|
Места кои мора да ги посетите |
Внеси реплика | страница <1 23456 15> |
Автор | |||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
10- те туристички бисери2010-та ги одбројува своите последни денови, а Новата година веќе ветувачки ни се насмевнува, па “to do“ листата за 2011. постепено започнува да се пополнува. Затоа, престижниот туристички водич Lonely Planet состави листа на 10 градови кои би требало да ги посетите во годината што следи. Пред да ви го пренесеме изборот на Lonely Planet може да се спомне и дека на нивниот список не се најдоа “извикани“ туристички дестинации како Париз, Рим и слични, туку и градови кои до пред неколку години беа туристички непривлечни. 1. Њујорк, САД - Големото јаболко, 10 години подоцна Од 11. септември 2001. година на местото на некогашниот Светски трговски центар остана само болен потсетник на терористичкиот напад и илјадниците жртви. Но, оваа година тоа ќе се промени, затоа што бившиот Светски трговски центар ќе се отвори за посетителите како Меморијален центар 11. септември. На пошуменото тло, осветлено навечер, ќе се наоѓаат фонтани кои ќе потсетуваат на некогашните кули, а истакнати ќе бидат и имињата на сите недолжни жртви. Тоа ќе биде еден од најважните настани за Њујорк кој вреди да се посведочи, како и спуштањето на новогодишната топка на Тајмс Сквер. 2. Тангиер, Мароко - Белиот град Поради извонредната положба на северозападниот р'т на Африка, мароканскиот Тангиер гледа во две насоки - едната е свртена кон Шпанија и Европа, а другата кон Африка. Сепак, значително се разликува од местата во неговата околина. “Белиот град“, со своите бели градби отсекогаш имал стратешка важност, но до неодамна, во туристички смисол, беше познат како запуштен, валкан и опасен. Сепак, со новата градска власт, плажите се чисти, улиците безбедни, а таксистите пристојни. “Нашминканиот“ Тангиер е создаден како место на уметници, средени згради, одличен шопинг и нови ресторани. 3. Тел Авив, Израел - Син Сити Тел Авив е целосна спротивност на Ерусалин - модерен Син Сити наспроти светото место на брдото. Изгледа дека хедонизмот и декаденцијата да е единственото заедничко религиски убедување на жителите. Сепак, под таквата површина, Тел Авив е медитеранското средиште на 21. век. Како најголем меѓународен град во Израел, дом на голема геј заедница, своевиден Сан Франциско на 21. век. Благодарение на универзитетите и музеите, градот е расадник на растечката израелска уметничка сцена. 4. Велингтон, Нов Зеланд - Опуштено, гурманско уживање Велингтон е опуштен град со повеќе барови, кафулиња и ресторани по глава на жител отколку Њујорк. Воедно е и место со мноштво на гурмански содржини, вклучувајќи и десетината самостојни пржилници на кафе. Жителите се пак скромни и велат дека ако нешто работат, сакаат тоа да биде сработено како што треба. Во текот на целата година новозеландската метропола е полна со уметност и културни доживувања. Тука е и филмската индустрија Веливуд, сместена на полуостровот Мирмар, која цвета благодарение на успехот на сер Питер Џексон. Се на се, локалните жители го сакаат тој град, а таа емоција лесно ја превземаат и туристите. 5. Валенсија, Шпанија - Средновековната престолнина повторно блеска Задржувајќи го својот провинциски шарм, третиот шпански град по големина е сега место на меѓународна “гужва“. Освен што е домаќин на престижната едриличарска трка America's Cup и на Формула 1, Валенсија е прогласена и за европска престолнина на спортот за 2011. година. Тука е и средновековната ложа Ла Лонха од 15. век која потсетува на времињата кога Валенисија владеела со Медитаранот. Пола милениум подоцна градот на уметноста и науката, како што го замислил славниот шпански архитект Сантијаго Калатвара, влегува во ерата на нов сјај. 6. Икуитос, Перу - Скапоценост во срцето на џунглата Овој град е најновиот туристички бум. Посетителите може да ја истражуваат амазонската прашума, но и самото шетање низ Икуитос е доволно импресивно. Во главниот град на перуанската џунгла од клубовите ечат звуците на рокот и салсата до раните утрински часови, но градот е и културен центар. Во Икуитос може да се најдат делата на најдобрите перуански уметници, раскошни палати и музеи. Воедно е и трговски центар за локалните племиња од прашумата, што го прави уште по жив и интересен. 7. Гент, Белгија - Сокриено богатство Гент би можел да биде еден од најдобрите еверопски градови кои веројатно не сте планирале да го посетите. Освен што се наоѓа во земјата со најмала криминална стапка на светот, тоа е и еден од најубавите европски речни градови во кои доминираат стари градби. Воедно, Гент има една од најживите фестивалски сцени. 8. Делхи, Индија - Препородената метропола слави 100 години Делхи со векови не изгледал толку добро и привлечно. Подготовките за Комонвелт игрите, одржани во октомври 2010., ја подобриле градската инфраструктура, ги очистиле неговите улици и ги зголемиле сместувачките капацитети. Освен подобрените спортски содржини, Делхи може да се пофали и со нова, подземна железница во која превозот е значително поудобен отколку во хаосот на улицата. Причина за посета на овој град е и прославата на стотата годишница на Њу Делхи, главниот град на Индија, кој како самостојна градска целина е основан во 1911. година. 9. Њукасл, Австралија - Австралискиот Монмартр Најголемиот дел од минатиот век, Њукасл бил средиште на челичарите со чие затворање во 1999. година на луѓето им е нанесен тежок економски удар. Но, неговите жители се покажале како снаодливи, а ефтините животни услови одлучиле да ги искористат многу уметници. Така, Њукесл станал град со најголем број на уметници по глава на жител во Австралија, се отвориле нови галерии, а бројни деловни згради во центарот биле завземени од фотографи, модни дизајнери и дигитални уметници. Затоа, обновениот Њукасл денес е единствен спој на фантазија, софистицираност и сурферска култура. 10. Чанг Маи, Тајланд - сјајот на минатото И покрај годините, овој град го зачувал својот боемски шмек. Всушност, поинтересен и попривлечен е од било кога. Културната престолнина на Тајланд, некогаш бил центар на кралевството на Ланите, а денес го посетуваат оние кои сакаат да побегнат од буката на Банког и да уживаат во посебната атмосфера. Покрај пријателското, космополитско чувство што го нуди, ова место е и едноставно и сигурно за истражување. Може да се пофали и со неколку одлично зачувани храмови. Па, и да не може да си го дозволите патување до некоја од наведените дестинации сега, во духот на новогодишните и божиќни празници, нека не ве напушта надежта за некои подобри времиња во кои и таквите патувања ќе станат реалност. На крајот од краиштата, фантазијата е бесплатна и нема граници. :) |
|||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|||
FeaR
Сениор False Evidence Appearing Real Регистриран: 15.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 5307 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
mesta koi morate da gi posetite vo Makedonija....
koleskite vodopadi- strumica heraklea stobi markovite kuli i uste golem broj na ubavi mesta vo makedonija... vo 3D format |
|||
"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика
|
|||
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
gore na mesecinata
|
|||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
.....toa e tipichen dokaz deka za nekoj banalnoto, ... za nekoj drug pa e, i te kako ...interesno,..i toa vo svetski ramki!
...taka i so ohrid,...ne deka e stvarno kojznae shto , ama sepak e...za onie shto cela godina ziveat i rabotat vo betonski djungli... kakvi shto ima vo zapadniot svet.
,...chii gragjani se i najgolemite "potroshuvachi" na svetskiot turizam.
...a i tie ete,..se potepaa da dojdat na gosti kaj ...oridjanite!
|
|||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
јас би ги сменила веднаш со Бразил ( штета што не ни е сосед )
а од поблискиве слободно би ги заменила со Хрватска или Словенија...
|
|||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
...menjam dve destinacii,...albanija i bugarija za,...edna ...nekade vo tihiot okean,...ili japonija,...vo kraen sluchaj!
|
|||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
и мене ме изненади топ листава, посебно со изборот на двеве балкански земји... на прво место албанија
|
|||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
" Од влегувањето во ЕУ, Бугарија стана неверојатно популарна за странските туристи. "
....ma shto znaat pa tie?!
.....tuku, ete i najobichnite makedoncite, mozat da bidat globtroteri,....duri na dve svetski turistichjki destinacii mozat da trknat,..."k'o od shale"!
...bravo za makedoncite!
|
|||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Топ 10 земји за 2011 година
Се мислите каде би оделе на одмор следната година? Најпознатиот светски туристички водич Lonely Planet објави листа на 10 земји кои мора да се посетат во 2011 година. Критериумот по кој се избрани земјите се темели на локација, атрактивност и возбуда, како и на цена. Иако важи за многу скапа земја, Јапонија едноставно е прекрасна. Било да преферирате природа, извонредни модерни згради, или пак историско наследство, Јапонија е ИН дестинација. Оваа земја од посетителите често е нарекувана user-friendly заради исклучително пријателското и гостопримливо население. Токио, Фуџи, самураи, гејши, суши, сумо... набројувањето нема крај. Огромна концентрација на интересни знаменитости и обичаи на едно место. Оваа блискоисточна земја е поделена на неколку региони – тесни крајбрежни низини, планински зони (Nusayriya на север и Anti-Libanon на југ) и висорамнини со малку врнежи во годината и ретка вегетација. Симбол на земјата е познатата река Еуфрат која не е пловна, но е исклучително популарна меѓу туристите. Пред да ја посетат оваа земја, голем дел од нив не знаат дека во Сирија може да се ужива во умерената клима на крајбрежјето (со суви лета и влажни зими), во пустинска клима во внатрешноста, како и во планинска, на највисоките врвови. За оние кои се желни за културно истражување, во Дамаск се наоѓа Национален музеј кој содржи бројни изложби од азиска, грчка, римска, византиска и исламска уметност. Исто така, во главниот град се наоѓа најголемата библиотека во светот, со повеќе од 150 000 наслови. Сирија е дефинитивно една од историски и географски најинтересните туристички дестинации во светот. Танзанија е земја на големи чуда, како што се Серенгети, Нгоронгоро, Килиманџаро, Занзибар... Освен тоа, Танзанија има многу резервати полни со егзотични африкански животни. Накратко речено, во Танзанија е обединето сето она што го нуди Африка, од прекрасни зајдисонца на реката Руфиџи, преполна со нилски коњи и крокодили, до предели населени со ретките и популарни црвени мајмуни, црни носорози и други ретки видови на животни. Славното Викториево езеро исто така се наоѓа во оваа земја. Без оглед дали сте за планинарење, пловење или пешачење – Танзанија нуди за секого по нешто. Што уште треба да се каже за Италија што не е кажано до сега? Единствена, историска, гурманска, забавна светска туристичка дестинација. Италија е прогласена за земја со најголем број на заштитени споменици од светското културно наследство од страна на UNESCO. Од популарни скијачки и гурмански центри на север, до медитерански градови на југ, Италија нуди разновидни прекрасни искуства. Без разлика дали барате одмор на волшебните лозарски ридови на Тоскана, каналите на Венеција, античките улици на Рим, историски места низ земјата или на песочните крајбрежја, сето тоа може да го доживеете во извонредната Италија. За оние кои бараат автентично искуство, Ванутау е вистинскиот избор. Оваа островска држава која се наоѓа во Тихиот океан содржи тропски шуми со просечна годишна темпераура од 25 степени, многубројни водопади, лагуни и мали домородни села. Бугарија отсекогаш имала што да им понуди на нејзините посетители, од големите градови преполни со содржини, планинските врвови покриени со снег, Црното море и историските градови кои се наоѓаат по неговото крајбрежје, па до природата полна со водени текови. Бугарија е една од најбогатите земји со питка вода во светот. Од влегувањето во ЕУ, Бугарија стана неверојатно популарна за странските туристи. Голема улога тука играат и финансиски пристапните зимски одморалишта и скијачки терени. Неистражените заливи на Црното море и завидната винска индустрија уште повеќе ја нагласуваат атрактивноста на оваа земја. Економската криза ѝ даде совршен повод на Панама да преземе радикални мерки во економската стратегија, па оттаму и мерки за подобрување на туризмот. По неконтролираното градење и бетонизација, кои само рецесијата успеа да ги прекине, Панама конечно се одлучи да ја врати автентичноста. Локални фестивали, атрактивно истражување на џунглата, пикници на песок... сето тоа ѝ ја враќа на Панама нејзината вистинска природа. Стратегијата на главниот град Панама Сити е да се прошири зеленилото и да се врати природниот изглед на градот. Иако климатските промени лошо влијаеја на некои од скапоцените животински видови, како на пример златните жаби, Панама сепак, според многумина, го поседува најубавото место на Земјата - Darien Gap, кое и понатаму привлекува многу љубопитни туристи, желни за вистински авантури. Архипелагот на Cape Verde е најновиот хит меѓу европските туристи кои за време на зимските студови избираат топли дестинации. Фантастичната природа, како создадена за одмор и уживање е, сликовито кажано, единствена мешавина на егзотичните Кариби и мистичната Африка. Вулканските планини во облаците, разните водени спортови, егзотичните фестивали, долгите песочни плажи и пред сè, сончевите денови во текот на целата година, го ставија овој архипелаг на светската туристичка мапа. Традиционално атрактивниот Бразили оваа година е на самиот врв според препораките на угледните туристички водичи. Самба, карневали, неверојатно згодни жени и умерена клима се само некои од карактеристиките на оваа прекрасна земја. Бразил привлече уште поголемо внимани на туристите освојувајќи го домаќинството за Светското фудбалско првенство за 2014 година, како и Летните олимписки игри за 2016 година. Доверувајќи му ги врвните спортски настани на Бразил, спортските институции наредија да се зголемат мерките за безбедност на туристите, што досега претставуваше болна точка на Бразил. Со оглед на претходното, разновидноста на туристичките понуди во Бразил расте од ден на ден. Во тек се проекти чија вредност се брои во милијарди. Интензивно се размислува и за градење на брза железница на релација Рио – Сао Паоло. И покрај јачината на бразилската валута, Бразил е и тоа како исплатлива дестинација, бидејќи заради брзиот пораст на слободните хотелски соби, нивните цени паѓаат, а со тоа се зголемува туристичката популарност. Можеби за некои претставува големо изненадување, но светскиот туристички водич ја рангираше Албанија на прво место, како дестинација што никако не смее да се пропушти во 2011 година. Иако до неодамна владееше стереотип дека земјите од Балканот се само за “храбри” туристи, токму неистраженоста и скриената убавина е она што ја издигнаа Албанија над сите останати дестинации. Исклучително културно наследство, песочни плажи, азурно море, пријателски и гостопримливи домаќини, домашна кујна, ноќен живот и пристапни цени се адутите кои ја држат Албанија на првото место на оваа престижна листа на најпосакувани земји во |
|||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Изменето од емил - 28.Јули.2010 во 14:10 |
|||
ANITA11
Сениор Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 21488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ne,...taman sme..spremni za....vamu :
waikiki island, hawai Изменето од brza - 10.Јули.2010 во 12:50 |
|||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
dobar izbor!
...mozebi i tamu ke te...teleportiram! |
|||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||
Феникс
Сениор http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46 Регистриран: 12.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 8143 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
|
|||
Внеси реплика | страница <1 23456 15> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |