![]() |
|
За Иконите (само текст, без слики!) |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 4243444546 57> |
Автор | |
Опитен ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Слушај братко. За кој е во право, Православната традиција или Евангелос нема да спорам сега. Затоа има пишувано многу предходно, може да се прочита и самиот да се дојде заклучок, а јас да бев и атеист ќе сватев каде е вистината. Друго, со самиот факт дека ти кој си муслиуман (кое и го почитувам како твое право и те милам немој погрешно да ме сватиш) а го бранеш ставот на Евагеолоса ми дава до заклучок дека вистината е во Православието ![]() А тоа дека така се онесуваат со Христа вистина во голема мера сме ние виновни затоа што не го сведочиме со својот живот, а само ги соблазнуваме лугето, но и никој неможе да ги сопре да мислаат што сакаат и да донесуваат такви неразумни заклучоци. зашто како може Исак Њутон да е пред Христа? Каде си слушнал за Њутоновци, а Христијани насекаде има, па и ониое земји кои сега се муслимански порано биле Христијански. Но сега сакам само да ти одговорам на прашањето за кои се критериумите за прогласување некој за светител на Црквата Божја и бидејќи ова прашање се постави на темаите ЊПредание“ и „Монаштво“ па скоро истиот текс ќе го пастираме и таму. Во почетокот Бог го содал човекот добар. Според Својот образ и подобие го создал, односно совршен во потенционал со можност да напредува и се восовршува до стекнувањето на Неговото подбие или како што ќе кажат Отците на Црквата, да стане „бог по благодат“. Но подоцна откако адам, односно човекот, згрешил ја изгубил сета убавина своја и неговото срце кое до тогаш било чисто и храм Божји се валка и бива заробено од страстите, а од него, како последица на тоа, се отсранува Бог. И понатаму преку Адама тоа се случува и со сето човештво. Сега , сета цел, сиот напор на човека е повторно да се исчисти и ослободи од страстите и се врати на својата првосоздадена природа и заедница со Бога. Со доѓањето на Синот Божи и постанувајќи и Син Човечки, Господ Исус Христос ни го покажал патот, а тоа е преку пустината и смиреното страдание (крстот). Друг пат нема, зашто Он е Патот, Вистината и Животот и овие три категории не идат одделно туку секогаш заедно. Нели еден Бог. Оние кои го избрале тој пат на лично покајание, очистување и ослободување од страстите или поточно нивно преобразување и кои успеале во тоа се всушност светителите. Тие го исчистиле своето срце од страстите и умот го просветлие и во своето срце повторно ја привлекле благодатта Божја. Нивното срце повторно станало Храм на Живиот Бог и со својот просветлен ум постојано го созерцавале ( го гледале Неговото Прекрасно Лице) и се насладувале. Во тој подвиг препознаваме генерално три степени или нивоа: - Очистување на срцето од страстите - Просветление на умот - Обожувањето на целовкупната човекова личност Секој од овие степени се одликува со свои каратеристики: На првиот степен срцето се чисти од страстите, а енергијата на умот се просветлува. На тој степен му содејствува очистителната благодат и усната и умната молитва. На вториот степен на просветление откако срцето доволно ќе се исчисти од страстите, а енергијата на умот просветли, тогаш тој (умот) молитвено слегува во срцето како во свој центар (суштина) и таму благодатно непрестајно ја кажува молитвата. На овој степен повигот се состои во доочистување и просветлување на суштината на умот и напредување на молитвата до непрестајна умносрдечна кое повижниот го добива на третиот степен од уховниот живот, на степенот на обожение на целовкупната личност човекова. Краен и единствен критериум низ сите овие три степени е љубовта и молитвата. Нивното срце повторно постанува храм на Живиот Бог и во нивното срце постојано пребива благодатта Божја. Тие иако со телото сеуште пребиваат овде на земјата, нивниот ум е вознесен на Небото каде лице во Лице го гледа Бога и непрестајно пребива во созерцание и Богомислие од каде ги црпи сите тајни за Бога, Царството Небесно, човекот и се друго, и нивното слово постанува слово со власт, Божјо слово, Богослово, Богословие. Затоа и ние им веруваме на светите Отци и нивните списи, зашто тие не го познаваат Бога од книга и не шпекулираат со словото Божјо, туку тие го познаваат Бога од опит, од искуство и нивното слово е емпириско, искуствено. Тие се луѓето кои преку личен подвиг во смирение и живот во Црквата преку добродетелите и учеството во Светите Тајни на светата Литургија ги поминале сите овие три стадиуми (нивоа) во духовниот живот за кои е потребно напор време и долотпение, а кое го немаат претестанските„ подвижници“ зашто тие сакат само со едно признавање и потпишување дека се христијани и да се спасат и да си го исчистат срцето од страстите и да се носители на Светиот Дух и толкувачи на библијата и преку ноќ стануваат проповедници. И отпосле откако ќе се упокои еден таков свет Отец по извесно време почнува да се појавува почит кон него од самата Црква, т.е. верниот народ . - се разгледува неговиот живот дали бил исправен и да не бил во прелест -Ако од неговото тело се појават знаци на чудотворност преку испуштање на благоухание (благопријатна миризба), свето миро (нетварно миризливо масло кое истекува од неговите свети мошти), јавувања во сон и чудесни исцеленија на разни болести кај луѓе кои молитвено му се обракаат. - Потоа се испитуваат и неговите пишани списи, ако ги имал, и учењето кое го исповедал дали е согласно Светото Писмо, и Предание, да нема некои ереси и на крај откако сето тоа ќе се утврди заседува целит свет синод на помесната Црква од каде тој потекнува и едногласно донесуваат одлука за негова канонизација и прогласување за светител. Гледате не е се така просто и едноставно а критериумите не се благи. и овде нема шпекулација кој е свет, свет е. |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
![]() |
|
spiros ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4489 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Интересно е што баш книжниците не Го препознаа и тоа го направија со Оној за кого сведочат Писмата што ги препишувале, читале, ...! Кој се фали да се фали со ГОСПОДА и Неговиот ДУХ а не со ...! |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
![]() |
|
evangelist ![]() Сениор ![]() Bože ne znam šta mi je, pale m Регистриран: 16.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 201 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1. Гледајте да не ја покажувате својата праведност пред луѓето, за да ве видат; инаку нема да имате награда од вашиот Отец небесен. 2. И така, кога даваш милостина, не разгласувај, како што прават лицемерите по синагогите и по улиците, за да ги фалат луѓето. Навистина ви велам, тие веќе ја добиле својата награда. 3. А ти, кога даваш милостина, да не знае твојата лева рака што прави десната, 4. за да биде твојата милостина тајна; и тогаш, твојот небесен Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно. 5. И кога се молиш, не биди како лицемерите, што сакаат да стојат по синагогите и раскрсниците за да се молат и да се покажуваат пред луѓето. Вистина ви велам дека тие веќе си ја добиле својата награда. 6. Но ти, кога се молиш, *влези во својата скришна соба и, откако ќе ја затвориш вратата, помоли Му се на твојот Отец, Кој е во тајност; и Он, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно. *4.Цар.4,33; 7. Кога се молите, не говорете многу како незнабошците, зашто тие мислат дека за своите многу зборови ќе бидат услишени; 8. вие, пак, немојте да бидете како тие, оти вашиот Отец небесен знае од што имате нужда уште пред да сте Го помолиле. 9. Туку молете се вака: *Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; *Лука 11,2; 10. Да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; 11. лебот наш насушен дај ни го денес; 12. и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштаваме и ние на нашите должници; 13. и не н# воведи во искушение, но избави н# од лукавиот, зашто Твое е царството, и силата, и славата во сите векови. Амин! 14. Бидејќи, ако им ги простите на луѓето гревовите нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен; *Марко 11,25; 15. ако, пак, не им ги простите гревовите на луѓето, и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите. 16. *Кога постите, не бидете жалосни како лицемерите; зашто тие си ги прават лицата мрачни, за да се покажат пред луѓето дека постат. Вистина ви велам, оти тие ја добиле веќе својата награда. *Иса.58,5; 17. А ти, кога постиш, помажи ја главата своја и измиј го лицето свое, 18. па да се покажеш дека постиш не пред луѓето, туку пред својот Отец, Кој е во тајност; и твојот Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно. 19. Не собирајте богатства на земјата, каде што ги јаде молецот и 'рѓата, и каде што крадците ги поткопуваат и крадат; 20. *но собирајте си богатства на небото, каде што ни молец, ниту 'рѓа ги јаде, и каде што крадци не ги поткопуваат, ниту крадат; *Мат.19,21; *Лука 12,33-34; 21. зашто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше. 22. *Светило за телото е окото. И така, ако твоето око биде чисто и целото твое тело ќе биде светло; *Лука 11,34-36; 23. ако, пак, твоето око биде лошо, целото тело ќе ти биде темно. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, тогаш каква ли ќе е темнината? 24. *Никој не може да им слугува на двајца господари: оти, или едниот ќе го замрази, а другиот засака; или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите на Бога и на Мамона. *Лука 16,13; 25. Затоа ви велам: *немојте да се грижите за душата - што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за телото, во што ќе се облечете. Зар не чини душата повеќе од храната, и телото - од облеклото? *Лука 12,22-23; *Фил.4,6; *1.Петр.5,7; 26. Погледајте ги птиците небески; тие ни сеат, ни жнеат, ниту во амбар собираат; но вашиот Отец ги храни. Зар не сте вие многу поскапи од нив? 27. А кој од вас, грижејќи се, може на својот раст да му придаде макар еден лакот? 28. Зошто се грижите и за облеката? Погледајте ги полските кринови како растат: не се трудат, ниту предат; 29. но ви велам дека ни Соломон, во целата своја слава, не се облече така, како еден од нив; 30. па, ако полската трева, што денеска постои, а утре во оган се фрла, Бог така ја облекува, а колку повеќе вас, маловерни!? 31. Па затоа не грижете се и не говорете: што да јадеме, или што да пиеме, или во што да се облечеме? 32. Зашто сето тоа го бараат незнабошците, а вашиот Отец небесен знае дека за сето ова имате потреба. 33. *Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и се ова ќе ви се придаде. *1.Цар.3,13; *Псал.36,22; 34. И така, немојте да се грижите за утре, зашто утрешниот ден ќе се грижи за своето; на секој ден доста му е неговото зло.” Не судете, за да не ви се суди. 7. Не судете, за да не ви се суди. 1. Не *судете, за да не бидете судени; *Рим.2,1; *1.Кор.4,5; 2. оти, со каков суд судите, со таков ќе бидете судени; со *каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери. *Марко 4,24; 3. Зошто ја гледаш раската во окото на брата си, а гредата во своето око не ја чувствуваш? 4. Или, како ќе кажеш на брата си - чекај да ти ја извадам раската од окото; а, пак, ете, во твоето око има греда? 5. Лицемере, извади ја прво гредата од твоето око, па тогаш ќе видиш како да ја извадиш раската од окото на брата си. 6. Светињата не ја давајте на кучињата, и не си го фрлајте бисерот пред свињите, за да не го изгазат со своите нозе, и откако се повратат, да не ве раскинат. 7. *Сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори; *Марко 11,24; *Лука 11,9-10; 8. зашто секој што сака, добива, и кој бара, наоѓа, и на оној што чука, ќе му се отвори. 9. Има ли меѓу вас човек, кој, ако му посака неговиот син леб, да му даде камен, 10. и кога посака риба, да му даде змија? 11. И така, ако вие, бидејќи лоши, умеете да им давате на своите чеда добри дарови, колку повеќе вашиот Отец небесен ќе им даде добра на оние што Му бараат? 12. С# она што сакате да ви прават луѓето, правете им го и вие; оти *тоа се Законот и Пророците. *Мат.22,40; *Рим.13,8-10; 13. *Влезете низ тесната врата; оти широки се вратите и широк е патот што води кон пропаст, и мнозина минуваат низ нив; *Лука 13,24; *Мат.24,4; 5,24; 14. а тесни се вратите и тесен е патот што водат кон животот, и малцина го наоѓаат. 15. Пазете се од лажните пророци, кои доаѓаат во овча кожа, а однатре се *волци грабливи. *Дела 20,29; 16. По нивните плодови ќе ги познаете. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка? 17. Па така, секое добро дрво дава добри плодови, а лошо дрво дава лоши плодови; 18. не може добро дрво да дава лоши плодови, нити лошо дрво да дава добри плодови. 19. *Секое дрво, што не дава добар плод, го сечат и го фрлаат во оган. *Мат.3,10; *Јован 15,2-6; 20. И така, по нивните плодови ќе ги познаете. 21. Не секој што Ми вели: »*Господи, Господи«, ќе влезе во царството небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец небесен. *Рим.2,13; *Јак.1,22; 22. Мнозина ќе ми речат во оној ден: »Господи, Господи, не во Твое ли име *пророкувавме? И зар во Твое име бесови не изгонувавме? И не во Твое ли име многу чуда правевме? *1.Кор.13,2; 23. И тогаш Јас ќе им кажам: »Никогаш не сум ве познавал; бегајте од Мене вие што правите незаконски дела!« 24. И така, секој, што ги слуша и исполнува овие Мои зборови, ќе биде како благоразумен маж, кој си направил куќа на камен. 25. И заврна дожд и надојдоа реки, и дувнаа ветрови, и навалија на таа куќа, но таа не падна, оти беше изградена од камен. 26. А секој, што ги слуша овие Мои зборови и не ги исполнува, прилега на човек глупав, кој си направил куќа од песок. 27. И заврна дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови, и навалија на таа куќа, и таа падна, а паѓањето $ беше страшно.” 28. И кога ги заврши овие зборови, народот се *чудеше на Неговото учење, *Марко 1,22; *Лука 4,32; 29. зашто Он ги поучуваше како Оној, Кој има власт, а не како книжниците ОВА ДОВОЛНО ГОВОРИ ЗА МОЈАТА “ДУХОВНА ЛАДНОКРВНОСТ“!!! |
|
![]() |
|
stevompc ![]() Сениор ![]() Регистриран: 04.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 275 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
tvoeto mislenje glasi vaka:
nie ke si pravime sto sakame, pa posle bog neka sudi. taka li uci Svetoto Pismo? ili veli se da ispituvame, da se stremime kon sovrsenoto itn? znaci propovedta e neophoden del od usovrsuvanjeto. isto taka i ispituvanjeto 'dali nesto e bogougodno ili ne?' zal mi e, ama ne mozam da se zadovolam so tvojata duhovna ladnokrvnost. |
|
![]() |
|
evangelist ![]() Сениор ![]() Bože ne znam šta mi je, pale m Регистриран: 16.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 201 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
За православните - и едното и другото ... за другите *(иноверните) може да представуша ама баш то сака ... тоа нема врска... Ако Христос ни ја дал СЛОБОДАТА КАКО НАЈГОЛЕМ ДАР - ТОГАШ НИЕ СЕ БОРИМЕ И ЈА ЧУВАМЕ (во духовен смисол) И ЗАТОА НИШТО НЕ НАМЕТНУВАМЕ “ДИНАМИЧНО“ И НА СИЛИ КАЈ НАС ВЕРАТА Е ВЕРА И НЕ “ПРОПОВЕДАМЕ“ ... ЗА ДА НЕ ЈА УКИНУВАМЕ СЛОБОДАТА НА ИНДИВИДУАТА КАКО ОБРАЗ БОЖЈИ, а оној кој сака слободно пристапува кон нас ... НИШТО НЕ Е НА СИЛА ... ОНОЈ ШТО САКА - ГИ ПОЧИТУВА ИКОНИТЕ, ОНОЈ ШТО НЕ САКА - НЕ МОРА... никој не го тера со сила... ВО КРАЈОТ НА КРАИШТАТА - БОГ НИ Е СУДИЈА НА СИТЕ - ОН НЕКА НИ СУДИ!!! |
|
![]() |
|
stevompc ![]() Сениор ![]() Регистриран: 04.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 275 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
interesno e deka evreite imale celi skoli, celi semejstva i 'odredi' koi bile zadolzeni za prepisuvanje, distribucija, tolkuvanje i propovedanje na svetoto pismo. eden primer se kumranskite rakopisi, kade vo pustinata bea pronajdeni celi biblioteki.
od druga strana, pravoslavnite edvaj imaat prevod na makedonski jazik, ama zatoa imaat celi skoli i pravci na peenje i na crtanje. sto e pravoslavnata crkva? umetnicka akademija ili duhovna institucija? |
|
![]() |
|
evangelist ![]() Сениор ![]() Bože ne znam šta mi je, pale m Регистриран: 16.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 201 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Сите оние кои имаат желба да погледнат нови икони и слободно да ги копираат (има доволно интересни орнаменти и црнобели графики) тоа можат да го направат на следната страница:
http://eikonografos.com/album/ |
|
![]() |
|
spiros ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4489 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Добро утро Месинџер! И оваа изјава е малтене фундаменталистичка и паушална. Јас сум цврсто убеден дека ЉУБОВТА е фундаментот на вистинското живеење и дека секој човек треба да тежнее да биде еден ваков фундаменталист! Ваквиот фундаментализам може и треба од сите нас да биде култивиран, за што ве повикувам сите најсрдечно. Ајде браќа и сестри фундаменталисти, повелете ![]() |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
![]() |
|
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Fundamentalizmot e mnogu opasna rabota.
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
![]() |
|
Templarius ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Koj e prevod na zborot Ikona ??????????? |
|
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
|
![]() |
|
maria_magdalena ![]() Сениор ![]() ![]() trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
АМИН, вака пишува само човек исполнет со Светиот Дух кој во цела полнота ја ужива слободата во Христа.
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
![]() |
|
spiros ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4489 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Еве додека го пишував последниот пост ме повика мојата ќерка на чај. Кога слегов долу на масата си долепуваше уште неколку стикери пред да оди да спие. Ми ги покажуваше и ми раскажуваше колку убави спомени и се вржани за нив. Едниот што ми го покажа ми рече дека го добила како подарок на денот кога се родил нејзиниот брат а мојот син. Пеперутки, детелини со четири листа, ... еден дури стикер во форма на риба кој што има прекрасно длабоко значење. Исто и пеперутката која е трнсформирана (метаморфозирана) и со нејзините крилја сочинува две осмици. Бројот на вечноста, на спасението, на Христа, ...
Детето си ги сака со чисто срце и не навлага во нивното длабоко толкување нити пак некој ја присилува да ги чува или да ги толкува. Мојот син пак многу ги сака покемон! Дали треба сите овие слики, стикери, картички ... да им ги забранам? Дали треба да им ги забранам и Дизниевите филмови? Дали треба да им го забранам и телевизорот, да не би му ПОКЛОНУВАЛЕ внимание ? Јас мислам дека иконоборците (без разлика под каков мантил се маскирани) сакаат да вршат една фашисточка диктатура која на крајот би кулминирала со палење на се што е христијанско, со се што укажува на ЕВАНГЕЛИЕТО или може да се донесе во врска со ВЕРАТА ХРИСТОВА! Треба да се внимава од фанатици кои сакаат да му диктираат на светот еден режим во името на БОГА, небаре ТОЈ е садист. Пак повторувам, нити јас нити моите деца се клањаме нити пред икони, нити кон камен, бидјќи само на БОГА во Неговиот ДУХ треба да се поклонуваме но недозволуваме некој истите да ги сатанизира! Тоа е КРАЛЕВСКАТА СЛОБОДА што ми ја дарил ХРИСТОС СПАСИТЕЛОТ од внатрешни и надворешни диктатури и доктрини на учители кои не ги разбираат писмата! Нека секој ја достигне Неговата СЛОБОДА АМИН |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
![]() |
|
maria_magdalena ![]() Сениор ![]() ![]() trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Mashallah
![]() ![]() |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
![]() |
|
spiros ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4489 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Шалом побратиме! Еве јас преку МИЛОСТА БОЖЈА не се клњам нити кон слика нити кон камен, нити ... но мислам дека иконите со како што ти рече 1001 светец раскажуваат со еден многу пофин и понежен глас за ВИСТИНАТА од многу некои книжнички проповеди. Една икона може на едно верно срце кое незнае да чита и пишува но и на срце кое знае да чита и пишува, да му го исповеда целото ЕВАНГЕЛИЕ! Да побратиме, она ЕВАНГЕЛИЕ кое некои најрадо би го избришале или препишале а кое неможе да биде нити избришано, нити препишано, бидејќи е во СРЦАТА на ЧЕДАТА на Љубовта и Мирот БОЖЈИ, врежано! На сите ви го посакувам ШАЛОМОТ ХРИСТОВ Иншалах! |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 4243444546 57> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |