења... Не треба да заборавиме дека славата за поставување на основите на современите знаења им припаѓа на следбениците на Мухамед (Божјиот мир нека е над него). За ништо од тоа што го добиваме денес не сме им должни ниту на црквата, ниту на христијанството.“[1]



[1] Х. Хоџа, оп.цит., стр. 120-121.



Изменето од DAIJA - 19.Септември.2007 во 09:35
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4344454647 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.