![]() |
|
За хомосексуализмот |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 23456 17> |
Автор | ||||||||||||
saguaro ![]() Сениор ![]() Регистриран: 25.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 482 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Најдобро ти е за ова Исус да го прашаш. Разработи ја латаифата Khafa и кога ќе го видиш во живо пренеси ни што ти кажал.
Ако сакаш ќе ти дадам линк и кај кој шеик да одиш. |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
MalcolmX ![]() Група ![]() ![]() Регистриран: 11.Март.2012 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 70 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Не знам дали е одговорено прашањето тука ама пак ќе го поставам ме интересира а немам време мн да читам наназад низ страниците.
Какво е гледиштето на христијаните за второ доаѓање на Исус, според каков закон ќе суди на земјата, дали демократски ќе дава права на хомосексуалците, на прељубниците или како според стариот закон око за око заб за заб што би се рекло... мислам се разбираме ако можи некој да ми објасни повеќе и со докази, зашо има некои викаат Исус уопште нема да слези на земјата, као демек ќе лета во воздух, има некои викаат дека ќе чекори по земјата и тн и тн. И да не биди одговорот „прочитај го откровеине таму се е објаснато“. Значи појасно да биде прашањето: според кој закон ќе бидат судени христијаните на земјата кога ќе дојде Исус кога никогаш и немале нит спроведувале некаков закон, или кој закон ќе го споведе Исус, дали стариот заветен, дали некој трет, какво е христијанстото гледиште околу тоа(а демократијата е факт дека не е закон со кој дошол Исус, дали може ќе го потврди тој закон денеска тие закони и ќе останат или)? - (прашањето преземено од еден форум ама тоа ме потикна и тука да се отвори таква тема.) Изменето од MalcolmX - 18.Март.2012 во 18:21 |
||||||||||||
Кој ќе спаси еден човечки живот е како да го спасил целото човешство, а кој ќе убие еден невин човечки живот е како да го убил целото човештво.- Куран
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Каде ти во Православното Христијанство најде фашизам,ропство, шовинизам и смртни казни за се нешто? Каде во Новиот Завет може да се најдат казнени одредби за гревовите? Очигледно ти не разликуваш, или пак одлично разликуваш, ама во име на некакви недефинирани права, ги пренебрегнуваш разликите меѓу римскиот казнен систем и Православното Христијанство. Ако ги знаеше разликите, ќе знаеше дека римскиот казнен систем, за првпат, дури по победата на Христијанството и доаѓањето на св. Константин Велики на власт, доживува промени во однос на распнувањето на крст, затварањето, тепањето робови и многу други нешта. |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Институцијата братимење нема никаква врска со нешто хомосексуално. Впрочем, ако се размисли подобро, нормално е да не се очекува некој да има односи со неговиот брат, зарем не? Зарем некој, кој верува во Бога, ќе се збратими со оној во кој е вљубен, а со тоа да си стави дополнителен грев инцест, поради тоа што со збратимувањето, лицето со кое се збратимил му станало брат? Во Библијата, постои пример кога некој се смета за брат, односно сестра, иако не е тоа. Тоа значи дека крвното сродство не е единствен вид сродство кое е фактор за регулирање на општествените односи .Така, ако маж, кој има син, земе за сопруга жена, која има ќерка, синот на мажот и ќерката на жената, во очите на Бога се брат и сестра. Дури и во очите на државата, иако постојат разлики од библиското сфаќање на сродството, сепак, сродството по сватовство е брачна пречка, која може да се премости само со дозвола на суд. Мошне ме интересира од каде ги извади податоците дека на Света Гора и другите манастири се негува хомосексуалната љубов. Такво нешто никаде не сум прочитал, ниту сум видел нешто такво, барем во манастирите кои сум ги посетил. Ако се од некои геј сајтови, воопшто не ги покажувај, тие не се релевантни за нешта како овие, исто како и оној блог кој го цитираш, а за кој видовме, дека изобилува од неточни нешта од областа на историјата. Немам намера да те обвинувам во ништо, но, сепак, околу овие нешта, во Црквата никогаш немало преседани, колку и некои да посакуваат нешто. Тие се јасно дефинирани. За промена на Светото Писмо и не може да стане и збор. Штом Господ јасно дефинирал некои нешта, а Црквата, за која Господ кажа дека вратите на пеколот нема да ја надвладеат, ги прифатила истите, нема потреба од никакви промени. Ако Црквата ги изгуби тие учења, тогаш вратите на пеколот ќе ја надвладеат и ќе се докаже дека таквата организација е само некаков театар, а не Црквата за која говори Господ. За промени, барање некакви права и слични нешта, постојат други организации. Црквата не е адресата каде што треба да се бараат некакви недефинирани права.
Твоите зборови се живиот доказ дека нема потреба тие права да се бараат во Црквата. Ако некој говори за некакво ѓубре, а потоа бара од институцијата која го следи учењето кое за некого е ѓубре права, нормално е таквата институција да ја искорсити сета моќ која и припаѓа за да стави на знаење дека за некои нешта нема место во рамки на истата. Колку побрзо го сфатат ова маргинализираните групи, толку подобро за сите.
Изменето од Македон - 25.Февруари.2012 во 20:32 |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
Novak Nastich ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 14.Јануари.2012 Локација: Mauzdonia Статус: Офлајн Поени: 364 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Ритуалот на братимење не е никаков брак, ниту некаква негова метаморфоза, ниту пак има некаква врска со бракот, ниту со нешто поврзано со тие прашања. Збратимување постои и денес во Православната Црква. За тоа може повеќе да се прочита овде. Останатото е само шпекулација и невистина. Впрочем, хомосексуализмот бил толериран од Римската Држава се до доаѓањето на св. Рамноапостолен Костантнин Велики на власт, кога Христијанството, а и Црквата го зајакнува своето влијание, а за првпат, Императорот носи едикти со кои се забранува хомосексуалноста. Впрочем, постои сведоштво, дека при неговиот поход во Египет, а при неговите походи, карактеристично е што покрај него постојано се движеле и дел од Епископите, откако тој слуша дека египетски свештеници- евнуси, прават нешта кои се срамни, а во тоа се вплеткуваат и дел од војниците, го уништува нивниот храм до темел, а оние кои биле фатени да прават такви нешта ги загубиле животите. Истото се случувало и со храмовите кои биле посветени на Афродита и служеле како бордели. Неговите синови дури, со поддршка на Црквата, носат и антихомосексуални закони, иако еден од синовите ќе тргне по тој пат и ќе се заљуби во телохранителот, за што секако, ќе ја изгуби поддршката од сите. Секако, тој тоа ќе го прави по смртта на татко му, затоа што додека бил жив Константин Велики, такви нешта не биле толерирани, дури ниту од најблиските членови на фамилијата.
Што се однесува до природата на побратимувањата, секако не планирам да спорам на научна база, но ниту еден од тие односи кои ги наброја не исклучува хомосексуални елементи. Не верувам дека она што се променило во 19 век било тоа што на мажите со поинаква определба наеднаш туку така им текнало „ај ќе ја узурпираме институцијата братимење за да правиме геј бракови„, затоа што ниту хомосексуалноста не се појавила тогаш, ниту браковите. Но она што се променило во 19 и 20 век, како и насекаде во светот впрочем, е третирањето на хомосексуалноста во рамки на модернистичкиот масовен дискурс, од што и произлегува хомофобијата како што ја знаеме денес. Па оттаму и реакционерната улога на црквата во тоа време, за која познато е, со векови пред тоа во манастирите, а и ден денес дури на Света Гора, обезбедувала простор каде цутела хомосексуалната љубов (лишена од секс. Веројатно.) Веројатно и мене, како и Босвел, би можел да ме обвиниш дека ете не сум дел од живото ткиво на Црквата, гледам премногу однадвор на проблемот, премногу објективно речиси, и ти би бил во право за тоа. Но она што мене ме интересира не е како ќе се развие внатрешната динамика со која ќе се реши ова прашање, туку резултатот кој на крајот таа ќе го даде. И она што тврдам е дека во тој процес нема да се изврши ниту еден преседан, ниту едно прекршување на канон или принцип што веќе не бил многупати прекршен, т.е. дека црквата или црквите веќе имаат механизми и искуство како да го метат политички усмрденото ѓубре (од домашно или библиско производство, сеедно) под тепих, дури и како да го менуваат за друг корисен и пред се етички материјал. Проблем е единствено недостатокот на волја тоа да се направи, што повторно не враќа на политиката на интереси, како и секогаш |
||||||||||||
Mantijata e Klovnovski kostum sto go nosat dvorskite shutovi na nebesniot dvor
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
Novak Nastich ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 14.Јануари.2012 Локација: Mauzdonia Статус: Офлајн Поени: 364 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
“Основната цел на Православието е не да се ,,уподоби,, на светот, и либералните трендови, производ на човечката ,, мудрост,, читај возгордеаност.”
-Не е, но низ целата своја историја тоа се однесувало на тој начин, и добро е што е тоа така. Инаку „изворното„ Православие од антиката и раниот среден век да требаше денес да го практикуваме би било рамно на фашизам, лудило (ропство, шовинизам, сурово казнување, смртни казни за се нешто итн.). Токму поради тоа што се согласувам дека религијата и треба да има критички однос кон оттуѓеноста која доаѓа со модерноста, затоа и теолозите треба крајно критички да пристапат во (пре)вреднувањето на предизвиците на новото време (и хомосексуалноста како еден од нив |
||||||||||||
Mantijata e Klovnovski kostum sto go nosat dvorskite shutovi na nebesniot dvor
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Тој што ова го напишал oчигледно нема познавања од историјата, а за историјата на Христијанството и Православната Црква и да не говориме.
Треба да се биде целосно слеп, или пак неписмен, за да не се увиди суштинската противречност меѓу овие две работи. Вака вели св. Апостол Павле: Римјаните: 1:26 Затоа Бог ги предаде на срамни страсти: нивните жени го заменија природното општење со неприродно; 1 Коринтјани: 6:9 Или не знаете ли дека неправедниците нема да го наследат Божјото Царство? Не измамувајте се! Ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубниците, ни мекушците, ни изопачените мажи (содомци). Затоа не може да стане збор за некакво одобрување на хомосексуализмот од страна на раната Црква, а за "бракови" и не може ниту да се помисли.
Ритуалот на братимење не е никаков брак, ниту некаква негова метаморфоза, ниту пак има некаква врска со бракот, ниту со нешто поврзано со тие прашања. Збратимување постои и денес во Православната Црква. За тоа може повеќе да се прочита овде. Останатото е само шпекулација и невистина. Впрочем, хомосексуализмот бил толериран од Римската Држава се до доаѓањето на св. Рамноапостолен Костантнин Велики на власт, кога Христијанството, а и Црквата го зајакнува своето влијание, а за првпат, Императорот носи едикти со кои се забранува хомосексуалноста. Впрочем, постои сведоштво, дека при неговиот поход во Египет, а при неговите походи, карактеристично е што покрај него постојано се движеле и дел од Епископите, откако тој слуша дека египетски свештеници- евнуси, прават нешта кои се срамни, а во тоа се вплеткуваат и дел од војниците, го уништува нивниот храм до темел, а оние кои биле фатени да прават такви нешта ги загубиле животите. Истото се случувало и со храмовите кои биле посветени на Афродита и служеле како бордели. Неговите синови дури, со поддршка на Црквата, носат и антихомосексуални закони, иако еден од синовите ќе тргне по тој пат и ќе се заљуби во телохранителот, за што секако, ќе ја изгуби поддршката од сите. Секако, тој тоа ќе го прави по смртта на татко му, затоа што додека бил жив Константин Велики, такви нешта не биле толерирани, дури ниту од најблиските членови на фамилијата.
Ниту од далеку не е потребно да дојде до менување на ставовите, а со тоа и до погазување на Христовото учење, Светото Писмо и се она на што се темели Христијанството. Црквата не е некаква демократска невладина организација, ниту пак е државна институција, па со тоа и нема потреба да менува нешто само затоа што некој така сака. Знаеме дека на таквите луѓе им смета ставот на Црквата, кој и не е измислен од самата Црква, туку има поткрепа од Светото Писмо, но, тоа не е проблем на Светата Црква.
Кога тоа ќе биде докажано и од страна на оние кои се повикани тоа да го докажат, тоа ќе се наоѓа во медицинските учебници, а тоа сеуште го нема таму како нешто што е докажано и потврдено. На тоа медицината сеуште не дала точен и прецизен одговор. А Црквата, повторно ќе кажам, не мора да одговара на сечии повици за некои нешта и слободно може да си опстојува на Светото Писмо, на учењата на Господ Исус Христос и на се она што и е предадено. Никој не може да ја принуди да прифати нешто што е спротивно на ова што го наведов како темел на ставот на Црквата.
Комплетно неточно. Цитатите кои ги наведов се токму еклисиолошката основа, која некој намерно се обидува да ја тргне од видикот за да може да говори дека нема основа, дека тоа е така или онака. Секој кој знае да чита може да ја прочита основата. Ако пак почнам да го цитирам и Стариот Завет, ќе може да го увидиме истото.Таквите поделби, како што некој ги нарекува, ги прави Светото Писмо и Самиот Господ, Кој кажал што е правилно, а не Црквата, која го следи Неговото учење и Неговите заповеди. Време е да се кажат нештата онакви какви што се, а не да се извртуваат работите.
Таквите верници, кои имаат желба да се придржуваат кон едно, а да не се пдридржуваат кон друго, затоа што тоа е во спротивност со нешто, самите се сегрегираат. Црквата не ги сегрегира. Не може да се седи на две столици. Впрочем, таквите верници не ја губат поддршката од Црквата доколку останат самите свесни дека тоа е грешно и неправилно и имаат желба да се поправат. Сите грешиме, но за тоа не е виновна Црквата, ниту некој друг, ниту пак смееме да ја переме совеста со такви оправдувања.
Од една страна се обвинува Црквата дека измислува нешта, а од друга страна се бара да се биде член токму на таа Црква, да се следи тоа учење кое се обвинува. Тоа се нарекува парадокс.
Тоа што е цитирано е од Стариот Завет. Стариот Завет беше исполнет од страна на Нашиот Господ Исус Христос, а со тоа истиот повеќе не важи во деловите кои се однесуваат на јадењето, пиењето, ропството. Никаде во Стариот Завет не се осудува војската, ниту пак цивилната администрација, ниту нешто слично на тоа. Очигледно авторот не разликува што пишува во Стариот, а што во Новиот Завет, а со тоа и не прави разлика меѓу овие нешта, или пак ја прави, ама нештата не од ат во насоката во која тој сака да се движат, па се обидува да подметне нешта кои не можат да поминат кај секој кој го прочитал Светото Писмо. Никаде не се осудува власта. Ќе повторам, авторот се обидува да подметне тези кои не можат да поминат. Св. Апостол Павле, а и самиот Господ Исус Христос говорат дека власта е дадена од Бога и таа треба да се почитува.
Христос го следел Законот во однос на моралните прашања, односно сите оние заповеди дадени од Бог на св. Пророк Мојсеј. Христос мошне јасно кажал кои нешта не треба да важат по Неговото Воскресение. Она кое Христос не го кажал јасно, го кажале Неговите Апостоли.
Оваа констатација можеби би ја прифатиле оние кои не знаат да читаат, но не и писмените луѓе, кои за разлика од авторот, прочитале нешто од Светото Писмо.
Секако дека не! Православната Црква не размислува воопшто за некаква промена. За другите Цркви не знам, иако и Римокатоличката е доста тврда по тоа прашање.
Не се согласувам дека Епископот Методиј ќе се согласи со геј браковите, или пак нешто слично. Впрочем, тоа прашање не е ниту на дневниот ред, а не пак да стане збор за нешто посериозно во рамките на Светиот Архиерејски Синод. Во однос на признавање на правата пред државата, дури ниту тоа нема да се случи, а за форма на брак и да не говориме. Сеуште законите ги пишуваат професори од Правниот Факултет, а таму такво расположение засега нема, освен можеби, за тоа не сум сигурен, кај еден професор, кој говори за некакви промени, иако не сум сигурен дали говори токму за брак, а и неговото влијание не е толку големо за да се случи којзнае што. Цивилистите мошне рестриктивно го толкуваат Законот за семејството, а за такви промени и не може да стане збор сеуште. Во правото не постои раководење од чувства, желби и слични нешта, барем според мислењето на професорите- цивилисти кои ми предаваа мене. Изменето од Македон - 24.Февруари.2012 во 21:38 |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
Novak Nastich ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 14.Јануари.2012 Локација: Mauzdonia Статус: Офлајн Поени: 364 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Црквата, сексот и геј браковите
Да се биде истовремено геј и верник за многу луѓе можеби е неспоиво исто толку колку и амбицијата да се биде професионален порно актер со заветот за целибат. Но доколку се погледне историјата на Христијанството, а особено на Православната Црква, ќе се увиди дека нема суштинска противречност меѓу овие две работи. Уште најраната Православна Црква прифаќала и практикувала еден вид геј-бракови, т.н. ритуал на братимење (објаснет при крајот на постот), што верниците со геј ориентација можат да го сметаат за исполнување на идеалот на хомосескуална љубов во христијанската традиција. Овие тврдења за прв пат ги предложи д-р Џон Босвел, професор на Јеил Универзитетот и врвен експерт за историја на хомосексуалноста и религијатa. Од каде излезе тоа педерите да мрсат за верски прашања? Во мотивот за еден ваков текст нема ни тронка нешто лично. За мене црквата отсекогаш била една ретроградна, досадна и лицемерна бизнис-политичка заедница, на чии лицитации во еден идеален свет попрво ќе се шиткаа вредни уметнички дела отколку made in China крстови. Но геј движењето ниту е хомогено, ниту треба да се стреми да биде. Постојат милиони гејови верници кои го сметаат уценувањето од страна на Црквата дека сета нивна љубов мора да му припадне само на еден маж, Исус Христос, за нефер и нехристијански, пред се. Како што му е познато на секој теолог или историчар на религија, Црквата низ историјата покажала дека е динамичен социјален систем како и секој друг и може да ги менува своите ставови и да ги рефлектира пошироките околности на општествената стварност. Промената на црковните закоравени позиции не е само можна, туку е и потребна, дури и во едно крајно секуларизирано општество. Докажано и очигледно е веќе дека хомосексуалноста не е избор и не се бира дали педер ќе се роди во фундаметалистичка христијанска фамилија или во хипи-нео-либерална, и токму поради тоа геј движењето и останатите прогресивни движења не смеат да го отфрлат прашањето на еманципација на црквата како залуден обид за модернизација на стариот касетофон во време кога се користат ајподи. Зошто црквата треба да ја прифати хомосексуалноста? И црквата исто така не смее да ги дели верниците на подобни и помалку подобни и да бара само од едните да се откажат од својот сексуален живот ако сакаат да бидат прифатени, а не и од другите. Тоа е чиста дискриминација која нема еклисиолошка подлога, туку произлегува од една несреќна традиција на општествени прилики надвор од црковата и нејзините вистини. Не треба премногу памет да имаат теолозите за да го прифатат очигледниот факт дека хомосексуалноста не е избор. Со настојчивоста на таквото погрешно тврдење, Црквата успева само да оттуѓи од себе милиони верници кои инаку се желни да се придржуваат кон останатите суштински религиозни принципи. Најпосле, занимавањето на нашата Црква со прашања како абортус, хомосексуалност, феминизам во услови кога најголемиот дел од нејзината паства појма нема за најосновните учења на Христијанската вера и етика и воопшто не се придржува до нив е рамно на перверзно политичко реакционерство и директно копирање на маркетинг-христијанството од реднек Америка. Еманципацијата на Црквата може само да покаже дека верата е се уште релевантна во 21. век, дека има што да придонесе кон општеството кое се развива демократски и економски, а не го влече назад кон феудализмот, дека умее да еволуира интелектуално и е во чекор и синергија со новите научни откритија наместо да мижи пред нив. Зарем Библијата не вели изрично дека хомосексуалноста е грев? Во принцип да. („Немој да легнуваш со маж онака како што легнуваш со жена.„ (Лев. 20:30)) Исто како што е речено дека со смртна казна се казнуваат: пцуењето на родителите (Лев. 20:9), прељубата (Лев. 20:10), предбрачниот секс, оние кои работат во недела (Егз. 30:2), оние кои јадат школки, се дозволува тепање на робови доколку тој е способен после ден или два да стои на нозе, се дозволува продавање на сопствените ќерки во ропство (Егз. 21:7), потоа се осудувале лихварите, оние кои служат војска, оние кои служат во цивилна администрација и уште многу други слични библиски бисери. Да не ширам, Најче цела блогерска кариера на овакви листи ја посвети. Самиот Исус пак никогаш не рекол ништо против хомосексуалноста. Хомосексуалноста (поточно содомијата) во Библијата не е третирана како капитален грев, туку е рамо до рамо со лихварите (банкарите, бизнисмени со заштеди) или со други зборови Ристо Гуштеров чии фрески денес ги красат ѕидовите на „неговите„ манастири. Јасно е значи дека Црквата инсистира на грешната природа на хомосескаулноста не затоа што „така рекол Господ„, затоа што во ред други случаи гледаме дека пет пари не дава како „рекол Господ„ (иако Господ Исус Христос не рекол ништо по тоа прашање), туку затоа што едноставно на црковната елита не и одговара промена на гледиштето. Неконзистентноста во читањето на библиските текстови секако не е ништо ново, но токму од неа потекнува мотивот да се избориме за промена на тие позиции. Дали црквите ќе ги преиспитаат своите позиции? Дека промена е можна и дека зависи од тоа дали им одговара на црковните елити покажува и примерот на многу цркви кои денес ја прифаќаат хомосексуалноста и назначуваат геј свештеници, сите мејнстрим цркви на Запад (Англија, Германија, Скандинавија, Холандија, некои цркви во САД). И Католичката Црква се повеќе се впушта во тие дебати, но е фатена во костец поради структурата на нејзината диоцеза. За католичките елити ситнењето на членството во еманципираниот Запад (Шпанија, Франција, Италија) е колатерална штета која се уште се исплати поради држењето конзервативни позиции наспроти налетот на политичко-економскиот либерализам во осиромашената Латинска Америка. Речиси е сигурно дека Православните Цркви од истите тие причини нема да се помрднат ниту милиметар од нивните закоравени гледишта на хомосексуалноста, на Балканот дури и ојачани од криво насадениот мачо-милитаризам. Напротив, лесно е да се предвиди дека тие дури и ќе ги зацврстат своите реакционерни позиции. Во МПЦ предводник на „либералната струја„ (условно) е владиката Методиј (Златанов), човек со големо срце, одмереност и памет во главата, ако не и единствениот во Синодот со таков фин склоп на особини. Секако дека не можеме да очекуваме од него дека за некоја година ќе венчава геј парови. Но можеме да очекуваме дека ќе го искористи своето влијание (во иднина се надеваме што поголемо) да ја држи Црквата што понастрана од дебатата за хомосексуалците тогаш кога тиквата ќе пукне (а ќе пукне кога под директива на ЕУ ќе се легализираат истополови партнерства, или кога ќе се случи првата геј парада, зависи што попрво.) Митрополит Методиј Златанов Архетипи на христијанската геј љубов Најголемата практична улога на Црквата низ историјата се состои во регулирањето на сексуалниот живот на луѓето. Ако подлабоко навлезе човек дури може и така да ја дефинира. Самата Библија ја величи љубовта, а во Стариот Завет дури се воспева и телесната љубов (во „Песна над Песните„). Но во периодот од 5. до некаде 10.-11. век Црквата ја „забранува„ и стигматизира љубовта. Бракот се сфаќа единствено како заедница за расплод на деца и никако другачие. Сексот е гледан како нужно зло. Дури и сладострасната љубов во рамки на бракот е забранета е се нарекува „прељубничка„. Во такви едни услови, д-р Босвел тврди, хомородната средина на манастирите (исклучиво или машки или женски) како и фактот што единствените писмени луѓе во Мрачното Доба (од кои и ни доаѓаат единствените извори) биле монасите, придонеле да се развие богата традиција на манастирско поетотворештво со хомосексуална љубовна содржина. Постојат еден куп песни во кои монасите и монахињите пишувале за страсната љубов која ја осеќале едни према други. Само еден прикладен извадок од почетокот на 9-ти век: „Мислам на Вашата љубов и пријателство со такви сластни сеќавања, пречесен епископу, што така копнеам по тој прекрасен момент кога ќе можам да го зграбам вратот на Вашето сладострастие со прстите на мојот копнеж. Ах, кога само би можел, како што можеше Хабакук, да се пренесам кај Вас, како би потонал во Вашите прегратки... Како би ги покрил со моите цврсто притиснати усни не само Вашите очи, уши и уста, туку и секој прст на Вашето тело, и не само еднаш, туку многу пати.„ Токму од оваа манастирска традиција на романтична љубов подоцна во 11. и 12. век израснала традицијата на дворска љубов: пишувањето романтични песни, честа и романтичната страст, која парадоксално како по правило се одвивала надвор од асексуализираниот брак, како таков поддржан од Црквата. Црквата увидела дека идеалот на романтичната љубов го подрива бракот како црковно-политичка институција, па била принудена да го смени учењето за страста и љубовта. Од 11. век па натаму, брачната постела се променила во секс-френдли место. Но со консолидацијата на бракот како единствено место каде љубовта е дозволена, таа истовремено уште повеќе се забранила и осудила на оние места надвор од него каде дотогаш егзистирала. Бидејќи немало соодветна брачна институција за хомосескуалците, тие останале надвор од тој црковен круг на заштита. Геј гревот подразбирал нужно и вонбрачен грев. Оттогаш прељубата и содомијата станале секс-непријател број еден за црквата. Геј монасите им ја внесоа љубовта на стрејтерите во бракот, и за тоа беа принудени да ја жртвуваат сопствената љубов. Похристијански чин од тоа – амин. На прагот од 21 век се чини дека хомосексуалците повторно ќе играат жртвена улога. Овој пат, борејќи се за легализирање на геј-бракови можеби ќе го ослободат сексот за стрејтерите надвор од бракот, но за тоа ќе ја жртвуваат сопствената сексуална слобода. Монашката традиција од Средниот Век не е единствениот христијански архетип на хомосексуална љубов. Православните Цркви во својата историја може да најдат причина повеќе да го преиспитаат својот однос кон хомосексуалноста. Со обредот „духовно братимење„ во Православната Црква се признава и благословува љубовта помеѓу двајца мажи. Според д-р Босвел, зборот „брат„ во класичниот свет се користел и со значење на љубовник (види на пример, „Песна над песните„ кога заљубениот се обраќа со „сестро„). Текстот на обредот на братимење оди вака (превод од грчки од проф. Босвел): „Оче наш, спаи ги слугите твои, Господи, [...] кои дојдоа да бидат благословени во црква и за љубовта нивна (користејќи го грчкиот збор за љубов „agapesis„, со значење различно од „agape”, кое означува општочовечка, христијанска љубов) Да се удостојат со непосрамена доверба, верност и безусловна љубов, на Господа да се помолиме. [....] Господе Боже наш, кој ни го подари спасот и поради кој ни порача да се љубиме едни со други и да се носиме со туѓите слабости, Ти кој си и самиот човекољубец, на овие слуги твои кои се љубат еден со друг во љубовта на Духот, и кои дојдоа во твојот свет храм да ги благословиш, дај им непосрамена одданост и безусловна љубов еден кон друг.„ Потоа упатството вели: „Оние кои сакаат да се спојат заедно, нека ги стават рацете свои на светото Евангелие, кое стои на средина на масата, држејќи свеќи. Стоејќи нека го бакнат Евангелието и еден со друг.„ Потоа свештеникот пее: „Со сојузот на љубовта апостолите се поклонуваат на Творецот. Предавајќи се себе на Исус, апостолите ги пружаат своите убави нозе (!) објавувајќи го благовештението на мирот.„ Во една друга молитва исто така стои: „...Сочувај ги без срам низ сите денови во животите нивни. (...) Господе, удостои ги овие двајца да станат браќа, не врзани по природа туку по начинот на нивната љубов, како што ги спои и Сергеј и Вака, Козмо и Дамјан, и Кир и Јован.„ Во текот на обредот, двајцата треба да држат над главите еден на друг свадбени венци(!), кои и ден денес се носат од младенците во Грчката Православна Црква. (Ова не важи за Македонската, која под влијание на Српската, односно Руската Црква, венците ги заменила со свадбени круни.) Во византиската традиција постојат неколку императори од Македонската династија кои се збратимиле со нивните сакани партнери (на сликата е прикажанo братимењето на Василиј Први (867-886) и некој Јован). Тешко е да се тврди дали овој тип на „топла братска„ љубов имал и неофицијална сексуална компонента, особено во време кога сексот од сладострастие, без прокреативна намена, бил сметан за грешен, дури и во рамките на бракот. Но од текстовите се гледа дека нема голема разлика во вокабуларот кој се користи во обредот за венчање и братимење. Како таков, обредот на братимење претставува оригинален православно христијански идеал на хомосексуална љубов кој во иднина би можел да игра важна еманципаторска улога во преиспитувањето на црковниот став кон хомосексуалноста. http://sataniel.blog.mk |
||||||||||||
Mantijata e Klovnovski kostum sto go nosat dvorskite shutovi na nebesniot dvor
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
spiros ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4489 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Здраво јовиќ! Те молам кажи му на твојот пријател дека БОГ го сака како свое сакано чедо и дека денот кога ќе се ослободи твојот пријател од тие маки, ќе биде многу голема радост на небото! Подсети го пријателот дека БОГ своето најмило го даде баш за луѓе грешници како мене, како твојот пријател и сите останати грешници! БОГ е ЉУБОВ! Тој не ги мрази грешниците туку гревот! Поздрав Изменето од spiros - 05.Јули.2009 во 19:21 |
||||||||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
KINGDAVID ![]() Сениор ![]() ![]() Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9425 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Treba da se bori protiv neispravnite strasti. I pedofilot mozebi ne e vinoven sto ima strasti sprema mali deca, ama toa e grev. Isto i so zoofilite. Ili nekrofilite.... Ne sakam ponatamu da zboruvam za ovie raboti sto Bog vo Biblijata gi osuduva kako nezdravi raboti... Treba tvojot drugar da sfati deka sekoj si go nosi svojot KRST(maki, teskotii) na ovoj svet i deka so pomos na Bog moze da gi kontrolira svoite strasti i da nema homoseksualni odnosi a Bog ke mu pomogne ako mu se obraka iskreno vo molitva. No nikako ne treba od strana na homoseksualcite da se pretstavuva vo javnosta deka toa e normalen nacin na ziveenje , pa duri i moderen, pa duri sakaat da sklucuvaat brakovi i da posvojuvaat deca, pa i da preobratuvaat normalni luge da stanuvaat homoseksualci . Da ne zaboravime deka , tokmu zaradi takvite gadosti, vo staro vreme Bog gi unistil Sodom i Gomor i site nivni ziteli. P.S.Socustvuvam so teskotiite na tvojot drugar, ama ima razni zdravstveni problemi koi gi macat lugeto na ovoj svet . Ako e pobozen, ke se trudi da mu ugodi na Boga, a ako ne e ,ke trgne po losiot pat i ke se oddaleci od Bog.No, toa ne e opravdanie. Sekoj ke odgovara pred Boga sam za sebe. |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
maria_magdalena ![]() Сениор ![]() ![]() trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
ِАко веројатно се лечи-убаво кажано. Токму горе доле-за тоа и зборуваме, дека треба да се направи обид човек дае слободи од своите грешни склоности и страсти, не осудуваме никого. |
||||||||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
Гостин ![]() Гостин ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
aaa
Изменето од jovich - 07.Јули.2009 во 23:29 |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
E ajde de, shtom tolku detalno si zapoznaen so site stari zaveti, objasni dali hristijanskite vernici treba da gi sledat i da se upravuvaat spored zakonite objaveni vo knigata narechena Stariot Zavet ili ne? Dali zakonite, propisite i preporakite objaveni od Boga vo Stariot Zavet vazhat za hristijaniskite vernici ili ne vazhat za niv? Ako vazhat, znachi li toa dali treba da se upravuvaat spored niv ili ne? Ako ne vazhat, zoshto ne vazhat i dali ima togash nekoi zakoni koi vazhat?
Prashanjata se ednostavni, neli? |
||||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
За кој стар завет зборуваш Меси? Бог има склучено 4 завети пред Исус: еден со Адам, друг со Ное, трет со Авраам, четврт со Мојсеј, некои од нив се склучени со целото човештво, некои ссамо со евреите... Мојсеевиот закон има морални закони, општествени закони, свештенички закони.. итн итн.. едни се поништени, други се повторени.. гледаш, не е се така црно и бело (да или не), затоа мојот одговор на твоето прашање е: земи ја веќе еднаш, прочитај ја Библијата, па потоа збори за и околу неа. |
||||||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 23456 17> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |