![]() |
|
Рецепти за торти и други благи работи |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 4243444546 56> |
Автор | |
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Имам пријателка Турчинка па ја замолив да ми напише рецепта. Знам дека за правење користат едно 40 состојки -од жито до сето можно суво и свежо овошје. Имам пробано еднаш, ама не да се пие
![]() ![]() |
|
![]() |
|
maria_magdalena ![]() Сениор ![]() ![]() trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Молам некој ако знае како се прави ашуре да ми напише. Првпат го пиев пред некој ден во “Јахја Кемал“ и многу ни се бендиса (мене и на децата)...Ќе бидам бескрајно благодарна.
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Топчиња со кафе![]() Потребни состојки:
Путерот се мати со шеќерот, се додаваат пасираните костени, румот, кафето и добро се помешува. Со рака се формираат топчиња. Секое се прпела во рендана чоколада и се става во кошничка од хартија. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Чоколадни велигденски јајца
Засладете ја вашата велигденска трпеза со вкусни чоколадни јајца. За да го подготвите овој десерт ви е потребен половина час. 115 мл претходно стопен маргарин 5 мл екстракт од ванила 224 гр мек намаз од сирење 1135 гр шеќер во прав 260 гр путер од кикирики (опција) 75 гр кокос (опција) 85 гр какао прав (опција) 335 гр парчиња чоколадо (опција) Во голем сад измешајте ги маргаринот, ванилата и намазот. На тоа додадете го шеќерот во прав за да добиете тесто. За најдобри резултати користете ги своите раце за мешање. Откако ќе помине еден час, растопете го чоколадото на пареа, а потоа секое јајце поминете го со чоколадна течност. Кога ќе ги прелиете сите јајца вратете ги во ладилникот да се стврднуваат уште еден час. Можете да ги декорирате на друг начин доколку имате некоја поинтересна идеја. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Американски крофнички______________________________________________________
За тестото
150 мл млеко 60 гр мек маргарин или путер 500 гр пченично брашно 1 квасец 40 гр шеќер 1/2 лажиче сол 1 јајце _______________________________________________________
Загрејте го млекото и во него додадете го квасецот, шеќерот и маргаринот или путерот и оставете да отстои да стаса
Замесете го брашното во кое сте сатавиле јајце и сол со квасецот. Изматете го ова со миксер првин со најмалата брзина, а потоа едно пет минути со поголемата брзина така да добиете мазно тесто.Оставете го да отстои тестото на топло се додека двојно не се зголеми. Од кога тестото е нараснато го ставате на побрашнета површина и уште еднаш рачно премесете го и развијте кора со дебелина 1 см. Првин исечете кругови (Ø 9 см), потоа од средината исечете други кругови така да добиете прстени со ширина од 2 см. Прстените покријте ги и оставете ги да одстојат на топло место додека видно не се зголемат. Од кога ќе нараснат крофните се пржат во загреано масло така да пливаат во него се додека не добијат од двете страни златно-жолта боја. Ги вадите на кујнска решетка за да се исцедат од маснотијата и потоа ги посипувате со шеќер во прав и им ставате чоколаден прелив |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Заљубени банани
2 банани
100 гр. шлаг 50 гр.чоколадо за готвење малку рум _____________________________________________
Бананите се сечат на должина и се попрскуваат со рум. Над нив се става изматен шлаг. И на крај се преливаат со растопено чоколадо. Се украсуваат по желба.
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Непостој рецепта за благ октопод.Читај во солени јадења
![]() |
|
![]() |
|
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
duri sega vidov
![]() ![]() tuku, daj pishi go ! |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Јас имам .Ама ја барај во рецепти за солени јадења Изменето од емил - 04.Март.2010 во 13:59 |
|
![]() |
|
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
a ima nekoj recept nekoj za da zgotvi chovek.....OKTOPOD?
ako ima ,...please! |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Колач за пет минути - вистински хит на интенрет
Рецептот за едноставен колач кој се прави во шолја го преплави интернет. Пробајте и проверете зошто. За овој вкусен колач потребни ви се четири лажици брашно, четири лажици шеќер и две лажици какао во прав. Сево ова измешајте го со три лажици млеко, едно јајце, масло и едно парче чоколадо. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Чоколаден колач без јајца
(мерка е чаша од 2 дл.)
1 чаша кисела павлака 1 чаша млеко 1 чаша масло 1 ипол омекната банана 1 чаша гриз 1 чаша брашно 2 чаши шеќер 4 лажици какао 1 лажица кафе, може нескафе или капучино 2 лажици сода бикарбона (Може да додадете по желба и вкус - парченца банана и чоколадо, мелени лежници,бадеми, малку кокос..) За преливот ____________________________________________________
Се миксира бананата со павлаката, млекото, се додава маслото и останатите состојки
Уште еднаш добро се миксира и се става во мал длабок сад за печење-премачкан со масло и посипен со гриз . Се пече во загреана рерна на 180 степени. Откога ќе се испечe се остава да се олади. Се топат сите состојки за преливот и се прелива преку колачот. Се сече на коцки |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Сладолед торта
Прв дел
400 гр шлаг, 4 дл кисела вода, 400 гр. мелени бисквити. Се мати шлагот со водата и во него се додаваат мелените бисквити Тука можете да дидадите малку мелени или сецкани лешници, суво грозје или вишни Втор дел 400 гр. шлаг, 4 дл кисела вода и 30 гр еурокрем. Се мати шлагот со водата и полека се додава еурокремот Трет дел 400 гр шлаг и 4 дл кисела вода Се редат по ред трите дела и се ставаат во замрзнивач. Можете да земите калап за торта да го обложите со фолија и во него да ги наредите трите дела.Кога ќе се стегни да ја извадите тортата од калапот и по желба да ја украсите.
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Колач со овошје
1 кгр овошје по желба (јаболки,вишни,кајсии)
4 јајца 7 лажици шеќер 2 филџани масло 2 филџани млеко 7 филџани брашно 1 пециво 50 гр исецкани ореви Се матат јајцата со шеќерот и се додаваат останатите состојки( млеко, масло,брашно и пециво)
Се меша полека смесата и се нанесува во подмачкано плехче. Над тестото се се става исецканото овошје и исецканите ореви. Се пече во загреана рерна на 200 степени. Се украсува по желба |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 4243444546 56> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |