![]() |
|
Хороскоп |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 4243444546 157> |
Автор | ||
Schatzii7 ![]() Сениор ![]() ![]() Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Да погодам кај си ти?
Хатор
![]() |
||
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
||
![]() |
||
Kastro ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ne mu se smej ti mnogu mnogu na Oziris ...(jaziche) hihihi
|
||
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
||
![]() |
||
Schatzii7 ![]() Сениор ![]() ![]() Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Месецот на Озирис: 27 март – 25 април
Озирис е богот на подземното царство. Оние кои спаѓаат под неговиот знак, се исклучително комплексни и неразбрани. ![]() Слабост: Се обидуваат да се одбегнуваат одговорност. Професии: Тие се добри наставници и трговци. |
||
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
||
![]() |
||
SVOJA ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Богот на мудроста и учењето; луѓето родени под овој знак умеат лесно да ги решат проблемите и се познати како добри организатори. Сепак, ако добијат подобра понуда, ќе го шутнат започнатото. Автентични, оригинални и спокојни.
Негативни страни: На моменти поостри, нестрпливи, преоптеретени со работа. Професии: Тие можат да бидат одлични професори, актери и адвокати. Месецот на Хорус: 29 септември – 27 октомври Хорус е богот на светлото сонце. Луѓето родени под влијание на сонцето, се храбри, смели и агресивни. Оптимистички и исклучително мотивирани да ги постигнат целите. Сакаат да го добијат најдоброто од животот. Слаби страни: нереалистичност, тврдоглавост и неподготвеност да се соочат со другите, лице во лице. Професии: Политика и професии поврзани со печатот. Месецот на Ваџет: 28 октомври – 26 ноември Ваџет е симбол на мудрост и знаење. Родените под овој знак се разумни, претпазливи, внимателни, амбициозни, самостојни и подготвени да помогнат. Тие се силни и лојални кон семејството и семејните вредности. Слаби страни: песимизам и ароганција. Професии: Инженери, претприемачи, архитекти, уредници и ментори. Месецот на Сехмет: 27 ноември – 26 декември Сехмет е богот на војната и ривалството. Родените под овој знак поседуваат брилијантен ум, имагинација и оптимизам. Исклучително се весели и зборлести. Духовити и гостопримливи, нивната сила е во добронамерниот карактер. Слабости: бес, нетрпение, аргументативност и кавгаџиство. Професии: Занимавање со некоја уместност. Месецот на Сфинкс: 27 декември – 25 јануари Сфингата е чувар на богатството и може да го менува својот облик, кога ситуацијата го бара тоа. Од оваа гледна точка, тоа се суштества-камелеони, подготвени да се прилагодат на секакви тешки ситуации. Силни страни им се издржливост и проникливост, самодисциплина. Тие се сериозни и дискретни. Слабости: премногу горди, вообразени и желни при донесување одлуки. Професии: Онаму каде самите си си шефови. Месецот на Шу: 26 јануари – 24 февруари Шу е богот на сончевата светлина и ветрот. Оние кои спаѓаат под неговиот знак, се високо креативни индивидуи, многу нетрадиционални. Исто така, можат да бидат доста успешни во својата професија. Нивната сила е во фактот дека поседуваат чувство за хумор, принципиелни се и директни. Слабости: Слабостите им се нестабилност и одложувањето да пресечат, што е потребно во разни ситуации. Професии: Социјална работа, добротворна организација, земјоделство, грижа во болничкиот сектор и консултантски професии. Месецот на Изида: 25 февруари – 26 март Божицата Изида ја заштитува дисциплината. Луѓето под овој знак се чесни, горди и идеалистични; многу логични и интуитивни. Нивната сила лежи во активноста и самостојноста. Популарни се меѓу пријатели. Слаби страни: Арогантни, претерано убедително настроени. Професии: Уметност и маркетинг. Месецот на Озирис: 27 март – 25 април Озирис е богот на подземното царство. Оние кои спаѓаат под неговиот знак, се исклучително комплексни и неразбрани. Силните страни им се динамичност, интелигенција, снаодливост и приемчивост. Слабост: Се обидуваат да се одбегнуваат одговорност. Професии: Тие се добри наставници и трговци. Месецот на Амон-Ра: 26 април – 25 мај Амон е богот на изградбата. Под неговиот знак спаѓаат силни, строги, атлетични и вредни луѓе. Силите им се силна волја, храброст и доверба во себе. Прекрасни лидери и организатори. Слаби страни: Нетолеранција и бес. Професии: Физичка работа или финансии Месецот на Хатор: 26 мај – 24 јуни Хатор е божица на небото и земјата. Луѓето кои родени под нејзиниот знак, се експресивни и грижливи. Водечка сила е нивниот шарм и романтизмот. Слабости: завист, љубомора, понекогаш омраза. Професии: Многу се силни во социјалните сфери, изведувачки уметности, цртање и комуникации. Месецот на Феникс: 25 јуни – 24 јули Птицата на животот, енергијата и преродбата. Овие луѓе ја користат секоја добра можност да бидат успешни. Оптимистични, флексибилни и загрижени за другите. Слабости: изолација, инает и нереалистичност. Професии: Можат да достигнат врвови во професии на сопствени принципи и други сфери кои се предизвик за нив. Месецот на Анубис: 25 јули – 28 август Анубис е божество на подземниот свет. Можеби со најмногу елан и најтолерантен од сите знаци. Луѓето кои се родени под знакот на Анубис, се самостојни, сигурни во себе и своите вештини да се справат со секоја задача. Ти се дарежливи, топли и грижливи. Слабости: Склони се да бидат изманипулирани, или да ги искористуваат поради нивната добрина. Соодветни професии: рекламни дела и мода. |
||
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
||
![]() |
||
SVOJA ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Подгответе се за бакнежот со личноста која ви се допаѓа. Секој хороскопски знак се бакнува на различен начин, и секој сака и очекува одредена подготовка пред да настапи спојувањето на усните. Погледнете како да ѝ се приближите на личноста и како да ѝ пристапите кога ќе дојде моментот да ја бакнете, според нејзиниот знак во хороскоп.
podgotvete-se-za-sovrsheniot-baknezh-spored-horoskopskiot-znak-kafepauza.mk Овен Енергични и снажни, овните се водени од Марс, а ако нешто се знае за оваа планета, тоа е дека ја покачува температурата. Овните умеат да ја канализираат сета таа неверојатна енергија преку еден бакнеж. Овој знак го доживува бакнувањето како и сѐ друго – многу импулсивно. Ако сте во врска со овен, подгответе се за огномет. Бик Бавно, сензуално и цврсто – тоа е бикот, и баш затоа врските им траат многу подолго отколку на останатите знаци. Другата причина е во нивното чувство за допир – начинот на кој ве допира бикот по раката точно ви дава до знаење дека се подготвува да ве бакне. Со биковите има само романтика. Близнаци Ако сте интересни и весели, вие сте по мерка на близнаците. Но, прво мора да го привлечете нивното внимание. Процесот изгледа вака: прво ги погледнувате, па им намигнувате или се насмевнувате и потоа им велите нешто духовито и шармантно. Близнаците обожаваат луѓе кои знаат да одржат конверзација. И на крајот следува бакнежот. Ако сте брзи, секси и забавни, близнаците ќе сакаат уште повеќе. А, ако ве одбијат, тогаш знајте дека сте ја оплескале работата. Рак Раковите се топли и брутално искрени. Го сакаат домот и семејната атмосфера. Кога се бакнува, ракот е топол и прекрасен и веројатно нема да сакате да останете само на еден бакнеж со него. Лав Со лавовите секогаш се чувствувате како да сте на натпревар од типот „кој ќе ја освои слободната риба“. Ако ви се допаѓа лав, знајте дека сигурно не сте единствените кои чекаат во редот за бакнеж. Ќе победите само доколку максимално се потрудите да ги покажете вашите чувства. Многу едноставно. Девица Девиците мразат валканост, неорганизираност и хаотична околина, така што потрудете се да бидете целосно средени за да би можеле да ја придобиете девицата да ве бакне. Ако сте на забава, тргнете се на страна за да бидете на само кога ќе се бакнете. Потрудете се бакнежот да биде нежен, но цврст. Сочувајте ја страсната размена на плунка за некоја друга прилика. Вага Вагата е еден од најромантичните знаци во зодијакот. Тие живеат за да ги задоволуваат другите. Финтата е во тоа што истото го очекуваат за возврат. Ако сте личност која максимално му се посветува на партнерот, вагата е идеален избор за вас. Уште ако ѝ покажете дека сакате врска со неа, дефинитивно ќе биде ваша. Излезете на романтичен состанок и потоа пружете ѝ го најромантичниот и најстрастниот бакнеж што некогаш сте го дале. Добрата вест е што таа ќе ви врати во иста мера. Скорпија Постои еден збор која ја опишува скорпијата во кое било доба од денот или ноќта – страст. Скорпиите пристапуваат со многу страст. Затоа можете само да замислите што ќе се случи кога ќе застанат лице в лице со личност која им се допаѓа. Скорпијата не може да не ве бакне. И на тој бакнеж ќе се сеќавате многу, многу години. Стрелец Стрелците секогаш сакаат повеќе, особено кога се во прашање бакнежите. Затоа, ако сакате да ве бакне стрелец, знајте дека тоа нема да биде воопшто тешко. Но, потрудете се да биде незаборавно, бидејќи ќе имате многу соперници. За да му го задржите вниманието на стрелец, важно е да се бакнувате со него, и тоа постојано! Јарец Јарците можат да бидат многу тешки кога е во прашање романтиката, но сепак тоа не е невозможна мисија. Единствено, ќе ви требаат челични нерви и многу трпение за да го постигнете тоа. Мора многу долго време да го подготвувате теренот пред да тргнете во акција, но ќе биде вредно да се потрудите. Нека вашиот бакнеж биде елегантен, префинет и секси. Водолија Водолиите се ексцентрични и горди на тоа, но се многу неупадливи кога е во прашање романтиката. Иако тоа нема да го признаат, водолиите не се врзуваат сѐ додека не го најдат вистинскиот партнер. Тоа може да бидете и вие, во зависност од тоа како ги бакнувате. Водолиите сакаат изненадувачки, страсни и поинакви бакнежи. Ако сте за предизвик, пријдете им, погледнете ги продорно во очи и „нападнете“. Риби Во умот на рибата, првиот чекор кога треба да одлучи дали да ви дозволи да ѝ се приближите или не, зависи од тоа дали им е пријатно во ваше друштво. Тоа неретко има врска со начинот на кој мирисате, не се шегуваме. Затоа, пред да ѝ пријдете на риба, добро напарфемирајте се, но не пренападно. Нека бакнежот биде нежен и мек и потоа полека запловете во романтика со ова многу чувствително и романтично суштество. |
||
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
||
![]() |
||
Kastro ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() ![]() |
||
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
||
![]() |
||
vivi1 ![]() Сениор ![]() ![]() Легенда Регистриран: 20.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 18941 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
me ima mene
![]() |
||
vivi
|
||
![]() |
||
Kastro ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() ....navistina togas se nadminuvam sebe si i se cudam od kaj mi nadoshle vo pametot nekoi nesta za da napravam takvo nesto.... ![]() ![]() Изменето од Kastro - 16.Март.2014 во 23:26 |
||
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
||
![]() |
||
SVOJA ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
3
Различни луѓе различно ги покажуваат љубовните чувства, па затоа не секогаш го добиваме токму она што го очекуваме. Проверете како вашиот/та партнер/ка ја манифестира љубовта според неговиот/нејзиниот хороскопски знак и доколку не сте задоволни, пронајдете го знакот кој ова го прави најсоодветно на вашите желби, потреби и очекувања. kako-horoskopskite-znaci-pokazhuvaat-kafepauza.mk Овен Без оглед на годините и полот, постои еден генерален начин да бидете сигурни дека овенот ве сака: тој ќе испровоцира кавга. Тој сака да си игра војна со зборови, преку што истовремено флертува и ја тестира вашата загреаност за него. Овенот е антички бог на војната, па сака достоен противник далеку повеќе од романтика. Тие исто така сакаат да можат да сметаат дека нивниот партнер секогаш ќе им го чува грбот. Буцкајте ги, вратете им на нивните борбени зборови и задевајте ги со шеги на нивна сметка. Тешко е да се биде во чекор со овенот, но верувајте, се исплати. Бик Биковите изразуваат љубов како што прават сѐ друго – полека и темелно, така што тие нема да ги кажат зборовите кои другата страна едвај чека да ги слушне сѐ додека не дојде вистинското време за тоа. Бидете трпеливи. Ако ви е потребно да се уверите во нивните чувства, обрнете внимание на нивните дела. Заедничкото уживање во храната и пијалаците, искрените комплименти, безрезервната верност, подароците… Подарок кој ви е даден само затоа што тој ги потсетил на вас или затоа што едноставно тие знаеле дека ќе уживате во него – тоа се апсолутни знаци дека бикот ве сака и тоа е неговиот начин да ви го покаже тоа сѐ додека не одлучи да го каже, но и потоа. Близнаци Тие се секогаш забавни, но знаете дека имаат искрени чувства кон вас кога ќе направат нешто со што ќе се надминат себеси само за да ве засмеат. Тие исто така често ќе бидат во ваше присуство почестувајќи ве со разни секојдневни активности. Ако сте колеги на работа и ги пекорат бидејќи премногу се труделе да ве импресионираат, нема да престанат, туку најверојатно ќе дадат отказ. Единственото нешто што би ги спречило е ако вие им кажете да го направат тоа. Но, зошто би го направиле тоа? Колку луѓе познавате кои имаат свој личен шармантен стенд-ап комичар? Рак Престанете да се прашувате дали ракот кој ве привлекува или во кој сте лудо заљубени се чувствува исто така. Ќе препознаете по следниве цврсти астролошки показатели: тие ќе зготват или ќе испечат нешто во рерната за вас. Но, тие ја сакаат својата кујна, па послужената торта нема секогаш да ви биде доволен показател за нивната љубов. Втората фаза на заљубеност ќе ја препознаете по цвеќињата и комплиментите, проследени со вечер помината кај нив дома, која ќе ја искористат за да ги извадат старите албуми со слики. Крајната пресуда можете да ја донесете кога не само што ќе покажат дека им е грижа за вас, туку и ќе го кажат тоа. Лав Уште во моментот кога ви фрлил око од другата страна на просторијата, вие знаевте дека играта започнува. Работата е во тоа што вие не сакате тоа да биде само игра, но лавовите се непоправливи флертувачи. Па, како да знаете дека тие навистина ве сакаат, а не сте им само за добра забава? Едноставно е. Нивниот распоред наеднаш ќе се расчисти, па ќе имаат време за да се видите за паузата за ручек, за вечера, и секако за викендите. Девица Би сакале да кажете дека некое од овие екстремно педантни суштества е само ваше? Одлично, само подобро гледајте дома да ви е секогаш раздигано, бидејќи ако не ви е, тие ќе го направат тоа. Можете да ги начекате некогаш кај вас дома како среќно ги подредуваат вашите книги по висина на полиците кои се свежо поминати со средство за чистење. Девиците создаваат чиста и организирана средина за оние кои ги сакаат бидејќи тие веруваат дека нивните сакани го заслужуваат тоа. Тоа е огромен комплимент, па не се ни осмелувајте да им кажете дека ги преминале границите и ја нарушиле вашата приватност. Бакнете ги, заблагодарете им се и помогнете им да завршите заедно. Вага Наместо да се обидувате да сфатите дали вагата е заљубена во вас, следете го нејзиниот однос со другите. Тие се секогаш фини, особено кога зборуваат со некого еден на еден, тоа е во нивната природа. И додека сме на темата, доколку лесно ве фаќа љубомора, изберете друг знак. Но ако сте фокусирани на градење заедничко партнерство со нив, штом забележите какви се кога се фини, ќе можете да препознаете кога ќе станат пофини – а тоа е апсолутен знак дека ве сакаат. Уште повеќе ќе бидете сигурни ако ве завикаат по некој прекар кој тие ќе го смислат, додека вашето вистинско име ќе го користат само во формални прилики. Скорпија Ќе го сфатите првиот знак на заљубеност само доколку по природа сте перцептивни, и подобро да сте доколку сакате да ја одржите заинтересираноста на скорпијата за вас. Тие длабоко и долго ќе гледаат во вас. Но, нема директно да се ѕверат во вас. Тоа би било премногу очигледно, а овие интригантни суштества се родени како 50% детективи и 50% аналитичари, што е причина што сте толку фасцинирани од нив. Како и да е, главен знак што ќе ги издаде е кога ќе сфатите дека нивните очи гледаат во вас преку рефлексии од огледала, стаклени врати и големи прозорци. Стрелец Ако стрелец ве сака, тоа е затоа што сте научиле да давате слобода. Ќе знаете дека сте успеале кога ќе почнат да ви се јавуваат (скоро) секој ден, но уште повеќе кога ќе бидете поканети на патување со нив. Без разлика дали е викенд во земјата или авионски билет за 5-дневен аранжман во Рим, секако е голема работа. Но немојте да се загрижувате ако треба повеќе време да се случи ова. Слободата е многу важна за стрелците. Јарец Правила, процедури и правење на работите онака како што треба да бидат направени – ова е животниот стил на јарецот, па ако сте привлечени од нив, не грижете се за ова. Кога се тие посветени нема шанси нешто да им го одвлече вниманието. Ако се сингл, веднаш почнете да им покажувате дека вредите. Сепак, ова нема да треба да го правите вечно со јарците. Штом тие ве запознаат (или поточно ве интервјуираат) и сфатат дека навистина вредите, вие ќе го знаете тоа. Тие јасно ќе ја покажат љубовта преку сериозен муабет и вие ќе бидете сигурни дека не се шегуваат. Водолија Водолиите се неконвенцијален знак во зодијакот. Овие луѓе обично се независни и рамнодушни, па ќе треба да гледате во некои поспецифични начини на изразување кога станува збор за љубовта. Тие може студиозно да скенираат делови од вашето тело и да ви предложат некоја тетоважа или луда фризура кои одлично би ви прилегале. Исто така може да ве поканат да одите заедно на некој специфичен настан за каде што ќе можете да облечете карактеристична облека. Ако не сте тип за овие авантуристички излети, подобро држете се на дистанца од овие одметници. Риби Тие се малку срамежливи типови, па ако чекате да го направат првиот чекор и ако се од оние посрамежливите, може да ви побелее косата. Како и сите други знаци, треба да ги гледате за да сфатите дека се грижат. Единствениот совет кој ви е потребен е следниот: ако ве сакаат, може да им биде тешко тоа да го кажат први. Но штом ве запознаат, тие ќе бидат позборлести дури и од најсоцијалниот знак во зодијакот – близнаците. |
||
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
||
![]() |
||
SVOJA ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Подгответе се за бакнежот со личноста која ви се допаѓа. Секој хороскопски знак се бакнува на различен начин, и секој сака и очекува одредена подготовка пред да настапи спојувањето на усните. Погледнете како да ѝ се приближите на личноста и како да ѝ пристапите кога ќе дојде моментот да ја бакнете, според нејзиниот знак во хороскоп.
podgotvete-se-za-sovrsheniot-baknezh-spored-horoskopskiot-znak-kafepauza.mk Овен Енергични и снажни, овните се водени од Марс, а ако нешто се знае за оваа планета, тоа е дека ја покачува температурата. Овните умеат да ја канализираат сета таа неверојатна енергија преку еден бакнеж. Овој знак го доживува бакнувањето како и сѐ друго – многу импулсивно. Ако сте во врска со овен, подгответе се за огномет. Бик Бавно, сензуално и цврсто – тоа е бикот, и баш затоа врските им траат многу подолго отколку на останатите знаци. Другата причина е во нивното чувство за допир – начинот на кој ве допира бикот по раката точно ви дава до знаење дека се подготвува да ве бакне. Со биковите има само романтика. Близнаци Ако сте интересни и весели, вие сте по мерка на близнаците. Но, прво мора да го привлечете нивното внимание. Процесот изгледа вака: прво ги погледнувате, па им намигнувате или се насмевнувате и потоа им велите нешто духовито и шармантно. Близнаците обожаваат луѓе кои знаат да одржат конверзација. И на крајот следува бакнежот. Ако сте брзи, секси и забавни, близнаците ќе сакаат уште повеќе. А, ако ве одбијат, тогаш знајте дека сте ја оплескале работата. Рак Раковите се топли и брутално искрени. Го сакаат домот и семејната атмосфера. Кога се бакнува, ракот е топол и прекрасен и веројатно нема да сакате да останете само на еден бакнеж со него. Лав Со лавовите секогаш се чувствувате како да сте на натпревар од типот „кој ќе ја освои слободната риба“. Ако ви се допаѓа лав, знајте дека сигурно не сте единствените кои чекаат во редот за бакнеж. Ќе победите само доколку максимално се потрудите да ги покажете вашите чувства. Многу едноставно. Девица Девиците мразат валканост, неорганизираност и хаотична околина, така што потрудете се да бидете целосно средени за да би можеле да ја придобиете девицата да ве бакне. Ако сте на забава, тргнете се на страна за да бидете на само кога ќе се бакнете. Потрудете се бакнежот да биде нежен, но цврст. Сочувајте ја страсната размена на плунка за некоја друга прилика. Вага Вагата е еден од најромантичните знаци во зодијакот. Тие живеат за да ги задоволуваат другите. Финтата е во тоа што истото го очекуваат за возврат. Ако сте личност која максимално му се посветува на партнерот, вагата е идеален избор за вас. Уште ако ѝ покажете дека сакате врска со неа, дефинитивно ќе биде ваша. Излезете на романтичен состанок и потоа пружете ѝ го најромантичниот и најстрастниот бакнеж што некогаш сте го дале. Добрата вест е што таа ќе ви врати во иста мера. Скорпија Постои еден збор која ја опишува скорпијата во кое било доба од денот или ноќта – страст. Скорпиите пристапуваат со многу страст. Затоа можете само да замислите што ќе се случи кога ќе застанат лице в лице со личност која им се допаѓа. Скорпијата не може да не ве бакне. И на тој бакнеж ќе се сеќавате многу, многу години. Стрелец Стрелците секогаш сакаат повеќе, особено кога се во прашање бакнежите. Затоа, ако сакате да ве бакне стрелец, знајте дека тоа нема да биде воопшто тешко. Но, потрудете се да биде незаборавно, бидејќи ќе имате многу соперници. За да му го задржите вниманието на стрелец, важно е да се бакнувате со него, и тоа постојано! Јарец Јарците можат да бидат многу тешки кога е во прашање романтиката, но сепак тоа не е невозможна мисија. Единствено, ќе ви требаат челични нерви и многу трпение за да го постигнете тоа. Мора многу долго време да го подготвувате теренот пред да тргнете во акција, но ќе биде вредно да се потрудите. Нека вашиот бакнеж биде елегантен, префинет и секси. Водолија Водолиите се ексцентрични и горди на тоа, но се многу неупадливи кога е во прашање романтиката. Иако тоа нема да го признаат, водолиите не се врзуваат сѐ додека не го најдат вистинскиот партнер. Тоа може да бидете и вие, во зависност од тоа како ги бакнувате. Водолиите сакаат изненадувачки, страсни и поинакви бакнежи. Ако сте за предизвик, пријдете им, погледнете ги продорно во очи и „нападнете“. Риби Во умот на рибата, првиот чекор кога треба да одлучи дали да ви дозволи да ѝ се приближите или не, зависи од тоа дали им е пријатно во ваше друштво. Тоа неретко има врска со начинот на кој мирисате, не се шегуваме. Затоа, пред да ѝ пријдете на риба, добро напарфемирајте се, но не пренападно. Нека бакнежот биде нежен и мек и потоа полека запловете во романтика со ова многу чувствително и романтично суштество. |
||
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
||
![]() |
||
Kastro ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
I mene pogolem da , pomal NE
![]() ![]() Изменето од Kastro - 15.Март.2014 во 16:37 |
||
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
||
![]() |
||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
И за мојата зодија ми се допаѓа поголем дел од тоа што е напишано .
|
||
![]() |
||
Kastro ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Kaj mene i znakot i podznakot zaedno pravat celo JAS
![]() ![]() За да се спријателите со нив: |
||
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Добри карактеристики:
Мајчински загрижени, трпеливи, готови да помогнат, гостопримливи, штедливи, чувствителни, патриоти, весели и неверојатно забавни, грижливи, романтични, креативни. Како за мене напишано,освен она -штедливи
![]() |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 4243444546 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |