Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
computer
Сениор
Патриот
Регистриран: 25.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 504
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Мај.2010 во 17:05 |
Анастеа напиша:
Дел од нашата интелектуална и политичка елита во последно време ни скова еден термин “антиквизација“ или “букефализација“, како погрден термин кој ќе се користи за опфаќање на се’ она што се нарекува потрага по нашите антички корени.
Сведоци сме дека дел од таа “елита“ не бира средства и зборови со кои ќе нападне се што има некаква врска со антиката, со политиката на поставување споменици, со интензивирање на археолошките истражувања, именување на објекти според имињата на историски личности, па некои од нив одат и до таму да сопствениот народ кој изразил интерес за своите историски корени да го наречат пациент, заразен со антички вирус, македоноиди, психијатриски случаи, болно племе...
Во исто време, чудно и симптоматично ми е што, во меѓувреме додека се ова се прави, никој никаде не се одрекол од своите словенски елементи во потеклото и дека ги негирал или оспорил нашите историски личности од словенскиот период.
Па зошто тогаш ова копање по нашето минато толку многу им пречи на овие господа? Зошто се дрзнуваат така безобразно да плукаат по него и да се потсмеваат со овој дел од нашата историја, омаловажувајќи го на секој начин нашето културно, историско и цивилизациско наследство?
|
Се согласувам потполно. Се знае на кои им пречат нашите Антички корени. Но, се знае дека ние сме Антички Македонци и никој никогаш нема да успее да го негира тоа!
|
|
којсумјас
Сениор
Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Мај.2010 во 16:56 |
ако на некого му пречат... нашите корени... кои и да се... и какви да се...
нека се откаже од нив... ама нека ги остави оние кои така се чувствуваат... така и да се чувствуваат...
|
|
brza
Сениор
Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Мај.2010 во 16:49 |
mene mi prechat!! ...samo ne korenite tuku( koi i kakvi da se!)......prislilnata antikviz icija ...ili kako vekje beshe!
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
|
Анастеа
Администратор
ПИПИ долгиот чорап
Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Мај.2010 во 02:37 |
mamamd напиша:
Anikvizacija,,,arheologija,,,vistina...posakuvana vistina..mnogu dilemi, nekogas malku preteruvanje, no vistinata zemjata ja otkriva. Do koga arheolozite ke pravat senzacii?
Гледам
Атена за да видам Александар
|
Рујак го возвраќа ударот ШТО БЕШЕ НАЈДЕНО КАЈ ЦАРЕВИ КУЛИ
Qui tacet consentit (Кој молчи, тој се
согласува!)
А Рујак не е тип кој молчи, знаев дека ќе одговори на обвинувањата. Го познавам човекот и навистина не држи место да се обвинува за нестручност или уште помалку за политичка изманипулираност од страна на власта. Толку е ангажиран и заинтересиран околу проектот што заслужува само пофалби.
|
|
|
depo
Сениор
Регистриран: 28.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 501
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Мај.2010 во 17:02 |
marsovec напиша:
Народот го подвоија да не се исти корењата на оние кои тврдат дека се словенски од оние кои сметаат дека потекнуваат директно од Александар Македонски.
Тоа е повеќе од јасно и околу ова се кршат копје подолго време( За и против актиквизација). |
Го подвоија народот ама ги подвоија оние кои и пред тоа биле во дилеми. едните „поделувачи“ велат дека и антички и словенски сите сме Македонци а другите „поделувачи“ велат ние сме словени , иако не прочитале ништо повеќе за Словените освен лекција по историја од времето на Југославија и не можат да сфатат дека Словен не е припадник на народ т.е. дека етнос Словен не постои.
|
|
Анастеа
Администратор
ПИПИ долгиот чорап
Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Мај.2010 во 16:58 |
marsovec
, јас не сум слушнала досега некој јавно да се одрекол од своите словенски корења (или словенското во нашите корења)? Се работи за историски континуитет на еден народ и сметам дека историчарите треба да се остават да си ја бркаат својата работа, тие треба да си го кажат своето. Имам постирано еден многу добар текст на темава од Д-р Васко Наумовски, пак ќе го повторам:
Анастеа напиша:
Во различни временски периоди македонските интелектуалци го даваат
сопствениот придонес во јавните дебати, и тоа на различни теми: од
заштитата на животната средина до врвните политички приоритети. Меѓу
нив, во последните месеци се наметнува како најдинамична дебатата за
потеклото на македонскиот народ, неговите корени, историски развој,
како за некои потези на власта што се однесуваат на промоција на
личности од историјата и нивните успеси.
Приказната е за некаков процес на наметнување нова свест кај народот,
негирање на словенските елементи во потеклото, и „антиквизација“ на
историјата. Не се сеќавам дека некој јавно се одрекол од словенските
корени, дека ги негирал светите Кирил и Методиј, светите Климент и
Наум, или, пак, царот Самуил. Но веројатно тоа е единственото нешто што
може да се наметне како обвинение.
Критиките се однесуваат на плановите за изградба на споменици,
именување објекти со имиња на историски личности, веење на
шеснаесеткракото сонце од Кутлеш од страна на граѓаните итн. Секоја од
нив со сопствено објаснување.
Секоја европска метропола „врие“ од споменици - на историски личности,
настани или на апстрактни уметнички изрази. Скопје до пред неколку
години можеше да се пофали со десетиците споменици на херои од НОБ,
сите во иста форма и димензија. Ако не грешам, првиот споменик на
коњаник во Скопје е оној на Скендер-бег. Во градот без споменици, се
критикуваат намерите за изградба на обележја со личности од сите
историски периоди - од антиката до денес, при што најголем дел од нив
се однесува токму на поновиот дел од македонската историја, а не на
антиката. Но антиката е секогаш поинтересна за критикување.
Како посебно определена цел за обвиненија е секое споменување на
Александар Трети Македонски. Без длабоко навлегување на деталите од
неговиот живот и успеси, може да се констатира дека станува збор за
личност што е дел од светското цивилизациско наследство, за кого
Македонија никогаш не претендирала да биде ексклузивно „нејзин“. Со
Александар се гордеат и во Грција, но и оние од Египет, и од Иран, и од
Ирак. Во согласност со неговите патишта, со неговото име не треба да се
именува само патот низ Македонија, туку сите патишта што ја поврзуваат
Европа со Азија, длабоко низ Блискиот Исток, до Египет. По својата
суштина, тој не е делител, туку обединител.
А Филип Втори, пак, меѓу другите, е гордост дури и на Бугарите, кои му
се неизмерно благодарни за основањето еден од нивните најголеми градови
што постојат и до денес - Пловдив (Филипол). Значи, се доведуваме со
ситуација во која целиот свет може да и оддава почит на античката
македонска цивилизација, освен Македонија. Го чекам моментот кога овие
„спасители“ на словенството ќе ги обвинат и продуцентите на оној
британски квиз за кои Александар потекнува од Македонија, а не од
Грција.
Македонија е веројатно единствената држава каде што видни
интелектуалци, политичари и новинари се потсмеваат на споменувањето на
сопствената татковина во Библијата, како и на нејзиното културно,
историско и цивилизациско наследство. Се прашувам што ли ќе направеа
историчарите и интелектуалците на Ирска, Луксембург, Естонија или на
Словачка ако нивните земји беа во Библијата, или, пак, доколку имаа
некој сличен на Александар во нивната историја.
Додека другите држави прават од ништо - нешто, градат споменици на луѓе
и се гордеат со настани што имаат само локално или национално значење,
нам ни се негира правото да им оддаваме почит на оние што се дел не
само од македонската туку и од светската историја, оние за кои се
изучува на часовите по историја во сите училишта во светот, оние за кои
знаат сите.
Друг интересен аспект се нападите дека во тој наводен процес на
„антиквизација“ граѓаните се оддаваат на веење на знамето со
македонското сонце од Кутлеш (веројатно за нив и ова име треба да се
забрани - повеќе им годи Вергина), што повторно било провокација. Ако
за тоа се бара виновник, тогаш нека ги обвинат сите пратеници што во
1992 година речиси едногласно го усвоија тој симбол за државно знаме,
вклучително и тогашните министри во владата и тогашниот претседател на
државата, кои со гордост се заколнуваа и се поклонуваа пред него. Ако
се бараат виновници за „антиквизацијата“ - таа почнала токму тогаш.
Уште многу пред денешниве антиисторичари, првата асоцијација за името
Македонија е Александар Велики и неговиот печат врз историјата.
Негирањето на постоењето на макар и најмала врска на Александар со
Република Македонија секако е дел од напорите за создавање на
перцепцијата дека денешната Македонија нема никаква врска со античката,
а со тоа и нема право да се нарекува токму така - Македонија. Тоа е и
основната идеја зад предлозите од типот „Нова Македонија“.
Не случајно, оние што го негираат македонското наследство од антиката
се истите оние што повикуваат на широкоград компромис со Грција, дури и
тој да значи обезличување на нашиот идентитет. Барем се доследни.
|
Изменето од Анастеа - 06.Мај.2010 во 16:58
|
|
|
depo
Сениор
Регистриран: 28.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 501
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Мај.2010 во 16:57 |
marsovec напиша:
П.С. Египќените пирамидите не ги користат за докажување на идентитетот, тие ги користат за зајакнувањењ на туризмот.
И не прават статуи од сто метра на големите фараони, ниту докажуваат дека биле цивилизација над цивилизациите во свое време.
Тие брзаат да го стигнат возот за цивилизираните општества.А и си го знаат идентитетот, кому ќе го дока=уваат она што е очигледно и јасно.Кој во светот урла дека тој е тој.Се е јасно и нема потреба на модринки, фатете се за работа од урлици не се живее.
Работа,производство и на духовни и на материјални добра - не урлици. |
Не те прашав дали ги користат за туризам туку те прашав дали кога доаѓаат странци, им кажуваат дека не се потомци на старите Египјани? Ти некако на памет зборуваш. Ним никој не им го негира идентитетот на нас сите соседи ни го негираат. Доколку некоја друга земја е во ситуација како нашата и кај нив ќе проработат инстинктите на одбрана на своето.Оној што не смета нешто за свое нема да е заинтересиран да го брани како оној што го смета за свое. Ти ако Македонскиот идентитет не го сметаш за свој нема да ти пречи ни кога другите ќе ти го негираат. На мене таква ми изгледа ситуацијата со оние што сакаат да го стават на пазар. А човек без идентитет е никој и ништо и ќе се теши со таквите како него кои не си ги знаат вистинските корени.
|
|
marsovec
Сениор
Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Мај.2010 во 16:24 |
Народот го подвоија да не се исти корењата на оние кои тврдат дека се словенски од оние кои сметаат дека потекнуваат директно од Александар Македонски.
Тоа е повеќе од јасно и околу ова се кршат копје подолго време( За и против актиквизација).
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
Анастеа
Администратор
ПИПИ долгиот чорап
Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Мај.2010 во 16:16 |
marsovec напиша:
Ако велите кому му пречат моите корени - веројатно никому, но на народот во целина да наметнувате некои Ваши корени да бидат и негови????? |
Кои се тие “ Ваши корени“ кои му се наметнуваат и кој му ги наметнува на народот?
|
|
|
marsovec
Сениор
Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Мај.2010 во 16:16 |
П.С. Египќените пирамидите не ги користат за докажување на идентитетот, тие ги користат за зајакнувањењ на туризмот.
И не прават статуи од сто метра на големите фараони, ниту докажуваат дека биле цивилизација над цивилизациите во свое време.
Тие брзаат да го стигнат возот за цивилизираните општества.А и си го знаат идентитетот, кому ќе го дока=уваат она што е очигледно и јасно.Кој во светот урла дека тој е тој.Се е јасно и нема потреба на модринки, фатете се за работа од урлици не се живее.
Работа,производство и на духовни и на материјални добра - не урлици.
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
marsovec
Сениор
Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Мај.2010 во 16:09 |
Ако велите кому му пречат моите корени - веројатно никому, но на народот во целина да наметнувате некои Ваши корени да бидат и негови?????
Изменето од marsovec - 06.Мај.2010 во 16:10
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
lilica
Сениор
Регистриран: 29.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 548
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Мај.2010 во 15:41 |
Корените на никој не му пречат. ама зошто лугето не ги прифаќаат? Ај да видиме и одкога ќе се постави споменик на ацко, дали на него некој ќе гледа со почит или како на објект...........
Изменето од Анастеа - 06.Мај.2010 во 16:03
|
Кој бара ќе најде.
|
|
marsovec
Сениор
Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Мај.2010 во 14:52 |
А што нашиве ги кријат фалсификатите од научните работници однадвор.
Дали мудри имаме само за внатрешна употреба?
Тоа што има да се види и ќе се види и што е тука проблемот. Египет бара развој, и покрај туризам за кој нашите можат да сонуваат.
Сега КОЊИТЕ че не спасат.
ДА ЖИВЕАТ КОЊИТЕ!.
Од надвор преку нив ќе не доживеат и нас.
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
brza
Сениор
Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Мај.2010 во 14:12 |
marsovec напиша:
Nitu egipcanite vo ova vreme ne se povikuvaat na faraonite vo objasnuvanje na nivnata segasnost, sto e toa e.
Jas sum ova sto sum , nema tuka jas sum nikakov no da go vidis tatko mi, dedo mi....
Gledajte da bidete svoi vie a ne va[ite imaginarni predci pa i koi da bile.
Ne sme stado-individui sme. | sosema na mesto ! ....ostaj gi novo "uchenive" tie neka mislat deka se toa shto sakaat, ama, ...najbitno e deka se toa, shto ... bile i se!
Изменето од brza - 02.Мај.2010 во 14:12
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
|