|
Напиши љубовен текст (дневник на вашата душа)... |
Внеси реплика | страница <1 3940414243 58> |
Автор | |
beckham
Нов член Регистриран: 08.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kolku li e zagadocna ljubovta......?????
Dali moze da se definira ili barem malku da se stavi vo nekakva ramka.....Da bide barem malku svatliva i razbirliva.......Kako samo intenzivno se razgoruva.....Od kade seto toa????? Dali e:Potreba,sozaluvanje,pronaodjanje na izgubeni vrednosti ili identifikacija na sopstvenata persona vo nekogo. I toa vo neznaen moment,vo nikoe vreme.Docna vo nokta,rano izutrina,tocno na pladne....????? Koga.....Nema odgovor.....Ljubovta e ista.....No poinaku se dozivuva a i vrednuva vo podocnezniot period....Dobro rekoa starite:"Bidi ziv i zdrav i docekaj si" Ova e univerzalna recenica..... |
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мојата вселена ме плаши
со своите безброј галаксии но знам дека не ќе се изгубам оти ти си најсјајната ѕвезда |
|
Сандански
Сениор Регистриран: 05.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 343 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се разбуди послем силниот тресок од надворешноста,мамурен и исцрпен ги натна своите стари панталони.Иташе кон стрмните скали како мува без глава,не беше битно каде, само да го фати изгревањето на сонцето.Tаа прекраснa глетка, природна убавина,спектар на најразлични бои. По долгото шетање, по скопските улици во раните часови сретна една старица со студен поглед.На нејзиниот лик можеше да се прочита страв,изгладнетост,разочараност, таа го запраша дали има да и даде нешто. Тој ги изваде последниоте пари од својот џеб и и ги даде . Таа најискрено му се заблагодари за тоа,но тој како да не ја слушаше, како да не му беше битно што говорат другите.Како што чекореше по асфалтот на соседниот sид здогледа мозаик кој го вчудоневиди со својата специфична монументалност.Најпрвин изгледаше како цвеке кое никогаш не ја изгубило својата свежина,никогаш не ja истрошило неговатта нежност.Таа прекрасна творба на мозаик како да криеше нешто необично во себе како да му даваше искра, за она вистинското, за кое цел свој мизерен живот се молел, само тоа го посакувал, после сите лизгања и сите препреки кoн целта. Беше осипан со радост,радост која не можеше да се измери со ниту еден мерен иструмент.Мислеше дека тоа чувство со самиот допир на мозаикот ке го има до самиот крај, за вечност.Повторно како и секое утро го разбуди досадниот петел Мирко со своето карактеристично кук*рикање, кое на некој свој начин си носеше своја специфика во себе.Се разбуди во својот суров свет со претходно научените лекции кои си ги повтори уште еднаш во својата глава. Сфати дека ова беше само уше еден од оние лоши соништа и ништо повеке.Слатко се насмеа и си помисли во својата глава -Зар е можно барем мал дел од ова да е јаве??????? Дали воопшто постои таков мозаик кој тој толку го посакува и предизвикува восхит кај него ?????????
|
|
If you dont live for something youll die for nothing
|
|
la fille
Модератор Регистриран: 21.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 42032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Da ti priznaam ili ne?
Da ti pokazam kolku mi znacis ili da te izgubam zasekogas? Da ti dozvolam da me zapoznaes ili da ostanam stranec zasekogas? Da ti priznaam deka te sakam ili ne? |
|
Sarcasm is just part of my irresistible charm ;)
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Веќе одамна сонцето зајде. Се скри зад планините и отиде на друго место да изгрее. Можеби некого ќе му донесе радост со тоа изгревање а можеби тага. Можеби и ја радува што зајде а можеби и пак греши. Можеби ја теши чуството што има некого, а можеби и тоа ја прави да се чуствува виновна. На моменти се губи и се прашува што од тие две е. Дали утре кога повторно ќе изгрее сонцето ќе се радува или пак ќе и донесе тага, а воопшто не се запраша дали ќе го дочека и воопшто сеуште не се помоли за да го дочека. Осети нежно скокоткање по вратот, исто како облак да ја бакна, толку слатко и моќно истовремено и страстно.Се сврте а немаше ништо. Беше чиста фантазија. Лесниот ветрец и охрабреноста направија цветови од нејзините образи. Очите и блескаа по скаликите додека се симнуваше на ненадејната месечева светлина спуштена меѓу улиците. Поминуваше покрај дрвјата, нога пред нога, а секој чекор и беше исполнет со чекање и копнеж да ја довикне да застане. Ја премина улицата и пак се прошета по неа, овој пат запирајќи се пред зелената врата на старата книжарница каде што ја остави претходниот пат. Постара госпоѓа, дотерана, во години ја отргна од мислите со една реченица-убаво време вечерва, нели? Рече “да„ и си замина.....!
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
САТИР И НИМФА
со нежен поглед ме прекоруваш: „Зошто ме тераш ова да ти го правам?“ ги лижеш моите белези и тие исчезнуваат, и после пак одново се`. Ме мразиш што ме сакаш, ме убиваш и оживуваш оти ти се може. Изменето од filmadzijka - 15.Март.2008 во 19:51 |
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дојде ДЕНОТ кога Месечината и Сонцето повеќе не можат да се погледнат ЕДЕН во ДРУГ,не поради денот и ноќта кои ги оделува вековно,не поради далечината која ги оделува со години на светлината,туку од немоќта Сонцето
да зрачи Светлина онаква како во минатото, како во сегашноста. Дојде денот кога ни Месечината веќе не е ВИЗИР и ОРИЕНТИР во Универ- зумот,полн со сјајни ѕвезди во своите соѕвездија,изгубена во КОСМОСОТ,светла но без сјај. Дојде денот кога веќе и водата застана,реките престанаа да течат во своите корита,само по некоја капка, ладна како мраз, можеше да се истисне од каменот со предвулканско потекло,но не доволно да се продолжи ЖИВОТОТ. Дојде за ТЕБЕ долго очекуваниот ДЕН ,ДЕН во твоите мисли ,ДЕН без НОЌ, но НОЌ со само еден единствен СОН. Сон како на јаве,јаве од СОНОТ како голема ВИСТИНА. Но јавето секогаш не може да се задржи без СОН.А СОН повеќе нема,само нокна смена на темнината се движи низ ДЕНОТ и НОЌТА.Завладеа мрак и темнина во Твоето срце и Твојата мисла. Безнадежно се обидуваш да заспиеш,за да го сониш повторно СОНОТ, но залудно се обидуваш,бидејќи СОНОТ не се повторува,не бар дотогаш додека не и погледнеш на ВИСТИНАТА во очи, а ВИСТИНА има само ЕДНА , далеку од тебе и Твоето срце кое е изгубено во силните Космички ветрови,ВИСТИНА која знае за своето ПОСТОЕЊЕ,за своето општење,која ќе се провлекува низ времето се додека не биде ПОВИКАНА да го осветли денот и да ја најави ноќта. Дојде денот кога ОГНОТ ја замени ЉУБОВТА.А ТАА, изгоре ,без обид да биде спасена од пламените јазици кој ја проголтуваа секој ден се повеќе и повеќе. Прегоре како огнот во најголемиот свој замав.Не се потруди да го сопреш ОГНОТ што ја ПРЕГОРЕ нашата ЉУБОВ. Tаа ПОСТОЕШЕ,ВЕРУВАЈ во тоа,иако Ти не сакаше ниту да ја видиш , ниту да ја почувствуваш ,не сакаше да ја откриеш од превезот на ТАЈНАТА.Затоа не веруваше во нејзината моќ и постоење,затоа се дружеше со темната НОЌ и мрачниот ДЕН ,проткаени со Демонски сили и Самовилски танци.А ТАА беше тука на дофат до Тебе, но ТИ ја препушти на ОГНОТ да прегори,на времето да се заборави како да НИКОГАШ не постоела.Но се лажеш!ТАА си најде засолниште во ВИСТИНАТА, која ја чувам ЈАС од забот на времето и злите јазици на ветровите! ЗОШТО СЕ СЛУЧИ ОВА? Зарем не беше доволно она досега!Зошто дозволи да се заборават убавите работи и убавите нешта.Ги имаше, но и нив не ги виде како другите убави работи.Гледаше само низ ТВОЈОТ ПРОЗОРЕЦ каде што не се гледаше ништо убаво,туку само лоши настани и мисли!Сакаше да владееш со ОНА што не беше само ТВОЕ,со ОНА што МИ припаѓаше и на МЕНЕ!Успеа ,но за кратко да го тргнеш она што ТИ сметаше дека ќе ти создава пречка во остварување на твоите ЛУДИ идеи,но нема да успееш да го избришеш од времето на постоење.Газењето преку НЕВИНИ и ЧИСТИ ДУШИ не се најдобриот избор сто го направи.ЛАГАТА спроти ВИСТИНАТА.НЕЧИСТИ души се повеќе на овој свет,за жал!Не дозволувај да владее демонот со ТЕБЕ.Не ја проширувај ја ТВОЈАТА омраза према МЕНЕ ,врз невините околу себе, затоа што не се’ што е покрај тебе е и ТВОЕ!.Праведните ќе ја слушнат и видат ВИСТИНАТА.Што тогаш?Си се запрашала ли НЕКОГАШ што тогаш да се направи? Не веруваш во она што ЈАС го кажувам! Ги почитуваш повеќе другите отколку МЕНЕ!Ме ставаш на маргините на случувањата и одлучувањата, Сакаш да ги решаваш работите по споредниот пат. Пат кој ЈАС одамна сум ти рекол да не поаѓаш по тој пат.ПАТ кој не доведе до овде ,на самиот почеток и на самиот крај,-на ПОЧЕТОКОТ без КРАЈ!!!Не сакаше ЗАЕДНО да го изодиме тој пат.ТИ, се изгуби во маглата,добивајќи помош од НОЌТА,ПРОПАДНА во бездна , којзнае по којпат досега,но сега многу тешко ќе излезеш од НЕА.Оваа е ЈАМА без дно и ТИ сама знаеш,иако се обидуваш да се увериш дека тоа не е така, но се ЛАЖЕШ,се ЛАЖЕШ САМА СЕБЕСИ за да ТИ БИДЕ ПОЛЕСНО!НЕ САКАШ да и ПОГЛЕДНЕШ на ВИСТИНАТА од ВИСТИНСКИ АГОЛ! Сеуште сакаш да си гледаш ВО,а не НИЗ прозорецот! |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Откако се покри со своето омилено кебе остана будна уште некое време. Во темнинатата навлезена во собата, само малата сива светлина што продираше некаде од ролетните беше единственото нешто што можеше малку да осветли. Го гледаше своето минато и го препозна во собата таа ноќ. Беа исти. Мрачни и само по некоја малку посветла мрачна нота на светлина беше светлост. Свесно не се саможалуваше, туку своите лоши спомени од минатото ги сметаше за испит на зрелоста и жиботни лекции. Се стремеше кон радост и среќна иднина. Не дозволуваше минатото да ја зароби и да и биде пречка во тоа. Порано не зборуваше за минатото-ја депримираше. Сега се може да си каже и на крај ќе се насмее зашто сето тоа е минато. Додека соговорникот се вчудоневидува како се смее. Возот вечерва испушта чуден звук.Иако не е патнички, секоја вечер во точно време кај неа близу поминуваше. Интересно беше како мала колку го поздравуваше мафтајќи со двете раце, додека благото ветренце и ја лелееше долгата коса, а на глава носеше плетено венче диви виолетови цвеќиња кои некогаш ги заменуваше до бели. Баба убаво знаеше да ги исплете. Сега само се сеќаваше, не и беше тажно што тоа остана горе во полето.....знаеше дека кога ќе посака може да се врати на истото тоа место и да биде повторно тоа девојче.
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со повлечени чекори тргна во пресрет со мракот. Ја прегрнуваше тамата, а го следеше немиот глас на ноќта. Како да се пронаоѓаше себеси во тие неосветлени улици мокри од попладневниот дожд, осветлени само од месечината и сенките од дрвјата-распоредени од двете страни во правилен ред. Веќе не ни размислуваше, болката беше поголема од среќата иако не постоеше битен удар за тоа. Иако ударот беше само тап, во празно. Веќе беше само школка во која внатре се криеја милион зборови, а ретко некое дарувачко чуство. Сите тие зборови толку знаеја да усреќат повеќе луѓе, но чуствата беа толку ретки што премногу влијаеа кога ќе надојдеа. Талкаше по улицата, веќе на поголема надморска височина и кога стигна пред наглата кривина, застана. Постоја гледајќи низ просторот барајќи го времето ..........а кое време го бараше, ни самата не можеше да си објасни. Воздухот беше со зголемена влажност што не и дозволуваше грлото да и се исуши. Косата и беше ладна и помалку мокра од капките кои ветрот ги слеа од дрвјата. И повторно тама! Ни разиграни дрвја, ни неопределените ноти на ноќните птици. Залудно е...!!!!
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Dali si crnka, crvenka, nosis prevez ili maska preku lice, ti si istata, onaa sto otsekogas ja ocekuvav i posakuvav. Onaa sto mi e vrezana i sudbinska uste pred da pocnam da postojam, ma kolku i da se obiduvam da gi socuvam mojot Peter Pan i Konfucije koi mi govorat istovremeno grgorejki kako brza reka vo koja go gledam tvojot lik...onoj vistinskiot so hipnotiziracki oci od koi se vitkam kako zmija vo taktot na melodijata koj mi go nametnuvas i od kogo ne paga na pamet da izbegam i koj so nevidliva raka mi ja gali dusta sto vozdivnuva...belo zname...se vijori visoko do oblacite...
|
|
Monuska
Сениор Регистриран: 27.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2128 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се натмурило небото како дете што си ја скршило играчката, натежнале облаци над и на така осамените и тажни души, маглата им ги скрила насмевките. Поминуваат крај мене со поглед упатен некаде кон просторот. Дали мечтаат? Дали копнеат? Или само лутаат? Јас лутам. Барем за себе сигурно знам. Се губам некаде помеѓу спомените од минатото и стравот од иднината. Стравот иднина без тебе. Некој ме турна. Не е важно, допирот не е допир ако не е од тебе. Каде сум? Одамна го изгубив вистинскиот правец, а луѓето со лажливи, тие се погрешен патоказ. Никој не е како тебе. Никој не знае каде сакам да стигнам, никој не знае за што срцево моли и преколнува. Ниту јас не знам. Но ти... ти си чистач на мојава душа, ја познаваш секоја гребнатинка и маана, и ја негуваш. Се плашам? Да. Но во темнината, таму си ти. Таму е твојата рака, топла и силна, ме чека да ја побарам при секој нов пад. Ете, повторно се спушта мрак. Повторно ќе ги барам фенерчињата во твоите очи, и знам дека ти пак ќе бидеш до мене, не давајќи да се изгубам.
|
|
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
|
NiNa1
Сениор Love and peace Регистриран: 07.Август.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 13795 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Секогаш ќе те памтам.И кога си во невољи ќе ти помагам,нашата љубов не смее никој да ја уништи.Затоа останува за секогаш во мене,ни смртта не може да не раздели од оваа голема љубов
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Имаше едни очи. Очи кои ја потсетуваа на жолтите лисја наесен паднати низ густата мала шумичка. Измешани жолти лисја во сите ноти на жолто обоени. Посветли, потемни, бледнуцкави. Тој поглед и влеваше голем мир во душата. Кога ќе погледнеше во неговите очи се присеќаше на една рана есен во шумата преплавена со жолти лисја. На дрвјата сеуште имаше по некој лист доволно за да прави шаренило од своите сенки на тревата кога ќе изгрее сонцето. И на старото паднато дрво, седната во зелен фустан размислуваше, пишуваше, пееше....само на момент ќе ја прекинеше шушокот од трчање на некоја верверичка. Сега таа рана есен ја гледаше во неговите очи, сиот тој мир кој и го даваше шумата со жолти лисја и го дадоа тие очи. Во неговите прегратки го чуствуваше мирисот на есенското диво цвеќе, кои го опишуваа секој негов допир. Кога ќе се изгубеше себеси и ќе го изгубеше тлото под нозе, ќе ги отвореше очите за да се осигура дека е реалност. Но таму не ја дочекуваше раната есен со жолтите лисја...ги немаше ни дивите цвеќиња низ шумата...ќе се натажеше и со погледот во синото небо насочен, ќе се запрашаше ЗАШТО!?
Изменето од blueprayer - 21.Февруари.2008 во 20:24 |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со погледот на тие копнежливи очи знаеше дека го врежува името негово во секое дрво. Патуваше толку далеку со мислите, често гледајќи го синото море кое само тоа и остана во спомен од се што се случуваше таа година. Никој друг не понесе од таму во своето срце, никаква друга љубов освен морето. Секој ден го сакаше се повеќе тој што е далеку од неа, а сега го спореди со сеќавањата на морето...кога редовно му се исповедуваше на огледалото во спалната соба кога ќе се вратеше доцна и ќе седнеше пред него под ѕвезденото небо за да зјапа вџашено во својот живот и во она што се случуваше со него. Морето беше разбранувано, а завесата на големите отворени балконски врати се лелееше како невестински вел. Некаде околу полумракот, кога сонцето веќе изгрејуваше и го отсликуваше својот одраз на сината солена морска вода тонеше во сон....сега кога ќе се сети тоне во сон во кој нејзината љубов се појавуваше и изчезнуваше како месечевиот сјај под облаците. Наутро, кога ќе ги oтвореше очите, срцето и беше во грло. Прстите и трепереа додека го закопчуваше својот фустан. Боже, што и направи!? Седеше на балконот во собата од каде го имаше најубавиот видик на плажата. На горниот кат во куќата со поглед на море. А потоа ќе зедеше пенкало за повторно залудно да се обиде да ја опише сета таа убавина, набрзо откажувајќи се со мислата дека не постојат доволно моќни зборови за да ја опише моќта на таа убавина. Сите зборови и изреки беа толку интересни, живописни и прекрасни кога тој ги кажуваше, а таа беше толку обична и едноставна. Црташе кругчиња и спирали во ќошињата на хартијата како да се подготвува да пишува. Ветрот почна да дува, а таа го притискаше листот во рацете. Што беше тоа што сакаше да го каже? Наеднаш ветрот престана и во еден миг на кој се сеќава со кикот, напиша за прв пат посветено писмо на својата љубов. За прв пат во животот. Морето од тој ден остана со неа досега и засекогаш, а денес брановите ја потсеќаат на неговите непрекинати воздишки дење и ноќе....како страсна придружба....дури и тешките мириси на светликавите риби на патот што се препелкаа во кофите, сребрениот живот на океанот уловен, изложен и изнесен на соленикавиот док, ја потсетува на додворување. Љубовта менува се- мислеше додека се присетуваше на враќањето во родниот крај во кој израсна и го правеше исклучителен, зовриен од живот.
Изменето од blueprayer - 19.Февруари.2008 во 17:17 |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Внеси реплика | страница <1 3940414243 58> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |