IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 56>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2016 во 08:46

КОЦКИ СО БЕЛО ЧОКОЛАДО

3

Денес ви претставуваме еден едноставен рецепт за колачи со прегорен путер и бело чоколадо кои се прават лесно и за многу кратко време, а се навистина вкусни.

Состојки:

– 150 гр. путер

– 1 чаша кафеав шеќер

– 1 јајце

– 1 лажица екстракт од ванила

– 1 чаша брашно

– 1/4 лажичка сол

– 100 гр. бело чоколадо (сецкано)

– 1/2 чаша путер од кикирики

White-Chocolate3Подготовка:

Во еден сад стопете го путерот. Кога ќе почне да добива кафена боја и се појават меурчиња тргнете го настрана.

Додадете го шеќерот и мешајте додека смесата не се комбинира убаво, а потоа додадете ги и јајцето, ванилата и повторно промешајте.

На оваа смесата додадете ги брашното и солта. Убаво измешајте. На крај додадете го и сецканото чоколадо.

Смесата ставете ја во плех за печење и одозгора премачкајте ја со путерот од кикирики.

Печете ја 15 до 20 минути на 150°C, а потоа исечете ја на коцки.

Доколку сакате кога ќе се изладат пропрскате ги коцките со бело чоколадо.

White-Chocolate-5

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2016 во 15:32
МАГИЈАТА НА ЧОКОЛАДНИОТ КУГЛОФ: БОГАТ ВКУС, ЛЕСНА ПОДГОТОВКА!

Жителите на Алзас го смислиле куглофот како посебен колач во облик на турбан, во чест на Светите три кралеви, вели легендата.

Обврзно пробајте го овој богат рецепт, и тоа споделете го само со посебни гости.

Потребни состојки:

 3 јајца
 250 гр маргарин
 250 гр шеќер
 1 кесичка ванилин шеќер
 250 гр меко брашно
 ½ лажичка прашок за пециво
 5 лажици млеко
 250 гр ореви
 100 гр чоколадо за готвење

Подготовка:


Сматете го маргаринот со шеќерот, ванилиниот шеќер и јајцата. Брашното измешајте го со прашокот за пециво, па измешајте со смесата, додавајќи го млекото. Додадете ги и мелените ореви и растопеното чоколадо. Смесата сипете ја во подмачкан калап за куглоф и печете на температура од 180 степени Целзиусови, околу 60 минути.


Уживајте!


Изменето од Valerija - 25.Мај.2018 во 21:50
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2016 во 15:55

ЧОКОЛАДНА ТОРТА СО ЈАГОДИ

1

Состојки

  • 8 јајца
  • 265 г шеќер
  • 265 г Екстра бело брашно од Жито Лукс
  • 265 г путер
  • 100 г какао
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 1 лажичка ванилин шеќер

За сируп: 

  • 200 г јагоди
  • 100 г шеќер
  • 2 дл вода

За фил:

  • 200 г коцки чоколадо
  • 4 дл шлаг
  • 50 г шеќер

За декорација:

  • ронки од чоколадо
  • јагоди
  • малини
  • боровници
  • какао прав

Начин за подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Одберете две еднакви тави, намачкајте ги со путер и наросете брашно. Мешајте ги путерот и шеќерот сè додека добро не се соединат. Додадете ги жолчките, млекото и ванилиниот шеќер и повторно добро промешајте. Во нов сад мешајте ги белките се додека не се направи густа бела пена, а потоа додете ги во веќе направената смеса. Смесата поделете ја во тавите и ставете ја во претходно загреаната рерна да се пече од 25 до 30 минути и потоа оставете ја да се излади.

За сирупот:

Ставете ги јагодите, шеќерот и водата во тава и оставете ги да вријат 10 минути, потоа исцедете го сирупот и оставете да се излади.

За филот:

Стопете ги чоколадото и 2 децилитри од шлагот заедно на пареа и добро промешајте ги. Добро измешајте ги преостанатиот шлаг и шеќерот.

Откако сите состојки се подготвени, се започнува со редење на тортата. На тацна, ставете еден дел од испеченото тесто и прелијте го со сирупот. Потоа премачкајте го тестото со филот од чоколадо. Ставете го другиот дел од тестото одозгора и додајте го преостанатиот сируп. Премачкајте ја целата торта со шлаг и наросете ги ронките чоколадо и какаото во прав. Декорирајте дополнително со јагоди, малини и боровници. Оставете ја тортата да се излади околу половина час, оставајки простор да го впие сирупот со што подолго ќе остане мека и сочна.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2016 во 08:15
Торта со цимет

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

300гр. Екстра бело брашно

65гр. путер

100гр. шеќер во прав

1 лажичка ванила екстракт

1 јајце, на собна температура

прашок за пециво

150мл. млеко

Прелив: 3 лажици растопен путер

1/2 лажичка мелен цимет

3 лажички шеќер во прав

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте едно округло тавче (20 см) со малку масло и обложете го со хартија за печење.

Со миксер изматате го путерот со шеќер и ванила. Додадете го јајцето и добро изматете ја смесата. Префрлете ја смесата во поголем сад и додадете го брашното и млекото и добро измешајте за да добиете рамногмерна смеса.

Префрлете го тестото во подготвеното тавче. Печете ја тортата 35 минути. Оставете ја да одстои во тавчето 10 минути пред да ја извадите во чинија за послужување.

Додека е сеуште топла, премачкајте ја тортата со растопен путер. Измешајте ги циметот и шеќерот и посолете ги врз тортата.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2016 во 18:06

Чоколадна гнездо торта

Потребни состојки за оваа торта се:

  • 100 гр млечно чоколадо
  • 300 мл хопла
  • 200 гр крем сирење
  • 1 лажица шеќер во прав
  • 175 гр мини чоколадни јајца

За основата:

  • 6 белки
  • 180 грама шеќер
  • 165 гр шеќер во прав
  • 1 лажица какао

Начин на подготовка: 

Пред да започнете да ги матите состојките за основата, земете лист хартија за печење и на неа исцртајте круг со дијаметар од 20 см. Потоа свртете ја хартијата од обратната страна, за линијата од кругот да не се исцрта на основата. Загрејте ја рерната на 120 степени.

Со помош на електрична маталка изматете ги белките, шеќерот и прстофат сол додека не добиете убава пена која прави остри врвови на маталките од миксерот. Откако ќе го направите тоа додавајте го шеќерот во прав и полека мешајте додека не добиете изедначена смеса. Матете уште 3 минути, за да на крај го додадете какаото. 

Оваа смеса истурете ја на хартијата за печење така што ќе формирате гнездо со дупка во средната. Печете час до час и половина или додека целувката не започна да пука. Исклучете ја рерната и оставете ја подотворена додека гнездото убаво не се излади. 

Во меѓувреме од чоколадото направете украси така што со помош на нож ќе изделкате мали бранови. 

Во друг сад со миксер изматете ги хоплата, сирењето и шеќерот во прав. Потоа кремот ставете го во средината на изладеното гнездо и украсете со мини јајцата и чоколадните декорации. Доколку сакате за крај може да наросите малку шеќер во прав.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2016 во 14:04
САМО 10 МИНУТИ И ЧЕТИРИ СОСТОЈКИ – И ЌЕ ДОБИЕТЕ СОВРШЕНА ЧОКОЛАДНА ТОРТА!

Ако ви се јаде торта, а имате на располагање само десетина минути и само овие четири состојки, сепак ќе може да ги задоволите своите желби.

Потребни состојки:

 4 јајца
 200 гр црно чоколадо
 100 гр путер
 изрендана кора од портокал

Стопете го чоколадото на пареа, а во посебен сад сматете ги јајцата и путерот. Полека додадете го изладеното стопено чоколадо во јајцата, мешајќи постојано. На крајот додадете ја изренданата кора од портокал, сипете во тавче и печете на 180 степени Целзиусови околу 20 до 25 минути.


Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:18
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2016 во 13:07

ТОРТА СО ЕУРОКРЕМ И ПУДИНГ

1

Состојки:

пандишпан:

7 лажици брашно

2 лажици какао

1 пециво

3 јајца

2 лажици гриз

5 лажици кокос

10 лажици млеко

5 лажици шеќер

100 гр ореви

прелив:

пола чоколадо за готвење

1 лажица масло

100 грама еурокрем

фил:

2 кесички пудинг од ванила

5 лажици шеќер

700 мл млеко

1 желатин

декорација:

шлаг крем од чоколадо

Подготовка:

1. Најпрво ги сечкаме оревите на мали парчиња, но не многу мали и не рендани за да се почувствува вкусот. Плехот со димензии 32 * 22 го обложуваме со хартија за печење и ги распоредуваме оревите .

2. Брашното, какаото и пецивото заедно ги просејуваме за да нема грутки во посебен сад. Ја вклучуваме рерната да се загрее на 200 степени.

3. Во сад за матење ги матиме белките, со постепено додавање на шеќерот. Откако шеќерот ќе се растопи ги додаваме и жолчките и не престануваме да матиме. Потоа ги додаваме гризот, млекото, кокосот, брашното, пецивото и какаото и матиме со миксер додека смесата не се соедини. Ја истураме во плехот над оревите (внимавајте оревите треба да останат од долната страна) и печеме во загреана рерна околу 15тина минути во зависност од рерната. Пандишпанот е готов кога ќе се оддели од краевите а може да проверите и со чечкалица.

4. Откако ќе се испечи го оставаме да се излади.

5. Додека се лади пандишпанот го подготвуваме преливот. На пареа го топиме чоколадото со маслото и кога ќе се стопи го додаваме еурокремот и мешаме со лажица да се соедини.

6. На пандишпанот му ја отстрануваме хартијата и го враќаме во плехот со долната страна нагоре ( оревите да дојдат горе). Од страните ставаме хартија за печење за да не се залепат коцките и да можеме подобро да ги исечиме. Целиот пандишпан го премачкуваме со преливот.

7. Желатинот го раствараме со малку ладна вода.
8. Пудинзите со 5 лажици шеќер ги вариме во 700 мл млеко. Откако ке се свари пудингот , ја исклучуваме ринглата и го додаваме набабрениот желатин и мешаме да се растопи. Додека е топол го истураме врз пандишпанот.
9. Шлаг кремот го приготвуваме според упатството на кесичката и го ставаме во готварски шприц.

10. Пред да ги сечеме коцките ја отстрануваме хартијата. Над секоја коцка ставаме од шлаг кремот. Доколку сакате можете и поинаку да ги украсите а и без шлаг крем пак убаво ќе изгледаат.




Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:18
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2016 во 08:47

Десертот може да биде здрав: Браунис со авокадо


Браунис колачите се вкусен десерт. Но, постои и поздрава верзија за да може да се ужива во нив без дополнителна грижа за тоа како десертот би влијаел врз фигурата или здравјето.

Авокадото во овој рецепт е всушност замена за путерот/маргаринот кој оригинално би го употребиле, а кокосовото брашно, замена за бело брашно. Нo,
што е сè потребно за да се направи?

Состојки:

  • 1 големо авокадо (зрело)
  • 120 грама пире од јаболки
  • 120 грама мед
  • 1 лажичка ванила екстракт
  • 3 големи јајца
  • 50 грама кокосово брашно
  • 40 грама какао
  • 1 прашок за пециво



Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.

Во поголем сад измискајте ја содржината од авокадото, пирето од јаболка, медот и ванила екстрактот.

Додадете ги јајцата едно по едно и мискајте додека смесата не стане хомогена. На крај додадете го кокосовото брашно, какаото и прашокот за пециво.



Промешајте добро и ставете ја смесата во намрсен плех или обложен со хартија за печење. Печете го на веќе загреаната рерна 25-30 минути. Оставете да се олади и исечете на коцки. Добар апетит

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2016 во 15:20

Колачи со брусница и бело чоколадо

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

за колачите: 300гр. екстра бело брашно тип 400 на Жито Лукс

1 1/2 лажичка прашак за пециво

110гр. путер

170гр. кафеав шеќер

2 јајца

1/2 лажичка екстракт од ванила

1 лажичка кора од портокал

1/4 лажичка сол

1/3 лажичка цимет

60гр. брусница крупно сецкана

110 гр. бело чоколадо крупно сецкано

за филот: 110гр. бело чоколадо

60гр. брусница крупно сецкана

250г. кремсирење

125гр. шеќер во прав

1 лажика екстракт од ванила

2 лажички кора од портокал

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте плех за печење со малку масло.

Во длабок сад расстопете го путерот во микробранова. Додадете го кафеавиот шеќер и мешајте додека да се растопи. Оставете го малку да се излади. Потоа додадете ги јајцата едно по едно.

Додадете ванила и кора од портокал во смесата.

Во посебен сад измешајте екстра белото брашно тип 400, прашок за пециво, сол и цимет. Постепено додавајте ја смесата со брашно во смесата од путер, шеќер и јајца. Додадете ја брусницата и белото чоколадо.

Смесата префрлете ја во подготвениот плех и распоредете ја рамномерно. Печете го колачот 20 минути. Кога колачот ќе се излади исечете го на триаголници (или друга форма по желба)

Во микробранова растопете бело чоколадо. Со миксер изматете го кремсирењето и шеќерот. Додадете ванила, 1 лажичка кора од портокал и половина од растопеното чоколадо.

Распоредете го преливот рамномерно врз колачите. Одозгора испрскајте ги со брусница и остатокот од кората од портокал. Декорирајте го остатокот од бело чоколадо и ставете ги во фрижидер за малку да се стегнат.

Послужете ги со кафе или чај. На здравје!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2016 во 08:21

Колач земјотрес – интересно име и уште поинтересен вкус


Колачот го добил своето име бидејќи состојките се мешаат слично како што се мешаат слоевите во Земјата за време на земјотрес.

Kolac-Zemjotres-interesno-ime-i-uste-pointeresen-vkus-01

Вистинскиот „земјотрес“ од вкусови и интересниот изглед се работите кои ќе ве натераат да го направите овој колач не само еднаш туку повеќепати. 

Потребни состојки:

  • 225g кокос
  • 110g сецкани ореви
  • 500g мешавина за лава колач
  • 3 јајца
  • 355ml вода
  • 118ml масло
  • 225ml маскарпоне
  • 170g путер
  • 455g шеќер во прав
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 225g темно чоколадо на ситни коцки


Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180°C. Премачкајте го плехот со димензии 9х13cm со путер.

2. Истурете го кокосот во плехот така што рамномерно ќе го распределите, а потоа додадете ги оревите.

3. Во поголем сад за матење, ставете ја смесата за лава колач, јајцата, водата и маслото и мешајте додека не добиете хомогена смеса.

4. Истурете ја смесата врз слојот кокос и ореви.

5. На средна температура стопете го путерот и маскарпонето и додадете го во сад заедно со шеќерот во прав и мешајте со рака или миксер додека не добиете хомогена смеса. Додадете го екстрактот од ванила.  

6. Додадете ја смесата со крем-сирење врз чоколадната смеса во плехот и потоа промешајте со нож.

7. Ставете одозгора парчиња темно чоколадо.

8. Печете 45-55 минути. 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2016 во 18:28

Чоколаден колач со вишни и павлака


Состојки:

6 јајца

140 г. шеќер

70 г. мелени ореви

50 г. мелени бисквити

50 г. путер

кесичка прашок за пециво

250 г. вишни (без семки)

2,5 дл. кисела павлака од Идеал Шипка

лажица какао

2 лажички ванилин шеќер

сок од пола лимон

5 мл. рум

Приготвување:

1. Добро изматете ги жочките со шеќерот, а потоа додадете чоколадо, ореви, какао и бисквити. Соединете, па измешајте во стопен путер, ванила, рум, сок од лимон и прашок за пециво.

2. Посебно изматете ги белките во цврст снег и лесно соединете ги со масата од жолчки.

3. Добиената смеса сипете ја подмачкана тепсија, а одозгора посипете ги вишните. Печете го колачот на 180 степени околу 45 минути.

4. Готовиот колач посипете го со шеќер во прав и по желба послужете го со павлака и прелејте го со стопено чоколадо.



Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:22
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2016 во 08:35

Рецепт за домашни Twix колачи


Љубителите на Twix чоколади од сега ќе може да уживаат и во овој рецепт за домашни колачиња со сличен вкус.

За колачите ќе ви бидат потребни следните состојки:

  • 250гр брашно
  • ¼ лажичка сол
  • 110гр путер
  • 65гр шеќер
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1шолја млечно или темно чоколадо (по избор)
  • Кесичка карамели + 2 лажици вода
  • Тwix чоколадо издробено на ситни парчиња

Начин на подготовка:

Во сад ставете го брашното и во него додадете ја солта. На страна со миксер убаво изматете го путерот и во него додадете ги шеќерот и ванилата. Во оваа смеса полека додавајте го брашното додека не добиете убаво и глатко тесто. Оставете го да отстои во фрижидер околу половина час.

Загрејте ја рерната на 175 степени, па потоа во плех ставете хартија за печење. Од изладеното тесто расукајте кора со дебелина од половина сантиметар. Со помош на кружен сечач за тесто или помала чаша извадете крукчиња. Ставете ги на хартијата за печење, а потоа во рерна. Печете од 10 до 12 минути. Кога ќе бидат печени оставете ги да се изладат.

Во два различни сада одделно растопете ги карамелите и чоколадото. Најпрвин земете колаче, врз него ставете карамела, па потоа чоколадо. Врз него ставете уште едно колаче и повторете ја постапката. Украсете со парчиња издробен Twix.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2016 во 08:13

Споделете го со саканите: Чоколаден колач со скриено изненадување


Интересен колач кој на прв поглед воопшто не изгледа поразличен од другите, но изненадувањето кое се крие внатре го прави идеален за Денот на вљубените.

iznenadete-gi-sakanite-so-kolac-so-skrieno-srce-01.jpg

Доколку сакате да го изненадите вашиот сакан или сакана со нешто навистина поразлично, овој рецепт ќе ви покаже како на едноставен начин да припремите вистинско слатко задоволство.

Потребни состојки:

За црвен колач:

  • 175g путер (омекнат)
  • 175g шеќер
  • 3 јајца
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 175g бело брашно
  • 1 прашок за печиво
  • малку сол
  • црвена прехранбена боја

За чоколаден колач:

  • 175g путер (омекнат)
  • 175g шеќер
  • 3 јајца
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 175g бело брашно
  • 1 прашок за печиво
  • малку сол
  • 170g темно чоколадо


Подготовка:

Постапката за правење на двата колачи е иста единственото нешто што се разликува е што во црвениот додавате црвена прехранбена боја, а во чоколадниот растопено чоколадо.

Прво се прави црвениот колач. Во поголем сад ставете го омекнатиот путер и шеќерот и мешајте со миксер додека смесата не се соедини. Потоа додадете го првото јајце и мешајте со миксерот. Откако јајцето ќе се соедини со путерот и шеќерот додадете го второто и повторете ја постапката. Исто и со третото јајце. На крајот додадете го екстрактот од ванила и убави измешајте.

Откако тестото ќе стане хомогено додадете го брашното и прашокот за печиво и малку сол. Со помош на шпатула убаво измешајте и додадете ја црвената прехранбена боја. Печете во калап измачкан со путер во рерна која претходно е загреана на 180 степени 40-45 минути или додека не забележите дека тортата е готова.

Додека црвената торта се излади подгответе ја чоколадната торта. Постапката е иста како за црвената со тоа што на крајот додавате топено чоколадо. Додека чоколадото се топи исечете ја црвената торта на прачиња од околу 1cm и со калап во форма на срце извадете по две срца од секое парче.

Кога чоколадото ќе се стопи додадете го во спремената смеса и убаво измешајте. Ставете една третина од чоколадната смеса во калап кој претходно сте го намачкале со путер и наредете ги црвените срца па врз нив турете го остатокот од чоколадната смеса. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени 40-45 минути.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2016 во 16:22

Брзо и едноставно: Чоколадна торта без јајца, млеко и путер


Во последно време сè почесто имаме можност да погледнеме брзи и едноставни рецепти кои употребуваат само две или три состојки или се подготвуваат во микробранова.

koga-nemate-nishto-po-doma-desert-bez-jajca-mleko-i-puter-01.jpg

На социјалните мрежи се појави еден нов невообичаен рецепт кој со сигурност ќе посакате да го пробате.

Идеален е тогаш кога се брзате, сакате да подготвите некој десерт, а немате ништо дома.

Овој рецепт не е направен од традиционалните состојки за подготовка на десерт, како јајца, млеко или путер.

Потребни состојки:

  • 1 - ½ шолја брашно
  • 3 лажици какао во прав
  • 1 шолја шеќер
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • ½ лажичка сол
  • 1 лажичка јаболков оцет
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 5 лажици сончогледово масло
  • 1 шолја вода


Подготовка:

Однапред загрејте ја рерната на 180 степени. Тавата за печење поминете ја со малку масло за да не се лепи колачот, сите состојки ставете ги заедно, измешајте ги и ставете ги да се печат.

koga-nemate-nishto-po-doma-desert-bez-jajca-mleko-i-puter-1.jpg

По 35 минути извадете ја тавата од рерна и уживајте во вашиот нов омилен десерт.



Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.