IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Македонски плати-македонски стандард
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонски плати-македонски стандард

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака Обратен редослед
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2012 во 21:59
Загоре, мора да се зезашсмеење

Во супермаркет гледам јајцата скокнале до 103 денари за пакување од 10. Инаку има и од 80 денари, ама дека не се расипани не ти гарантира никој. Баш правев муабет со еден пријател, вика место да земам 2 табли, оваа година само една. Ја платил 270 денари. 
Електричен шпорет освен ако не е стар 5 години, за 5000 нема и тако даље...ова само за да не помислат некои што не живеат во МК дека се е така ефтинома ајде
Твоите цени се ОК, ако си ставел долу со ситни букви (што никој не ги читаголема насмевка), цените се 30% од реалната вредност и во нив не е вклучен ДДВ од 18%задоволство



И конечно да се сложам во нешто со Zeksi.  Не е до мене, жими дождовне знам
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2012 во 21:11
Originally posted by Polar Bear Polar Bear напиша:

Но, пак врз основа на мојот живот во МК порано и контактите сега знам дека сите се жалат, но се фаќаат за маици од 1500 денари, скапи кондури, купуваат коли, одат на одмори во странство,  и се гнасат кога ќе ме видат со цвик од доларстор. 
Тоа ме наведува да мислам дека (скоро) сите во МК имаат некаков дополнителен извор на приходи. Знам за некои дека земаат хонорари, други работат на црно, трети рентаат станови, четврти се ушупени таму каде што се зема рушвет, на некои им се врати национализираниот имот па го грицкаат, некои садат пиперки или гледаат свињи, а некои пак имаат браќа и сестри во Америка... Се на се, некако равенката на приходи и расходи некако се балансира. Со повеќе или помалку мака, чесно или нечесно, сепак се балансира. Да не беше така, луѓето ќе умираа од глад и студ. А такви случаи не ми се познати.

кога бев летоска дома, бидејќи торбите ми ги изгубија по аеродроми, отидов низ ГТЦ да си купам нешто гардероба за носење, и ништо не си купив, зашто цените од безобразни по безобразни. не е дека не можам да си приуштам, ама толку пари да дадам не давам од принцип. не може цел трговски свет да става маржа 10-20 % а нашите да ставаат 200 %.
според мене најголемиот проблем во нискиот стандард во МК освен малите плати се и нереално високите цени кај трговците во 90 % од случаите.

пример во продавницата на Левис карши багат 501 фармерките чинат 100 евра, нормална цена во Канада им е 40 долара, а во Бостон УСА имам земено 2 пара за по 20 долара. Соодносот и на другите производи е исти.

нека објасни некој како е можно месото ( овде месо купувам на фарми по околината ), да ми биде поевтино овде него во МК. 

и за еден куп останати производи важи истото.

безобразлукот на трговците, нивната алчност, имаат голем ако не и најголем удел на нискиот стандард на народот во МК.

 
 


"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2012 во 10:58

...да нема заблуди,за сите оние ....ќе кажам надвор од РМ,се живее добро..солидно,за разлика од некои држави каде што се е скапо.Македонските плати се просечни и можеш да си дозволиш да бидеш задоволен...

Еве само за споредба,колку да знаат оние од надвор колку е ефтино кај нас...па вика:

просечна плата па и помала од просекот од 20 000 денари а со неа можеш да си испазаруваш за дома по овие цени...дадени во денари..

леб стандареден ................................25 

паштета 100г .....................................15

колбаси кг............................................120

урда солена или без сол......................80

риба кг.................................................120

месо пилешко батак кг........................90

месо свинско со или без коска.............200

салама кг..............................................130

кашкавал   кг........................................150

сирење кг.............................................120

компир кг..............................................15

јаболка.................................................15

јајца ком...............................................6

лимон кг................................................40

банани кг..............................................40

чоколада 100г......................................20

грав кг...................................................80

млеко л..................................................25

сол кг.....................................................10

пченка во зрно кг.................................15-20

пченица кг............................................15-20

сок газ.литар.........................................20-25

пиво 1л...............................................   60

вино 1л..................................................80-100

ракија л.................................................130-150

.................

кирија50-60м2 мес..............................4000-5000

елект.енерг месечно............................700

стан 50м2..............................................1 милион денари

куќа со плац..........................................900 000 денари

машина за перење................................9000

фрижидер .............................................8000-10000

телевизор фул.......................................12000

шпорет ел..............................................5000

бојлер.....................................................4000

компјутер.кпл.........................................10000-12000

светилка 60ват.......................................15

правосмукалка........................................1500

пегла.......................................................600

миксер.....................................................700

ел.косилка за трева................................2500

ел.брусилки.............................................800

ел.дупчалки.............................................700

алат за по дома кпл(клешти,одвртувачи,ножици,пили,секири све и свашта.............6000

..........

автомобил градски...................................80000

регистрација............................................8000

гуми за неа ком.........................................500

филтер воз.+масло...................................150-250

масло за мотор л.......................................100-120

гориво л Б-9*............................................40-90

мајстор.......................................................0

.......................

панталони..................................................500-800

обувки.........................................................500-1000

женска блуза летна....................................200-250

машка кошула.............................................200-400

маица..........................................................100-150

часовник SEIKO...........................................500

ремен кожен...............................................150

папучи.........................................................50

украсен накит женски..к.............................200-500

парфем 100мл..............................................300

паста за заби................................................50

крема100г.....................................................30

колонска водичка.........................................100

прашак за перење 3 кг................................150

средство за миење садови 25.......................60

крпи...............................................................20

шампон 1л.....................................................120

сапун ком. 100г.............................................10

........

поклони

за свадба кпл....................................500-1000

за роденден......................................200

за полу-матурска...............................300

за матурска........................................400

веридба..............................................200-300

крштевка(сепак бебе е,нема смисла може и мора да се пушти срце..).................................................300

посета на роднини и пријатели.........30-40

умирачка(сандак,поп,пиење јадење,свеки и сл..)4000 или 4500 зависи од попот..и покојниот и така натаму и така наваму....!Значи,некои продукти се купуваат дневно,некои месечно некои годишно некои прослави еднаш во животот и така...и немојте само да кукате нема па нема.Има и тоа на претек.

ПОЈАСНУВАЊЕ

 Цените се во денари,и подлежат на девалвација во однос на сите валути освен ЕВРО-то,стандардни се и незначително променети во последниве 10-15 години.. производите се био-еколошки здрави и произведени на природен начин,и се одобрени од надлежните институции за проверка на квалитет на храна и пијалоци.Републички завод за тоа и тоа..и од разни институти.... за метеорологија .... квалитет на производи.... услуги..и се дистрибуираат и продаваат исто така во објекти наменети и одобрени за вршење трговски дејности од страна на деловни субјекти.

Посликовито,поподробно и поаналитички изнесени трошоци за живот од оваа табела и ова објаснување...АМИН!.

Повелете,направете го првиот чекор,купи куќа-купи стан и ти не си ти ако не дојдеш да живееш тука..во Вечната Македонија.












...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2012 во 01:03
Скапо е, нема што. Цените се пониски но сепак споредливи со многу поразвиени земји. Гледајќи од страна, ако се споредат трошоците со просечните и јавни примања, станува невозможно да се избалансира буџетот. Земање потрошувачки кредити секако не е решение. Оваа ситуација не е ништо ново, така е во МК со децении. Од моето животно искуство во Македонија знам дека е невозможно фамилија да го протера месецот со просечни плати, а камо ли со минимални. Значи равенката кажува дека нема ни за храна, ич да не збориме за облека, коли, станови, кирии или пак некои луксузи. Но, пак врз основа на мојот живот во МК порано и контактите сега знам дека сите се жалат, но се фаќаат за маици од 1500 денари, скапи кондури, купуваат коли, одат на одмори во странство, зборуваат за стотици илјади и милиони евра, и се гнасат кога ќе ме видат со цвик од доларстор. Тоа ме наведува да мислам дека (скоро) сите во МК имаат некаков дополнителен извор на приходи. Знам за некои дека земаат хонорари, други работат на црно, трети рентаат станови, четврти се ушупени таму каде што се зема рушвет, на некои им се врати национализираниот имот па го грицкаат, некои садат пиперки или гледаат свињи, а некои пак имаат браќа и сестри во Америка... Се на се, некако равенката на приходи и расходи некако се балансира. Со повеќе или помалку мака, чесно или нечесно, сепак се балансира. Да не беше така, луѓето ќе умираа од глад и студ. А такви случаи не ми се познати.
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2012 во 21:03
Го читам написот во  Утрински и некако  речениците ми делуваат познати, кога оно се досетив дека ние тука на некоја тема сме муабетеле во ист тон како и во утрински. Еден  коментар (кој не можев да го цитирам од оправдани причини, па морав вака интегрално да го пренесам некако ми дојде многу соодветен како вовед во темата за наши плати-наш стандарднамигнување
pHp Кликни и види ги опциите

Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Август.2011
Локација: Rwanda
Статус: Офлајн
Поени: 1300
Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2012 во 10:12
zagor, јас немам деца, немам семејство, искрено живеам сам многу комотно.
Тргни на страна одмори (не мора на одмор да одиш), тргни авокадо, киви (ќе си јадеме јаболка од Ресен, купени покрај автопат, 5 кила за 100 денари), јас говорам, дека најнормалниот и обичен народ, кој го сочинува 90% од населението, во идеален случај да двата родители се вработени и земаат просечна плата од +- 20.000 денари, значи со вкупен приход од 40.000 денари, не можат да се прехранат со тие пари, а да не влезат во минус. Поентата ми е, скапа е живеачкта, едноставно е прескапо. Поради тоа 90% од луѓето земаат кредитни картички - и го враќаат долгот. Повторувам, Македонскиот граѓанин не е глупав да троши незаработени пари, ниту пак е финансиски неписмен и незнае што значи кредит или кредитна картичка.
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
И јас додавам, тргни настрана ананаси, банани-врти сучи скапо е. Според статистиката на Утрински за кило, не одоговара оти во просек некои работи треба да се земе барем по 4 пати. (за кое и птретходно во една тема ние дискутиравме.)
Денеска слушам стопанствениците  бараат и јавната администрација (нестопанството)  да го сноси товарот на кризата, а и со  најавите за кастрење на буџетот, некако ми изгледа дека лошо ќе оди.
Стандард - Од се' по еден килограм и отидоа 70 евра месечно

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.