|
Што прави оваа влада?! |
Внеси реплика | страница <1 4243444546 200> |
Автор | ||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
.....спроведува адаптација на нов начин на живот,со своите 300 евра плата,ако некој воопшто и ја носи дома. па вика,покачи на пример горивото или укини ефтина тарифа за електр.енергија или парно и глеј циркус.... ....нема со кола на работа и гости,ефектот нема трошок од двете страни.ни за домашините ни за гостите. ...нема движење по станот и во ходникот во периодот од 16-22 часот бидејќи е ера на скапа струја и празен стомак,па и така малкуте калории во телото со празен стомак се штедат...за боље сутра!....а за оние со чир на зелудник зелена трева,пардон зеленчук или овошје..така свежо без готвење..да не случајно залута некоја агажирана моќност. ...после тој термин(22,00)по средно европско време и нов саат(т.з.струјомер,з.а.),почнува лупање по кујната,купатилото како вампири..по шпајзот или како другоЈАЧЕ го викаше еден од овде...бмчење по дворот или пред зграда со разно разни машинки....и слично..Се буди живот..алооо во 22,00 часот//цели 6 часа пред изгрејсонце..како во кина или јапан да сме..или ги следиме во чекор..Вечераме после 24.00.суеверието го направи своето.Се иживљаваме врз женсиот челад во Недела....во денот даден од бога за одмор.Абе Господ ќе не унакази..алоооо..Град ќе не отепа,оган ќе не зигори..!После БЦ ни крив. ..препорачува спорт и спортски активности.Колку да се искористат салите што ги до-прави,а и да се заштеди на дрво за греење.Само на кого би му било до трчање после напорен работен ден....премлатен во нозе и половина. ....пензионерите привилегирани насекаде!....небаре тие трпат за леб или нивните деца.Гре**ње го викавме тоа во детството..порано..Да се укинат тие работи оти од нив ни во театар не може да се појде..ни во бања да се избањаш како човек...ни во парк да се измочаш на раат....секаде ги има! дури и во паркот Мицелиум!..без везе. Сето ова само да ти стигнат тие фамозни 300 евра...!Аааа,и свинско да не се јаде,пошто штетно било...ја би рекол повеќе по џебот отколку по здравјето,како што не лажат со години наназад.А тие гнетат дури и по петоците...за среда да не зборам џабе. Тоа за промена на името и за поделба на Македонија,како и за погоден момент за термин за распишување на референдум за името,другпат...ако има друг пат. Изменето од zagor - 06.Септември.2012 во 00:34 |
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
"Инаку, ако не сме се разбрале, емисијата на парите е контролирана од државата, а не од банките. Банките не ги контролират парите и не можат многу да влијаат врз каматната стапка бидејќи државата е таа која ги условува и двете нешта. Таа печати и таа им позјамува пари co одредена камата на банките кои потоа работат со нив"
Меѓу редој сакав да ти посочам на една работа. Кога ке се презадолжи стопанството со хипотекарни кредити банкарскиот сектор ги пишува правилата на игра а не државата. Се е регулирано преку системот на генерирана инфлација и дефлација. Тоа е целата поента на банкарскиот систем. |
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ова муабетов за државната економија ме потсеќа на
It's the circleeee of liiiife! http://www.youtube.com/watch?v=vX07j9SDFcc џабе дискутирате |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
-лошо е што сме врзани со еврото.За последните 10 години тоа изгуби повеќе од 30% во однос на големите светски валути.А да се врземе за јуанот?Значи инфлација голема нема(барем званично) ама ако имавте заштеди во банки во било која друга валута освен во овие две(денар и евро)покрај таа камата ќе добиевте и плус во разликата на соодносот помеѓу пример..долар или фунта спрема евро. -тоа со гаранциите на депозитите е гола вода.Не е можно оваа држава да биде помоќна од СФРЈ!. -ВОЗИМЕ НАЈЕФТИН ДИЗЕЛ!..така кажа СИТЕЛ!!Ама тој новинарот не спомна дека квалитетот на дериватите е далеку од европските.Нека не споредува Турција...Словенија и слични индустрии.Знаеме за договорот со ОКТА и од кога таа ќе го наштелува бензинот и дизелот по европски стандард. -им се расипал електронскиот систем во БЈН...т.е. некој го АКНАЛ системот за јавно надавање па Ка-Дис не можел да добие.Конечно успеја тој што требаше.(еднаш некаде овде напишав за тие јавни тендери и наддавања...каде што на пример можност за учество имаат сите..ама на крајот сепак комисија одлучува кој ќе добие на аукцијата....како најповолен учесник).Латас на пример изјави дека сите заедно ...т.е. нашето ни МВР заради повторената постапка добило неколку коли плус...а не кажа колку изгубиле фирмите учесници во овие две-три надавања. -и не заборавете да си ја подигнете фактурата од топлификација..за данокот на достапна услуга.Додека реши Уставен (тоа трае едно отприлике една-две години)платете си ја сметката навреме..гарант ретро активно никој нема да ви ги врати парите..ама камата ќе си платите. -другооооо....не ми текнува сега. |
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не знам што сакаш да кажеш... јас посочив дека македонската влада е далеку поконзервативна од американската и затоа странските шпекулации кои доведуваат или ќе доведат до банкротирање на некои странски банки нема да ги погодат македонските штедачи кои ги чуваат своите пари во македонските експозитури на тие банки. Инаку, ако не сме се разбрале, емисијата на парите е контролирана од државата, а не од банките. Банките не ги контролират парите и не можат многу да влијаат врз каматната стапка бидејќи државата е таа која ги условува и двете нешта. Таа печати и таа им позјамува пари co одредена камата на банките кои потоа работат со нив. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Државата ги контролира банките ,но парите контролираат се во државата...
Исто како во една фамилија,секој се сака додека буџетото можи да ги задоволи нивните потребите , кога потребите и желбите нараснуваат над буџетот настапуваат проблемите. Кај нас нее проблем да им се вратат парите од штедните влогови на штедачите , нека има две милијарди евра условно во банките , Америка е сосема друго ,има фирми кои годишно вртат пари колку буџетот на Македонија за 10 години. Една шпекулација можи да значи крах преку нок. |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Државата е таа која ги контролира банките. Тие не можат да прават што сакаат (да вртат колку сакаат тoпчиња). Денешнава влада води многу конзервативна политика (далеку поконзервативна од Америка) во таа насока и затоа уште на почетокот не дозволи банките, особено странските, да имаат одврзани раце и да прават махинации како што правеа банките во САД (вртењето безброј топчиња важи таму). Поради тоа, дури и некоја странска банка да банкротира во нејзината земја, штедните влогови на македонските штедачи во нејзината макдонска експозитура нема да бидат афектирани. Тоа важи и за грчките банки. Изменето од Messenger - 03.Септември.2012 во 22:20 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Сликата на банкарскиот систем ,особено комерцијалното работење на некои банки е исто со сликата на жонглер.
Прво има 6 топчина и успешно жонглира, додава и 7 топче успешно жонглира, додава уште 2 топчина и успешно жонглира, но дете кое посматра од публиката му фрла уште едно топче како би жонглирал со 10 но во фрлањето ги годи топчината на жонглерот,а со тоа и ја уништи претставата. Инфлацијата и дефлацијата е генерирана и контролирана најповеке од банкарскиот сектор. Изменето од Alekxandar - 03.Септември.2012 во 22:23 |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не е баш така како што си напишал. Емисијата на парите е контролирана од државата. Државниот трезор (банка) им позајмува пари на другите банки и со наплаќање интерес (камата) на тие пари директно ја одредува каматната стапка во банките кои на тoј интерес го додаваат нивниот кога луѓето земаат од нив разни кредити и позајмици. Банките виртуелно можат да располагаат повеќекратно од количината на парите кои практично стојат заведени како нивен капитал. Обично се смета дека сугурносна граница е 10 пати повеќе иако оваа норма се надминува. Е сега, зошто е тоа така? Е па тоа е така затоа што никогаш не се случува сите штедни влогови да бидат изнесени во еден ден. А виртуелната вредност на масата пари со која располагаат банките стнува практична само во моментот кога побарувачот на кредит го става својот потпис на договорот со банката. Во тој момент тие виртуелни пари стануваат практичен влог од вистински пари кои втекуваат во банката во периодот ко е договорен со побарувачот на кредитот. А ова се прави за да се даде поголема флексибилност на банките и зголемување на нивниот капацитет на подршка на клиентите и стoпанството. Во спротивно многу тешко и споро би се работело доколку се користат единствено вистински рапсоложивите средства. Токму од иститие причини на луѓето им се даваат кредити. Како би било ако тебе ти треба шпорет, а продавачот ти бара готови пари кои ги немаш ? Знаеш дека не би било проблем да го земеш шпоретот на вересија давајќи обврзница (виртуелни пари) дека ќе го исплатиш на рати бидејќи добиваш редовна плата од која имаш можост месечно да одделуваш одредена свота пари. Така, со давањето на таа обврзница ти виртуелните пари со време ги трансформираш во реални. Мислам дека е јасно, нели ? |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Сега вака... оноа што го реков за инфлацијата е наједноставната дефиниција која за општо секојдневно објаснување е повеќе од добра. Но во суштина тоа е покомплицирано... Kако илустрација, инфлацијата на Македонија е некаде колку што е инфлацијата на САД и Грција. Неверојатно, нели ? Не е неверојатно зошто Македонија има инфлација како овие две други држави, туку како тие имаат онаква каква што има Македонија. Одговорот за САД лежи во врзувањето на вредноста на доларот за вредноста на нафтата. Во државниот трезор на САД нема злато. Го чуваат убаво затворен и обезбеден со војска... без муниција, оти нема што да се чува. На врв на тоа, САД е задолжена како сиот свет заедно и печати пари како да е тоа најдобриот бизнис на државата. Ама доларот ја држи својата вредност на меѓународниот пазар затоа што сите мораат да продаваат и купуваат нафта со американски долари. А бидејќи е така, тогаш сите ќе го бараат и вреднуваат доларот. Ирак почна да продава за евра и знаеш што му се случи, Либија почна да продава за евра и злато и знаеш што се случи. Иран направи договор со Кина за продавање на нафтата за други валути поткрепени со злато и ќе видиш што ќе се случи... За Америка вредноста на нафтата и нафтените деривати се од витална важност и затоа овие истријски само ќе растат. Не очекувај нивно намалување и не си троши време и енергија мавајќи по самарот. Грција пак, реално треба да има најголема инфлација од сите држави на светов. Не само што сите цени се креваат дури и побрзо и повисоко од истите во другите држави, туку реално платите се намалени за барем 30%, а државатa е во долгови кои не ќе може никогаш да ги врати. Во суштина Грција е банкротирана држава. А инфлацијата во таквите држави секогаш е астрономска. Тогаш како во Грција таа изнесува колку и во Македонија ? Тоа е затоа што грците користат евро, а еврото не зависи само до грчката економија. И така, практично ничкосана држава има виртуелно многу скромна инфлација. Во моментот кога Грција ќе излезе од ЕУ и кога ќе ја внесе драхмата во циркулација наместо еврото ќе видиш што ќе се случи. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
добро, очигледно не сакаат да возиме автомобили... зошто тогаш ни го сј*баа јавниот градски превоз и ЈСП си го досј*буваат секој нов ден???
|
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И уште една работа има во целата приказна која владата многу добро ја знае.
Инфлацијата ја генерираат приватните банки кои секојдневно издаваат пари без покритие. Камата што им е чист профит на банките ја зголемуваат секојдневно со фиктивното покритие за издадените кредити. Изменето од Alekxandar - 03.Септември.2012 во 08:48 |
||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Прашањето беше повеќе реторичко...
инаку сега за 100 ден купуваме 1 л зејтин... пред 5 години беа 2 л... нешто слично е и со другите производи... а се започнува со цената на нафтата и струјата... како оправдание мислам... пошто очигледно куповната моќ на парите е намалена... и тоа бааѓи... инфлацијата не ќе да е 2-3 % годишно... проектирана нели... повеќе е... е сеа фали уште да почнат да додаваат нули на парите... се некако мислам дека за неколку години... има да биде многу весело... |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Наједноставно кажано, инфлација е губење на куповната моќ на парите. Во врска со твоето прашање, зголемувањето на цените ја намалува куповната моќ на луѓето. Hајголеми фактори на зголемување на инфлацијата од страна на државата се: 1. Ексцесивно печатење и дистрибуирање пари 2. Зголемување даноци Изменето од Messenger - 03.Септември.2012 во 02:50 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Внеси реплика | страница <1 4243444546 200> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |