|
Инвестиции во Прилеп |
Внеси реплика | страница <1 234 |
Автор | ||
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Околу тоа за срамењето,немам Јас што да се срамам,НИЕ бевме тие кој го поставивме малдиот комуњар марјан за градоначалник и знаеме како и која свита ја собра околу него,како кради,како неговата најблиска фамилија од сопругата до сите ги офајди,а тука се и полтроните како ВАС.За партијата можам само да ти кажам кои беа во незе од оснивањето кои беа инфилтрирани и кои се сега младокомуњари во незе ,затоа можеби и го носите горенаведениот епитет. Во однос на растурањето на фабриките за времето на сдсм,тоа ти е непознаница,трансформацијата на фабриките од социјалистичко самоуправување во ганстерски капитализам е направено по закон од владата на Кљусев,поточно таткото на приватизацијата е Ченто Вељаноски кој Кој е Ченто Вељановски Човекот кој слободно може да се нарече таткото на македонската приватизација, е роден во Австралија во 1953 година, како дете на Гаврил Вељановски и Маргарет Вагенаар. Магистрирал на универзитет Монах, а докторирал на Оксфорд. Предавал на колеџот „Волфсон“ во Оксфорд, а бил и визитинг-професор на Универзитетот во Торонто, по што бил предавач на универзитетскиот колеџ во Лондон. Бил и советник во Пикок комитетот формиран од владата на Маргарет Тачер за финансирањето на ББЦ. Од 1991 до 1994 година беше ангажиран како економски советник на Република Македонија за спроведување на процесот на приватизација. Според списанието „Јуромани“, законот за приватизација беше „во средиштето на кризната програма“ на тогашната влада и сконцентриран на клучните 1.450 претпријатија во општествена сопственост, кои беа суштината на македонската економија. Силно се залагал за влез на странски капитал како и за потребата од брзо воведување странски банки како императив да се реализираат неговите планови за приватизација. Денешните властодршци да си ги запрашате што правеа тогаш,тие времиња ,беше друго ВМРО-ДПМНЕ. И на крај за наситката,добро ќе се вработите само вие,ќе уништите пак генерации,но видиш за тоа ќе платат вашите деца,затоа уживајте додека можете,а после ..така кругот ќе си продолжи. За да не отворам друг пост околу паркирањето и гробиштата,тоа е тема која е за дискусија,ако е празник ,како што велиш и би имало народ,ај сега ти размисли ако тој народ си плати по 60 денари,тогаш можи да го пуштите да биди гужва.Треба трезвеност да одговара за сите,а не само едни да се дембелат,за тоа се плаќа,ама со време. |
||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
||
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Прво срам да тие за навредите кои ги упатуваш ( тие навреди повеќе зборуваат за тебе отколку за Марјан) и дали е овчарска или селанска партија незнам но знам дека ГЕНТЕРМ ЌЕ ВРАБОТИ 2500 ЛИЦА ОНАА другата во МАРИОВО 1000 една друга таму прочитај 250 и БУЦИ ИН БУЦИ 100 тина ПРИЛЕПЧАНИ ФИЛИП И МОРИС ВЛЕГОА ВО ТУТУНСКИ ИТН ИТН ИТН. ЗНАЧИ ТОА Е ПЛУС ЗА ПРИЛЕП, А ОД ДРУГА СТРАНА КОГА СЕ ЗАТВОРАА ФАБРИКИТЕ БЕШЕ СДСМ НА ВЛАСТ ТОА Е МИНУС ЗА ПРИЛЕП. Е СЕГА АКО СИ ОД ТИЕ КОИ СЕ ОФАЈДИЈА ОД ТРАНЗИЦИЈАТА НОРМАЛНО Е ДЕКА ЌЕ ГИ БРАНИШ СДСМ... (добро е што сте само 2% од народот, токлу и ќе добиете на било кои наредни избори)
|
||
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
||
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кога се КРАДЕШЕ од народот и се земаа кредити за да се направат постројките за да работат сите беше друго време,некој од дискутантите тогаш биле во пелени или пак нивните родители ги носеле на Југо-НИВНО море да си шлапкаат и сакале и се колнеле во друга држава,а сега примаат само паушални прикаски од нивните вождови,кои имаат потекло баш од тие црвени времиња.
Сепак денешните пари кои ги дава оваа влада за некакви инвестиции се од КРЕДИТИ кои не знам кој ќе ги враќа,и сите тие инвестиции ЌЕ вработат ,ЌЕ се направат,секако во иднина,но и да се направат,оние од од овчарската партија ЌЕ се вработат и ќе работат за 8000 денари,а никој друг нема да се вработи,значи поделбата е од сега направена,но за тоа ќе си има понатаму последици,времето ќе си го каже тоа,па нели истото се случува ,а зошто,затоа што сите овие параспурџиски работи без реална основа се прават на стаклени нозе или поточно ги прават баш НАСЛЕДНИЦИТЕ на тие кои крадеа и жареа во минатите времиња,а кои сега ги плукате,како најголеми бранители на КЕСЕТО на грујо,во овој случај марјан профитерот и лажгото. За подетални информации кои се тие и што прават сега во овчарскта партија,можете да се информирате,во темата вмро-дпмне или сдсм,каде по список ќе видите кој и каде припаѓал политички. Ако го земеме тоа како кодекс за чест,веднаш ти станува јасно дека станува збор за АРАМИИ и нечесни луѓе, што ќе рече преваранти. Но за да не бегаме од инвестициите,подетално како тоа СТРАНЦИТЕ инвестираат и КОЛКУ МУ ПЛАЌА ОВАА ВЛАДА ДА ТИЕ ИНВЕСТИРААТ ,прочитајте во следниот опширен прилог http://prizma.birn.eu.com/мк/стории/xxx-евра-за-колку-ги-купивме-странските-инвеститори „XXX ЕВРА“: За колку ги „купивме“ странските инвеститори? |
||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
||
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
СЕКОЈ МОЖЕ ДА КАЖЕ СЕ ЗА СЕКОГО. И СЕКОЈ МОЖЕ ДА ГО СЛУША СЕКОЈ КОГО САКА. НО КОГА СЕ ПРАВАТ ВАКВИ РАБОТИ МОЖЕ КОЈ САКА ДА ЈАДЕ ШТО САКА А РЕЗУЛТАТИТЕ СЕ ГЛЕДААТ ЈАВНО. ЕДЕН БЕШЕ ПЕРИОДОТ КОГА СЕ ЗАТВОРАА ФАБРИКИТЕ ИЗГРАДЕНИ ОД НАРОДОТ, ( за тоа народот казнува,)А ДРУГ Е ПЕРИОДОТ КОГА СЕ НОСАТ ФАБРИКИ ЗА НАРОДОТ!!! ( за ова народот дава доверба на избори) РАЗЛИКА ИМА... АМА НА ОПОЗИЦИЈАТА НЕ И ОДГОВОАРА, А?
Договор за реализирање на инвестицијата на компанијата Гентерм во индустриската развојна зона Прилеп беше потпишан денес во Владата на Република Македонија.Компанијата ќе вработи околу 2.000 лица, а производствениот капацитет ќе се протега на 21.500 метри квадратни. Советникот за странски инвестиции во кабинетот на премиерот Никола Груевски, Алек Никовски, истакна дека оваа брзорастечка глобална компанија ќе отвори најсовремен погон во Прилеп, а инвестицијата е вредна 20 милиони евра. Директорот на компанијата Гентерм за Европа, Јорг Еверс, истакна дека по извршените анализи одлучиле дека Македонија е најдобар избор за нив за понатамошна изградба на нивните капацитети. -Се одлучивме за Македонија поради достапноста на работната сила, која е мошне добро едуцирана и поради добрите инвестициони можности кои ни ги овозможи Владата. Во производствениот капацитет во Прилеп ќе произведуваме појаси, клима уреди за автомобили, кои ќе ги продаваме на европскиот пазар. Производствениот капацитет во Прилеп ќе биде отворен во октомври, посочи Еверс. Директорот на дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо, потенцираше дека компанијата веќе работи на избор на менаџерски тим, кој ќе биде испратен на обука во Украина, каде Гентерм веќе има свој производствен капацитет. Компанијата Гентерм вработува околу 9.000 лица во сите свои капацитети, а производите се наменети за Ферари, Бентли, БМВ, Крајслер, Фиат и останати автомобилски компании. |
||
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
||
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во следните шест до девет месеци ќе се отворат 1.000 нови работни места за прилепчани и уште 1000 во текот на наредните три години. Ова во посета на Прилеп го изјави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески. Тој истакна дека е очигледно дека амбиентот за бизнис во Прилеп се подобрува бидејќи само последните неколку дена четири компании имаат најавено влез во индустриската зона Прилеп 1. Ставрески посочи дека можност за вработување прилепчани ќе имаат и во „Дрекселмаер“. - Имам добра вест за прилепчани – 500 до 600 работни места во „Дрекслемаер“ ќе бидат пополнети со кадар на луѓе од Прилеп. Тоа го договоривме на вчерашната средба со раководството на фабриката, со цел да се даде приоритет на луѓето од Прилеп, односно оние кои се невработени да најдат работно место во „Дрекселмаер“ – вели вицепремиерот Ставрески. Ставрески укажа дека Владата и понатаму останува отворена за нови инвестиции, како за странски така и за домашни инвеститори. На инвеститорите кои ќе отвараат нови работни места ќе им се дадат најповолните услови за инвестирање. На овој начин ќе се решава проблемот со невработеност на младите. Вицепремиерот ја поздрави инвестицијата на „Филип Морис“ во Тутунски комбинат „Прилеп“ и истакна дека со влезот на овој светски бренд во комбинатот значително ќе се подобри неговата состојба. -Со влезот на „Филип Морис“ во Тутунскиот комбинат од Прилеп имаме еден стабилен партнер кој ќе ја обезбеди стабилноста и ликвидноста на Тутунскиот комбинат, ќе се обезбеди поголем откуп на тутун и со тоа задржување на работните места и подобар резултат на Тутунскиот комбинат во иднина – додаде Ставрески. Изменето од Zdravko81 - 19.Декември.2014 во 10:38 |
||
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
||
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во Прилеп ќе се произведуваат греачи на седишта и волани за автомобили – нова инвестиција, нови 1.000 вработувања |
||
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
||
Внеси реплика | страница <1 234 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |