IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Епидемија на заушки во РМ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Епидемија на заушки во РМ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака Обратен редослед
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2009 во 15:30
Дури лани во декември забележавме дека се разболуваат и деца од 15 до 19 години, кои се вакцинирани. Не ја знаеме причината за тоа - дали вирусот е толку силен, па ги напаѓа и тие што се заштитени. Затоа бараме помош од СЗО за да видиме кој тип Ѓ вирус ја предизвикува болеста. Затоа и излеговме до рамките на Правилникот за задолжителна имунизација и препорачавме таа да се врши и кај лица до 19 години. Епидемии од заушки имало и во развиени европски земји и во САД. Иако се правени испитувања, не бил откриен предизвикувачот.
(од претходната статија)

-Не се знае од што


Изменето од Biba_G - 30.Јануари.2009 во 15:30
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2009 во 15:22
Аман бре, па од што?
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2009 во 15:12
Од денешен Дневник

Заушките излегоа од контрола. Освен што се шират и кај поголемите деца, вирусот почна да ги напаѓа и вакцинираните. Дури 35 отсто од 1.200 заболени во јануари претходно примиле две дози од вакцината, а една третина биле заштитени со една доза. Бидејќи заразата се проширила и кај тинејџерите, кои сочинуваат повеќе од половина од заболените, Комисијата за заразни болести вчера препорача итна вакцинација и на младите од 15 до 19 години што не се вакцинирани и кај кои не постои писмен доказ за прележана болест, мерка што досега важеше само за деца до 14 години.

Стручњаците од Министерството за здравство стравуваат дека ако болеста продолжи да се шири со ова темпо, може да се заразат меѓу 50.000 и 60.000 лица, а вакцинацијата ќе мора да се прошири на целото население. Мирни се само тие што ја прележале болеста.
Иако помина една и пол година откако оваа заразна болест се шири во земјата, Министерството за здравство дури сега ќе бара финансиска и стручна помош од Светската здравствена организација (СЗО) за процена на имунолошкиот статус на вакцинираното население. Родителите на средношколците и на основците се во паника и ги проверуваат книшките и вакциналните картони на своите деца. Во Републичкиот завод за здравствена заштита велат дека досега кај 16 отсто од заразените се појавиле компликации, односно кај повеќе од 1.000 лица, бидејќи лани имало околу 6.000 болни, а годинава повеќе од 1.200.

Само на Инфективната клиника во Скопје во јануари се јавиле 234 болни од заушки: 50 биле хоспитализирани, 20 добиле компликации - отечени тестиси, а 18 заболеле и од менингитис. На прашањето зошто поголеми мерки за заштита не биле донесени уште лани, кога во 12 града беше прогласена и епидемија, Јованка Костовска, советничка во Министерството за здравство, објаснува:

- Дури лани во декември забележавме дека се разболуваат и деца од 15 до 19 години, кои се вакцинирани. Не ја знаеме причината за тоа - дали вирусот е толку силен, па ги напаѓа и тие што се заштитени. Затоа бараме помош од СЗО за да видиме кој тип Ѓ вирус ја предизвикува болеста. Затоа и излеговме до рамките на Правилникот за задолжителна имунизација и препорачавме таа да се врши и кај лица до 19 години. Епидемии од заушки имало и во развиени европски земји и во САД. Иако се правени испитувања, не бил откриен предизвикувачот.

Кај нас во првите години од задолжителната вакцинација имаше вакцини од УНИЦЕФ, а потоа сами ги набавуваме. Имунизацијата се врши од 1982 година, а ревакцината е воведена во 1997 година. Од пред шест години ги имаме најквалитетните вакцини - вели Костовска. Има 14 типа вируси што може да предизвикаат заушки, а со вакцините се штитиме од еден до три типа. В.д. директорот на Клиниката за инфективни болести, Ѕвонко Миленковиќ, тврди:

- Што и да преземевме, ќе се случеше ова. Не можеме мува да тепаме со топ, наместо со „пипс“. Лани не беа создадени услови за да се преземат други мерки и да се прошири обемот на вакцинација во однос на возраста. Бараме помош од СЗО во реагенси и тестови за да процениме дали вакцината штити од овој вирус што сега циркулира. Неопходно е болниот да се изолира и да мирува. Не значи дека кај секој што ќе добие воспаление на полните жлезди ќе се јави и стерилитет - вели д-р Миленковиќ.

Лекарите велат дека само тој што ја прележал болеста е сосема заштитен и не може пак да добие заушки. Епидемиолозите во РЗЗЗ вчера не знаеја да одговорат колку вкупно деца биле вонредно вакцинирани од јули минатата година досега и дали и меѓу нив сега има заболени. Таа информација ќе биде позната дури во декември, бидејќи ќе се евидентира со лицата што биле редовно вакцинирани.
Иако помина една и пол година откако оваа заразна болест се шири во земјата, Министерството за здравство дури сега ќе бара финансиска и стручна помош од Светската здравствена организација (СЗО) за процена на имунолошкиот статус на вакцинираното население. Родителите на средношколците и на основците се во паника и ги проверуваат книшките и вакциналните картони на своите деца. Во Републичкиот завод за здравствена заштита велат дека досега кај 16 отсто од заразените се појавиле компликации, односно кај повеќе од 1.000 лица, бидејќи лани имало околу 6.000 болни, а годинава повеќе од 1.200.


СТАВ
Стерилни мерки

Иако една и пол година здравствените власти велеа дека преземаат мерки и во 12 града прогласија епидемија на заушки, вирусот излезе од контрола. РЗЗЗ и Министерството за здравство дејствуваат како раштимуван оркестар и си ја префрлуваат одговорноста, наместо да се справуваат со епидемијата, која може да предизвика и стерилитет кај машките. Зошто уште пред една година не беа вакцинирани и младите до 19 години? Подобро надлежните да излезат од Правилникот, кој пропишал вакцини само за лица до 14 години, отколку да се лекуваат последиците што може да ги предизвика ова заразно заболување.Се покажа дека подарените вакцини од УНИЦЕФ пред 18 години сега многу скапо ги плаќаме. Пребавната статистика на болестите што се води во РЗЗЗ мора да се забрза и да биде во служба на вонредните мерки. Најчудно од се' е што бараме пари од СЗО за студија. Здравствениот денар даден за камери и за кампањи, сепак, можеше да се пренасочи во превентивата.

Љубица Балабан







Изменето од Biba_G - 30.Јануари.2009 во 21:35
Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2009 во 15:03

Епидемија на заушки ја тресе Македонија. На удар се средношколците. Само во јануари регистрирани се 1.209 заболени.

Најмногу заболени адолесценти има во Скопје (288), Кавадарци (160) и Прилеп (137). Епидемиолозите го чешлаат теренот, ги бараат децата родени меѓу 1989-та и '97-ма година кај кои е направен пропуст во вакцинирањето.

Министерство за здравство утре ќе излезе со препораките до населението.

„Се преземаат сите потребни мерки на самиот терен. Сите деца до 14-годишна возраст кои не примиле две дози на вакцина против заразни заушки, подлежат на две дози и се опфаќаат на целата територија на Република Македонија“, изјави Гордана Кузмановска, епидемилог - РЗЗЗ.

Ова е најголема епидемија на заразни заушки во последните 25 години. Епидемијата започна од крајот на 2007-ма, кулминација достигна во декември минатата година, со галопирачки пораст и оваа година.

Во критичните години, 24 проценти од децата воопшто не биле вакцинирани, 42 проценти добиле само една вакцина, а 32 проценти коишто ги добиле трите вакцини, воопшто не развиле имунитет.

Тогаш, поради финансиски тешкотии на Министерството, амбулантите сами се снабдувале со вакцини.

Болеста се пренесува преку дишење и допир, а се манифестира со оток на грлото и дишните органи. Кај машките може да доведе и до траен стерилитет.


Превземено од сајтот на А1.


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.