![]() |
|
Струмички карневал |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 23456 10> |
Автор | ||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Историја на Струмичкиот Карневал ![]()
Карневалот во Струмица е еден од најзначајните обичаи и традиции од
таков вид во Републиката, кој отишол можеби најдалеку во својата
трансформација од сите традиционални игри под маски, како по времето на
одржување така и по својата цел и функција.
Струмичкиот карневал се одржува традиционално секоја година во рамките
на тримерските денови, односно на почетокот на големиот Велигденски
пост, а и самото име к а р н е в а л , од римското c a r n e – месо и v a
l i – збогум, односно збогум месо ни асоцира на почеток на пост, а во
овој случај тоа е Велигденскиот пост. Почетокот на постот односно првите
три дена се наречени тримерски денови и тие секогаш започнуваат од
недела вечерта на Прочка и траат до среда, а во нивни рамки односно во
вторникот вечерта е традиционалната карневалска вечер, кога маскирани
групи шетаат низ градот и одат по куќите каде што има верени, армасани
девојки и каде што остануваат до раните утрински часови. Меѓутоа што се
однесува до поврзаноста на карневалот со тримерските денови, треба да се
направи реска дистинкција, односно треба да напоменеме дека нивната
поврзаност е само временска т.е. тие временски се совпаѓаат, но не и
суштински , бидејки по својата суштина тримерите се еден христијански
обичај, додека карневалот претставува остаток од еден култ од паганско
време.
Тука се и музичките реквизити, односно музичките инструменти,
гитарата, армониката, дајрето, кои секоја маскирана група што оди по
куќите на армасаните девојки ги носи, на кои се свири и кои се неопходни
за стварање на една општа веселба и расположение . Преку шаренилото од бои, фигури и маски со различни мотиви и теми, се настојува да се покаже вечна борба односно дуализам и антагонизам меѓу доброто и злото, реализмот и сарказмот, иронијата, сатирата и традицијата, полтронството и кариеризмот, власта и безвластието и сето тоа проследено со една голема живост и динамика карактеристична на струмичани, кои се исто познати и како големи љубовџии, а во целата таа церемонија подеднакво учествуваат, односно се вклучени сите структури, социјална, старосна и полова структура на учесниците . Маските се по избор на самите учесници . Секој учесник си избира своја тема и, идеја за маскирање, додека кај групните тоа е заедничка идеја на целата група. Маските ги изработуваат самите учесници и многу ретко се појавуваат готови фабрички маски . Спремањето односно изработката започнува многу порано, обично 2-3 месеци, па и повеќе пред самиот карневал . Од видовите на маски најзастапени се антропоморфните а се среќаваат и зооморфни и зооантропоморфни маски. Во овие денови целиот град живее со и за карневалот. Тоа е голем настан во кој се вклучени повеќе стотици маскирани луѓе по улиците на градот, како и неколку илјади посетители од Струмица а во последно време и од другите градови во Републиката, па и од странство, кои ја гледаат оваа многу атрактивна и прекрасна традиција. Така бројот на учесниците во карневалот, како и посетителите од година во година почна енормно да се зголемува.
Како што споменавм порано, времето на одржување на карневалот е во
рамките на тримерските денови, односно на почетокот на големиот
Велигденски пост . |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Струмичките советници од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ обединети под карневалските маски![]()
Ја
оставија политиката на страна, ги навлекоа маските и ќе се забавуваат.
За прв пат струмичкиот совет организирано под заедничка маска ќе
настапи на маскенбалот. Возрасни и млади, сите заедно ќе покажат дека
карневалот е подеднакво важен за секој струмичанец.
- Пораката е дека сите советници сме обединети и дека успешно функционираме, вели Ване Митушев, советник од ВМРО- ДПМНЕ. Модерни Клеопатри и римски војници. струмичкиот совет ќе ја претстави последната египетска владетелка и периодот на римското освојување на земјата на пирамидите. - За прв пат вложуваме толку труд и креативност, зашто поранешните совети биле на маскенбалот, но не се маскирале, рече Бранко Бенинов, советник од СДСМ. - Понежниот пол сме современи Клеопатри, се уште ги доработуваме маските, вели Верица Узунова, советник од СДСМ. Дваесетина советници ќе бидат дел од големиот бал под маски што ќе го означи почетокот на карневалските денови во Струмица. Тука во кристалната сала на хотелот Сириус ќе продефилираат петстотини учесници од Струмица, но и од околните градови и странство. Меѓу присутните ќе се изберат и новите принц и принцеза, кои традиционално ја отвараат главната карневалска парада. Струмица годинава очекува околу 60 илјади гости. Сите угостителски објекти се зафатени до последно место. Поради недостаток на сместувачки капацитети, дел од учесниците и гостите на карневалот, се сместуваат во хотелите во околните градови Радовиш, Гевгелија и Дојран. Сузана Мицева |
||
![]() |
||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Има уште време за пријавување ![]() Објавени деталните правила за струмичкиот карневал
Организатор на Струмичкиот карневал е Одборот за организација на Струмичкиот карневал кој е орган на Советот на општина Струмица, и се избира од Советот со мандат од четири години. Покровител на карневалот е Градоначалникот на општина Струмица. Техничката организација е помогната и од културните институции.
Група со над 50 учесника Група со над 20 учесника
|
||
![]() |
||
zabegan ![]() Модератор ![]() ![]() Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
|
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Незнам само кај ќе мине сега поворката, се надевам нема да е во новоизграденит тунел после тоа што се лучи во Дуизбург на љубовната парада добро би било тунелите да се избегнуват кога има масовни собири. Освен тоа носивоста на плочата која е над тунелот ми е малце сумлива.
|
||
![]() |
||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Подготовките за Струмичкиот карневал се во тек ![]()
|
||
![]() |
||
Mindy ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14599 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Не сум сигурна но мислам дека годинава струмичкиот карневал ќе се одржи на 8 ми Март
Доколку бидам во Македонија тој период , ќе гледам да го посетам карневалот, ако не , ќе оставам за во друга прилика ![]() |
||
![]() |
||
sneska_v ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Strumicki Karneval:
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
![]() |
||
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
И ми коња за трку имамо
![]() Убаво да се прочита ![]() Меѓународниот струмички карневал прогласен за најдобар во Европа |
||
![]() |
||
dimigor ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 02.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 102 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Многу ми е криво што не бев оваа година.Еднаш нема да отидам и ќе заврне
![]() Карневал во Струмица - Време за под маски |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Карневалот е во секој случај вреден да се посети... |
||
![]() |
||
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Игнорираа политичарите, не државата, затоа што државата сме сите ние- народот. А бога ми оаа манифестација од година во година станува помасовна и по посетена. Син ми и неговото друштво се вратија воодушевени ![]() Здравје боже догодина одиме сите, па ако треба и со автобуси, организирано ![]() |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Фотографии од карневалот http://www.strumickikarneval.com/foto/index.php
Изменето од kultuzin - 21.Февруари.2010 во 19:40 |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Модератор ![]() ![]() Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
моја грешка лилице, не знаев
|
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 23456 10> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |