|
Што прави оваа влада?! |
Внеси реплика | страница <1 4142434445 200> |
Автор | |||||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
те едно исто.
|
|||||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|||||
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
подарува книги
http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=25183F5DD0F7E345B1E34191399C9498 Над 130 тома македонска книжевност преведена на англиски јазик од денеска се на располагање на студентите и сите заинтересирани на светски познатиот Универзитет за јазици и комуникации „Лесиус” во Антверпен. Книгите ги предаде шефот на Мисијата на Република Македонија во НАТО, Мартин Треневски, кој во ова прилика укажа дека Македонија е земја со илјадагодишна традиција на писменост и лулка на словенската писменост. а на нас кога ке подарите? |
|||||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Па што мајка бараш таму некаде надвор? Што не дојдеш тука да живееш ако си толку паметен? Што си отишол таму? Дојди тука живеј па дрндај и кажуј колку се глупи прашањата, а колку е паметен твојот одговор... Искрено од такви како тебе патриоти на даљинско ми се гади.. Прва прилика штрафта од државава и после од високо ќе кажува колку ние тука сме глупи или колку ние кењуцкаме... Дојди тука малце и тебе политиката на оваа влада да те напупи па збори зошто баш пред избори.. |
|||||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|||||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Џабе Меси пишуваш, нема за кого, оној кој што е научен да јаде г...а ( а такви меѓу нашиот народ има многу ) насекаде, секогаш, а во 99% од случаите и незнаат зошто кењуцкаат, или не ги разбираат работите, а за се се прават паметни.
така и овој погоре, зошто сега не ги зголемеле пензиите??? се прашува човекот отворено. еве јас ќе одговорам, затоа што во март ќе има избори, што редовни, што вонредни. и јас да сум на местото на Грујо покачувањето на пензиите и на платите ќе го темпирам баш за пред избори. какви глупи прашања, не ми се верува |
|||||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Зарем да беше така едноставно решавањето на светските проблеми некој тоа немаше да го стори ? Велам светските проблеми затоа што оноа што не снаоѓа во земјата се бранови предизвикани од кризата во светската економија. Ниту една влада самоиницијативно не ги покачува струјата, бензините и гасот... енергијата се качува во сиот свет поради нејзината потреба и побарувачка, како и поради економскиот интерес на оние кои ја произведуваат - тие работат за профити и ќе ги максимираат цените до крај. И како што производителите ги максимираат цените така прават и пекарите (наместо нив ако сакаш можеш да ставиш каков сакаш производител). Тие ќе го поскапат лебот до максимум на овој или оној начин - со кревање на цената, со намалување на тежината или со поевтини брашна. Државата не може да стори тука нешто многу. Проблемот е што таа не може да биде репресивна према бизнисите. Не може никому да му ја одѕеме рамноправноста да инвестира, работи и прави профит од своите вложувања и труд како што прави секој друг бизнис. Само слободниот пазар е тој што ги регулира овие односи = побарувачка+понуда+чинење на призводството+можност на плаќање од страна на купувачот. Ако постои коњуктура за некои производи и сервиси тогаш ќе се јават повеќе понудувачи и конкуренцијата ќе ги среди цените (пример со Топлификација и втората нова фирма за парно греење). Ако се замеша државата тогаш или ќе создаде монопол (повторно пример со Топлификација) или ќе го уништи вложениот капитал и бизнисот. Значи од тој аспект државата не може да стори ништо посериозно од оноа што ти би посакал. Платите на работниците се одредуваат според направениот профит од соодветните бизниси. Токму затоа пекарот сака да заработи повеќе пари со качување на цената на лебот и со намалување на неговата тежина и квалитет, како што сака да заработи и производителот на енергии. И тука државата нема право и простор за мешање. Единствено што може да стори е да одреди некаква минимална саатница, но и тоа не е едноставно бидејќи многу бизниси работат со мали профити и секакво лимитирање на саатницата би значенло нивно затворање. Единствено што може државата донекаде да помогне е co зголемување на платите во бирократијата, полицијата, војската, државните услужни дејности кои с'е уште не се приватизирани (пошта, железница, болници, потивпожарна...) и пензиите. Но и тука не е едноставно бидејќи тие средства се влечат од буџетот на државата, што значи од присобраните даноци. Сега, ако платите се покачуваат ќе треба да се кренат и даноците, а тоа би било контрапродуктивно за сета економија и индиректно би значело помали профити и помали плати за сите оние кои не се на државен платен список. Друг начин е да се земаат кредити за делење плати (како што правеше Грција), ама тоа е уште полошо од зголемување на даноците бидејќи тие пари не само што не се заработуваат, туку еден ден мораат да се вратат со камата! Е сега, на сето тоа додади ја катастрофалната економија на Европа и на светов. Замисли, не само што имаш мака да ја стимулираш економијата во земјата, туку и од надвор с'е помалу имаш купувачи и плаќачи на својата стока! ... и с'е повеќе имаш должници. И на врв од сето тоа, во таквите услови треба да се натпреваруваш со сите други држави на Балканот и во Европа за привлекување на странски инвестиции кои поради лошата економија и онака се с'е помали насекаде низ светов! Ова се веројатно најочебијните и најглавните економски проблeми со кои се соочува владата (не само на Македонија) и не ги спомнувам на врв на тоа и меѓудржавните проблеми со соседите кои не шеканираат по светските организации, ни ги блокираат границите, меѓуетничките тензии и т.н. И мислиш дека е едноставно во ваквата ситуација да се тера економијата, да се вработувaат луѓе, да се одржува државата со минимални долгови, да се покриваат трошоците за нејзината безбедност, да се обезбедат пензионерите, да се реновираат училиштата, да се отвараат индустријски зони кои би привлекле странски инвеститори (ако не си знаел кинеската влада има изградено десетина градови со капацитет од 1-2 милиони луѓе кои стојат празни како понуда за странските компании ! Еден град може да ја вработи цела Македонија топтан со с'е деца и старци !) и т.н. Да ти кажам најискрено, иако знам дека доста помагаме од дијаспората (нешто што вам таму не ви е доволно транспарентно), но и јас се мислам... како владава успева да излага на крај со сите непогодности и проблеми и да ја држи главата на Македонија над матицата која веќе однесува неспоредливо поголеми и посилни држави од нашата. Не ме разбирај погрешно, не сакам да правам никаква реклама за овие на власт, но сепак имам респект за нивните напори. И најискрено да ти кажам, во овие услови не верувам дека било која друга влада би можела да стори било што повеќе. Напротив, се плашам дека во ова време друга влада брзо би ја повлекла државава во економски колапс исто онака како што сега се случува со Грција. Изменето од Messenger - 27.Септември.2012 во 03:32 |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Пензиите ќе се покачат кога? Во Март кога се локалните избори? Зошто не ги покачат сега? Зима доаѓа, сметките за струја на сите за по 1000 -2000 денари се покачија... А во зима колку ќе достигнат? Бензинот поевтинил откако пред 3 недели цената на нафтата 3 пати по ред падна? Тоа е сосема нормална појава да се покачува и да поефтинува, но затоа кога цената на нафтата на светските берзи се покачува Регулаторната реагира само после 1-2 дена со нејзините промени на цените. А кога се намалува реагира после 3 недели. Сето тоа е една добра уиграност помеѓу владата и регулаторна. А да.. владата може да реагира на ценовните поскапувања и тоа кажав како.. Доколку привремено ги замрзне давачките по литар продадено гориво. Помалку пари во буџетот, ама повеќе пари кај народот. Народот и стопанството се тие кои го полнат државниот буџет. Ако народот и стопанството се обременети со зголемени цени, поголеми давачки тогаш сосема нормално е да се одвива негативен раст секаде. Поскапувањето на цените значи само повеќе пари во државната каса на краток период но не и на подолгорочен. Зголемени цени помала куповна моќ, помала куповна моќ, помала заработка за компаниите, помала заработка за компаниите, помали плати, помали плати, поголем број на незадоволни, поголем број на незадоволни, поголем број на отпуштања.. Кон што води сето тоа. Презадолженоста на државата е многу битен фактор за кредитниот рејтинг на државата нели? Епа да крпиш долгови со креирање на нови долгови само го намалува кредитниот рејтинг на државата. Утре ќе останат само скапите кредити и ќе мора од нив да се позајмува државата, а тоа ќе доведе до тотално фијаско.. Ја имаме сликата во Грција и нејзиното задолжување... Сакаме тоа да ни се случи? Друга работа.. Владата ги покачува пензиите.. Со кредит од комерцијални банки? Ти давам за да ти земам е работата? Во ред да фалиме некој потег кој е за пофалба, ама не и популистички и политички потези на владата за добивање на поени. Популизмот и политиката на владата во овие моменти со новите задолжувања не не водат ама баш никаде... Непромисленоста на голем број потези на владата не доведоа до оваа ситуација, а ситуацијата ќе се влошува. Да време на криза е, но во време на криза сите знаеме како треба да се работи. Се замрзнуваат сите непотребни трошоци, се става сурвајвор мод, и гледаме од каде и како можеме да акумилираме повеќе пари (без задолжувања) за да си ја олесниме ситуацијата. |
|||||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
не се сеќавам што сте збореле... ама за мене не е проблем поскапувањето, не се разбирам во економија, ама колку што знам иде нормално... проблемот е во тоа што во денешно време имаме плати како во времето кога бензинот бил поевтин од зејтин...
еве сега пензиите ги качиле, ама плати никако... и уште една работа со поскапувањето... драстично е намален квалитетот општо на сите производи и намалени се суровините вложени во нив, а цените се дупли, па и тродупло повисоки... и еден обичен леб што порано бил кило, сега не е ни пола, а ти го продаваат како два... а платата си е иста може да се воведе контрола, треба само да се сака... проблемот со владата е што седи со скрстени раце и со прст бара кривци за сето тоа, ама никако решение ние не ја обвинуваме државата за моменталната состојба, туку бараме да го реши проблемот, барем онолку колку што може Изменето од zabegan - 27.Септември.2012 во 02:24 |
|||||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Не забеган, не ... само давам истоветна слика, но завртена од другата страна како оние што постојано одбираат да објават единствено негативни вести или коментари без да бидат барем малу објективни и да посочат на оние позитивните.
Колку пати до сега се јавија членови кои спомнаа дека бензините поскапуваат, а во Србија, на пример, кажале дека ќе поевтинат ? И каде се истите ченови да прокоментираат дека тоа биле само предизборни лаги, па цените таму рипнаа, дека акцизите се зголемуват и дека државата е буквално банкрот ? Каде се тие членови објективно да кажат дека додека другите влади отпуштаат луѓе од администрацијата, македонската влада не го прави тоа, каде се тие членови да кажат дека додека другите влади ги замрзнуваат или намалуваат пензиите оваа влада ги зголемува, каде се овие членови да кажат дека додека другите влади се задолжуваат преку секоја можност на враќање на тие долгови оваа влада с'е уште ја држи Mакедонија во групата на најмалу задолжените држави во Европа, каде се тие членови да кажат дека владава оди по цел свет да привлече странски инвестиции, каде се тие членови да кажат дека други балкански влади ја посочуваат нашата влада како најуспешна во изнаоѓањето начини да се справи со европската и светската економска криза и ги користат нејзините начини како терк за нивните, каде се тие членови кои на секоја позитивност нема да се јават со својата постојана негативност "ама кои се тие фори еден чекор напред, а два чекори назад" и т.н. и т.н. ??? Потполно си во право кога велиш:
Токму така, толку едноставно - секогаш ќе одат нагоре ! А сите сте се фатиле за тоа како да е крива владата и како божем ова ќе го снема доколку се направи една владина рокада. Ако е толку јасно и едноставно како што со право посочуваш, тогаш зошто ова постојано го читам во коментарите ? Изменето од Messenger - 27.Септември.2012 во 02:09 |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
и што? немој да ми кажеш меси, дека паѓаш на „еден чекор напред, два чекори назад“ фори... ако денес поефтинил за три, утре ќе го поскапат за четири, толку е едноставно...
|
|||||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Бензините поевтинуваат до 3,5 денари, а дизелот за 1,5
Изменето од Messenger - 26.Септември.2012 во 23:45 |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Продолжен рокот за апликации за земјоделски субвенции до 20 октомври Владата на вчерашната седница донесе одлука рокот за поднесување барање за субвенции за Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2012 година да биде продолжен од 30 септември на 20 октомври 2012. http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=B8419FC18D225B4AB2E6BA579F429C3C&utm_source=daily.mk |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
ДОДЕКА ВЛАДИТЕ ВО РЕГИОНОВ И ЕВРОПА ВОВЕДУВААТ РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ
|
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Им го расипува денот на илјади навивачки на ’’ Величествениот’’ .....
|
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Го убадува народот дека економски државата цвети ,но фактите мај изгледат поинаку
Изменето од емил - 14.Септември.2012 во 13:39 |
|||||
Внеси реплика | страница <1 4142434445 200> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |