IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3940414243 157>
Автор
Порака Обратен редослед
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2014 во 00:22

Хороскопи читам чат-пат оти знаат да бидат забавни.
Па и да погодат по некоја особина, покрај сите утки.
Ама ова со маникирот ми е врв.
хи, хи...
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2014 во 08:39

Астрологијата ве открива: Кои се карактеристиките на вашиот подзнак?


Хороскопскиот подзнак открива многу ваши карактеристики - од изглед и манири, па сè до начинот на кој ве доживува околината.

astrologijata-ve-otkriva-koi-se-karakteristikite-na-vasiot-podznak-01.jpg

Подзнакот е важен аспект во хороскопот на секој човек, па затоа вреди да откриете кои лични карактеристики потекнуваат од него.

Ако не знаете кој е вашиот хороскопски подзнак, пред да продолжите да читате, пресметајте го тука.

Овен

Ако сте родени со подзнак Овен вие сте активна личност со многу енергија. Своеглави сте, а многумина ве доживуваат како себична личност. Добро знаете што сакате и како да ги остварите целите во животот. Амбициозни сте, па затоа имате постојан конфликт со колегите и партнерите кои се обидуваат да ве убедат на компромис. Потребен ви е партнер кој прв попушта. Што се однесува до здравјето, често пати имате проблем со крвниот притисок и силната мигрена.

Бик

Сакате да уживате и затоа ви е важна материјалната сигурност. Уживате во храната и готвењето. Сакате да имате стабилен партнер и здрава врска - таа е основата на вашето добро расположение. Голем број од пријателите прво кај вас се упатуваат за совет, затоа што знаат дека искреноста е вашата најдобра страна. Очајно барате партнер кој е страствен. Кога се работи за здравјето, можни се проблеми со килограмите и тироидната жлезда.

Близнаци

Зборлести сте и искрени, и покрај тоа што многумина ве доживуваат како личност склона кон лажење и измислување. Можеби затоа што не го кажувате она што другите сакаат да го слушнат. Сакате да се дружите со пријателите, да телефонирате и слободното време да го минувате на социјалните мрежи. Потребен ви е партнер кој ви овозможува целосна слобода. Можни се проблеми со здравјето на нервна база, инфекции, алергии и проблеми со дишните патишта.

Рак

Чувствителни сте на туѓата несреќа и постојано помагате. Семејството ви е на прво место, сакате да бидете опкружени со најблиските. Важно ви е домот да ви е чист, среден и удобен затоа што тоа е вашето омилено катче. Потребен ви е партнер на кој можете да се потпрете и да му верувате. Можни се проблеми со репродуктивните органи и компликации предизвикани од нервоза.

Лав

Горделиви сте и некогаш недопирливи, или барем таков впечаток оставате. Амбициозни сте и работното место ви е најважно, како и парите. Статусот, децата и парите - тоа се работите кои ги вреднувате во животот. Потребен ви е партнер кој е истовремено и ваш пријател, кој ќе ви ја разбере потребата за слобода и нема да се натпреварува со вашите пријатели и работното место. Можни се проблеми со притисокот, срцето и видот.

Девица

Вечен перфекционист. Важно ви е сè да биде на свое место, куќата мора да блеска. Примарно ви е здравјето, но и покрај тоа сте склони кон нервоза. Единствен лек е да прифатите дека ништо не може да биде совршено, па ни вие. Потребен ви е партнер кој ќе ве натера да се опуштите и кој ќе ве научи што значи да уживате. Можни се проблеми со стомакот и варењето на храната.

astrologijata-ve-otkriva-koi-se-karakteristikite-na-vasiot-podznak-02.jpg

Вага

Важен ви е балансот. Секогаш сте тука за другите, не знаете како да бидете сами со себе. Имате голем круг на пријатели и роднини кои ви се секогаш на располагање. Партнерството на работно или љубовно поле е секогаш најдобра идеја, барем за вас. Важно е да пронајдете стабилен партнер кој ќе знае да ви даде позитивна енергија и индивидуалност. Можни се проблеми со кожата - иритации и алергии, затоа заштитете се на време.

Скорпија

Постојано сте во акција, постојано нешто правите и не знаете да застанете во место. Сè зимате при срце, па често сте под стрес. Понекогаш знаете да бидете од типот на тешки пријатели кои само критикуваат. Ако ви е здодевно занимавајте се со некој спорт наместо да барате проблеми таму каде што ги нема. Парите и сексот ви се на првото место, па затоа вашиот партнер мора да ги има и двете. Можни се проблеми со репродуктивните органи, па затоа не ги заборавајте редовните прегледи.

Стрелец

Секогаш сте весели и добро расположени, подготвени да ги разберете сите околу вас. Толерантни сте, понекогаш дури и премногу. Важно ви е да се движите и патувате, односно да се усовршувате секојдневно. Многу важно е да се занимавате со некаков спорт затоа што постојано имате вишок енергија. Друштвени сте, па затоа ви е потребен и партнер кој е зборлив, весел и позитивен. Важно е во врската да не ја загубите својата слобода. Можни се проблеми со црниот дроб.

Јарец

Тврдоглави сте, упорни и амбициозни. Постојано сакате да напредувате во кариерата, имате високо ниво на самопочит и се сметате за одличен учител. Не се брзате, верувате дека сè доаѓа во свое време. Стабилни сте и смирени, но партнерот кој ќе го одберете ќе има задача да ве научи како да бидете малку потопли кон другите, да не бидете полни со недоверба. Можни се проблеми со грбот и забите.

Водолија

Сакате да се дружите и мислењето на другите луѓе ви е секогаш важно. Во постојано движење сте и со вас никогаш не може да биде здодевно. Сакате да ја ширите мрежата на контакти и да запознавате нови луѓе. Но, мора да направите место за партнерот и да не го ставате во втор план. Потребен ви е партнер кој ќе го разбере вашето динамично темпо. Заради брзината со која живеете можни се проблеми со вените и нервозата.

Риби

Никој не знае што точно мислите, живеете во некој сопствен свет. Не сакате да се вклопите во друштвото, ниту во стандардниот ритам на живот. Сакате да останувате будни и да заспивате со музика и филмови. Потребен ви е партнер кој е рационален и стабилен, кој дели добри совети и ве води низ животот. Можни се проблеми со варењето, спиењето и нискиот притисок.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2014 во 19:44

ФОТО: Маникир за секој хороскопски знак


Креативното трио, составено од астрологот Сузан Милер, кралицата на лаковите Дебора Липман и талентираната Мис Поп, стои зад уникатни маникири кои ги рефлектираат карактерот и преференциите на секој знак од зодијакот. Погледнете ги нивните идеи:

ОВЕН

Како претставници на знакот управуван од огнената планета Марс, овните ја обожаваат црвената боја, па најдобро се чувствуваат кога таа преовладува во нивниот маникир. Смелата црна боја може да послужи за да се потенцира нивниот борбен дух, а белата за да се истакне оптимистичкиот карактер кој го поседуваат родените во овој знак. Графичките линии на интересен начин можат да ја потенцираат силата и бестрашноста на овенот.

ОвенОвен

БИК

Биковите ја сметаат зелената боја за свој заштитен знак, но тие никогаш не се задоволуваат со едноставност. Додавањето на црни детали ја покажува нивната сила. Како и за сè друго во животот, биковите го сакаат само најдоброто.

БикБик

БЛИЗНАЦИ

Жолтата, бојата на интелигенцијата, совршено одговара на рацете на остроумните близнаци. Тоа е воедно и нивната омилена боја, заедно со небесно сината. Овие светли бои го потенцираат веселиот дух на родените во овој знак.

БлизнациБлизнаци

РАК

Раковите ги обожаваат боите кои можат да се најдат на школките (сива, бела и сина), па маникирот кој ги спојува деликатните морски нијанси е совршениот украс за нивните нокти. Поради нивната емотивна и романтична природа, на раковите најмногу им одговараат нежните дезени со заоблени линии.

РакРак

ЛАВ

Лавовите го обожаваат луксузот и кралските бои како црвена, жолта, златна и виолетова. Кралски маникир со црна и златна боја би ги задоволил пребирливите лавови. Тие неретко сакаат ноктите да ги украсат и со минијатурни бисери и кристали.

ЛавЛав

ДЕВИЦА

Родените во овој знак повеќе од кој било друг го сакаат чистиот изглед на ноктите и се задоволуваат само со перфектен маникир. Во него треба да биде вклучена барем една од нивните омилени бои – зелена, тегет или чоколадно кафеава. Францускиот маникир е одличен начин за да се задоволат преференциите на девиците за среден, но скромен изглед, а играњето со боите во него е одлична варијанта за да се додаде модерен шмек.

ДевицаДевица

ВАГА

Вагите се деца на Венера, па нивниот маникир мора да биде нежен и деликатен. Тие на ноктите обожаваат бебешка сина, пастелна розова, кремова, сончево жолта... Сребрените детали можат да се искористат за да му придадат минималистички шарм на маникирот.

ВагаВага

ШКОРПИЈА

Шкорпијата е најсексапилниот знак во хороскопот, но само зад затворени врати. Надвор од спалната таа привлекува со среден, деловен изглед. Црната боја ја одразува мистериозноста на шкорпиите, па најчесто таа преовладува на нивните нокти. Со вметнувањето на белата боја се постигнува побалансиран изглед.

ШкорпијаШкорпија

СТРЕЛЕЦ

Иако омилената боја на стрелците е сината, сепак црвената одлично ја рефлектира желбата и страста за авантури на родените во овој знак, а златната го одразува нивниот стремеж за уживање во животот. Карираните шари совршено им одговараат на стрелците.

СтрелецСтрелец

ЈАРЕЦ

Кафеавата и сите нејзини нијанси ги привлекуваат јарците. Но, неутралните нијанси како карамел, кремова, златна и бакарна на прекрасен начин ја одразуваат нивната елеганција. Поигрувањето со симетријата докажува дека неутралното не мора секогаш да биде здодевно.

ЈарецЈарец

ВОДОЛИЈА

Водолиите ги обожаваат сината и тиркизната боја, но неонските нијанси се совршен начин да се потенцира нивната уникатност. Како верни следбеници на модата, никогаш не забораваат да ги сместат најновите трендови на своите прсти. Белата боја го покажува оптимистичкиот карактер на водолиите.

ВодолијаВодолија

РИБИ

Рибите се обожаватели на сината боја и јасно е зошто, па таа мора да биде дел од нивниот маникир. Исто така, рибите ги обожаваат светките, но само кога се употребени умерено, бидејќи тие никогаш не се претенциозни.

РибиРиби



Изменето од Valerija - 25.Јуни.2014 во 19:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2014 во 16:03
Ауууу јас како што сум комбинација риба со лав уста да не отворам.
А зинам а излажам.
Али затоа вака од страна гледано опасен сум.

Изменето од Орка - 18.Јуни.2014 во 16:04
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2014 во 15:54

ШКОРПИИТЕ ИЗНЕВЕРУВААТ ВО СОНИШТАТА, БЛИЗНАЦИТЕ КАЈ ЌЕ СТИГНАТ, А ВИЕ?

5

Неверство со поглед
Погледите се често оружје на Јарецот и Ракот. Не е важно дали е заедно со девојката, тој секогаш има чувство дека некој го гледа па и тој сака да шара со погледот, за да види дали некој му фрлил око. А тогаш кога ќе го откријат изворот, шармантно ќе се насмевнат. Иако е вистински зависник од флертување, можеби сето тоа му е потребно за да си го подигне егото. Наместо да го критикувате и запаѓате во љубоморни испади, и самите вие искоментирајте “колку е згодна онаа девојка“. Тоа ќе го врати во реалноста.
Неверство во мислите
На секси фантазии се склони Бикот и Вагата. Тие ќе забележат згодна жена и веќе ја замислуваат во својот кревет. Заведување, страсни бакнежи и жежок секс, тоа се типични машки фантазии. Ние жените често знаеме да намирисаме кога тој фантазира за некоја друга, и веднаш почнуваме да се измачуваме со прашања дали повеќе не сме му привлечни или дали има друга. Без грижа, тоа што понекогаш фантазира за некоја друга не значи дека ве изневерува, ни дека истото го планира.
Неверство во соништата
Во соништата најчесто изневеруваат Вагата и Шкорпијата. Можеби воопшто не забележувате дека сонува секси соништа, но ако се буди со свежи сеќавања за сонот или пак зборува додека спие, веројатно имате јасен увид во неговата подсвест. Сите понекогаш имаме жешки соништа, независно од тоа дали сте сингл или во врска. не грижете се за соништата, бидејќи тие најчесто не се показател за нашите желби.
Порнографско неверство
Во порнографија најмногу уживаат Бикот и Водолија. Веројатно ве загрижува неговата опседнатост со згодни тела на жените од списанија, страсното разлистување на еротски списанија или гледање порнографска содржина, иако всушност тој не ве изневерува. Ве разбираме, но поголема опасност се крие во тоа што тој таквите содржини можеби ги проучува поради незадоволство во врската и сексуалниот живот. А тоа може да биде почеток на се и сешто.
Неверство со студенило
Ваква е ситуацијата со Овен, Стрелец и Рак. Вашиот однос е студен, иако тој можеби воопшто не ни мисли на други жени, ни пак со нив флертува. Сепак, работите се смениле, бакнежите станале рутина, а на страста речиси не се ни сеќавате. Заладувањето на односите и емоционалната недостапност во голема мера можат да водат кон реално неверство.
Неверство со зборови
На зборови најјаки се Лавот и Рибите. Кога некој би го слушал од страна би помислил дека е невиден женкар. Тој секогаш зборува дека долгите врски заситуваат и дека е природно мажот да шара наоколу. Сепак ова најчесто е пример за кучето кое лае но не каса. Тој со тоа сака да испадне мангуп во друштво, но неговите зборови дефинитивно се одраз на непочитување кон вас.
Реално неверство
На неверство најмногу се склони Близнаците и Девиците. Тој често создава атмосфера за да се стигне до конфликт и расправија. Веројатно се труди проблемите во врската подоцна да му послужат како оправдување за неверство. Овие мажи често се несигурни и со авантурите го задоволуваат своето его. Или едноставно посакуваат авантури и освојување нови трофеи.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2014 во 21:51

ДАЛИ ВАШИОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК Е СКЛОН КОН ЉУБОВНИ АВАНТУРИ?

5

Љубовните авантури не се карактеристични за сите луѓе, затоа што некои и не се снаоѓаат најдобро со нив.

 Овен 
Вие сте лесен плен за искусните шармери и заводници, реагирате спонтано, нагонски на еротскиот повик за авантура. Приликите за флерт се достапни од сите страни, на пример тоа може да биде слаткиот колега или згодниот сосед. Грижата на совеста поради постојаниот партнер ја чувствувате дури кога ќе заврши авантурата.

Бик 
Иако вие сте тврдина која е тешка за освојување, оној што добро ќе се помачи околу вас, може да ве заведе. Шансите му се зголемуваат ако е упорен, нежен и ве опсипува со подароци, чоколади и цвеќе, и ако е крај вас кога ви треба поддршка. Ако со часови ве гали и бакнува, нема толку да мислите на постојаниот партнер.

Близнаци 
Вас е лесно да ве заведат, тоа вие секогаш го посакувате, затоа што без флерт и авантура животот не ви е доволно интересен.Дури и тогаш кога ќе се заколнете на верност кон партнерот, големи се шансите да паднете на нечиј шарм.

Рак 
Иако сте посветени, копнеете за авантура и грев, особено ако партнерот постојано ве запоставува. Тивка музика, опуштена атмосфера, искусен додворувач кој ништо не препушта на случајот, ве влечат во авантура. За секој случај, останете во контакт со освојувачот или фаталниот заводник.

Лав 
Иако сте многу темпераментни, не скршнувате туку-така од вистинскиот пат. За да ве освои некој, мора да ви пружи многу повеќе од постојаниот партнер, затоа што за „кралицата“ треба доста да се потруди. Дури кога ќе се уверите дека „жртвата е принесена“, додворувачот може да се надева на еротски состанок со вас.

Девица 
Ви сте тврд орев кој не е лесно да се скрши. Вашата вродена смисла за реалност спречува да влетате во непромислена авантура. Но и тој ваш „стегнат“ ерос еднаш може да попушти, и вие тогаш се препуштате на уживањето.. можеби со оној шарматен насмеан колега од работа.

Вага 
Сакате долго да ве освојуваат и шармираат. Сепак на шармантен џентлмен со убави манири, тешко дека ќе одолеете. Ако е дискретен и страстен, роден е за романса со вас. Иако уживате во целата игра на заведување и предавање, постојаниот партнер не го испуштајте од вид, а ни од рака.

Шкорпија 
Вие секогаш, па и во љубовта играте на сѐ или ништо, и сакате кога некој се бори за вас. Одолевате дури и на долготрајно додворување на згодниот фраер кој секогаш ве голта со поглед. Ако барем малку се посомневате во верноста на партнерот, без грижа на совеста, се препуштате на тој што е ваша тајна еротска опсесија.

Стрелец 
Како што рибата не може без вода, така и вие не можете без слобода, особено кога сте зафатени. Вашиот огнен темперамент и топлата еротска природа, кај многумина будат желба да ви се приближат. Уживате во флерт и авантури, кога додворувачите се трудат околу вас, или кога колегата јасно ви става до знаење дека ве сака.

Јарец 
Склони сте кон авантури, но ви мислите. Сепак, вашите соништа некогаш и се остваруваат. Оној што ќе успее да ве фасцинира со професионалните успеси и друштвениот статус, има шанси и да ве освои. Но, тоа не е доволно. Повеќе од романса посакувате сродна душа.

Водолија 
Вие најчесто „паѓате“ на прв впечаток и физички изглед. Незадолжителна авантура ве привлекува, така што секогаш го задржувате она што ви е најважно, а тоа е личната слобода. Понекогаш ви е доволна и пријателска насмевка и зборување на заеднички теми, па обичниот флерт прераснува во нешто друго.

Риби 
Вие не можете да живеете без љубов. Авантурите за вас се само бегство од суровиот свет кој ве плаши. Вашиот топол, искрен пристап и искрите во вашите очи можат да го распалат еротскиот жар кај повеќето додворувачи. Вас може да ве освои само некој како вас, кому никогаш не му е доста од нежности и љубов.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2014 во 08:52


Колку сте суеверни според хороскопот?

Денес е петок 13, денот кој многумина го сметаат за несреќен или баксузен. Суеверните лица го дочекуваат со претпазливост и страв и го поврзуваат со морничави приказни, легенди и несреќи, а останатите гледаат на сето тоа со потсмев и го етикетираат како бесмислица.

Во која група спаѓате вие?

Суеверност

Еве што кажува хороскопскиот знак за вашата суеверност:

ОВЕН

Суеверност

Овните ги исполнуваат критериумите за да бидат наречени суеверни. Родени како лидери во хороскопот, тие секогаш се борат да стигнат први до целта, но веруваат дека лошата среќа може да го попречи нивниот пат. Ако не успеат да исполнат одредена цел, побрзо ќе го насочат прстот кон некој или кон нешто отколку кон себе.

Огнените овни не сакаат кога црна мачка ќе го пресече нивниот пат и веруваат дека некој зборува за нив секогаш кога нивните уши ќе се вжештат.

БИК

Суеверност

Биковите се приземни и реалистични личности кои нема да поверуваат во ништо пред да им дадете доказ. Сепак, суеверноста кај нив е поврзана со храната. Не се изненадувајте ако претставник на овој знак ви каже да не пеете додека јадете или да не седите на аголот од масата.

Како земјен знак, тие се силно поврзани со природата и најчесто ги прифаќаат суеверијата поврзани со неа. Најверојатно никогаш нема да видите бик како турка гнездо на ластовици.

БЛИЗНАЦИ

Суеверност

Логиката е втемелена во размислувањата на близнаците, па претставниците на овој знак никогаш нема да се наречат себеси суеверни, но нема ни да одречат колку се важни соништата за нив. Често ќе ги најдете како пребаруваат по соновниците за да откријат што значат нивните соништа.

Комуникативните близнаци често ќе ги слушнете како пренесуваат одредено суеверие, но не затоа што веруваат во него, туку затоа што знаат дека тоа се популарни теми меѓу луѓето.

РАК

Суеверност

Раковите можеби се емотивни и имаат меко срце, но најчесто се подготвени со тешки зборови да „плукаат“ по суеверијата. Екстремно тешко е да ги убедите дека потковицата носи среќа или дека бројот 13 е несреќен број. Но, како „колекционери на хороскопот“, може да ги слушнете како тврдат дека фрлањето на стари работи носи несреќа.

Раковите се приврзани за домот, па ако воопшто забележите суеверност кај нив, тоа ќе биде поврзано со местото на живеење. Од нив може да слушнете дека скршеното огледало значи седум години несреќа или дека ќе се случи нешто лошо доколку отворите чадор во затворена просторија.

ЛАВ

Суеверност

Лавовите се самоуверени личности кои сакаат да ја имаат контролата во свои раце и не веруваат дека случувањата во нивниот живот зависат од пресекување на патот од црна мачка или од петок 13. Во дискусиите за суеверијата, тие се секогаш жестоки противници кои укажуваат на важноста на логичкото размислување.

Голема е веројатноста да ги чуете со потсмев како велат дека треба да се јаде крајчето од лебот за да ги сака свекрвата или пак дека со поминувањето под скала се повикува неволја.

ДЕВИЦА

Суеверност

Иако нема да ви признаат, девиците се експерти кога станува збор за суеверијата. Но, и покрај тоа што ги знаат сите бабини деветини, сепак кога се во друштво, кај нив преовладува логиката и аналитичкото размислување.

Најчесто нивните суеверија се поврзани со чистотата, па нема да пропуштат да го исчистат домот пред голем празник, никогаш не би го треселе чаршафот по зајдисонце и не би го метеле подот додека нивен близок е на пат.

ВАГА

Суеверност

Вагите не се суеверни, но како личности кои се стремат кон хармоничен живот, може да имаат одредени ритуали кои им помагаат за сѐ да се движи во посакуваниот правец. Можно е во лошите моменти да чукнат трипати во дрво, или пак, да ги прекрстат прстите за среќа кога нешто силно посакуваат.

Како „романтичари на хороскопот“, вагите веруваат во суеверија поврзани со свадбата. Ќе ги слушнете како кажуваат дека зетот не треба да го види фустанот на невестата пред свадбата или дека невестата не треба да се сретне со друга невеста на големиот ден.

ШКОРПИЈА

Суеверност

Шкорпиите се кралици на суеверието. Тие веруваат дека сè во природата има некакво значење и дека ако нешто не работи во нивна корист, најверојатно ќе работи на нивна штета. Најчесто нивните суеверија се поврзани со здравјето. Можно е да ги видите како им облекуваат на своите деца нешто наопаку за да ги заштитат од уроци.

Исто така, многу претставници на овој знак носат накит со кристали и камења за кои веруваат дека имаат посебни моќи и влијаат на душевната состојба и среќата во животот.

СТРЕЛЕЦ

Суеверност

„Авантуристите на хороскопот“ се спонтани, ретко планираат и ретко се суеверни. Сепак, би купиле потковица за да го декорираат својот дом со скриена надеж дека ќе им донесе среќа и пари или би го поддржале истурањето на вода кога некој тргнува на пат или пред важен настан.

Како љубители на природата, стрелците најверојатно веруваат во суеверија поврзани со неа – „ако те чешаат ушите, ќе врне“ или „детелината со четири листа носи среќа“.

ЈАРЕЦ

Суеверност

Јарците се разумни личности кои не веруваат и немаат време да веруваат во суеверија. Тие не ги сакаат личностите кои веруваат во нешто за кое ни самите немаат логично објаснување и се трудат по секоја цена да ги избегнат. Подобро е пред јарците да се избегнуваат темите на разговор поврзани со суеверија.

Оние малубројни суеверни претставници на овој знак не би оставиле чанта на подот за да не им „летнат“ парите и потајно веруваат дека ќе им стигнат пари кога ги чеша левата рака.

ВОДОЛИЈА

Суеверност

Водолиите се личности кои не ги сакаат правилата, ниту пак суеверијата и редовно ги исмејуваат. Но, иако нема да признаат, бабините деветини ја будат љубопитноста кај нив, па можно е да ги „тестираат“ истите за да видат дали во нив се крие вистина. Водолиите никогаш нема да ве послушаат ако им речете да направат нешто поради суеверие.

Можно е да ги слушнете како се шегуваат дека ќе им дојдат гости ако видат бубамара, дека најдобро е да се станува на десна нога или дека омиленото парче накит секогаш им носи најмногу среќа.

РИБИ

Суеверност

Суеверијата одат рака под рака со животот на рибите кои веруваат во предодредена судбина и често се потпираат на интуицијата при донесувањето на одлуки. Можно е насекаде да носат свое „среќно“ пенкало за потпишување на важни документи, полагање на испити и сл., да не излегуваат од дома без амајлија или да имаат среќна модна комбинација за важните настани на кои е потребно да ги прати среќа.

Соништата се многу важен аспект од нивниот живот, па често ќе ги слушнете како прераскажуваат што сонувале претходната вечер или како толкуваат нечиј сон.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13976
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2014 во 15:00
,,,auuu ,,teshka dilema ,,kogo li sega da odberam,,кафе
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2014 во 09:30
Едвај чекам да заврши летото.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2014 во 09:10

Летен хороскоп: Што ве очекува во топлите денови?


Летото официјално штотуку не започнало, а вашите мисли сè почесто се насочени кон одморот и дружбите со пријателите.

leten-horoskop-sto-ve-ocekuva-vo-toplite-denovi-01

Вреди да откриете што ѕвездите ви предвидуваат за ова лето.

Овен

Ова лето ќе отпатувате со вашето друштво на подалечна дестинација каде ќе имате можност да го заборавите хаотичниот живот и кариерата која ве измори. Уживајте во природните убавини и одберете дестинација која ќе ви го освежи духот.

Бик

Кога ќе дојде време за одмор, вие ќе одберете неколку пократки патувања покрај езера и реки. Ќе уживате и во романтичната атмосфера и љубовта која ќе ја привлекувате каде и да се појавите.

Близнаци

Пронајдете време ова лето за луѓето кои ги сакате и посветете се повеќе на партнерот. Ако работата ви досади, сега е време да пронајдете некој кој ќе ве замени. А, вие спакувајте се и отпатувајте покрај море, како што планиравте.

Рак

Ова лето ќе уживате од позитивното внимание кое ќе го добивате од пријателите и колегите, па можни се кратки одмори или викенди со нив. Дозволете и на креативноста да исплива на површина и организирајте незаборавни дружења и патувања.

Лав

За чудо, ова лето ќе имате желба да го поминете сами, на некое место кое ќе ви ги освежи сите сетила. За момент заборавете на забавите и отпатувате на дестинација која ќе ви ја развие духовната страна.

Девица

Ве очекува работно лето, со кратки одмори. Ако до сега се мислевте дали да го напуштите работното место, ова лето конечно ќе се одлучите. Потоа, ќе заминете на мирен одмор со партнерот или пријателите, на место на кое одамна сакавте да отпатувате.

leten-horoskop-sto-ve-ocekuva-vo-toplite-denovi-02

Вага

Вашиот летен одмор може да почека, затоа што пристигнува напредок во кариерата. Дури кон крајот на летото ќе имате шанса за патување, но ќе мора да одберете помеѓу пријателите и партнерот.

Скорпија

Ќе патувате низ непознати градови и места кои никогаш претходно не сте ги посетиле и токму таму ќе ги пронајдете најубавите авантури, пријатели и случки. Ако ви се овозможи шанса за егзотично патување, во никој случај не одбивајте.

Стрелец

Она во што вложувавте цела година, конечно ќе се исплати ова лето. Големи се шансите за непланирана заработка, која ќе ја потрошите на полуксузни патувања од планираните.

Јарец

Моменталната врска е онаа која ќе ве одведе на најубавото патување. Без оглед на тоа дали ќе биде романтична или забавна дестинација, конечно вашиот љубовен живот ќе го доведете до совршенство.

Водолија

Најмалку што можете да направите ова лето е да се рекреирате и да започнете диета, затоа што одморот ќе дојде побрзо отколку што мислевте. И покрај тоа што имате многу работни обврски, променете ја својата дневна рутина, барем додека трае летото.

Риби

Ова лето ќе ви биде во знакот на љубовта и креативноста. Можноста за пронаоѓањето на идеалниот партнер е огромна, исто како и за нови проекти кои ќе завршат со успех до крајот на летото.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2014 во 13:49
Како хороскопските знаци се водат низ животот?
Овен
Овенот во својот живот ужива како риба во вода, сака предизвици, неочекувани пресврти и натпреварување. Колку повеќе некој се обидува да го совлада импулсивниот Овен, толку тој е повнимателен и секогаш смислува начин како да возврати, понекогаш и сурово, но тој мора да излезе како победник.

Бик
Животот е убав и таков треба да го создадеме сами. Трпеливиот хедонист Бик е исклучително упорен. Поради таа особина, умее да се бори и да создаде вистински рај за себе и за оние кои ги сака, бидејќи тогаш е вистински мотивиран. Кога запаѓа во финансиска криза, Бикот би „преспал“, но наместо тоа секогаш се снаоѓа и наоѓа решение.

Близнаци
За Близнаците животот е игра и секоја бура ја поминуваат на четири нозе. Обично околината им се восхитува, а успеваат многу итро, без многу напор, да се изборат за својот дел од „колачот“, без оглед на тоа дали станува збор за работа или љубов. Во суштина, се плашат од неуспех, но тој страв го прикриваат со својата духовитост.

Рак
Кога животот би бил бајка, сѐ би било совршено, а егоцентричните Ракови работат на тоа. Умеат да се повлечат кога ќе стане „густо“. Упорни се, но таа особина ретко ја употребуваат бидејќи секогаш наоѓаат некој да им помогне, за да не се мачат. Сѐ додека имаат поддршка од своите блиски роднини или пријатели, немаат потреба ниту намера да се борат.

Лав
Детинестиот Лав сака бајки, па можеби и затоа се бори како вистински витез. Тешко дека некој ќе успее да го надмудри или да биде подобар од него, бидејќи Лавот е роден да владее со другите и подготвен е на многу одрекувања само да ја постигне својата цел. Кога еднаш ќе успее, тешко ќе можете да го симнете од тронот.

Девица
Девицата потклекнува пред животните предизвици, но само затоа што точно знае што сака и како да се избори за она што го сака. Убаво е да се сонува, но од тоа нема конкретна корист, ниту помош. Девицата се обидува да ги предвиди сите можности и сѐ она со што би можело да се соочи додека чекори кон својата цел. Не сака изненадувања, а доколку нештата излезат од нејзина контрола, станува бесна.

Вага
За Вагата животот е борба во која таа вешто се снаоѓа благодарение на познанствата и врските со угледни и влијателни лица. Таа сака да доминира и од животот го зема максимумот, а подготвена е на компромиси и одрекување за да го постигне тоа. Често се случува да ги помеша нештата, па со срце влегува во работата, а со разумот во љубовните битки. Најмногу сака низ животот да се води со успешен партнер, но ако го нема ќе се бори сама.

Скорпија
Самоуверената Скорпија точно знае што сака од животот и како ќе го постигне тоа. Свесна е за своите можности и речиси сѐ држи под контрола. Како еден од најголеми борци во зодијакот, ладнокрвно реагира во неочекувани ситуации. Своите намери не ги открива пред да го направи она што ќе го науми и секогаш е чекор пред своите противници.

Стрелец
Амбициозниот и љубопитен Стрелец низ животот го водат разум и логика, но бидејќи многу фантазира се случува да „излезе од колосек“ и да залута во љубовна бајка. Со оглед на тоа дека најмногу ја сака својата независност, брзо се враќа во линијата на животот која си ја зацртал. Ако доживее пораз, лесно се опоравува и продолжува понатаму, бидејќи е практичен.

Јарец
Контрадикторниот Јарец е свесен за своите способности, што го успорува во животот. Бидејќи е многу амбициозен, подготвен е да работи многу за да го добие заслуженото признание. Борбата е составен дел во неговиот живот, па со што и да се занимава мора да биде успешен. Целиот живот сонува за голема љубов и страст кои ретко ги доживува, бидејќи се плаши од разочарувања и откривање на длабочината на неговите чувства.

Водолија
Неуморната и дрска Водолија смело чекори низ животните битки, не плашејќи се од ништо, освен од едно: губење на независноста и поднесување на сметка пред некој друг. Иако не сака да шефува, често се наоѓа на одговорни работни позиции бидејќи ја почитуваат, а таа умее да ги пласира своите идеи и да освојува симпатии. Комуникативната и шармантна Водолија сака да ризикува и често се наоѓа во непредвидени романтични ситуации кои ги претвора во свои „инстант бајки“.

Риби
Флегматичните и амбициозни Риби умеат да бидат многу прилагодливи и практични, најчесто заради заработка. Поради тоа вешто се вклопуваат во секоја работна позиција, дури и кога таа работа воопшто не ги интересира. Ретко се случува да работат нешто за што поседуваат дар од Бога. Во љубовта умеат да создадат вистинска бајка, во која како најдрагоцен камен ја чуваат личноста која ја сакаат.

RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2014 во 16:31

Какво колаче сте според хороскопот?


Ако некогаш сакате да дознаете колку сладок е вашиот живот, прочитајте го овој неодолив хороскоп составен од 12 различни колачиња. Ванила, чоколадо, карамела, кафе...

kakvo-kolace-ste-spored-horoskopot-01

Какво колаче сте вие?

Овен: Колаче со лимон

Само вашата енергија и самодоверба се поклопуваат со колачето од лимон. Полни сте со вкус и одлучност. Никој не може да ви застане на патот кога нешто сте замислиле!

kakvo-kolace-ste-spored-horoskopot-4

Бик: Колаче со морков

Пребирливи сте, со уникатен вкус и поглед кон нештата. Практични сте и работливи, па сакате кога ќе добиете награда за вашите добри особини. Знаете како да дадете поддршка, без никого да разочарате.

kakvo-kolace-ste-spored-horoskopot-5

Близнаци: Двојно колаче

Имате две страни на вашата личност, но тие се одлично соединети во една. Полни сте со самодоверба и цврсти ставови. Сериозни сте и сакате кога ви ласкаат. Често се двоумите, па затоа сакате да седите на две столчиња.

kakvo-kolace-ste-spored-horoskopot-6

Рак: Колаче со орев

Преемотивни сте, но не грижете се. Тоа и не е така лошо. Истовремено полни сте со сочувство и љубов. Можеби понекогаш делувате налудничаво, но сепак сите ве сакаат и почитуваат затоа што сте неодоливо нежни.

kakvo-kolace-ste-spored-horoskopot-7

Лав: Колаче со тиква

Специфични, исто како и вкусот на ова колаче. Сакате кога сте единствени, недопирливи. Топли личности и дефинитивно најнеодоливиот хороскопски знак.

kakvo-kolace-ste-spored-horoskopot-8

Девица: Колаче со мед и лаванда

Деликатни, исто како и виолетовото колаче. Нежни сте и сакате да им угодите на сите на кои можете. Понекогаш се исцрпувате затоа што сте престроги кон себе. Научете да седнете, да се релаксирате и да се почестите со нешто медено.

kakvo-kolace-ste-spored-horoskopot-9

Вага: Какво колаче и да посакаат

Комуникативни, незапирливи, не можете да се одлучите само за едно колаче. Различни бои, големини и облици, сакате кога имате избор и можност за експериментирате. Шармантни сте и хармонични луѓе кои влеваат доверба во целиот свет.

kakvo-kolace-ste-spored-horoskopot-10

Скорпија: Црвено, кадифено колаче

Скорпиите се смирени и страствени личности. Сакаат да испробуваат нови нешта и сакаат кога се единствени во работите. Црвеното колаче со кремаст фил е идеален избор затоа што ја открива нивната уникатност.

kakvo-kolace-ste-spored-horoskopot-11

Стрелец: Колаче со кафе

Потполно идентични се со колачето со кафе - вечни филозофи и енергични. Можеби сте ветиле дека ќе се смирите, но и понатаму имате желба за нови авантури. Љубители сте на кафето и секој природен извор на енергија. Ја обожавате слободата!

kakvo-kolace-ste-spored-horoskopot-12

Јарец: Колаче со ванила

Вие сте сериозни и едноставни. Полни сте со мудри мисли, подготвени да се соочите со секакви професионални или лични проблеми. Потполно исто како ванила колачето – доверливи, сигурни и вкусни.

kakvo-kolace-ste-spored-horoskopot-1

Водолија: Колаче со чоколадо

Вашата силна, чоколадна енергија е она што ве истакнува како неодолива личност. Ја имате и срамежливата нота на ванилата, но никогаш не сте затворени и не играте на сигурната страна. Најдобро кажано, вие сакате од сè по малку!

kakvo-kolace-ste-spored-horoskopot-2

Риби: Колаче со виножито

Вие ги прифаќате сите онакви какви што се. Исто како и тортичките со виножито, вие сте креативни и имате отворен ум. Го обожавате светот онаков каков што е, не запаѓате во депресијата на суровоста.

kakvo-kolace-ste-spored-horoskopot-3

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2014 во 12:49
Секој хороскопски знак има работи кои не сака да ги слушне од соговорникот. Прочитајте на кој знак никогаш не треба да му побарате пари, пред кого не треба да се фалите, а кој задолжително ќе ви ги улови сите граматички грешки.

shto-ne-smeete-da-im-kazhete-na-horoskopskite-znaci-kafepauza.mk
Овен – Не прифаќа да биде оставен на чекање во ниедна варијанта. Заради неговата импулсивност и карактерот, не може да сфати што е поважно од она што тој го прави. Затоа „почекај“ не е нешто што треба да го користите во разговор со Овни.

Бик – Не сака фалбаџии, бидејќи ни самиот не е таков, а уште ако се работи за некој кој нема покритие за своите фалби, тоа е исто како да сте му замавнале со црвена ткаенина пред нос. Нервозата почнува му расте и експлозијата се ближи со секој нов збор.

Близнаци – Многу зборуваат и очекуваат од околината тоа да го сфати и прифати. Затоа, да замолите Близнак да замолчи е отприлика исто како да сте го испцуле со сите можни пцовки кои ги знаете. Затоа, обидете се да бидете тактични во разговорот со припадниците на овој знак.

Рак – Не сака кога некој си го пика носот во неговата работа и притоа е нападен. Без разлика на фактот дека суетата не му е јака страна, ова ќе му засмета исто колку ако се обидете да ги смените плановите кои тој ги направил.

Лав – Лавот е суетен, тоа веројатно сите го знаат, па ако му кажете дека нешто подобро би му стоело на некој друг, е најголемата можна навреда за него. Ако не можете да го пофалите неговиот изглед, подобро ви е да молчите, бидејќи секоја погрешна забелешка може да предизвика сериозни проблеми.

Девица – Таа ќе полуди на секоја граматичка грешка кај соговорникот, а тоа се однесува и на зборувањето на дијалект. Педантни и организирани, нив лесно може да ги погоди и ако некој одбие да ги сослуша.

Вага – Таа е своеглава, а музиката ѝ е сѐ во животот, па кога ќе ја пушти нејзината омилена песна, најлошата работа е да ја замолите да намали. Подобро би ви било да ја мавнете со прачка по глава отколку да барате таква луда работа.

Скорпија – Својата импулсивност најдобро ја покажува кога ќе се најде соочена со ултиматум – нема шанси тоа да ви пројде кај неа, па дури и ако таа притоа го уништи светот. Исто така, не ѝ годи сѐ што би можело да укажува на тоа дека е заменлива.

Стрелец – Може да слуша три дена без прекин ако треба, но не некого кој се жали и мисли дека цел свет е против него. Пасивниот пристап кон животот им го дига притисокот до небо, така што немојте да се обраќате кај Стрелец ако ви треба рамо за плачење.

Јарец – Може да истрпи сѐ и сешто, но кога ќе го споменете неговиот паричник и можноста за позајмување од него, тука на приказната ѝ доаѓа крај. Нив позајмувањето едноставно ги јаде однатре, па немојте ни да се обидувате, полесно ќе добиете пари од ММФ одошто од Јарец.

Водолија – Во принцип таа не размислува многу за тоа што другите мислат за неа, но може да ја заболи ако ѝ кажете дека нејзината идеја е глупава. Уште полошо ќе реагира ако ѝ кажете дека нешто не разбира.

Риби – Осетливи душички кои секој лош збор ги погодува. Затоа, не е паметно да им поминете на кафе и да започнете муабет од типот „Знаеш што слушнав дека збореле за тебе…“ Тоа многу ќе ги погоди, а лошо примаат и изјави дека нешто не можат да направат или научат.

RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2014 во 07:59

Женските хороскопски знаци во кревет: Жената Стрелец сака див секс, а Рибите долга предигра


Можеби единствениот хороскоп пишуван врз личното искуство на неколку мажи. Дали има вистина или сè е случајност, проверете самите.

zenskite-horoskopski-znaci-vo-krevet-zenata-strelec-saka-div-seks-a-ribite-dolga-predigra-01

Овен

Жените во овој знак директно провоцираат. Не смее да и дозволите да ја води играта. Бидете малку погруби од вообичаено со неа, затоа таа сака секс полн со експлозии и страсти. Но, има еден проблем - не се љубители на експериментите и не се егзибиционисти. Не сакаат кога сексот трае предолго, затоа што по природа се нетрпеливи. Штом го добијат она што го сакаат, без проблем заминуваат од креветот.

Бик

Жените родени во знакот на Бик по природа се емотивни, па мора да бидете нежни додека ги освојувате. Гледајте ги, делете им комплименти и не брзајте за да ги однесете во кревет. Но, својата трпеливост наплатете им ја во креветот. Кај жената Бик ништо не е на брзина. Мора да го знаете редот - таа сака заведување и долга предигра. А, по сексот ќе сака да се помази уште неколку минути.

Близнаци

Со жената родена во овој знак можете да водите љубов каде ќе посакате - преку телефон, во автомобилот, па дури и во тоалетот. Кај неа не палат скапи подароци, за неа ќе треба да смислите добра приказна. Ќе биде со вас само додека сте и интересни. Започнете со нежни зборови, но завршете со секси приказни. Предупредување: Големи се шансите дека по сексот ќе го загуби интересот.

Рак

Жените Ракови се опуштени, сакаат да глумат незаштитени и бараат цврсти докази за љубов. Тука се јавува проблем доколку вие сакате да и понудите само секс. Дури и ако успеете да ја заведете набрзина, треба да знаете дека се впуштате во врска. Запаметете дека со неа не смее ни да пробате секс на јавно место, затоа што моментално ќе ве остави.

Лав

Лавицата најмногу ќе ве измачи. По многубројните обиди може ништо да не добиете и да направите будала од себе. Кај нив важи правилото дека вие вложувате - тие добиваат, а не обратно. Што значи, флертот започнува со комплименти кон нејзината убавина. Потоа, откако таа ќе ве измери од глава до пети, ќе ви каже каква проценка донела. Ако ја добиете, ќе уживате во маратонски секс.

Девица

За Девицата ќе ви треба најголемо трпение. Пронајдете начин како да ја држите заинтересирана, а да не глумите недостижен. И уште нешто - морате строго да водите сметка околу хигиената и да не ви падне на памет да ја допрете ако претходно не сте се истуширале. Девиците сакаат чист секс, па затоа мали се шансите дека ќе ви ги исполнат еротските фантазии.

zenskite-horoskopski-znaci-vo-krevet-zenata-strelec-saka-div-seks-a-ribite-dolga-predigra-02

Вага

Вагата сака додворување, подароци, скапи ресторани. Ќе се согласи на секс без проблем, но не сметајте дека ќе добиете еротски игри во кои со неа можете да бидете груби или перверзни. Нема да бара од вас некоја длабока врска, но сака кога се чувствува почитувано и разгалено, дури и во креветот.

Скорпија

Внимавајте! Кога се работи за секс со Скорпија, бидете подготвени да го дадете својот максимум. Тие се жените кои сакаат да се расправаат, па потоа да ви се одолжат во кревет. Нив ги возбудуваат драматични ситуации, па доколку сте нежен и внимателен, шансите ви се речиси невозможни. Нема потреба од преговори и покани, жените Скорпии сами ќе ве одведат во кревет, само треба да сакаат.

Стрелец

Жената Стрелец сака див секс, ризик и невозможни ситуации. Кај неа предизвик е она што за сите други жени е незамисливо. Со неа можете отворено да разговарате за сексот, и ако сака да ужива едноставно ќе ви каже: „Ајде!“ Лесно ќе се согласи на водење љубов во парк, на јавно место, лифт, во било кое време.

Јарец

Жените родени во овој знак бараат заштита и наклонетост исклучиво кон нив, како во животот, така и во сексот. Срамежливи се, но кога малку ќе ја охрабрите и ќе ја заслужите нејзината доверба - патот до спалната соба ви е загарантиран. Задолжително исполнувајте и ги желбите во креветот, затоа што тоа е единствениот начин да ви ја возврати „услугата.“

Водолија

Водолиите сакаат да им пријдете на необичен и оригинален начин. Таа точно знае што сака, а во креветот веднаш презема инцијатива. Кај неа нема длабоки емоции, сè е забава. Најдобро е да го побарате она што го сакате, директно и без срам, ако сакате истото да го добиете. Но, не се чудете ако имате непристојна понуда проследена со секси помагала и играчки.

Риби

Жените Риби се претерано чувствителни, па токму затоа сакаат долга предигра. Со неа никогаш не знаете што ве чека, но сексот никогаш нема да биде досаден. Бидејќи по природа сакаат да фантазираат, замислете колку креативни можат да бидат и во креветот. Ако го пронајдете вистинскиот начин, од неа ќе добиете буквално сè, вклучувајќи ја и вашата најголема еротска желба.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3940414243 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,531 секунди.