![]() |
|
Преговори за името |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 4344454647 184> |
Автор | |||||||||
Indurain ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Јули.2011 Статус: Офлајн Поени: 308 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||
Тие кои што не сакаат пари....цел живот нека ги немаат.......... Сигурен сум дека ти прв ќе дадеш да те мавнат за пари..... Инаку......За која држава зборуваш!!!!!!...оваа држава е вештачка држава......со коминтерновска нација, фалсификувана историја, Караџиќева азбука и србоманско-шиптарска култура и се останато во неа ќе се распадне како гнило јболко....онака како што се распадна Југославија.............. Така да......ич на криво не ми моча......дали ќе го сменат името или не...........не е ни битно.....кога коренот не си го знаеме....... |
|||||||||
![]() |
|||||||||
Gorazd777 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||
Како и да вртиш,како и да сучиш пријателе за ПАРИ е работава,ами за татковината не се работело.
Еве тргни од себе си ,љубител на златници,ај од поранешните комуњари,сите се продаваа за пари,па се создаде(црвена боржуазија),тогаш се викаше СРМ,НРМ, и слично,пред тоа се борева комитите,тогаш не постоеше како држава беше во Отоманската империја,тие меѓу себе се истепаа повеќе за пари отколку за името(така и Гоце е отепан ,зашто ги открил дека ги украле собраните пари,а не биле малку кои дел се употребиле за Солунскиот тероризам). Пред тоа Турско,тоа не го спомнувам,пред тоа Византија,Комнени и слична папзјанија ,тогаш јок за Мацедонија,пред тоа Хуни,Авари,Скити,Словени и слично,пред ,пред тоа Римјани,пред тоа Аце,кој бил само до Велес,а таткаму ја држел северна Грција,и сите сакале да ги признајт Гција,оти таа била Култура за тоа време(како сите денес што се Амери),да пред,пред тоа имало и друго,па до кокино,тогаш нема извор што било,па пред тоа имаше бронза во Кочани или натаму,па Мастадонот во Битола на ископот кај јагленот и... Се враќаме денес,ВРХОВИСТИ еден куп,србски,бугарски ,грчки ,ги имаш во Сител,во Влада ,ја имаш цела пропала елита од ДА на циле,кои сега се во власта,во ДПМНЕ(Немаат тронка врска со ВМРО- Педро-Пешески и компанија)сега се чистат понатаму,уште да кажувам,па многу се арамии, е нема ние обичните да страдаме и нашите кои лежеле по затвори за Македонија,за сега некои егејци,и остала багра да се подуваат и за името да ми кажуваат,тие не се бореле и сите претходни за име,тие за КРВ ЛОКАЊЕ и за ПАРИ СЕ БОРЕЛЕ,затоа се ќе оди во НЕВРАТ.И не продавајте повеќе муда за бубрега,прајте есап прво за ВИСТИНАТА. |
|||||||||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|||||||||
![]() |
|||||||||
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||
Ах, какви времиња дојдоа ...! Можеби некои од вашите дедовци ќе се превртуваат во гробовите ако би дознале што нивните поколенија прават за Македонија. Истата таа Македонија за кои тие ги дале своите животи. Сте зинале за пари, пари, пари и само пари! Единствен вредносен систем ви е парата. Се се гледа само за парите! Дали еднаш ќе сфатите, но уште поважно и да прифатите, дека во животот освен парата има многу други повредни работи? Р.Ѕ. Поттикнат од тоа „мавни нешто ...“ , оваа ваша патолошка потреба (желба) за пари под било кој услов, ми наметнува една помисла, дека вие за пари ќе дозволите и да ве „мавнат“! |
|||||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||||||
![]() |
|||||||||
Gorazd777 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||
А,не нема менвање на името,тоа се велит Ребрендирање,као ИК банка во халк,сега е турска со најголем капитал,турски инвестиции,се е пак е бело,уживанција и за султани и за раја,затоа давале долина на в,ците ,а сега мафија сител,продолжува,кој сака нека верува,кој не нека сонува.
|
|||||||||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|||||||||
![]() |
|||||||||
Indurain ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Јули.2011 Статус: Офлајн Поени: 308 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||
Па што има врска ако го смениме името....големо чудо.......абе гледај таму пари прави,мавни нешто и...уживај............
|
|||||||||
![]() |
|||||||||
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||
Дали македонскиот народ ќе попушти пред притисокот на меѓународниве „демократи“ и ќе дозволи да се смени името?
Не, не го прашувам ова од патриотски, политички, економски причини (оти видовме кој како е настроен по однос на тоа прашање), туку ме интересира како тогаш ќе се пее химната „Денес над Македонија се раѓа“? Или и неа ќе ја смениме?! Па кога сменивме устав, знаме, име ... што остана за една песна, макар таа била и химна. Голема работа. ![]() Ајде, химната и не е толку важна (!), ама ме интересира како тогаш ќе ги пееме „Македонско девојче“ или „Ој Вардаре македонски“?! Впрочем, дали воопшто ќе смееме да ги пееме, а? ![]() Ќе нема ли тогаш овие „македонци“ кои сега се за промена на името, да не’ шпионираат и да не’ кодошат ако некој на некоја веселба си ги запее овие убави ![]() |
|||||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||||||
![]() |
|||||||||
Andjelina ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||
ha...toa ke znaeme koga se ke bide zavrseno..posle ke se vadat-ne bev jas,ne bev jas...onie losite cickovci me nateraa
![]() |
|||||||||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|||||||||
![]() |
|||||||||
којсумјас ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||
А бе до кај е работава со името...
што е ова сите молчат... ама молчењето е одобрување... само на што... ![]() |
|||||||||
![]() |
|||||||||
DameMak ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||
Од правник сега се претвори во пророк или во врач, па предвидуваш рушење на идеали и слично откако ќе дошло до компромис. Ако квалитетот на предвидувањата ти е ист како и квалитетот на правното тумачење што го даде дека ПЈРМ како државно име било дел од нашиот домашен правен систем - слаби се шансите за реализација на твоите предвидувања.
„Со време и трпение, и дудиниот лист станува свила.“ А за критиките кон мојот предлог: Форумов е тука токму за тоа, да дебатираме, критикуваме и спротивставуваме аргументи. И понекогаш да изнесуваме сопствени предлози за решавање на некои проблеми. А за употребените наводници во: „"сопствени" ставови“, ако мислиш дека јас овде ги кажувам ставовите на некои други (политичари), тогаш правиш огромна грешка. Точно е дека некои мои ставови искажани овде на форумов после се покажале како реализиран потез од оваа влада (на пример мојата реакција во врска со црквата на плоштад или дека немаме досега и ние црвена линија за која што сметам дека е неменување на уставното име Република Македонија, па Груевски после 1 недела во инаугуративниот говор по повод новата влада токму таа црвена линија ја истакна), ама тоа само покажува дека некој не’ чита на форумов и го пренесува напишаното на некои политичари. Изменето од DameMak - 09.Август.2011 во 21:45 |
|||||||||
Illegitimi Non Carborundum
|
|||||||||
![]() |
|||||||||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||
Прочитај уште неколкупати што тврдев јас, што тврди Уставот, што значи документ да стане дел од домашниот правен поредок, спореди го сето тоа со изворите на меѓународното право oд статутот на Меѓународниот суд на правдата, па дури тогаш ќе ти стане јасно што говорев јас. Дотогаш, само ќе повторуваш некои нешта, а ниту сам ќе ги разбираш, а за меѓународното право и да не говорам.
Пак ќе ти кажам дека твоето разбирање за компромис во конкретниот случај, не се поклопува со моето. Моето разбирање за компромис во конкретниот случај, имајќи ги в предвид и другите нешта на светската политичка сцена, сосема се разликува од твоето. Ниту нам ниту на Грците некои нешта нема да ни се допаднат, но постојат нијанси кои ќе определат кому компромисот нема да му се допадне, а кому ќе му стане тежина од која нема да може да се ослободи. А за тоа кој што покажал во дискусијата, ќе говориме, ама понатаму, кога ќе дојде до компромис. Ќе видиш тогаш како мошне брзо некои идеали ќе се срушат, ама доцна ќе биде за објаснување што е компромис, за повторување на "сопствени" ставови и други нешта. П.С. Знам дека сите кои го критикуваат предлогот кој го даваш, покажуваат некакви негативни особини, непознавања и слично. Јасно ми е од дискусиите кои ги имаше и со другите членови кои не го прифатија твојот предлог. Се надевам тоа ќе можеш и на политичарите да им го кажеш, затоа што нема ниту тие да го прифатат предлогот. Изменето од Македон - 09.Август.2011 во 14:30 |
|||||||||
![]() |
|||||||||
DameMak ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||
Аахаха, јас или ти тврдеше дека преку членот 118 во македонскиот домашен правен систем влегло во употреба и името ПЈРМ како име на државата?
Па нормално е дека ниту нас ниту на Грците од прва нема да ни се бендиса решение кое на крајот има шанса да биде КОМПРОМИС. Со ова што си го напишал покажуваш дека тотално не сваќаш што значи зборот КОМПРОМИС. Ти напишав пред 2-3 пораки што значи компромис, ама бидејќи генерално во дискусијава покажа слабо познавање на логиката, јасно е зошто не си ја сватил таа моја порака. ЕВЕ ЈА УШТЕ ЕДНАШ: Компромисните решенија бараат и трепение но пред се волја од обете страни и никогаш не се од прва прифатени ниту од едната ниту од другата страна. Решенијата што одма се прифаќаат од едната страна - одма се одбиени од другата (и обратно). И за мојот предлог ќе биде потребно и време и добра волја од двете страни. Изменето од DameMak - 09.Август.2011 во 14:23 |
|||||||||
![]() |
|||||||||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||
Тој што покажа основни непознавања си ти, изнапиша еден куп глупости овде, но не сакаш да разбереш, па пак си продолжуваш со истото. Како и да е, тоа е твоја одлука, јас немам зошто да се занимавам со тоа. Патем, пак ќе ти кажам, штом си имаш своја дефиниција за што е меѓународно јавно право и други нешта, нема да ти се мешам. За среќа, никој во светот не го прифаќа тоа кое го говориш. Колку и да се трудиш да покажуваш познавања од областа на правото, изнапиша глупости кои правник не би ги напишал. А бидејќи не си правник, немам намера да навлегувам во понатамошни полемики, да цитирам книги или нешто слично.
Твојот предлог се содржеше во еден од предлозите на Нимиц, ама Грција истотака го одби. Значи, според твоето сфаќање за компромис, ниту тоа не е компромис. И немам намера да навлегувам во понатамошни преговори со тебе за тоа што е компромис за мене, а што не е. Твојот предлог како и да го вртиш, Македонците нема да го прифатат. Соочи се со реалноста. |
|||||||||
![]() |
|||||||||
DameMak ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||
Опааа - Откако покажа основни непознавања за хиерархијата на одредбите во уставот и доменот над кои се однесуваат неговите членови, сега се повикуваш на „АВТОРИТЕТИ“ кои ти дале висока оценка по меѓународно право. Си препишувал изгледа на испит.
Ова не е твој предлог. Ова е официјален предлог на Република Македонија од пред 16 години. Тој предлог е добар за нас, и јас би бил среќен кога би се реализирал. АРНО АМА - тој предлог НЕ Е КОМПРОМИС, и досега бил 100 пати одбиен од Грција. Мојот предлог од друга страна Е КОМПРОМИС. |
|||||||||
![]() |
|||||||||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||
Оценката дадена од тебе не ми е важна, важно ми е оценката по меѓународно јавно право ми е мошне солидна и дадена од еден од застапниците на Македонија пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг и учесник во преговорите за името. Ти со ова што се што го кажуваш, не би ни положил.
Одговорот кој ти го дадов е сосема достоен на твоите партиско-популистички епитети, со кои искрено, ретко се занимавам, ама потеклото, за жал, им го знам и тоа е такво-комунистичко.
Моето сфаќање за компромис и твоето се сосема далечни.
Ама затоа правото на самоопределување е применливо и во конкретниот случај. Со тоа завршува сета приказна и тоа дека се разликуваме и се останато што го наведуваш.
Двојна формула само за име кое ќе се употребува во меѓународната комуникација, односно употреба на уставното име во севкупната комуникација, а за билатералната комуникација со Грција, па дури и Кипар, име кое ќе биде со географска одредница, односно Северна Македонија, Горна Македонија, Република Македонија-Скопје. И почитување на правото на самоопределување од сите страни, односно почитување на македонскиот идентитет и јазик со соодветен превод на англиски јазик и без никаква понижувачка транскрипција на македонски зборови на латиница. Изменето од Македон - 09.Август.2011 во 00:18 |
|||||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 4344454647 184> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |