|
Рецепти за торти и други благи работи |
Внеси реплика | страница <1 3940414243 56> |
Автор | ||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Сладък Салам Продукти: 1 пакет бисквити
2 јајца 125 г крави масло 40 гр коњак 100 г ореви 50 г какао 100 г шеќер Натрошените бисквити се напръскват со Коњак, додаваат се стрит ореви и се остава да престол. Кон разбитото со мешалка масло се додаваат јајцата, какао и шеќер и се разбиват до добивање на хомогена консистенция. Смесата се меша со бисквити, кои се оставаат да омекнат. Потоа се оформуваат на Салам, кој престојувал во фрижидер 1 час, за да се стегне. |
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Изменето од емил - 19.Ноември.2010 во 10:36 |
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Обланди со бадеми Потребно: |
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Посни колачи со желе
Состојки: 200 гр. шеќер 1/2 филџан вода 250 гр. мелени ореви рендана кора и сок од 1 лимон 1 лажица какао 250 гр. желе бонбони Шеќерот и водата се варат, ce додаваат оревите, кората и сокот од лимонот. Се трга од оган, малку се лади и тестото се дели на два дела, во едниот дел се става една лажица какао. На фолија се растенчува прво кафеавата кора, потоа врз неа белата, се реди желето и се свиткува во ролат. Се остава на промаја да се суши неколку дена, потоа се сечат парчиња. Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:01 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ролат со бисквити
Состојки: 500 гр. бисквити 150 гр. шеќер 60 гр. чоколада за готвење варено кафе Фил: 125 грама маргарин 150 грама шеќер во прав 1-2 ванила Бисквитите се мелат, се додава шеќерот и изренданото чоколадо, па со кафето се замесува средно тврдо тесто. Развијте го тестото во кора со дебелина од еден сантиметар, па ставете го филот кој сте го подготвиле на следниов начин: изматете го маргаринот со шеќерот во прав и додадете ја ванилата. Премачкајте го ролатот, завиткајте го цврсто во ролна и оставете го да се стегне. Кога е стегнат ролатот можете да го исечете и да го послужите. Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 21:29 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кифлички со ванила
Состоки: 300 гр. брашно 300 гр. мелени бадеми 50 гр. шеќер 2 ванили 150 гр. маргарин 150 гр. шеќер во прав Замесете го тестото од брашното, мелените бадеми, шеќерот, ванилата и маргаринот. Од тестото обликувајте ваљачиња во форма на молив, долги околу 6 см. Ставете ги во плех и печете ги на умерена температура. Уште топли валкајте ги во шеќер во прав во кој имате додадено ванила. Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 21:27 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Шарени колачи од бадеми
Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 21:26 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Еве еден брз,вкусен десерт кој не бара многу време(5 минути работа),не бара вешта готвачка ,малку чуден состав ама резултатот е фантастичен.
БИСКВИТ ТОРТА СО ЈОГУРТ Потребни состојки 1 кг бисквити 1л јогурт 400 гр шеќер 4 банани Се истура јогуртот во еден подлабок сад,се додава шеќерот,потоа се додаваат сецканите банани директно во јогуртот за да не потемнат и на крај се додаваат издробените бисквити. Смесата убаво се промешува за да се хомогенизира ,а потоа се обликува во форма по ваш избор. Оставете ја во фрижидер тортата 2 часа,а потоа.....добар апетит! |
||
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Смокви со цимет Потребно: |
||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Вкусен десерт од смоквиСмоквите се здрави, а во комбинација со мед и сладолед тие се вистински предизвик за непцата. Смоквата е здрава за младите, а на старите им помага да не стареат толку брзо со тоа што успешно се борат против брчките. Помага при контрола на нивото на шеќер во крвта и го намалува нивото на холестерол. Тие имаат позитивно влијание врз здравјето на дебелото црево и врз ситоста на човекот. Јадењето смокви исто така е одлично затоа што ги намалува шансите за појава на рак. Потребни состојки: Смокви
Мед Цимет и Бадеми. Најпрво, загрејте ја рерната на 200°C, а од смоквите исечете ги краевите. Потоа капнете неколку капки на секоја смоква, ставете мед и цимет, додадете рака бадеми и целата смеса така подготвена, ставете ја во рерната и оставете ја да се пече 15 до 20 минути. Смоквите се послужуваат топли со сладолед од ванила. На смоквите секако може да додадете лешници, ванила, кори од портокал или лимон, ананас, ореви, листови мента или пак некое сортно вино. Наместо сладолед, смоквите може да ги сервирате со шлаг. |
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Чоколаден кохПотребни состојки:
Подготвување: Во еден сад растопете го путерот, додадете брашно, па ставаме на тивок оган малку да порумени, потоа го тргаме од оганот и постепено додаваме загреано млеко, постојано мешајки, па го вракаме тавата повторно оган, за да добиеме густа смеса во неа, односно таканрачена бешамел сос. Во до половина оладениот крем ги додаваме една по една жолчките, малку сол, па се добро матиме. Чоколадата ја топиме, над пареа гомешаме шеќерот и две лажички вода, па кога до пола ќе се олади ја матиме во масата. Во сосема оладената смеса изладената маса вмешајте ја сода бикарбона и цврсто излупениот снег од белки. Во путерот премачкан со плех печеме во претходно загреана рерна. |
||
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Торта од ориз со јаболкаПотребно:
1 лажица млеко 1 лажица маслиново масло 200 гр. ориз 100 гр.нерафиниран шеќер 2 ванили 1 кгр.јаболка 3 јајца Сок од еден лимон Цимет На врв на нож морска сол
Подготовка:
Во млекото се става маслиновото масло и солта. Кога ќе зоврие се става оризот и се остава на тивок оган да вари. Кога оризот е зовриен, се додава 100 гр.шеќер и двете ванили. Посебно се лупат јаболката, се сечат на парчиња, се цеди сокот од лимон, се попрскуваат со цимет, па се динстаат да омекнат. Во оладениот ориз се мешаат три жолчки. Потоа во огноотпорната тепсија се става половина ориз и јаболка,па другата половина ориз и така по ред. На крај се матат трите белки со три лажици шеќер, се прелива преку оваа маса и се печи 20 минути. |
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Алва од бадеми
- 50 гр. Бадеми - 2 чаши шеќер - 150 гр. Путер - 1 чаша гриз - 3 чаши вода Потребно време за подготовка на овој десерт е 20- тина минути. На оган ставаме едно тенџере и во него ги ставаме трите чаши вода. Во водата ги додаваме двете чаши шеќер и оставаме да зоврие. На даската за сечење крупно ги рендаме бадемите. На оган ставаме уште едно тенџере и во него ги ставаме ренданите бадеми и гризот. Промешуваме и оставаме да се пржат на тивок оган додека да пожолтат. Во првото тенџере со шербетот додаваме 150 гр. Путер и промешуваме со лажица за путерот побрзо да се растопи. Откако шеќерот и путерот потполно ќе се растопат со црпалка црпиме од смесата и додаваме во тенџерето со испржен гриз и бадеми. Непрекинато мешајќи на оган смесата ја вариме додека не се згусти. Го тргаме тенџерето од оган и го ставаме на работната маса. Наполу изладената алва ја ставаме во метален калап облепен со алуминиумска фолија. Убаво ја рамниме горната површина на алвата. На оган ставаме тенџере и во него ставаме путер и чоколадо за готвење да се растопат. Откако Путерот и чоколадото се растпоени го тргаме тенџерето од оган. Со чоколадниот прелив со црпалка ја преливаме алвата. Калапот со алва го ставаме во замрзнувач да са стегне. Откако алвата е стегната го вадиме калапот од замрзнувач и го ставаме на работната маса. Ја отстрануваме фолијата и со остар нож сечеме поголеми триаголни парчиња од алвата со бадеми. Парчињата од сите страни ги валкаме во преостанатиот чоколаден прелив. Потоа парчињата ги редиме на чинија за послужување. Ги украсуваме со детелинки од лупени бадеми. Со тоа алвата од бадеми е подготвена. |
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Актуел Торта
3 банани - 5 јајца - 2 праски - 200 гр. диња - 100 гр. мелени ореви - 2 лажици мед - 700 мл. хопла - 6 лажици шеќер - 6 лажици брашно - 1 крем фикс - половина прашок за печиво - 100 мл. шампањско Потребно време за подготовка на овој десерт е 60- тина минути. Во сад за матење ги кршиме јајцата. Почнуваме да матиме со миксер и во садот го додаваме шеќерот. Откако шеќерот ќе се растопи го исклучуваме миксерот. Прашокот за печиво го додаваме во садот со брашно. Потоа брашното го додаваме во садот за матење и мешаме со жица за матење. Во садот ги додаваме мелените ореви и мешаме со жицата додека смесата не се соедини. Тестото за торта го истураме во тава обложена со хартија. Го рамниме тестото со лажица. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 15- тина минути на температура од 180 степени. Тавата со испечениот пандишпан ја вадиме од рерна. Со нож ги одлепуваме краевите на пандишпанот од тавата. Го превртуваме пандишпанот на работната маса и ја отстрануваме хартијата. Уште еднаш го превртуваме пандишпанот и го сечеме на половина. Во сад за матење ја ставаме хоплата. Почнуваме да матиме со миксер и го додаваме крем фиксот. Откако шлаг кремот ќе ја добие потребната густина го исклучуваме миксерот. Праските ги лупиме и ги сечкаме на парчиња. Исечканите праски ги ставаме во подлабок сад. И бананите ги лупиме и ги сечкаме на тенки кругови, кои ги додаваме во садот со праските. И дињата ја сечкаме на парчиња и ја додаваме во садот. Го промешуваме овошјето. Првиот дел од пандишпанот го ставаме на чинија за торта. Го попрскуваме пандишпанот со шампањско. Врз пандишпанот го нанесуваме шлаг кремот и го премачкуваме пандишпанот. Врз шлаг кремот ставаме од мешаното овошје. Врз овошјето ставаме мед. Потоа го ставаме вториот дел од пандишпанот и целата торта ја премачкуваме со шлаг крем. Преостанатиот шлаг крем го полниме во готварски шприц, со чија помош ја украсуваме тортата. На средината на тортата ставаме мешано овошје и една лажица мед. Сечеме парче од Актуел тортата и го ставаме на чинија за послужување. Оваа торта мора да се јаде растурена. |
||
Внеси реплика | страница <1 3940414243 56> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |