|
Поуки од Светото Писмо |
Внеси реплика | страница <1 23456 13> |
Автор | |
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Од се, што е за пазење, најмногу чувај го срцето своe, зашто од него се изворите на животот. ( Izreki 4:23) Biblijata veli deka srceto e poizmamlivo od se' . " Поизмамливо од сè е срцето, и е страшно болно, кој може да проникне во него?" ( Eremija 17:9) Kako moze srceto da bide izmamlivo-duri i opasno za nas? Na primer, eden avtomobil moze da bide mnogu korisen, a vo itni slucai moze duri i da spasi zivoti. No, ako vozacot ne go kontrolira avtomobilot na toj nacin sto postojano kje upravuva so volanot, istiot toj avtomobil moze lesno da se pretvori vo smrtonosno oruzje. Slicno na ova, ako ne go cuvas svoeto srce, kje bides prepusten na milosta i nemilosta na sekoja tvoja vnatresna zelba ili nagon, a tvojot zivoten pat kje zavrsi so katastrofa. Bozjata Rec veli : " Безумен е кој се надева на своето срце, а се спасува кој живее мудро " ( Izreki 28:26). Da, mozes da cekoris mudro i da izbegnes katastrofa ako se vodis spored Bozjata Rec, isto kako sto bi poglednal vo avtokarta pred da trgnes na pat. " Твоето слово е светилка на мојата нога и светлина на мојата патека." ( Psalm 119 : 105) |
|
SOLI DEO GLORIA
|
|
alf
Сениор Регистриран: 15.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 631 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
.
Изменето од alf - 20.Септември.2011 во 16:50 |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Поглед кон смислата на Христовото раѓање и Божиќните празници Преминот од една во друга година најчесто е поврзан со нови почетоци. Вообичаено, секој од нас на истекот од годината ги анализира достигнувањата од претходната година, успесите и евентуалните неуспеси, личните промашувања и верувам многуте радосни моменти. Но, истовремено, почетокот на новата година секого од нас го тера да размислува за периодот кој претстои, сите не тера да погледнеме малку нанапред и да размислиме за тоа како ќе чекориме во месеците кои претстојат, по кој пат ќе се движиме во деновите кои доаѓаат. Како ниеден друг период, Божиќните празници асоцираат на нови почетоци. Секој размислувајќи за тоа каков тек на животот посакува во новата година, не само за себе туку и за ближниот, си пожелува пред се среќа, радост, здравје, живот, мир, финансии, успеси... Можеби несвесно, во тие моменти, секој од нас си ги посакува токму Божјите благослови, а тоа се токму тие: среќата, радоста, здравјето, мирот, спокојството... Во Јован 10:10, нашиот Господ и Спасител Исус Христос, ни кажа зошто дојде на земјата, ни кажа кои се Неговите желби за нас: “Јас дојдов“ – ни вели Христос, “за да имаат живот и да го имаат во изобилие“; “...та секој кој верува во него (Исус) да не загине, но да има живот вечен.“ Јован 3:15 Во Божјиот збор Библијата, уште ни е ветено, во Еремија 29:11-13 “Само Јас ги знам замислите, што сум ги смислил за вас, вели Господ, замислите за добро, а не за зло, за да ви дадам иднина и надеж. Па ќе повикате по Мене, ќе дојдете и ќе Ме замолите, и Јас ќе ве чујам; ќе Ме побарате и ќе Ме најдете, ако Ме побарате од се срце“. И затоа, често пати низ Словото, Господ ни порачува “Радувајте се и пак ќе речам радувајте се“. Имаме ли причини за радост? Имаме ли сила да се устроиме со Божјите намери за нас луѓето, Неговите бесценети созданија? Да се запрашаме, имаме ли се уште мака, страдање, проблеми кои ни изгледаат несовладливи во моментов? Имаме ли се уште, како Христијани, немир, нервоза, расправии, раздори? Или сето тоа е само минато, во нашите животи? Драги браќа и сестри, Библијата е просперитетно Слово. Таа, не ни посакува ние да страдаме. Таа е извор на жива надеж, извор на успех и просперотет за секој поединечно, но и за нациите и за државите. Таа ни нуди излез од секојдневните потешкотии во животот, таа ни нуди спас од проблемите кои не истоштуваат и не ни даваат мир. Таа е решение за бремето кое го носиме непотребно. Во Библијата Исус Христос ни порача: “Дојдете кај мене сите уморени и обременети и Јас ќе ве успокојам... и ќе најдете мир за душите ваши.“ Матеј 11:28 Многумина ќе се запрашаат, како? Како е можно, Исус кој пред повеќе од 2.000 години дошол на овој свет, ни се објавил со сета слава преку бројни чудеса, да ни се најде и денес, па уште и нашето бреме да го носи наместо нас? Нели ова изгледа малку чудно, на прв поглед. Не е ни најмалку чудно, драги мои, ако знаеме дека истиот Тој Исус, е жив, вчера, денес и во веки. Да, Исус е жив, и тој е тука меѓу нас и денес, Неговата слава и чудеса се присутни и денес, и овде меѓу нас, во Македонија и помеѓу Македонците, помеѓу секој од нас, кој го повикува со сето срце, душа, сила и разум, кој го љуби искрено и длабоко од срцето свое Господа, и ближниот како себеси. Присутен е преку Неговиот Дух Свети кој го излеа на земјата, за да преку Него, секој кој поверува во Исуса Христа, секој кој се покае и во покајничка молитва го прими за свој Господ и Спасител, буквално секој да биде спасен и преку верата, а по милоста Божја, да го стекне правото да има живот во полнота на земјата и правото на вечен живот. Покајничката молитва е нашиот влез во Божјото присуство на земјата, таа е светлината во темнниот тунел на неизвесност, на несигурност, на страв и разочараност од животот, таа е лозинката за да ни се отворат ризниците небески во нашиот живот на земјата. Таа покајничка молитва е волшебниот збор со кој ние ја отвораме вратата на нашето срце, за да во Него се слее сета љубов и милост Христова, сите Негови благослови, кои Тој ги подготвил за секого од нас, како Негови Божји чеда. Но, и за, од нашето срце да извира и струи сета љубов Христијанска, агапе, од нас кон Бога, кон нашите блиски и кон сите останати кои Бог на пречуден начин ни ги праќа секојдневно во нашите животи. Тоа е тајната на побожноста и пречудно е ова во очите човечки, ни вели Библијата. Наше е да веруваме, да се надеваме и да ја примаме и даваме Христијанската агапе љубов кон Бога и кон ближните. Да се препуштиме на водството Божјо, во полна доверба и надеж дека за нас, Бог го предвидел најдоброто нешто во нашите животи. Нека Божиќните празници оваа нова година бидат нашиот нов почеток. Почеток на наше сигурно чекорење кон Божјите благослови во нашите животи. Почеток на најблескавиот за нас период до сега. Почеток на присен однос со Бога, однос кој ќе ни дари таква сигурност и смиреност каква што досега не сме почувствувале. Само на ваков начин, ние луѓето ќе ги доживуваме деновите од 2011та година како вистински дарови од Бога, желни за вистински живот во полнота, со Бога до нас, во нашите срца, во нашите семејства, работни средини и насекаде околу нас. Само на ваков начин, дарот на животот кој ни е даден од Бога ќе има смисла. Само така, секоја наша мисла, збор и постапка, устроени по Библиските Божји инструкции, ќе ни донесе среќа, радост, успех и просперитет, мир, здравје и извесност во нашите животи. Е токму за ваква среќа и радост зборува Словото Божјо, за состојба која е одржлива на долг рок, која трае и која ништо на овој свет нема сила да ја поремети, освен нашите отстапки од тој и таков Божји пат, нашите компромиси со светот, нашето сообразување со се што е спротивно од Библиските инструкции. Да, драги мои, и тука Господ ни го дава правото на избор. Сакаме ли да продолжиме како досега, со сета неизвесност на тој пат? Или сакаме нов почеток во нашите животи, почеток на вистинската полнота од Божјото присуство во него? Милиони Христијани во светот го одбраа единствениот пат, вистина и живот, патот на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Да го одбереме и ние. И да се придружиме на милионите радосни и среќни Христијани низ светот, да се придружиме на милионите успешни и просперитетни Христијани, да се придружиме на патот на надеж и иднина под Божја закрила, заштита и водство. “...Кога ќе Го побарате Господа, вашиот Бог, ќе Го најдете, ако го побарате од се срце и со целата своја душа. Кога ќе западнеш во тага, и кога сето тоа со време ќе те снајде, ти ќе му се обратиш на Господ твојот Бог, и ќе го чуеш Неговиот глас. Господ, твојот Бог, е Бог милосрден; Тој нема да те остави...“ 5 Мојсеева 4:29-31 Првиот чекор кон тоа откривање е покајничката молитва. Да ја изговориме заедно, искрено и со љубов кон Бога, од длабочината на нашето срце, и со сета сила и разум, да повикаме кон Бога, за да ни се објави во нашите животи. Основна Молитва Господи Боже, Исусе Христе... Од овој момент сум Твој, го предавам моето срце на Тебе... Влези во него и научи ме како да те спознаам целосно, како да научам да верувам. Ти превземи ги сите мои мисли и дела, сите мои грижи и проблеми и помогни ми да носам вистински одлуки во животот. Сам тоа не можам да го направам, но само со тебе и под твое водство, Боже... Покај ме за се што сум грешел досега и дозволи ми да бидам Твој, а Ти да бидеш постојано во моето срце, да ме водиш според Твојата Божја волја и промисла... Сé Тебе ти препуштам Господи, во Дух и Вистина. АМИН |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Затоа Јудејците се чудеа и велеа: „Како ги познава Овој Писмата - кога не учел?” ( Jovan 7:15) Otkako zapocnal da propoveda , ISUS dosol vo Nazaret, gradot kade sto porasnal i vlegol da poucuva vo tamosnata sinagoga. Mnogumina od negovite slusateli bile vooduseveni i se prasuvale od kade ima ovoj covek tolku mudrost . Tie go poznavale Negovoto semejstvo- Negovite roditeli, i Negovite brakja i sestri- i dobro znaele deka se siromasni ( Matej 13:54-56 ; Marko 6:1-3). Bez somnenie, znaele deka ovoj drvodelec od Nazaret sto zboruva tolku ubavo nikogas ne odel vo nitu edna od rabinskite procueni skoli ( Jovan 7:15). Zatoa, nivnoto prasanje bilo na mesto. Mudrosta sto ja pokazal ISUS ne bila proizvod samo na Negoviot sovrsen um. Nesto podocna vo tekot na svojata sluzba, koga javno poucuval vo hramot ISUS rekol deka Negovata mudrost doagja od eden mnogu povisok izvor. Vo Evangelieto spored Jovan 6 :15 pisuva : Тогаш им одговори Исус и рече: “Учењето Мое не е Мое, а на Оној што ме прати; Da, Onoj Koj go ispratil Sinot na Zemjata , bil vistinskiot Izvor na mudrost (Jovan 12:49). Kako e so nas? Dali i nie se nadevame na Bozjata mudrost ? ( Izreki 3: 5,6) |
|
SOLI DEO GLORIA
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗА ГРИЖИТЕ, МОЛИТВАТА И ПРИОРИТЕТИТЕ. 34 И така, не грижете се за утрешниот ден, зашто утрешниот ден ќе се грижи за себеси. Доста му е на секој ден неговото зло.” АРГУМЕНТ 7 – БОГ ЌЕ СЕ ГРИЖИ И ЗА ИДНИНАТА. Затоа после се што не поучи Господ за грижите, зарем треба уште да се кажува? Ама некој ќе рече, па јас не се грижам за денеска, ама за утре, односно за во иднина. Без разлика за кога, за денеска или утре, за сегашноста или иднината, НЕ ГРИЖИ СЕ – БОГ ЌЕ СЕ ПОГРИЖИ ЗА СЕ! Доволно грев, лоши работи, зли дела, нечесност и грижи има во секој ден. Ако од денешните грижи Бог те ослободува, Ти вели да не се грижиш, туку да му дозволиш Тој да се погрижи за тебе и да ти обезбеди се што ти треба, тогаш ќе се погрижи и за утрешните. Верувај му, надевај се на Него, имај доверба во Него. Препушти се Божјата љубов да те смири и да ти обезбеди се што ти е неопходно за живот. На крајот сакам да ги поттикнам сите Христијани и луѓе со добра волја. Се наближува денот кога се сеќаваме и го славиме раѓаењото на Господ и Спасителот Исус Христос. Божик е денот кога светот, човечкиот род прими НАЈГОЛЕМ ДАР, дар од Бога. Тој дар ни донесе не само спасение од гревот, туку и радост, ослободување од грижите и ветување дека Бог ќе се грижи за нас. Затоа за Божик и ние да подариме некому мала радост. Со сопругата ги поучуваме нашите деца да собираат средства и да дадат дар на некое дете за Божик, да донесат насмевка некому. Ние со сопругата го правиме истото. Христијаните кои имаме прилика да ги поучуваме ги поттикнуваме и инспирираме и тие да го прават истото. Сакаме да ве охрабриме и вас. Имате доволно време, по 10, 20, 30, 50 денари да одвојувате секој ден, да соберите доволно, да купите храна или нешто друго. Најдете сиромав, човек во потреба, понудете му храна во името на Господ Исус Христос. Помогнете некому, со тоа ќе соработувате со Бога во отстранување на грижите на тие луѓе во тој ден. Ако вие не знаете такви луѓе, можете да донирате кај нас, ние како заедница на верници се организираме и имаме план да помогнеме на повеќе луѓе. Господ Исус ни даде прекрасен совет, а ова е дел од Божјата правда. „Кога даваш ручек или вечера, не повикувај ги своите пријатели, ни твоите браќа, ни своите роднини, ниту богатите соседи, за да не те повикаат и тие и да ти биде вратено. Туку кога даваш гозба, повикај ги бедните, сакатите, хромите и слепите! И ќе бидеш блажен, зашто немаат со што да ти вратат! Ќе ти биде вратено при воскресението на праведниците.” Лука 14:12-14 Апостолот Павле опишува која била одлуката на Апостолскиот собир во Ерусалим и што правел тој во неговото служење. “Да си спомнуваме за бедните, за истото, што и ревнував да го правам.“ Галатјани 2:10 Бог нека ве благослови. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗА ГРИЖИТЕ, МОЛИТВАТА И ПРИОРИТЕТИТЕ ПРИОРИТЕТ БР.1 - БОЖЈОТО ЦАРСТВО. Во своите молитви и целокупната твоја духовност најголем и најважен приоритет треба да ти биде царството Божјо. Пријатели, Господ Исус никаде не проповедаше дека се наближи таа или оваа црква, туку проповедаше приближување на царството Божјо (Небесно). Господ ги повикуваше луѓето да влезат во царството Божјо а не во црквена организација. Не ме сваќајте погрешно, не сум против црквите, туку давам се од себе да го разберете најголемиот приоритет Господов – влез во царството Божјо. Црквите имаат граници, ама царството Божјо нема граници: * Просторна (тоа е и на земјата и во целата вселена). * Временска (минато, сегашност, иднина). * Народна.(од сите народи се таму). * Расна (бели, црни, жолти, црвени, секакви). * Верска – е тука влезот е отворен САМО ЗА ОНИЕ КОИ ЌЕ ПОВЕРУВААТ И ГО ПРИМАТ ИСУС ЗА ГОСПОД И СПАСИТЕЛ. * Идентитет – секој верник се вклопува и стопува во идентитетот Божји, тој е БОЖЈО ЧЕДО, тие се БОЖЈО СЕМЕЈСТВО, НАРОД БОЖЈИ. Во истата глава (Матеј 6) Господ Исус ја даде молитвата “Оче Наш“ како примерок на молитва. Во Нејзе јасно е нагласено: “да дојде Твоето царство, да биде Твојата волја, како во небото, така и на земјата.“ (6:10) Затоа, кога се молиш: * Моли го Бога како свој цар и господар. * Моли го да ја исполнуваш волјата Негова – Царска. * Моли го да ти го даде “пасошот“ и “државјанството Божјо“ сега. * Моли го да те чека на “граничниот премин“ меѓу овој и идниот живот. * Моли го да те внеси во Неговото царство на Небо. * Моли го достојно да го претставуваш Божјото царство и Семејство на земјата. * Моли го Божјото царство да е во твоето срце, во твојот живот. ПРИОРИТЕТ БР.2 - БОЖЈАТА ПРАВДА. Господ исус пред да најави дека царството Божјо доаѓа и се наближува им порачуваше на луѓето да се покајат, тоа е влезот во царството Божјо. Затоа кога се молиш: * Покај се за своите гревови. * Покај се активно и секојдневно за се што си згрешил. * Барај прошка од Бог. * Барај сила за победа над гревот. * Бори се против пороците и гревот. * Бори се да бидеш свет и праведен по Божји стандарди. * Промени ги критериумите на праведност. * Промени го својот живот – живеј свето. * Биди втемелен во Божјата праведност. * Биди Божји праведник – зашто само “праведникот ќе живее преку вера“ вечно. Ако ги поставиш царството Божјо и правдата Божја за свои приоритети како во молитвата така и во животот, тогаш, не бери гајле, Бог ќе се погрижи за сите твои потреви. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"Затоа ви дадов пример да прaвите и вие така, како што ви направив Јас." ( Jovan 13:15) ISUS dal odlicen primer za roditelite bidejki go pravel ona sto go zboruval. Za da gi zainteresiraat decata da go sakaat BOG, roditelite mora da postapuvaat vo sklad so ona sto go zboruvaat (1 Jovanovo 3:18). Zosto e tolku vazno roditelot da poucuva so licen primer? Isto kako sto vozrasnite mozat da naucat da go sakaat BOG gledajki go primerot na ISUS, taka i decata mozat da naucat da go sakaat BOG so toa sto kje go sledat dobriot primer na svoite roditeli. Drustvoto vo koe se naogja deteto moze ili da vlijae dobro vrz nego ili da mu gi rasipe dobrite naviki ( 1 Korintjanite 15:33). Vo pogolemiot del od zivotot na deteto, a najmnogu vo ranoto detstvo-koe e mnogu vazen period bidejki togas se oblikuva negovata licnost- najbliskoto i najvlijatelnoto drustvo za edno dete se negovite roditeli. Zatoa , roditelite treba da se zaprasaat: ' Kakvo drustvo sum jas za moeto dete? Dali toa moze da uci od mojot primer i da stekne dobri naviki? Kakov primer mu davam vo pogled na vaznite raboti vo zivotot? Dali ona sto go zboruvam go praktikuvam i na delo ? ' Dali moeto dete moze da vidi deka se nadevam na BOG ? ' |
|
SOLI DEO GLORIA
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗА ГРИЖИТЕ, МОЛИТВАТА И ПРИОРИТЕТИТЕ. 31 И така не грижете се, велејќи: ‘Што ќе јадеме?’ или: ‘Што ќе пиеме?’ или: ‘Што ќе облечеме?’ 32 Зашто сето тоа го бараат народите, зашто вашиот небесен Татко знае дека ви е потребно сето ова. АРГУМЕНТ 5 – ГРИЖЕЊЕТО Е НЕДОВЕРБА ВО БОГА. Ако се грижите и кукате, за храна, пијалок и облека. Тогаш вие се однесувате како луѓето (народите) кои немаат вера во Живиот Бог. Луѓето кои не го познаваат Вистинскиот Бог тоа постојано го бараат од Бога, да имаат храна, пијалок и облека. Колку често такви работи ги нагласуваат и нашите сограѓани? “Најпрво здравје!“ Или кога ќе ми речат: “не треба молитва туку треба мотика!“ А не сваќаат дека и пред и по мотиката е потребна молитва и благослов Божји. Ако си Христијанин, дете Божјо, не се однесувај како луѓето кои не го познаваат Бога, па се грижат, плачат, кукаат, офкаат, стенкаат под товарот на грижите. Верникот има вера во Бога, се надева на Бога, ја има љубовта Божја во срцето и знае, Небесниот Татко ќе се погрижи за телесните потреби. Господ Исус рече: “вашиот небесен Татко знае дека ви е потребно сето ова.“ Затоа не грижете се! 33 Но, барајте го првин царството Божјо и Неговата правда, и сè тоа ќе ви се додаде. АРГУМЕНТ 6 – ПОСТАВИ БОЖЈИ ПРИОРИТЕТИ ВО МОЛИТВАТА И ДУХОВНОСТА КАКО ЗАШТИТА ОД ГРИЖИТЕ. Господ ни порачува јасно. НЕ ГРИЖИ СЕ за ништо туку ВО МОЛИТВА “сите ваши грижи префрлете му ги Нему, зашто Тој се грижи за вас.“ (1.Петрово 5:7) Е сега дојдовме до молитвата. Ама секој се моли, верни и неверни, правоверни и “правоверни“, вакви и такви, дали сите правилно се молат? Не! Еве како треба правилно да се молиме и да бараме од Бога. Мора да ги следиме Божјите приоритети. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗА ГРИЖИТЕ, МОЛИТВАТА И ПРИОРИТЕТИТЕ. 27 Кој од вас може, грижејќи се, да му придаде на својот раст еден лакот? АРГУМЕНТ 3 – ГРИЖИТЕ ТИ ШТЕТАТ. Дали знаете дека најмалку две третини од грижите, загриженоста, црните мисли, опасностите кои ги замислуваме, никогаш не се случуваат? Замислете колку време трошиме на грижење за нешта кои никогаш нема ни да се случат. Зошто? За потоа да имаме главоболки, нерасположение, нервоза, напнатост, тоа носи кавги дома, со пријатели, на работа, итн. Грижите имаат штетен ефект на нашето здравје, на нашето однесување кон себе и другите. А со грижата не можеме да си помогнеме. Да направиме јасна разлика. Смееме да се молиме, да бараме помош и мудрост од Бога за решение, да размислуваме, да бараме решенија. Не смееме да се грижиме, односно да бидеме загрижени, да помислиме ете сега нема решение, нема надеж, нема помош. Некои тинејџери ги вознемирува недостатокот на висина, дали можеш да пораснеш во висина ако се грижиш? Нема шанса! Напротив, ќе се подгрбавиш од секирација, и понизок ќе станеш од непотребниот товар кој ќе те притисне надолу. Кога не можеш да си помогнеш со грижите, тогаш не се грижи оти си одмагаш. 28 Зошто се грижите и за облеклото? Погледнете ги полските лилјани како растат; не се трудат, ниту предат; 29 а Јас ви велам дека ни Соломон, во целата своја слава, не се облече како еден од нив. 30 И, ако Бог ја облекува така полската трева, што денес е, а утре ја фрлаат во печка, нема ли многу повеќе вас, маловерни? АРГУМЕНТ 4 – ВРЕДНОСТА НА ТЕЛОТО. Бог го создаде телото човечко од земјен прав? Повторно околу две третини од телото е вода, и кога ќе се прерачуна вредноста на сите хемиски елементи, многу многу и не вреди. Ама, кога Бог му вдахна од својот дух на телото, е тогаш “акциите“ му “пораснаа“. На почетоткот Бог планираше човекот да живее вечно а тоа подразбира и телото да е вечно. Поради таа вредност на телото ѓаволот сакаше и да го уништи, затоа ги измами луѓето да згрешат, така нашите сегашни тела се осудени на смрт. Ама Бог поради духот Негов во нас, сеуште не ги отфрлил до крај нашите тела, и затоа дури и воскресението на мртвите ќе биде во тело. Значи при воскресението секој човек нема да биде само со дух и душа, туку и со тело, целото битие заедно. Затоа кога знаете дека Бог ги сака не само духот и душата, туку и телото, тогаш погледајте во растителната природа. Погледајте ги лилјаните, погледајте ги другите растенија кои Бог прекрасно ги облекува а ние им се восхитуваме на убавината. Ни богатиот цар Соломон не бил толку убаво облечен како убавината на облеката во растителниот свет. Ако Бог така го облекол растителниот свет, зарем Бог ќе ги остави нашите тела да бидат голи, без облека? Нема! Ќе се погрижи за облека. Имајте доверба во Бога. Ќе се погрижи и за покрив над глава, имајте доверба во Него! |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗА ГРИЖИТЕ, МОЛИТВАТА И ПРИОРИТЕТИТЕ. Нема човек кој во една или друга форма нема грижи, исто така нема човек кој во една или друга ситуација не се помолил, ама исто така секој човек свесно или несвесно има приоритети. Точно за тие нешта ќе проговориме денес. Да погледаме во Матеј 6:25-34 и да ја примиме поуката Господова. 25 ”Затоа ви велам: не грижете се за својата душа, што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за своето тело, што ќе облечете. Зар душата не е повеќе од храната, и телото од облеката? На Господа му е јасно дека грижи ќе имаме. Грижи за храна, грижи за облека, за секојдневните основни животни потреби или и малку повеќе. Но она кое Господ го порачува е: “не грижете се за својата душа!“ Како бе да не се грижам? Па зар ти ќе ми ги платиш сметките? Ти ќе ми донесеш за јадење? Не! Па како да не се грижам тогаш? Едноставно. Господ ти нуди аргументи за да не се грижиш: АРГУМЕНТ 1 - ВРЕДНОСТА НА ДУШАТА (ЖИВОТОТ). Погледај се! Имаш дух, душа и тело. Ти си најсовршеното нешто кое Бог го создал. Исус ти вели, погледај и види ја разликата меѓу тебе и животните и растенијата. Ти имаш душа, а тие не. Зарем твојата душа не е повредна од храната? Да, повредна е! Затоа, сети се, Бог те создал прекрасен. Бог нема да те остави на цедило оти Тој е најдобар Родител. Еве ја вредноста на душата: “Зашто, каква полза ќе има човек ако го придобие целиот свет, а на својата душа и напакости? Или што ќе даде човек во замена за својата душа?“ (Матеј 16:26) Цел свет не вреди колку една човечка душа (живот). Тој ти подарил скапа душа и тело, повредни од храната и облеката. Бог ќе се погрижи и за твојата душа и за твоето тело, за се што ти е неопходно. Не грижи се! 26 Погледнете ги птиците небесни! Тие ниту сеат, ниту жнијат, ниту собираат во житници, и пак вашиот небесен Татко ги храни. Зар не сте вредни многу повеќе од нив? АРГУМЕНТ 2 – ВРЕДНОСТА НА СПАСЕНИЕТО. Погледајте ги птиците. Не сеат, не жнеат, не собираат храна, сепак Бог секојдневно ги храни. Овде ми е малку незгодно, ама морам да кажам. Бог се грижи за сите луѓе бидејќи ги создал. “(Бог) прави Неговото сонце да изгрева над злите и над добрите, и дава дожд на праведните и на неправедните.“ (Матеј 5:45) Ама за оние кои станале Божји деца, се грижи со посебна љубов и внимание. Господ Исус вели во овој стих: “вашиот небесен Татко ги храни.“ Сакам да ве охрабрам, сите кои не сте деца Божји, сторете го тоа одма. За да станете деца Божји морате да го примите Синот Божји во своите животи. (види Јован 1:12). Ако имате прашања или ви е потребна помош, пишете ми приватна порака и ќе ви образложам и помогнам. Христијаните мора да ја знаат цената на нивното спасение – ЖИВОТОТ НА ИСУС ХРИСТОС во замена за мојот и твојот (види Јован 3:16). Толку вредиш ти, колку што вреди Господ Исус, затоа не заборавај и не се грижи, туку имај доверба дека твојот Небесен татко ќе се грижи за секоја твоја потреба. Не само од птиците, детето Божјо е повредно и од Ангелите. Слава на Бога. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"Ако си сиромав, не настојувај да трупаш богатство; бегај од таквите мисли. Ќе ги устремиш очите кон него, о - веќе го нема: тоа ќе си направи крилја и како орел ќе летне кон небото." ( Izreki 23:4,5 ) Koga kje se kaze " vistinskiot zivot" , povekjeto lugje si zamisluvaat zivot ispolnet so luksuz i zadovolstvo. Vo edno spisanie pisuva:" Onie sto gledaat filmovi i televizija pocnuvaat da go posakuvaat ona sto go gledaat i da sonuvaat za ona sto bi mozele da go imaat." Smislata vo zivotot na mnogu lugje im e da steknat bogatstvo i da bidat nekoj i nesto vo opstestvoto. Vo trkata za bogatstvo, mnozina od niv ja zrtvuvaat svojata mladost, zdravje, semejstvo i duhovni vrednosti. Malkumina si go stavaat prstot na celo za da razmislat deka luksuzot i zadovolstvata sto se prikazuvaat vo mediumite se samo odraz na " duhot na svetot", odnosno na nacinot na razmisluvanje koj vlijae vrz milijardite lugje na Zemjata i gi tera da postapuvaat sprotivno na namerata za koja ne sozdal BOG. ( Efesjanite 2:2) Ne e nisto cudno sto denes ima tolku mnogu nesrekni lugje ! Но ние не го примивме духот на овој свет, туку Духот, Кој иде од Бога, за да го знаеме она, што ни е дарувано од Бога ( 1 Korintjanite 2:12) |
|
SOLI DEO GLORIA
|
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А он им рече: "И на другите градови треба да им соопштам радосна вест за царството Божјо, оти за тоа сум пратен." ( Luka 4:43) ISUS ja propatuval Zemjata nadolz i nasiroko, propoveduvajki ja i objavuvajki ja dobrata vest za Bozjoto Carstvo ( Luka 8:1). Pravel i mnogu mokjni dela - gi nahranil mnostvata, go smiril opasnoto nevreme, gi lekuval bolnite i gi voskresnuval mrtvite. So ovie cuda ISUS dokazal deka BOG moze da ja popravi sekoja steta i da im nadomesti na lugjeto za site stradanja sto gi doziveale po buntot vo Edem, i na toj nacin " da gi razurne delata na Gjavolot" ( 1 Jovanovo 3:8). Za da moze da im se objavi na lugjeto Dobrata Vest za Bozjoto Carstvo na kolku sto e mozno povekje lugje, ISUS sobral edna grupa verni sledbenici i gi obucil da go pravat toa. Najprvo gi odbral svoite 12 apostoli i gi ispratil da go propovedaat Bozjoto Carstvo ( Luka 9:1,2). Potoa ispratil 70 drugi svoi ucenici da ja objavuvaat porakata : " Bozjoto Carstvo se priblizi do vas ! " ( Luka 10:1,8,9 ) |
|
SOLI DEO GLORIA
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗА ПРАВЕДНОСТА ПРЕД БОГА , СТРАДАЊАТА, ПОМОШТА И ИЗЛЕЗОТ. 1. Биди праведен и имај сравопочит кон Господа. 2. Не секое страдање е плод на грев, некои се контролирирано-дозволени од Бог за твое добро. 3. Поднеси ги неволјите и не греши пред Бога. 4. Не греши кога си искушуван, па макар и од најблиските; брачен другар, семејство или најблиски пријатели. 5. Повикувај го Бога за твој Сведок и Бранител. Дозволи му Тој да те одбрани. 6. Не осудувај никого кога страда, за да не згрешиш пред Бога па ти да си донесеш страдања. 7. Конечниот збор за се го има Бог. Бог ќе ти помогне и благослови по издржаните испити и искушенија. ЗА ПРИЈАТЕЛСТВОТО. 1. Љуби го и почитувај го пријателот во искреност, со зборови и дела. 2. Бог нема да те посрами и остави на цедило, дури кога и пријателите ќе го сторат тоа. 3. Биди љубезен, сочувствителен и не го го осудувај и напаѓај својот пријател. 4. Барај мудрост од Бога како да му помогнеш на пријателот, во добро и во зло. 5. Биди искористен од Бога а не од ѓаволот во односите со твоите пријатели. 6. Бог заповеда на оние кои ќе згрешат да побараат прошка од оној на кој му згрешиле. 7. Без прошка и благослов од оној на кој сме му згрешиле, ќе имаме проблем со Бог. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А над сето тоа облечете се во љубов, која е врска на совршенството ( Kolosjanite 3:14) Dali nekogas ni se slucuva da kazeme: " Nemam predrasudi no... " , a potoa iznesuvame izvesni negativni karakteristiki sto smetame deka se voobicaeni za nekoja etnicka grupa? Ova mozebi e pokazatel deka kje mora da iskorenime nekoi predrasudi koi se` uste ni se vkoreneti dlaboko vo srceto. Bi mozele da se prasame: ' Dali se trudam da gi zapoznaam lugjeto sto se od druga kultura, porazlicna od mojata'? Vakvoto preispituvanje moze da ni pomogne da se analizirame podobro so cel da staneme pobliski i poslicni na nasiot Otec nebesen 'koj dava sonce i dozd i na pravednite i na nepravednite" ( Matej 6:45). Apostolite Petar i Pavle se ubavi primeri za lugje sto se promenile vo ovoj pogled ( Dela Apostolski 10:9-35; Galatjanite 1:13-20). Nema somnenie deka i nie mozeme da si go promenime stavot so pomos na Bozjiot Sveti Duh. Ako zabelezime skrieni tragi na predrasudi, da dademe se' od sebe za da gi iskorenime, trudejki se 'da go zapazime ednistvoto na Duhot preku vrskite na mirot '( Efesjanite 4:3-6; ) |
|
SOLI DEO GLORIA
|
|
Внеси реплика | страница <1 23456 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |