![]() |
|
Преговори за името |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 4243444546 184> |
Автор | ||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Хакирани три грчки сајтаТри грчки сајтови се хакирани од страна на група што се именува како Macedonian security crew. ![]() Изменето од емил - 23.Август.2011 во 14:26 |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Подготвени сме за решение за името![]() Вевчани, 21 август 2011 (МИА) - Државата е подготвена да се најде решение за спорот со името. Тоа е наш интерес и ние сакаме решение, изјави денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Вевчани. Прашан за изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети на Конференцијата посветена на Рамковниот договор дека можеби е време меѓународната заедница поактивно да се вклучи во менаџирање на проблемот, Груевски рече дека тоа не е само во последно време и оти постојано доаѓаат такви сугестии. - Учесници сме во сите комуникации и контакти под покровителство на ОН и ние сакаме што поинтензивно да се најде решение затоа што тоа е од наш интерес, на нашиот народ, на нашите граѓани, на нашата земја. Се разбира, очекуваме Грција да покаже таква волја и се надеваме дека тоа ќе се случи, изјави Груевски. За тоа дали очекува дијалог со коалицискиот партнер ДУИ во однос на државната политика за името, премиерот Груевски рече оти секако, очекува и за името и за се останато, затоа што, според него, државата им припаѓа на сите граѓани, независно од нивната етничка заедница. Во однос на процесот на евроинтеграција, шефот на Владата истакна оти е постигнат сериозен прогрес и оти очекува позитивен извештај од ЕК. - Во голем дел нештата што ни беа предвидени со Програмата и со зацртаниот Акционен план што произлезе од претходниот Извештај, во голем дел се отидени напред. Има сериозен прогрес. Тоа гледам дека го чувствуваат и луѓето од Брисел. Во комуникацијата со нив кога доаѓаат тука ни укажуваат на тоа дека гледаат сериозен прогрес и на она што се уште не е довршено треба да се заврши. Сметам дека има голем прогрес. Тој прогрес беше направен и пред изборите, но и сега во овој период со дополнителна сила, елан и енергија се пристапи кон довршување на оние нешта што пред изборите не беа довршени, рече Груевски. Тој информира дека Владата имаше специјална седница посветена на европските интеграции и на сите детали поврзани со тоа, а следната недела ќе одржи нова седница на која ќе се зборува само за точките поврзани со зачленување во ЕУ. - Мислам дека државните институции во најголем дел ќе си ја завршат својата работа и дека ќе имаме извештај во кој ќе има голем прогрес и доста позитивни работи и мислам дека има огромни шанси тој извештај да биде позитивен. Се разбира, тоа не зависи од нас, зависи од тие што го прават. Нашето чувство е врз основа на она што го имаме досега завршено, но и врз основа со контактите што ги имаме со нив дека ќе имаме позитивен извештај затоа што Владата и институциите ги завршија во најголем дел работите, подвлече премиерот Груевски одговарајќи на прашање дали се исполнува евроагендата. |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
Gorazd777 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Пријателе добро ти е срочено ова,за Историјата во еден друг пост со македон имам зборувано и што таа значи...,но ајде ете сето тоа го имам проучувано,нешто многу соодветно студирав и да ти кажам,како што рече сето тоа од една гледна точка изгледа многу романтичарски,патриотски,национално,но сега нема да зборувам како низ историјата сето тоа име се провлекувало,и всушност како со мит наводен е стекнувано и слични бла,бла,прикаски.Зошто ова го велам,ќе споменам еден друг сосема поинаков пример ,но вреди за ОБИЧНИОТ човек.
- Кога Британија се нашла пред искушение,односно веќе Хитлер ја столчил,немало каде,незнам колку пати,Черчил му се обраќал на Рузвелт,за помош,овој пак Американецот ,(како што ги знаеме нив,со конгресот)си го гледале интересот и ако можат да извлечат нешто ,па тогач би дале помош.На крај фацава,нема каде му се обраќа на народот и му вели,за татковината,за кралицата и слични тракатанци,мора да ја браниме ГОЛЕМА БРИТАНИЈА(се знае низ што и каква историја епомината).Завршува војната,е сега тука не застануваат,се собира народот,претставници,и слични работи,се БОРЕВМЕ;ГИНЕВМЕ ИМАШЕ ЖРТВИ,сега дршавата ќе даде,БЕСПЛАТНО ЗДРАВСТВО ЗА СЕКОЈ,ќе има ова одредени услови за луѓето,правата ЧОВЕКОВИ,достоинството ѓе се гарантирасат,секој ѓе има право за достоен ѓивот,РАБОТА или помош за од ДРЖАВАТА,сето тоа срочено убаво ,и така би, Е сега кога сето ова РЕФОРМАТОРСКАТА;ПАТОРЕСТА РЕВОЛУЦИЈА,ќе го даде на народот,па секој ѓе има можност да си го гледа семејството( и ќе ги има основните човеови права,а не сето тоа да го има само одредена мафија),тогаш ѓе поминат сите тие прикаски од романтизмот,затоа што не за џабе ние сме 87 години поназад од другите,па не само во економија туку и во разумот,а видиш работите се менуваат ,се доаѓа,а кај нас се касни,КОга пред 20 години се изборивме за Независност,сите овие ПИЧКИЦИ,ги немаше никаде,сега се појавија(така било и со комунизмот. И на крај за МАТЕРИЈАЛНОТО,јас сакам да се промени,затоа што тие се условите и гио знам зашто се бара тоа,мене со овие вукоје*ачи,ми помина животот,не сакам и моето дете да страда,тоа не е материјализам,да сакаш нормален човечки живоот,подобро прашај ги ГРУЕВЦИ,што прават,да нме етоа МАТЕРИЈАЛИЗАМ. |
||||||||||||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Така е, многу народи поминале, многу држави се создале и исчезнале, многу имиња се смениле ... Но, ете некако имево Македонија опстоило најмалку 5-6000 години. Спомната е во библијата, а таа е пишувана, ако не се лажам едно 3-4 илјади години пред Христос! Зошто опстоило? Појма немам! Ама ете и, покрај разноразните освојувања, прекројувања, угнетувања ... сеуште постои. И сега ние (или еден поединец, независно кој е) под присила „доброволно“ да го смениме!?!?!? Не Бе. Ако не за друго (патриотизам, антички занес,национал романтизам ...) од инает не ми се дава. ![]() Е сега, можеби ќе речеш „абе не ми е гајле што ќе рече светот и како тоа ќе се одрази врз нашите поколенија, дај да имам пари за моите потреби, и ич не му ја мислам за името.“ Но, бидејќи ова не е само твоја држава, не е твоја лична своина, неможеш ти (зборувам како поединец) да одлучуваш и во мое име (т.е. во името на тие кои не се за промена на името). На кого не му се допаѓа, кој сака да има повеќе пари, кој не сака да живее во држава која се вика Македонија ... има друг начин. Оставете не’ овде нас, ние не сакаме (до толку) пари, посебно не под уцени, притисоци, закани. Со самото ова што го кажувам, отпаѓа твојата оптужба (претпоставка) дека имаме пари ... :
Напротив, токму тие кои сакаат да се промени името, тоа го посакуваат од материјални причини, за да имаат повеќе пари. |
||||||||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
*moon* ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Вистината и само вистината - Сократ |
||||||||||||
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
Gorazd777 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Немој многу да се разочаруваш од нашите мислења,тие имаат и подлабока конотазција,но тоа е друга тематика,кој има интелект да сфати,негово си е ,по таа логика,затоа не се бунеа луѓето во наводните идеолошки времиња и трпеа што македонија беше под се ама не на своето,или пак сега се на своето,а можеби беа на своето кога беше Паганството ,за време на античкиот.
Дај Златниче,треба да се свестите еднаш,името,ни Американците го имале од памтивек,како што правиш споредби(тие сите биле казненици од стариот континент),па ни Германците биле од памтивек,биле племиња и слична папазјанија,но тука има збор и за други народи,..но чекај вие сигурно се борите за Дуговечноста на ова име кое сега последните 20 години романтичарски воскресна,еее,помина многу време,а и народи поцркаа, И да резимираме,јас ти зборувам дека со ЛАГИ го поминавме животот,овој што сега е само наследник на УДБАШИТЕ од времето кога држеа и последно не го решаваа името,само да се остварат некои договори,а за тоа ЗЕМААТ дебели пари,но има и такви како вас кои ги бранат,но ете можеби сте МАТЕРИЈАЛНО задоволни,стомакот ви еполн,фамилиите ви се сити,имате работа,па сега ви остана уште името да го браните,не се разбираме,колку и да ви се кажува МАТЕРИЈАТА ви е по драга од ВИСТИНАТА. |
||||||||||||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Анализа за Грујо?! Е, ај! Во најголем број случаи и тој е како и другите премиери. Си го гледа личниот интерес, потоа интересот на тие околу него и на членовите на партијата, од кои зависи дали тој и понатаму ќе ги командува. Можеби единственото нешто за што (делумно) се согласувам со него е токму прашањето за името. Не е тој кој треба да одлучи за едно од најважните прашања за една држава. За тоа не треба да се прашува ниту народот. (Затоа реков делумно, бидејќи тој се залага за референдум, а јас не сум ниту за тоа, или најблаго речено имам голема резерва.) Затоа, барем што се однесува за името, ако тој беше предавник, сега немаше да тапкаме, туку ќе бевме членки на ЕУ. Напротив, тој ќе биде предавник ако потклекне под уцените од надвор. Или ти мислиш дека со непопуштањето во однос на името се нанесува штета на Македонија и дека за тоа тој е предавник?
Да ти кажам искрено дека со оваа изјава многу ме разочара. Едноставно не очекував од тебе да пишеш вакво нешто, бидејќи мислев дека знаеш што е идеолошка одредница за една земја, а што нејзино име. Ова во многу ги открива, или поточно речено ги објаснува, мотивите зошто така лесно потпаѓаш под индоктринација, т.е. прифаќаш некои работи без подлабоко завлегување во суштината.
Ауу Мајкл! Што се случува и со тебе човече? Добро, ако ова што го констатира за нашиве „фанатици“, дали важи и за останатите фанатици во другите држави, вклучително и таа во која се наоѓаш? Ако не биле такви фанатици сега незнам дали би имало држава во светов. Ајде, да не одиме предалеку, само еден пример од втората светска војна. Што според тебе требаше да се случи? Сите народи да се покореа (помирија) со тоа што Хитлер ги нападна? Зошто им бил потребен тој фанатизам за да се ослободат од него? Будали! Наместо да си станат германци и тие да си живеат убав (и богат) живот, тие се бореле за да се ослободат и да си останат сиромашни (како ние). Па и овие американциве, што се мешале па и тие - фанатици едни! Леле, веќе не ми се верува што се (но и од кого) ќе прочитам на форумов. Ептен почнувам да се разочарувам. Р.Ѕ. Алузијава повеќе се однесува за (дел од) оние кои се надвор од Македонија. „Што ми е гајле мене во Македонија за тоа што Бурма си го смени името во Мјанмар! Баш ми е гајле! “ Изменето од Zlatnik - 20.Август.2011 во 00:38 |
||||||||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
Gorazd777 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Многу убаво срочено..но како мисла,а ете баш тие што ја водат политиката,се за ЖАЛ се друго ,само не Македонци,таа е болната вистина,а ние ќе си дебатираме и понатаму..па можеби ќе се достигне некаква зрелост како во развиените демократии..каде се гледа прво и основно човечкото достоинство,право на слобода и пристоен живот,а другото,па другото си доаѓа,па дури и тогаш можеме да се бориме сите заедно,а вака...повуци-потегни.
|
||||||||||||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
За какви илузии говориш? Слободна Македонија е илузија? Илузија е нешто што е само фантазија, а слободна и независна Македонија е реалност. А доколку тие не си ги даваа животите, се прашувам каде ќе бевме сега ние и дали ќе можевме да дебатираме овде и сега. Тешко на младите генерации ако чекаат лебот да си го заработат од менувањето на името. Ако веќе се подготвени за такви нешта, тогаш не мора да чекаат да се смени името на државата и идентитето на граѓаните, наместо тоа, можат да појдат до бугарската амбасада, да се декларираат како Бугари и да ги декларираат претците како такви и со тоа да го постигнат она што сакаат. Патем, политиката не е детска игра за да попаметниот попушти на штета на својот народ. Во политката секој треба дасе бори беспоштедно за среќата на сопствениот народ. Токму попуштањето, преминувањето преку некои нешта и сличните работи се само илузија во политиката и така треба и да биде. |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
Majkl ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Е сега вистина дека преговорите за името се многу посложена работа, треба да се знае што содржи целиот пакет? Дали е навистина само името во прашање? Како промената или неменувањето на уставното име би се одразило на економската ситуација во државата долгорочно? Инаку за мене лично тоа е глупост некој да бара промена на име, но ако па толку запнал (зборам ако се работи само околку името) можеби треба да се размисли околу поговорката: „Попаментиот попушта!„ |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
Gorazd777 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Кога одиш,оди до крај за водачите,а кое јас го спомнувам едно нешто кое доведува до ваква состојба,па ако сакаш и за името,кажи го Грујо која врста на предавник е и зошто сеуште тапкаме во место?Тука ти фали анализа?
Но според тоа за чудењето,околу изродите,немој да се чудите,Историјата си е тука се повторува,само пред стотина години,овде тумарале Врховистички чети од трите околни држави(кои ја делеле Македонија) сега од тие чети,наследниците се инфилтрирани во власта,процени горенаведениот каде е сместен, Е сега ако тогаш рајата трпела,сега е 21 век,на сите нас,па и младите преку ТАСЕТА ни е некој сеуште на стари работи да не малтретира,сакаме со своите семејства да живееме,а не некои продадени да ни одредуваат ПРОПАГАНДИ,нека се спуштат ,меѓу нас и нека видат колкава е сиромаштија,и дај со тоа име ,веќе нека го решат,ама не се мудоњари,туку се нешто друго,за тоа треба Маж,а не цвикатор. И со името,само пред 20 години ,беше СОЦИЈАЛИСТИЧКА,пред тоа НАРОДНА ФЕДЕРАТИВНА;а пред тоа ТРУСКО,во кои документи беше Македонија,каде е па нашите беа воведувани во или кралството СХС или Бугарско,за што се БОРИМЕ,па нека се каже ЈАСНО и ГЛАСНО,а не вакви ПАПАЗЈАНИИ. |
||||||||||||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Пари да, но не треба човек да се полакомува, па по секоја цена да дојде до нив. А, кој е алчен за пари, кој си ја продава државата за пари и, кој прв ќе даде за пари, се виде од твојот претходен цитат. И токму затоа последниов твој коментар го сфаќам само како еден неуспешен обид да ме навредиш. Верувам дека овој твој обид за мое омаловажување нема да биде последен. Но, нејсе! Мојот личен интегритет овде и не е толку значаен. Ова другово е многу позастрашувачко.
Да беше некој од страна и на ваков начин да го негира постоењето на македонското национално битие ... не би ме чудело. Но, човек (!?) роден во оваа држава, од родители македонци (претпоставувам), држава во која стекнал свој дом и семејство, свои колеги, пријатели и другари македонци, да го негира сопственото (но и нивното) постоење ... не можам да замислам! Кој е тој генетски склоп кој го имаат овие изроди од македонскиот етникум? Да, да, изроди! Како поинаку да се оквалифуикуваат овие освен - изроди од сопствениот народ?! Низ историјата на македонскиот народ да немаше овакви изроди, досега ќе бевме голема држава и нација. Но, тоа ни’ е судбината. Жалното кај нас во Македонија е во тоа што токму тие македонски изроди (кои се родиле и потекнуваат од Македонија), се поистоветуваат и се приклонуваат кон одредени држави од нашето опкружување - бугараши, србомани, гркофили ... Тие со своето дејствување свесно и’ нанесувале штета на Македонија, со цел да ги задоволат нивните интереси. Никако (или многу ретко) интелектуалците кои порано значеле нешто во општественото живеење на овие простори, своето дејствување да го насочат во полза на Македонија. Но не само порано. Истата македонска трагедија трае и денес, во поновата историја. Сите врвни луѓе кои доаѓаат на чело на институциите на државата, работат спротивно интересите на Македонија. После ослободувањето, Колишевски бил „заклан“ за сојуз со србите. Пред 20 години Глигоров, Црвенковски, Андов ... исто така. Љубчо Георгиевски под закрилата на „голем македонец“ всушност се виде дека бил инфилтриран и работел за интересите на Бугарија, со цел да се подели Македонија. Зоран Вранишковски (отец Јован Дремвницки) грчките служби го инсталираа во МПЦ, а овој „догура“ до владика во Синодот на МПЦ. И уште редица други познати и непознати личности од постарата и поновата историја на Македонија.
Според начинот на твоето изразување секој може да разбере на кое интелектуално ниво се наоѓаш. А да не беше на тоа ниво, ќе се заинтересираше и ќе дознаеше за твоите корени. Добро луѓе, не разбирам како не сфаќате дека промената на името нема да значи и прием на Македонија во тие „здруженија“! Ќе се најдат нови и нови изговори, одолговлекувања, правење нови отстапки ... Па погледнете што и’ прават на Турција! И во случај да не’ примат, што мислите, ќе течат пари на сите страни, сите ќе живееме како граѓаните на Германија, Англија, Франција ...? Што е со другите, посиромашни земји членки на ЕУ? Зошто нивните граѓани бегаат од сопствените земји и одат во поразвиените? Верувам дека и кај нас огромниот број од овие кои инсистираат на промена на името за прием во ЕУ, во тоа гледаат само начин како полесно да ја „скубнат“ од тука, а не како начин како подобро да се развие Македонија. Доколку не го промениме начинот на размислување и однесување, ние иако ќе бидеме членки на ЕУ и НАТО, и понатаму ќе си останеме на истово ниво како што сме денес. Затоа, наместо да „лудуваме“ по лагодниот живот на запад и по нивните пари, ние треба да се насочиме кон создавање на тие услови за живеење овде, во нашава држава. Само во тој случај, ако ние бидеме економски развиени, ќе имаме шанси и луѓето од окупираните делови на Македонија повеќе да се заинтересираат кон обединување на Македонија. Овака сиромашни ... кој те сака? Утопија?! |
||||||||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
zagor ![]() Сениор ![]() ![]() Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
..за жал така е.
и тоа анкетите што некои сакаа да ги прикажат како порачани значи биле точни.повеќе од половина население плус независната дијаспора се за промена на името!.се чека брзи-отда се врати од Грчка и да даде зелено светло. ![]() наздравје бричење. Изменето од zagor - 16.Август.2011 во 12:51 |
||||||||||||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||||||||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 4243444546 184> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |