IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4041424344 56>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2010 во 15:36
Десерт од бобинки

Потребно:

600 г боровинки, рибизли
2 ќесички ванилин шеќер
70 г кафен шеќер
1 ќесичка шлаг

Приготвување: овошјето добро измијте го, исцедете го, па изладете го во фрижидер. Потоа, измешајте го со двата вида шеќер и распоредете го во чаши за послужување. Пред да го послужите, десертот добро изладете го и украсете го со изматениот шлаг.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2010 во 04:49

    Гурабии со сало    


Потребни состојки:

1 кг. брашно
½ кг. сало
250 гр. шеќер
3 јајца
1 кесичка прашок за печење
1 кесичка ванилин шеќер

Салото, шеќерот и ванилиниот шеќер се матат со миксер додека да се растопе шеќерот. Се додаваат 3-те јајца и пак се мате со миксер. Потоа, се додава брашното во кое претходно имавме измешано 1 кесичка прашок за печење и продолжуваме да го месиме тестото со рака додека да се соедини. Формираме гурабии по сопствена желба, ги редиме во плех и ги печиме во рерна на тивок оган.

Изменето од ФорумскаБаба - 10.Август.2010 во 04:51
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2010 во 04:42
Некоја од оние..постарите рецепти...

Брз колач (брзи гонзалес)



Потребни состојки:

6 јајца
20 лажици шеќер
30 лажици брашно
200 мл. млеко
200 мл. масло за јадење
1 кесичка прашок за печење

Шербет (фил):
30 лажици вода
20 лажици шеќер
1 маргарин
6 лажици какао
100 гр. чоколадо
2 кесички ванилин шеќер

Во сад за матење со миксер се матиме 6 јајца и 20 лажици шеќер се додека шеќерот не се растопи. Потоа се додаваат млекото и маслото за јадење. Кесичката прашок за печење се меша со 30 лажици брашно, а потоа го додаваме во садот за матење и матиме додека смесата не се изедначи. Колачот го печиме во намрсена тава на 180oС околу 30 минути. Откако колачот ќе се испече, го вадиме од рерната и го оставамр настрана да се олади. Во меѓувреме го подготвуваме шербетот (филот). 30 лажици водата и 20 лажици шеќер ги ставаме во тенџере на оган да се варат. Го додаваме маргаринот, 6-те лажици какао и 100-те гр. чоколадо, мешаме, и оставаме шербетот да зоврие.откако ќе зоврие го тргаме од огнот и ги додаваме 2-те кесички ванилин шеќер и мешаме додека да се растопи. Испечениот колач го сечиме на коцки или ромбови и врз него со лажица внимателно, пополека, истураме од шербетот. Внимателно ставаме од шербетот меѓу секое парче додека целосно не го потрошиме.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2010 во 23:55

Лeден сникерс

Лeден%20сникерс


Потребни состојки:

  • 250 грама Шеќер во прав
  • 200 грама Чоколадо за готвење
  • 100 грама Чоколадо
  • 450 грама Маргарин
  • 200 грама кикиритки
  • 2 лажица/ци Какао
  • малку   Ванила екстракт
  • 500 грама Блага павлака
  • 300 грама Бисквити
  • 2   Јајца/це


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.


Краток текст:

Консумирањето кикиритки или путер од кикиритки најмалку 5 пати неделно, може да го намали двојно ризикот од срцев удар. Во прилог на намалување на холестерол, тие спречуваат воспаление и ја подобруваат состојбата на крвните клетки околу срцето.

Кикиритките се важно оружје во борбата против срцев удар, според резултатите од истражувањата на последните американски експерти. Во текот на студискиот период, кое траеше 22 години експертите на Универзитетот Харвард испитуваа околу шест илјади жени со дијабетес од тип два, со што се зголемува ризикот од срцев напад и мозочен удар. Овие жени имаа специјален режим на исхраната, како и на секои две до четири години тие пополнуваа прашалници за начинот на исхраната и навиките при користењето на намирниците.

Подготвување:

За подлогата: сомелете ги бисквитите и со истопеното чоколадо и изматениот 200 гр. маргарин направете хомогена смеса.

Со неа обложете дно на округла и длабока чинија.

Оставете во фрижидер додека го подготвите кремот.

Крем: изматете ги маргаринот и шеќерот во прав во густа пена.

Матејќи додавајте ги јајцата за да се измешаат со маргаринот.

Посебно истопете го чоколадото и оставете да се излади.

Изматете ја слатката павлака и полека додајте ја во смесата со маргаринот.

Сега оваа смеса поделете ја на два дела.

Во еден додајте 2 лажици какао и екстракт од ванила па ставете ја во неправилна форма над тестото.

Посипете со кикиритки.

Вратете го садот во фрижидер, уште подобро во замрзнувач.

За тоа време подгответе го чоколадниот фил: во одвоениот фил додадете го истопеното чоколадо за готвење, па повторно убаво изметете.

Нанесете над светлиот крем и украсете со струготини од чоколадо.

Вратете во фрижидер до служење.


Изменето од sneska_v - 04.Август.2010 во 23:55
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2010 во 04:00
Ледени коцки од малина



За да ги подготвите едноставниот и вкусни ледени коцки од малина, потребно ви околу половина час, неколку состојки и мала желба и причина за да се "проврткате" во кујна.
ledeni-kocki-od-malina


Што ви е потребно: 

  • околу 600 грама малини 
  • 250 мл ладно млеко
  • 150 мл слатка павлака
  • 3 кесички шлаг
  • 1 кесичка ванилин шеќер


Начин на подготовка:

Помешајте ги млекото и слатката павлака, додајте го шлагот и ванилиниот шеќер и миксирајте додека смесата не се изедначи. Потоа, сипете ја смесата во сад кој минимално сте го намачкале со масло или путер, а одозгора распоредете ги малините.

Покријте со алуминиумска фолија и ставете ги во замрзнувач. После 3-4 часа, штом смесата добро ќе се 'стегне', исечете ја смесата на коцки и послужите со преостанатите малинки.



Изменето од ФорумскаБаба - 29.Јули.2010 во 04:01
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 05:09

Капини со мед

Капини%20со%20мед
 

Потребни состојки:

  • 500 грама Мед
  • 1000 грама Капини 

Подготвување:

 Капините набрзина се чистат и мијат под млаз ладна вода во цедилка.

Добро се цедат, се претураат во тенџере, се преливаат со мед и се ставаат на оган да провријат.

Откако масата ќе зоврие се вари уште 2-3 минути, а потоа уште врела се тура во тегли претходно загреани во рерна.
Кон врв
Џо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Каубоец

Регистриран: 17.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2121
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Џо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 00:26
Фала за рецептот бабо , ќе видиме утре колку сум вешт...херојјинг%20јанг
Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima



Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2010 во 04:36

Раванија

 

Потребно

3 јајца

12 супени лажици шеќер

12 супени лажици брашно

12 супени лажици гриз

12 супени лажици зејтин

12 супени лажици млеко

6 лажици ореви

1 пециво

1 ванила

 

Шербет :

750 грама вода

500 грама шеќер

 

Начин на подготовка

 

Јајцата ги кршиме во подлабок сад им го додаваме шеќерот и матиме со миксер се додека не добиеме густа смеса. Откако смесата е густа смесата додаваме шеќер, брашно, гриз, зејтин, млеко, оревите и пецивото и ванилата. Сето ова добро го промешуваме и го ставаме во предходно подмачкана тепсија. Тепсијата ја ставаме во рерна и печеме на 200 степени 30 минути. Откако е печена раванијата ја вадиме од рерна и ја оставаме да се излади. Во тенџере ставаме 750 грама вода и го ставаме на рингла да зоврие водата. Откако ќе зоврие водата и го додаваме шеќерот 500 грама и го оставаме да врие 15 минути. Шербетот го оставаме малку едно 3 до 4 минути да се залади. Кога е изладена раванијата ја сечеме на коцки и ја попаруваме со шербетот. Раванијата ја оставаме да одстои еден ден.

 

Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2010 во 04:35
Originally posted by Џо Џо напиша:

Абе кувари , како да направам палачинки???


Originally posted by ФорумскаБаба ФорумскаБаба напиша:



Како да подготвите основен рецепт за палачинки



Се матат добро 3 јајца во подлабока чинија со лажица (обична или лажица за мешање).
Се додава 1/2 кгр. брашно и заедно се промешуваат добро.
Се додава малку сол, а потоа се додава по малку млеко додека не се потроши половина литар.
Се меша добро додека смесата не се изедначи.   
Смесата треба да има густина како јогурт. Да не биде многу густа, но и премногу ретка.


Пржење на палачинките:

Во тавче се става малку масло додека добро не се загрее. Со салфета или тоалетна хартија намастете со масло на тавчето по секоја палачинка. На тој начин избегнувате да се лепат палачинките.
Во загреано масло се додава по една голема супена лажица од предходно подготвената смеса, најдобро е со кутлача.
Се разлева веднаш во тавчето за да бидат палачинките што потенки.
Штом ќе се испржи едната страна палачинката се превртува и се пржи и од другата страна.
Најдобро е малку да ја оставите палачинката да се пече и краевите да ги одлепите со дрвена лажица.
Кога е готова се става на чинија. Палачинките пржете ги додека се потроши тестото.


Иако за да бидат помалку калорични некогаш место млеко ставам кисела вода и додавам малку зејтин(сосема малку). Инаку ги правам отприлика(не вака толку брашно, толку млеко). Па не се сите јајца со иста големина, некогаш ќе ти треба повеќе брашно, некогаш помалку. Исто и со млекото. Ако сакам повеќе да направам, ставам повеќе млеко, ако сакам помалку...помалку. Само пази густината да не ја утнеш


или рецептот од биби

Originally posted by BiBi_G BiBi_G напиша:


400мл млеко
200 мл кисела вода
1 јајце(класа по избор)
1 мало лажиче шеќер
помалку од 1 лажиче сол
и 13 до 15 лажици (супени,нали) брашно

Се’ ова се мати со миксер, а дур тоа матам,во тавчето кај што ќе се пржат палачинките ставам пола филџан(од кафе) зејтин,ама не да преврие туку да се вжешти... Го ставам зејтинот во тестото, промешувам со кутлача и пристапувам кон свечениот чин на пржење на палачинките...Ова со зејтинов спасува од заебанцијата да се премачкува тавчето посебно за секоја следна палачинка.Доволно е само еднаш да го промешате тестото пред да го сипете во тавчето и ритуалот може да продолжи...Не се лепи-загарантирано!трепкање

п.с. авторот на текстов е галичка снаа,да нема забуни хи,%20хи...



А внатре....по желба...намигнување
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Џо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Каубоец

Регистриран: 17.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2121
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Џо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2010 во 21:19
Абе кувари , како да направам палачинки???
Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima



Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2010 во 10:14
Какао коцки



Потребни состојки:
250 грама Шеќер
1 кесичка Прашак за печиво
250 милилитри Млеко
100 грама Маргарин
500 грама Какао
250 грама Брашно
2   Јајца


Подготвување:
Со миксер измешајте гио јајцата со шеќерот.

Додадете омекнат маргарин.

Помешајте ги брашното, какаото и прашокот за печиво, па ова додадете го на предходната смеса наизменично со млекото.

Убаво измешајте. Калап за печење премачкајте го со масло и побрашнете го, па во него истурете ја смесата.

Печете во рерна на 200 степени.

По 5 минути намалете ја температурата на 170 степени и печете уште 25-30 минути.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2010 во 04:09

Сладолед од малини

Сладолед%20од%20малини
 

Подготвување:

 Измешајте ги шеќерот и јогуртот.

Изматете го шлагот од ванила со млекото.

Или можете да употребите слатката павлака.

Измешајте ги двете смеси, додајте иситното овошје по желба (ние употребивме малини), потоа изедначете ги состојките и смесата истурете ја во пластична кутија
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2010 во 16:50

АМБРОЗИЈА САЛАТА



АМБРОЗИЈА%20ОВОШНА%20САЛАТА

 

СОСТОЈКИ
• 2 мандарини
• 200 г ананас
• 150 г цреши
• 200 г рендан кокос
• 1 пакување слатка павлака
• 10-тина крем банани

ПОДГОТОВКА
Слатката павлака изматете ја дури не стане цврста смеса. Во голем сад, измешајте ги мандарините, ананасот, црешите, кокосот и изматената слатка павлака. Крем бананите исечкајте ги на поситни парчиња и измешајте ги со останатите состојки. Сето тоа ставете го во фрижидер околу 1 час да се излади.

 

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2010 во 03:42

БАДЕМ ТОРТА

 


БАДЕМ%20ТОРТА

 

СОСТОЈКИ
За тесто
• 150 г сенаменско брашно
• 100 г шеќер
• ½ кафена лажичка прашок за печиво
• ½ кафена лажичка сол
• 1 кафена лажичка цимет
• рендана кора од протокал
• 4 јајца
• ¼ филџан вода
• ¼ филџан масло
• ванилин шеќер
• 100 г сечкани бадеми

За глазура
• половина чоколадо за готвење
• 2 супени лажици путер
• 250 г хопла
• ¼ кафена лажичка сол
• 1 супена лажица инстант кафе
• рендана кора од портокал
• ванилин шеќер
• 400 г шеќер во прав
• 100 г толчени бадеми

ПОДГОТОВКА
Рерната загрејте ја на 175С°, а садот за печење не го замастувајте. Измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво, солта, циметот и кората од портокал во голем сад. Потоа, со рака направете дупка на средина во сувата смеса. На страна одвојте ги жолчките од јајцата и една жолчка сочувајте за подоцна. Убаво изматете ги жолчките со вода. Потоа, во претходно измешаната сува смеса додадете масло, ванилин шеќер и матените жолчки во средината и мешајте со рака додека не стане глатко.

Четирите одвоени белки изматените ги во шлаг, а потоа постепено додавајте го во претходно направената смеса и мешајте. Додадете ги и бадемите на крајот. Сето тоа ставете го сад за печење, кој не е замастен и печете околу 50-55 минути. Кога тортата ќе се испече, извадете ја од рерна, превртете ја наопаку и оставете ја да се лади.

За глазура, стопете ја чоколадата со путерот на ниска температура. На страна измешајте ги хоплата со сол, инстант кафе, кора од портокал и ванила. Додека мешате, додајте ја останатата жолчка од јајце и шеќер во прав. Убаво изматете ја смесата и на крајот додајте го стопеното чоколадо и повторно убаво измешајте. Испеченото тесто тргнете го од садот за печење и ставете го на чинија за сервирање. Прекријте го целосно со глазурата од чоколадо и посипете го со толчени бадеми.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4041424344 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.