![]() |
|
Хороскоп |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 4344454647 157> |
Автор | |
Kastro ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Риби (19. II – 20. III)Општи карактеристики за рибиРибите се управувани од две планети – Јупитер и Нептун. Во римската митологија Јупитер е цар на боговите, а Нептун - владетел на морињата. Јупитер исто така управува со стрелец, но додека рибите ја претставуваат женската страна, стрелецот ја претставува машката. Нептун е претставник на сè што е мистично, на соништата, заблудите, фантазијата. Родените во овој знак се идеалисти и во повеќето случаи нивните желби се нејасни. Симболот на овој знак се две риби, кои пливаат во различна насока. Едната риба ја симболизира реалноста, а другата мечтите. Ако вашиот знак е риби, вие имате силно развиена интуиција и секогаш знаете што се случува околу вас. Еден дел од вас секогаш сака да „исплива“ и да избега од реалноста. Вие сте многу креативни, а вашата фантазија е идеалното скривалиште во моментите кога сакате да избегате од реалноста. Љубител сте на танцувањето, филмовите, поезијата и музиката. Секој претставник на овој знак треба да има дневник покрај својот кревет, затоа што најдобрите идеи кај рибите идат додека тие спијат. Никогаш не сте агресивни, лесно наоѓате лидер кој што ќе ве води и сте задоволни кога судбината ве води, независно дали во познат или во непознат правец. Риби е знак спротивен на девица, знакот на здравјето. Додека девиците се интересираат за конретните аспекти од животот, рибите се сврзуваат со потсвеста, со емоционалниот и менталниот живот. Претставниците и на двата знаци се посветуваат премногу на другите, но рибите понекогаш премногу влегуваат во улогата на жртви. Елементот на рибите е водата и како воден знак вие сте многу емоционални и одговарате на предизвиците преку чувствата, а не преку физички, практични и интелектуални дејствија. Во љубовните односи сте нежни, верни и романтични, но само додека партнерот чува во себе си некаква таинственост. Кога таинственоста исчезне веднаш се разочарувате и тргнувате во потрага по нов партнер - идеалниот. Поради фактот што рибите се последниот знак во хороскопот, вие имате можност да учите од првите единаесет знаци. Родени сте за да му помогнете на човештвото да ги достигне највисоките нивоа на духовност. Иако понекогаш се чувствувате беспомошни, вие сте многу посилни отколку што можете да си претставите. Најдобриот начин за да ја почувствувате вашата сила е да им помогнете на луѓето, кои имаат потреба од помош. Луѓето околу вас имаат многу големо влијание на вас и многу лесно можат да направат да се чувствувате виновни. Поради тоа треба да стоите настрана од „пријатели“, кои ве искористуваат или прават да се сомневате во самите себе. Оставете ги околу вас само оние ваши пријатели, кои имаат добро срце! Симбол: Симболизира: Елемент: Планета: Ден од седмицата: Боја: Број: Скапоцени камења: Најдобри професии: За да се спријателите со нив: Дел од телото: Добри карактеристики: Лоши карактеристики: Карактеристики по кои ќе ги познаете: Омилени работи: Работи кои ги мразат: Можете да ги најдете: Скриена желба: |
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
![]() |
|
Kastro ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Водолија (20. I – 18. II)Општи карактеристики за водолијаВодолијата е управувана од Уран – планетата на оригиналноста, мудроста и целосната слобода. Симболот на водолијата е носачка на вода, а симболиката на знакот е носење на нови идеи. Родените во овој знак се бескраен извор на нови и оригинални идеи. Вие им давате животворна течност на блиските, а пријателствата се многу важен аспект од вашиот живот. Најдобрата ваша карактеристика е тоа што можете да се спријателите со секој, па затоа имате голем број пријатели. Најсреќни сте кога сте заобиколени од необични луѓе со нестандардни идеи. Работите упорно и енергично за да ги распространите вашите идеи, особено кога тие имаат некаква хуманитарна цел. Вие секогаш знаете како да го најдете идеалното решение за секој проблем. Различни сте од толпата и може да бидете многу добар лидер. Пацифисти сте, но многу сте жестоки кога луѓето не го споделуваат вашето мислење. Многу лесно го губите трпението и сте непредвидливи. Ултра модерни сте и секогаш облечени по најнова мода. Како воздушен знак вие на секој предизвик одговарате интелектуално, а не физички и емоционално. Својот интелект го покажувате преку искажување на своето мислење или преку дискусии. Во љубовната врска сте нестабилни, не се приврзувате за партнерот и поради тоа не сте љубоморни. Водолијата е спротивен знак од лавот. Додека лавот се концентрира на личното задоволство, водолијата работи за хуманитарни цели. Поради влијанието на Уран имате силно развиена интуиција, која ви дава поглед кон иднината. Со тоа можете да направите другите да ја гледаат сегашноста на различен начин и сте големи иноватори. Оригинални сте, обожавате изненадувања и сакате да ги шокирате луѓето околу вас. Токму во моментот кога другите мислат дека ве разоткриле, вие ја менувате играта. Обожавате да кажувате шеги, забавни сте и поради тоа луѓето сакаат да бидат околу вас. Но, никогаш не заборавајте да одделите дел од таа љубов за себе си. Симбол: Симболизира: Елемент: Планета: Ден од седмицата: Боја: Број: Скапоцени камења: Најдобри професии: За да се спријателите со нив: Дел од телото: Добри карактеристики: Лоши карактеристики: Карактеристики по кои ќе ги познаете: Омилени работи: Работи кои ги мразат: Можете да ги најдете: Скриена желба: |
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
![]() |
|
Kastro ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Јарец (22. XII – 19. I)Општи карактеристики за јарецСериозните јарци се управувани од Сатурн - планетата на тешките лекции и слободата. Во римската митологија Сатурн е татко на боговите, господар на времето и кармата. Под влијание на Сатурн многу јарци се стремат да ги постигаат своите цели со тежок труд. Јарците се луѓе, кои што свикнале на тешките казни од Сатурн и поради тоа го гледаат животот како тежок пат, по кој наградите идат само преку страдање и жртвување. Симболот на амбициозните јарци е планинскиот јарец, кој што претпазливо се искачува по камениот рид. Ако сте родени под овој знак, вие сте многу трпеливи и се издигате во општеството стапка по стапка. Иако вашиот пат не е лесен, вашата амбициозност и добрата дисциплина ви даваат сила да стигнете до целта. Кога некој се обиде да ви го попречи патот до врвот вие знаете да бидете сурови и тврди. Добри лидери сте и најверојатно имате свој бизнис или се одвојувате од останатите служители со своето иноваторство и посветеност. Никогаш не ја оставате работата недовршена. Способноста да организирате, заедно со вниманието кое им го посветувате на деталите, ве прави многу ефективни. Понекогаш сте премногу критични кон оние што не се толку амбициозни како вас. Многу често сте фаталисти и гледате на иднината со недоверба. Вашата големина е во вашата упорност, т.е. работите секогаш напорно додека не ги постигнете вашите цели. Вашите амбиции се бескрајни, но знаете да ги конкретизирате вашите планови и таа ваша способност ве прави најуспешниот знак во хороскопот. Во љубовта не сакате да ризикувате и поради тоа сте верни и секогаш стабилни. Елементот сврзан со јарецот е земја. Земните знаци се практични и одговараат на предизвиците со практични методи, наместо да вложуваат интелектуален или емоционален напор. Во слободното време сакате да се натпреварувате. Љубители сте на колективните спортови, но кога губите за загубата се виновни сите учесници. Вие сте секогаш силни, па дури и во најтешките моменти знаете да им дадете утеха на другите. Поради тоа имате многу лојални пријатели. Секогаш сте посветени на вашите пријатели и на семејството. Ги исполнувате вашите ветувања и затоа другите можат да сметаат на вас. Но, запомнете дека некогаш и вие треба да се забавувате. Животот не мора секогаш да биде борба. Уживајте во вашите победи дури и тогаш кога не сте работеле многу тешко за нив. Симбол: Симболизира: Елемент: Планета: Ден од седмицата: Боја: Број: Скапоцени камења: Најдобри професии: За да се спријателите со нив: Дел од телото: Добри карактеристики: Лоши карактеристики: Карактеристики по кои ќе ги познаете: Омилени работи: Работи кои ги мразат: Можете да ги најдете: Скриена желба: |
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
![]() |
|
Kastro ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Стрелец (22. XI – 21. XII)Општи карактеристики за стрелецВедрите стрелци се управувани од Јупитер - најголемата планета од сончевиот систем. Во древната римска митологија, Јупитер е водич на Боговите. Јупитер е „веселата“ планета полна со енергија и доверба. Многу често стрелците ги примаат карактеристиките на Јупитер. Ако вашиот хороскопски знак е стрелец, вие имате слободен дух, оптимисти сте, секогаш отворени за нови идеи и амбициозни. Вашата најголема цел е да ја откриете смислата на животот и многу често ја барате во филозофијата и религијата. Мудри сте и не сакате да следите точно определени цели, планирани со време. Сакате да бидете слободни за да може да го правите она што го сакате без никакви ограничувања. Независни сте, но многу често сте агресивни и импулсивни. Понекогаш таа ваша желба за слобода ве прави егоисти. Стрелецот е спротивен знак на близнаци. На близнаците им се допаѓа да научат различни работи наеднаш, додека вие како стрелец преферирате да навлезете длабоко во темата која сте ја избрале. Карактеристичен за вас е големиот оптимизам, а вашата вера дека секогаш е добро да се направи чекор напред ви дава можност да напредувате. Тоа пак од своја страна понекогаш ве прави и пребрзани и невнимателни. Вие сте најсреќни во широко отворени пространства, каде што има многу авантури и возбуда. Обожавате патувања и духовни учења - еден друг вид патувања, смели сте и во авантуристички дух. Секогаш кога раскажувате за тие ваши авантури малку преувеличувате, но тоа е со цел да ги забавувате вашите пријатели. Секогаш се стремите да исполнете некаква огромна цел. Дури и кога нема да успеете не останувате на дното, а од тоа извлекувате некаква животна лекција и секогаш ги инспирирате другите со приказни за вашето искуство. Знаете да ја предавате својата енергија и знаење на луѓето околу вас и тоа ве прави добри учители. Во слободното време сакате да се занимавате со спортски активности и ги сакате предизвиците, особено интелектуалните. Стрелецот управува со бедрата и нозете и поради тоа вие веројатно многу често страдате од болки во нозете. Во љубовните односи вие сте авантуристи и не сте пример за верност. Многу тешко правите компромиси и имате потреба од комплименти. Искрени сте, меѓутоа вашата искреност не е секогаш добра. Многу често со тоа ги повредувате чувствата на другите. Имате милиони проекти, хобија и пријатели. Колку повеќе, толку повесело. Иако сте секогаш возбудени кога имате нов проект или пријателство, не секогаш го завршувате она што сте го започнале. Симбол: Симболизира: Елемент: Планета: Ден од седмицата: Боја: Број: Скапоцени камења: Најдобри професии: За да се спријателите со нив: Дел од телото: Добри карактеристики: Лоши карактеристики: Карактеристики по кои ќе ги познаете: Омилени работи: Работи кои ги мразат: Можете да ги најдете: Скриена желба: |
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
![]() |
|
Kastro ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Шкорпија (23. X – 21. XI)Општи карактеристики за шкорпијаСилните шкорпии се управувани од две планети Плутон – планетата на моќта и контролата и Марс – планетата на војната и енергијата. Плутон е извор на власт и влијание, но и на мистерија (во митологијата Плутон е Бог на подземниот свет). Многу шкорпии се „дават во темнината“ и многу често носат црно или шокираат со бои, како црвената и розовата. Мистериозните Скорпии се најнеразбирливиот знак во хороскопот. И шкорпијата и овенот се управувани од Марс. Во древната митологија, Марс е бог на војната. Под влијание на Марс шкорпиите се стратезите во хороскопот, тајните агенти, кои планираат, додека овните се на чело на битката. Ако сте родени во овој знак, исто како и митолошката шкорпија и вие реагирате остро на сè и не сакате да се потчинувате на заповеди. Понекогаш развивате самоуништувачко поведение и исто како и шкорпијата може да се „самоизедете“ пред некој друг да го направи тоа. Кога еднаш земете решение не го менувате и понекогаш ги постигате дури и оние цели, кои што други би ги нарекле невозможни. Шкорпијата е еден од најсилните знаци во хороскопот заедно со лав, водолија и јарец. Оние кои што ќе се обидат да го променат карактерот на шкорпијата ќе наидат на проблеми, затоа што никој не знае која е тајната мотивација за нивните постапки. Шкорпиите имаат многу сложен карактер. Шкорпијата е знак на сексот и смртта, на крајот и почетокот на сè. Како претставник на овој знак вашите идеи ги разгледувате од емоционална гледна точка. Понекогаш знаете да ги потискате емоциите, но внатрешно сте многу чувствителни. Доста аналитични сте и се задлабочувате во дејствата и чувствата. Во љубовните односи сте верни, исклучително нежни, страсни, но оној кој е до вас го гледате како своја сопственост. Вие сте толку моќни што луѓето го чувствуваат вашето присуство уште пред да кажете нешто, но и вие ги чувствувате сите вибрации. Го гледате секој детаљ и ги читате луѓето како отворена книга. Вашите пријатели ја знаат вашата лојалност и сè што треба да направат е да свикнат на „високиот напон“. Ако некој ве предаде подобро да внимава – како и шкорпиите и вие нанесувате болен убод како одмазда. Поради тоа што вашиот знак е мистериозен, поработете на тоа да бидете поотворени со луѓето. Тоа ќе ја развие довербата и ќе ги подобри вашите односи со другите луѓе. Моќта за концентрација на шкорпиите е неверојатна, но внимавајте да не се опседнете. Сопрете ги љубомората и посесивноста преку вложување на повеќе енергија во некаков проект. Симбол: Симболизира: Елемент: Планета: Ден од седмицата: Боја: Број: Скапоцени камења: Најдобри професии: За да се спријателите со нив: Дел од телото: Добри карактеристики: Лоши карактеристики: Карактеристики по кои ќе ги познаете: Омилени работи: Работи кои ги мразат: Можете да ги најдете: Скриена желба: |
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
![]() |
|
Kastro ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Вага (23. IX – 22. X)Општи карактеристики за вагаНежните ваги се управувани од Венера – планетата на убавината и љубовта. Тоа го објаснува нивното нежно зборување и убавото лице. Исто како и биковите, кои се доминирани од Венера и вагите сакаат да бидат заобиколени со уметност, култура, убавина и хармонија. Ако сте родени во овој знак, тогаш поради влијанието на Венера вие сте љубител на добрата храна и скапите работи. Но, понекогаш таа ваша страст е насочена кон луксузни работи и тоа ве прави многу алчни и големи материјалисти во очите на другите. Вагата како што покажува и самиот симбол сака сè да биде балансирано, па вие не можете да поднесете неправда и конфликти. Понекогаш сте несигурни во вашите ставови и многу често отстапувате од нив. Но, не секогаш вашето отстапување е поради тоа што се чувствувате победени. Многу често знаете да попуштите дури и кога знаете дека сте во право, со цел да избегнете конфликт. Вашата желба е да има мир и хармонија. Вие се стремите да бидете објективни и справедливи. Секогаш се борите за правда и тоа го правите со стил. Во љубовната врска сте забавни и романтични. Знаете како да ги шармирате луѓето околу вас и длабоко во вас се крие голем борец. Често знаете да бидете мрзливи, мразите некој да ве избрзува и сакате сè да се решава на вашиот начин и во времето кога вие го сакате тоа, дури кога тоа значи да задоцните со десет часа. Вие го сакате дизајнот исто како што ги обожавате добрите дебати. Успешни сте кога исполнувате дипломатска мисија и уживате кога работите во екипа. Знаете да си ги реализирате целите кога работите во екипа, но ако бидете оставени сами се сомневате во своите способности и сте несигурни. Вие секогаш сакате да бидете заобиколени со луѓето што ги сакате. Пријателски сте настроени, но поради вашата желба да бидете сакани од сите, многу често отстапувате од вашата позиција и се приспособувате на другите. Вагата е знак спротивен на овен, симболот на индивидуалноста. А вие како претставник на знакот вага, секогаш имате време за другите. Но, немојте да заборавите да одделите малку време за вас. Вагите можат да бидат заробени во убавите моменти и да заборават на нивните лични обврски. Научете да бидете организирани и ќе го имате целото време на светот да уживате во вашиот прекрасен живот. Симбол: Симболизира: Елемент: Планета: Ден од седмицата: Боја: Број: Скапоцени камења: Најдобри професии: За да се спријателите со нив: Дел од телото: Добри карактеристики: Лоши карактеристики: Карактеристики по кои ќе ги познаете: Омилени работи: Работи кои ги мразат: Можете да ги најдете: Скриена желба: |
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
![]() |
|
Kastro ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Девица (23. VIII – 22. IX)Општи карактеристики за девицаДевиците се управувани од МерК*р – планетата на интелектот и комуникацијата. Ако вашиот знак е девица, тогаш сигурно сте многу љубопитни. Секогаш сакате да знаете сè до детали, потоа тоа го анализирате, формирајќи си свое мислење и преценка. Многу сте слатки и наивни, но вашиот брз ум никогаш не пропушта ниту еден детаљ. Обожавате да анализирате сè! Фактички може да полудите, затоа што никогаш не престанувате да мислите. Одморете го малку вашиот ум решавајќи крстозбор, пишејќи приказна или подредувајќи го вашето биро. Вие сте перфектен и прецизен работник, организирани сте и подредени. Поради вашиот перфекционизам, секогаш ги гледате грешките и недостатоците кај другите и понекогаш премногу ги критикувате вашите пријатели. Но, за сметка на тоа секогаш сте покрај нив кога имаат потреба од помош и никогаш не им велите „не“ кога им треба вашата услуга. Секогаш внимателно ги слушате другите додека зборуваат и како резултат на тоа, секогаш им ги давате најдобрите совети. Вие сте од оние луѓе кои сакаат да им помагаат на другите, но никогаш не прифаќаат помош од нив. Оставете ги вашите пријатели да ви помогнат и да ве поддржат во тоа што го правите. Во љубовта сте повеќе ладни и практични, отколку романтични. Како припадник на земјен знак уживате да бидете надвор, на отворено. Земјените знаци исто така се многу практични. Вие внимателно ги проценувате вашите одговори и никогаш не реагирате емоционално. И за крај еден совет - пробајте да бидете малку поотворени кон луѓето околу вас. Не мора да бидете перфектни за другите да ве сакаат. Едноставно, бидете она што сте. Симбол: Симболизира: Елемент: Планета: Ден од седмицата: Боја: Број: Скапоцени камења: Најдобри професии: За да се спријателите со нив: Дел од телото: Добри карактеристики: Лоши карактеристики: Карактеристики по кои ќе ги познаете: Омилени работи: Работи кои ги мразат: Можете да ги најдете: Скриена желба: |
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
![]() |
|
Kastro ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Лав (23. VII – 22. VIII)Општи карактеристики за лавЛавот е управуван од Сонцето, кое што е центар на нашиот сончев систем. Кога целиот универзум се врти околу вас, тешко е да бидете скромни. Ако вашиот знак е лав, тогаш вие се сметате за центар на светот и понекогаш сте во право! Исто како сонцето и лавот загрева сè наоколу со неговата драма и со начинот на комуникација. Кога сонцето заоѓа е многу ладно, така е и кога „заоѓа“ расположението на лавот. Вашите пријатели знаат дека секогаш треба да ве прават среќни и весели или ќе има драма. Покрај тоа што сте егоцентрични вие сте родени лидери и поседувате силен личен магнетизам. Вашата способност да раководите секогаш ви гарантира успех. Вие се стремите кон власт многу повеќе од другите знаци и тоа ве прави егоисти, а понекогаш дури и смешни во очите на другите. Вистината е дека вие имате огромно срце и сте најдобродушниот знак во хороскопот. Секогаш сте покрај луѓето кои ги сакате за да им помогнете, да ги разгалите или за да ги заштитите. Во љубовната врска се стремите да блескате. Романтични сте и давате се од себе кога сте ценети од партнерот и кога постојано вниманието е насочено кон вас. Вие сте секогаш среќни кога ви се обрнува внимание. Запомнете дека луѓето ја искажуваат својата љубов на различни начини и никој не може да го направи тоа како вас. Вашите цели секогаш се тешки за постигање. Огромната енергија, која што треба да ја вложите е неразбирлива за другите. Симбол: Симболизира: Елемент: Планета: Ден од седмицата: Боја: Број: Скапоцени камења: Најдобри професии: За да се спријателите со нив: Дел од телото: Добри карактеристики: Лоши карактеристики: Карактеристики по кои ќе ги познаете: Омилени работи: Работи кои ги мразат: Можете да ги најдете: Скриена желба: |
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
![]() |
|
Kastro ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Рак (21. VI – 22. VII)Општи карактеристики за ракРакот е управуван од постојано променливата Месечина, која што поминува низ многу циклуси и со тоа го прави расположението на ракот многу променливо. Исто како ракот и родените во овој знак најголемиот дел од својот живот го поминуваат скриени под една черупка, која не може лесно да биде скршена. Ако вашиот знак е рак, тогаш вие сте изолирани од опасностите, но тоа многу често ве прави луѓе без чувство за хумор. Како воден знак вие сте многу чувствителни. Во секоја ситуација внесувате многу емоции, но во текот на вашиот живот сфаќате дека многу лесно можете да бидете повредени и поради тоа често се криете зад маската на бесчувствителноста. Традиционалисти сте и покажувате огромен интерес кон вашите корени и вашите предци. Вие сте многу поголеми националисти од другите знаци во хороскопот, поради тоа што го сакате вашето родно место и сте силно приврзани за него. Најважната ваша цел е да создадете ваше семејство и обожавате да бидете во домашна атмосфера. Ракот е спротивен знак на Јарец. Јарците ги интересира каква е нивната положба во општеството и како другите гледаат на нив, додека ракот е загрижен само за неговото семејство. Како рак, вие знаете да штипнете кога ќе почувствувате дека вашето семејство е понижувано или е во опасност. Раковите се блиски со своите мајки, па кога ќе сте во лошо расположение јавете ѝ се на вашата мајка. Тоа ќе ве направи среќни. Вие можеби сте неофицијална мајка на сите кои ги сакате, поради вашата грижа за нив. Чувствителни сте и лојални и вашите пријатели секогаш имаат рамо за плачење. Лесно ранливи сте и кога не сте расположени сакате да бидете оставени сами, опкружени со удобност: удобен џемпер, омилена книга, доверливи пријатели и склад со вашите омилени работи. Тоа го подобрува вашето расположение. Во љубовната врска сте многу нежни, верни и романтични. Поради влијанието на Месечината вие сте многу интуитивни. Обрнете им повеќе внимание на вашите соништа особено во деновите кога има полна Месечина. Симбол: Симболизира: Елемент: Планета: Ден од седмицата: Боја: Број: Скапоцени камења: Најдобри професии: За да се спријателите со нив: Дел од телото: Добри карактеристики: Лоши карактеристики: Карактеристики по кои ќе ги познаете: Омилени работи: Работи кои ги мразат: Можете да ги најдете: Скриена желба: |
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
![]() |
|
Kastro ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Близнаци (21. V – 20. VI)Општи карактеристики за близнациМозокот и устата на близнаците им се како експресна машина, секогаш се движат со неверојатна брзина. Тоа е така зашто овој знак е управуван од МерК*р, планетата на комуникацијата. Оваа планета исто така е симбол на технологијата и умот, правејќи ги близнаците едни од најљубопитните знаци во хороскопот. Ако сте родени во овој знак вие секогаш се стремите да соберете максимално количество информација и сакате да учите нови работи. Кога се двајца, забавата е двојно поголема. Во вас секогаш постојат најмалку две личности. Таа ваша двојна природа ви помага многу полесно да ги решавате проблемите, но од друга страна многу често се откажувате и сте непостојани. Можете да исполнувате повеќе дејности едновремено, умеете да ги инспирирате другите, но не останувате долго време верни на една идеја. Вашето расположение и мислење се менуваат побрзо од времето и еден ден сакате нежни, женски работи, а веќе следниот ден сте најголемите авантуристи. Ако е можно, обидете се да се задржите на само дел од многуте ваши страсти за подолг период и да станете многу добри во нивно изведување. Близнаците кои се научиле да се концентрираат врз една работа се недостижни. Во љубовната врска не се задлабочувате многу, па многу ви е лесно да прекратите со вашата врска, да започнете веднаш нова или да имате неколку врски едновремено. Вие сте шармантни, симпатични и имате многу пријатели во сите сфери на вашиот живот. Сакате да разговарате, а имате и милиони добри идеи. Искористете го вашиот брз ум и раце во полза на испраќање е-mail, пишување СМС пораки и водење на добри разговори. Внимавајте на искушението за озборување. Држете при рака нотес за забележување на вашите мисли во секое време. Симбол: Симболизира: Елемент: Планета: Ден од седмицата: Боја: Број: Скапоцени камења: Најдобри професии: За да се спријателите со нив: Дел од телото: Добри карактеристики: Лоши карактеристики: Карактеристики по кои ќе ги познаете: Омилени работи: Работи кои ги мразат: Можете да ги најдете: Скриена желба: |
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
![]() |
|
Kastro ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Бик (20. IV – 20. V)Општи карактеристики за бикЧувствителниот бик е управуван од Венера, планетата на љубовта и убавината. Ако сте родени во овој знак, тогаш вие ја обожавате добрата храна, романтиката и убавите работи. Венера ги изострува вашите пет сетила на повисоко ниво, па најсреќни сте кога сте опкружени со најдоброто - сатенски чаршафи, гурмански вечери, чаша црвено вино. Вие сте многу чувствителни и се насладувате на животот и на физичките задоволства кои излегуваат на вашиот пат. Како бикот и вие работите многу напорно и сте најупорниот знак во хороскопот. Функционирате со две брзини - или целосно сте релаксирани или „со главата напред“ се стремите кон целта. Бикот е знак спротивен на шкорпијата. Шкорпијата сака да ги наследува придобивките на другите, а бикот најмногу ги цени личните придобивки. Најнегативна ваша карактеристика е вашата склоност да ги поседувате најлуксузните предмети. Тоа може да ве доведе до крајности, особено кога ќе решите дека некој предмет треба да биде ваш, што ве прави материјалисти во очите на другите. Како претставник на земните знаци ги обожавате дејностите на отворено. Силни и мускулести – вие сакате да си ја покажувате силата. Во љубовта сте многу романтични, верни, но и многу љубоморни. Секогаш знаете што сакате и ништо не може да ве спречи да ја остварите вашата цел. Се придржувате до вашите погледи и не ги менувате освен ако нема доволно добра причина за тоа. Знаете да бидете тврдоглави, но позитивна страна е тоа што сте лојална личност на којa може секој да се потпре. Само внимавајте да не заглавите засекогаш во вашата сигурна зона и вашиот живот да започне да стагнира. Ризикувајте и пробајте нешто ново! Понекогаш промената и ризикот можат да го доведат прогресот и добивката кои ги посакувате. Симбол: Симболизира: Елемент: Планета: Ден од седмицата: Боја: Број: Скапоцени камења: Најдобри професии: За да се спријателите со нив: Дел од телото: Добри карактеристики: Лоши карактеристики: Карактеристики по кои ќе ги познаете: Омилени работи: Работи кои ги мразат: Можете да ги најдете: Скриена желба: |
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
![]() |
|
Kastro ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Овен (21. III – 19. IV)
Општи карактеристики за овенОвенот е управуван од Марс, црвената огнена планета, која е симбол на енергијата и виталноста. Во митологијата Марс е бог на војната и агресијата. Марс исто така го управува и знакот шкорпија, но овенот е војникот, а шкорпијата стратегот. Ако сте припадник на знакот овен, тогаш вие го поседувате натпреварувачкиот дух на митолошкиот владетел, кој ви помага по патот кон успехот. Секој проект под ваше раководство е успешен, но често знаете да бидете горделиви и нетолерантни. Сите тие ваши карактеристики ви помагаат да ги постигнете вашите цели. Вие сте родени да бидете број еден. Сакате да демонстрирате сила, индивидуалност, сигурност и самоувереност. Вие сте пионерите на хороскопот и секогаш се насочувате кон освојување на нови хоризонти. Секогаш сте во центарот на вниманието и ги инспирирате луѓето со својата самодоверба. Не сакате да бидете сами, многу често сте егоисти и барате големо внимание, а кога нема да го добиете веднаш надвладува лошото расположение. За среќа, ретко имате проблеми во привлекувањето на вниманието. Во љубовните односи сте многу романтични. Умеете да уживате во секоја минута, страсни сте и никогаш не го разочарувате партнерот. Страв ви е од досадата и спремни сте да го оставите вашиот партнер, ако страста во вашата врска исчезне. Како огнен знак вие сакате да одговарате на предизвиците со дела, а не емоционално или интелектуално. Најголемата ваша слабост е што многу често се откажувате пред самиот крај, особено кога сте избрзале и не сте размислиле пред да започнете. Секогаш кога не можете да ги контролирате работите и вашиот живот станувате неподносливи. Понекогаш по малку се однесувате „шефовски“, особено кога работите не се одвиваат по ваша волја. Но, дозволете од време на време и некој друг да ја преземе водечката функција, во спротивно се оддалечувате од потенцијалните сојузници. Фокусирајте ја вашата натпреварувачка енергија кон цел достојна за еден лидер, делегирајте задачи на вашата војска и брзо ќе го достигнете врвот. Симбол: Симболизира: Елемент: Планета: Ден од седмицата: Боја: Број: Скапоцени камења: Најдобри професии: За да се спријателите со нив: Дел од телото: Добри карактеристики: Лоши карактеристики: Карактеристики по кои ќе ги познаете: Омилени работи: Работи кои ги мразат: Можете да ги најдете: Скриена желба: Изменето од Kastro - 15.Март.2014 во 15:45 |
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Високо котирам на топ-листата ![]() |
|
![]() |
|
Kastro ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Кои се петте хороскопски знаци кои најлесно се вљубуваат?
Me nema tuka
![]() ![]() |
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 4344454647 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |