IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Павел Шатев
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Павел Шатев

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака Обратен редослед
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2010 во 18:50
Павел Шатев, последниот гемиџија, човекот кој за време на солунските атентати го запали францускиот брод „Гвадалкивир“, го заврши животот во годините на страшното Информбиро. Навистина, тој не беше испратен на озлогласениот остров, но доживеа поинаков Голи Оток. Беше прогласен за опасен информбировец, држен повеќе месеци во истражниот затвор во Скопје, а потоа ставен во куќен притвор во Битола, каде што почина сам.
Според кажувањата на двете ќерки на Шатев кои живеат во Загреб, нивниот татко бил уапсен во јуни 1949 година во овој град додека бил на посета кај нив, веднаш бил префрлен во Скопје и сместен во една соба во зградата на Државната безбедност.
Во затворот во Скопје бил во иста соба со Благоја Аризанков, исто така уапсен по резолуцијата на ИБ. „Во собата каде што бев сместен еден ден внесоа кревет и по малку време го воведоа Павел Шатев, уапсен во Загреб, каде што бил во посета на своето семејство. Долго време не го викаа на сослушување. Но, потоа често го носеа горе, а се враќаше назад по кратко или по долго време. Секогаш се враќаше без очила, иако без нив гледаше слабо. Се плашеа да не се обиде да изврши самоубиство со стаклата пресекувајќи си ги вените. Нему не му паѓаше тоа на ум. Ми рече дека го обвиниле за ‘продолжителна служба’ во корист на IV-оддел, односно на контраразузнавачката служба на Црвената армија. Тој ги уверувал дека го правел тоа до 1942 година, кога е интерниран, а потоа во 1942 година е осуден на 15 години... ’Кога бев ослободен од затвор на 9 септември 1944 година, така ми рече Шатев, си заминав за Македонија и ги прекинав сите врски со Москва, иако тоа одеше многу тешко, бидејќи секој оној што ќе влезе во нивната мрежа тешко се истргнува од неа. Но, Југославија тогаш имаше извонредни односи со СССР, па така успеав да се ослободам од таа обврска, од вршењето на тие услуги, кои, морам да кажам, ми беше чест да ги вршам. Побудите за тоа беа чисти, родољубиви, сметав дека со тоа само ~ помагам на својата татковина‘. Ете така ми се исповеда Павел Шатев, но тој беше многу разочаран од она што го беше доживеал во Македонија. ’Овде треба и на магарето вујко да му викаш‘, ми рече еднаш, раскажувајќи притоа за некои настани што му се случиле...
...Беше неверојатно скромен, за себе не сакаше многу да зборува. А кога раскажуваше беше толку красноречив! Да имаше до него стенограф да ги бележи неговите раскажувања, ќе немаше потреба да стави ама баш никаква исправка, ниту запирка на дешифрираниот стенограм. Толку убаво и поврзано се изразуваше“, се сеќава Аризанков.
„Во сеопштата чистка на македонските национални револуционери, а со ’добар повод‘ - прифаќање на резолуцијата на ИБ, на големо изненадување на јавноста, уапсен е и Павел Шатев! Без никакво сторено дело. Едноставно, така решил некој форум - државен или политички. Каде згрешил и зошто никој не му објаснил ниту нему ниту на поколенијата кои треба да знаат за делата, одлуките и за постапките на своите татковци. Само некаде, во тајните досиеја, било запишано дека е ’потенцијален непријател‘, па поради тоа треба да исчезне од јавниот живот. А беше пратеник, со пратенички имунитет. Но, во тоа време кој признавал имунитет и некакво владеење на правото. Во паничниот страв од репресија сите молчеле. Никој не му помогнал, иако и во највисоките врвови имало луѓе кои не се согласувале со таквиот чин“, пишуваат Ачкоска и Жежов во книгата „Репресијата и репресираните“.
Според нив, Шатев завршил трагично поради неговото инсистирање „за комплексно разрешување на македонското национално прашање и реска разграниченост меѓу национално-патриотската потреба и класно-комунистичката идеологија внатре во него. Тој бил длабоко уверен дека македонското националноослободително движење мора да остане чисто национално и самостојно, да биде надвор од идеологијата на комунистичките партии и туѓите влијанија што, од друга страна, не ја исклучувало соработката со балканските комунистички партии, особено со бугарската и со југословенската, бидејќи неговата основна преокупација била да создаде општо национално ослободително движење во сите три дела на Македонија. „Тој немаше резервна идеологија освен македонската патриотска револуционерна дејност со чиста национална димензија. До крајот на животот остана ’непартиен‘ и не стана комунист“, нагласуваат Ачкоска и Жежов.
Како еден од гревовите на Шатев се наведува средбата со бугарските функционери во Белград во 1946 година, на која присуствувал и Венко Марковски, за што партиски бил казнет. Шатев тогаш бил потпретседател на Президиумот на Народна Република Македонија, по што бил отстранет од функцијата.
Делото на Павле Шатев го проучуваше новинарот и публицист Панче Михајлов, кој дојде до уверување дека тој е неправедно потиснат на маргините и дека заслужува да му се даде истакнато место во неа - и како учесник во солунските атентати и, подоцна, како осведочен револуционер, родољуб и публицист. „Шатев е и разузнавач во корист на Москва, сметајќи дека на тој начин дава свој скромен придонес за ослободителното дело на македонскиот народ, уверен дека само со помош на Советскиот Сојуз Македонија може да извојува независност и да создаде своја државност“, напиша Михајлов во биографијата на славниот гемиџија.
Шатев во Битола бил сместен во една трошна напуштена куќа. Никој не го посетувал, освен човекот што му носел храна секој втор ден. Цело време бил сам, без огрев, на студ, во темнина, мемла и влага. „Видот му ослабел од глад и престанал да пишува... Пред очите му прскале гранчиња искри и веќе се откажал да бара и парчиња весници по улиците за да дознае што се случува во светот. Му пленија с`, душата, честа, името, семејството, но мислите му останаа негибнати. Тие мисли го избавиле од сите мракови“, напиша Иван Чаповски во романот „Отровот на тамарискот“, инспириран од трагедијата на Шатев.
„Дење беше слободен и можеше да се движи слободно низ градот. Навечер се прибираше на спиење во УДБ-а. Според општото уверување, Шатев не беше здрав кога дојде во Битола... Во зимата 1950-1951 година престана да излегува... Научивме дека се разболел и дека го сместиле на лекување во битолската болница, во депандансот за затвореници... Се расчу дека умрел од глад...“, пишува Михајлов за гемиџијата, во чиј живот се отсликува трагичната судбина на Македонија.
Шатев почина на 30 јануари 1951 година. Големиот син на Македонија на оној свет замина скромно како што живееше, без никакви државни почести. На закопот на битолските гробишта присуствуваа петмина, само неговите најблиски - неговата сопруга, сестрата и уште три блиски роднини. По 55 години од неговата смрт годинава првпат официјална делегација положи цвеќе на неговиот гроб.
„Така, отфрлен од општеството за кое го беше потрошил сето свое битие, згасна животот на големиот револуционер, родољуб и разузнавач Павел Шатев. Погребан е онака како што се стремеа ’гемиџиите‘ да исчезнат од светот“, пишува Михајлов.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2010 во 18:49
    Роден е во Кратово на 15 јуни 1882 година. Основно училиште завршува во Кратово, потоа во Скопје и гимназија во Солун, каде и матурира во 1899/1900. Уште ако ученик во Солун, со револуционерното дело се запознава од П.Тошев и Х.Матов. Во 1898/90 учебна година, со група млади анархисти го формираат кружокот „гемиџии“. За време на Солунските атентати, април 1903 година, тој го запалил францускиот параброд „Гвадалкивир“. Бидува уапсен и осуден на доживотен затвор. По општата амнестија од султанот (1908) е ослободен од затворот воФезан, Африка. Тој е еден од основачите на ВМРО (Об.) во 1925 г. Во 1931 г. се враќа во Бугарија, а во 1934 г. годинаработи како адвокат, во кое време се оддава и на публицистика. Во 1942 година во Софија е осуден на 15 години затвор. На 27 октомври 1944 година е делегат на АСНОМ. Во првата македонска влада (1945) е избран за министер на правосудство, потоа, во мај 1946 г. за потпретседател на Президиумот на АСНОМ. На првите избори за Собранието на ДФЈ за сојузен народен пратеник. Во 1949, по Резолуцијата на Информбирото, беше уапсен „како потенцијален непријател на државата“ е отстранет од јавниот живот. Во истражниот затвор во Скопје е задржан 11 месеци, а потоа е испратен во Битола, во еден вид домашен притвор каде останува до смртта, на 30 јануари 1951 година. Она што не им успеа на Султан Хамид и на цар Борис III, му појде од рака на Ј.Б.Тито и Л.Колишевски. Се плашеа од мртвиот Гемиџија, не дозволија да биде погребан во неговото Кратово, Погребан е во тајност во Црквата Св. Недела воБитола. Вечна слава на овој Македонец, и на сите како него што го положија животот за МАКЕДОНИЈА.


Павел Шатев документарец број 1

Павел Шатев документарец број 2

Павел Шатев документарец број 3
Павел Шатев документарц број 4
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,733 секунди.