IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - За смирението
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

За смирението

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 14>
Автор
Порака Обратен редослед
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 08:49
Освен вистинското смирение, постои уште еден вид на смирение, а тоа е лажното смирение, или шарлатанско смирение. Се разбира, ваквото „смирение“ произлегува од нашата суета и гордост. Веќе ги опишавме знаците и плодовите на вистински (внатрешно) смирениот човек, како и тоа, во зависност од степените на духовниот раст, какво смирение може да има.

Лажното смирение е жедно за слава. Лажно смирениот човек, има лице на смирен човек, но внатре во себе е полн со страсти. Тука се крие и лукавство, затоа што таквиот човек видел дека смирението носи пофалби и почести на оние кои го имаат, па заради задоволување на своите страсти, ја зема маската на смирението. Ваквите луѓе ја немаат разбрано суштината на смирението. Да, и тие за себеси велат: „Леле, јас грешниот, ох колку сум недостоен.“ Да, вели, но истовремено посакува другите да му кажат дека тој не е грешен, дека е побожен, и веднаш му станува драго. Но, ако другите му речат: „Признаваш дека си грешен? Значи, вистина било тоа што го зборуваат за тебе.“, на лажно смирениот човек, веднаш му станува мачно, па почнува да прашува кој тоа така зборувал. Ова смирение не е спасоносно, и се нарекува смирение полошо и од гордоста. Свети Јован Лествичник вели: „Не покажува смирение оној кој самиот себеси се навредува, туку оној, бивајќи обесправен од друг, не ја намалува љубовта спрема него.“

Лицемерното смирение не претставува толкава опасност за световните луѓе, кои не го разбрале смирението и не ни сакаат да имаат вистинско смирение. Но, лажното смирение е многу опасно, пред се за духовните луѓе, односно за оние кои сакаат да живеат духовен живот. Лажното смирение е начин за стекнување на евтина и брза слава. Светите Отци велат, да не зборуваме ништо за себеси: ниту добро, ниту лошо, туку да внимаваме на душата и внатрешно да се бориме со сите нејзини пороци. Не обвинуваат ли, треба да молчиме и да не се оправдуваме. Инаку, ете ти ја гордоста. Не фалат ли - пак треба да молчиме. Инаку, ете ти го лицемерието (значи пак гордоста). Тоа е надворешното смирение. А внатрешното, она вистинското смирение, е мртво и за навредите и за пофалбите.

Еден подвижник рекол дека во последните времиња, нема да има веќе строги аскети и големи подвижници, но вистинските христијани ќе се спасуваат само со смирението. Дури и некои, само со смирението ќе достигнат големо совршенство.

Значи, ако сакаме да почнеме да живееме вистински духовен живот, треба да ја презреме сета човечка слава. Презирајќи ја, нашето лицемерие произлезено од лажното смирение, постепено ќе го преобразуваме со побожност и со плач за сопствените гревови. Постепено ќе се очистуваме од страстите, и ќе се здобиваме со вистинско смирение.

п.с. Многу е битно, сето тоа да се прави заедно со духовен отец. Не дека не може и сам, но тоа е многу потешко, и е многу лесен начин некој да западне во прелест.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 06:46
Izvoren, џабе ако надворешно изиграваме преподобие, а внатрешно пукаме од гордост. Зарем не беше и тоа поуката на Господ во однос на фарисеите? Надворешно - гробови варосани, а внатрешно - коски мртовечки и замирисани.

Џабе ако некој се понизува пред некој друг, а во себе со својот ум, во суштина тоа не го прави и не сака да почне да го прави...
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 06:40
лек за гордоста е понизноста, а не смиреноста.Кога ке се понизиш пред Бог и лугето гордоста ке исчезне.
Всушност Марија Магдалена е конатрадикторна првен вика дека лек за гордоста е смиреноста, а потоа џабе е некој смирен ако е горд внатрешно.

   Така да св.Тихон Задонски не баш добро ви го кажал лекот за гордоста.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 06:33
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Доколку човек се смета себе си за добиток, со тоа тој го понижува делото на Божјите раце.

Доколку човек се смета за добиток, тогаш тој индирекно го нарекува и Бог добиток, бидејќи е создаден по Неговиот лик.


И Христос, второто лице на Света Троица стана Човек, а дали со тоа Тој ја понижил Божественоста? НЕ, туку само ја потврдил...

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Една од најголемите Божји заповеди вели: "Љуби го ближниот свој, како себе си". Доколку човек не се љуби себе си, тогаш како ќе го љуби ближниот свој КАКО себе си?


А како човекот се љуби себеси? Што значи тоа - да се љубиш себеси? Тоа значи да сакаш да бидеш со Бог, да бидеш во Неговото царство, затоа што си створен од Него и Тој ти ја дал сета љубов и сиот живот, и Тој е твојот живот (ако се љубиш себеси - сакаш да живееш). А како ќе бидеш со Бог? Со тоа што ќе стекнеш смирение и ќе станеш како мало дете... A какво е тоа смирение? Тоа е по примерот на Господ - зеде облик човечки (облик кој е на многу подолно ниво од Неговото Божество во секоја смисла)и стана малку подолен од ангелите, за потоа да биде овенчан со слава и чест (сп.Евреите 2,9) А кој е на подолно ниво од човекот? Се разбира, животните... Врвете по Мене...

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Затоа, чувајте се од лажната и лицемерната понизност. Секој човек треба да знае дека е вреден во Божјите очи, бидејќи е создаден по Божјото подобие.

 


Ова е точно, но... треба да се запрашаме дали тоа подобие сме го исполниле? Човекот е створен по лик и подобие Божјо. Ликот се гледа во неговата душа, слобода, додека пак подобието е бескрајно растење во совршеноста, како што бескрајно е совршен нашиот Отец на небесата. Сега се наметнува прашањето каков е нашиот лик и дали го исполнуваме призивот кој ни е даден во подобието? Ликот ни е извалкан со нашите гревови и преку подвизи треба да го очистиме, а особено преку подвигот на непрестајната молитва, подвигот на безусловното послушание кон својот старец, подвигот на љубовта и подвигот на смирението. Кога ќе почнеме да ги исполнуваме ревносно, со топла љубов кон нашиот Спасител, овие работи, тогаш постепено почнуваме да се вивнуваме нагоре кон Него и малку по малку да го исполнуваме нашето призвание кое ни е дадено (подобието). Светителите се тој пример кој го исполниле ова - станале слободни од гревот, секогаш служејќи Му на својот Бог, и самите станувајќи богови по благодат.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 06:05
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

E. bas sega ja citam taa kniga "Hristijansko ziveenje" od Sv. Tihon Zadonski, t.e. se navracam na nea. Mnogu e ubava i poucna.
 

Kon tvojot osvrt, da, toa e toa.

"Golema mudrost e da ja pokoruvame nasata volja na Bozjata i zloto da go pobeduvame so dobro, gordosta-so smirenost, gnevot i lutinata-so krotkost i trpelivost, a omrazata so ljubov"

 

Lek za gordosta e samo smirenosta. I toa, dzabe e ako nekoj nadvoresno deluva smiren-a vo dusata ostanuva gord. Toa e demonceto koe mora da se pobedi vo sebe.


многу добро кажано...

Читај ја „Живот под духовно раководство“ од св. Теофан Затворник - прекрасна книга.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 21:46
Psalm 146:3
"On gi isceluva skrushenite po srce i gi prevrzuva ranite nivni"
 
Psalm 50:17
"Zrtva pred Bog e smiren duh, srce ponizno i smireno Boze, Ti ne otfrlas"
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 21:35
E. bas sega ja citam taa kniga "Hristijansko ziveenje" od Sv. Tihon Zadonski, t.e. se navracam na nea. Mnogu e ubava i poucna.
 
Kon tvojot osvrt, da, toa e toa.
"Golema mudrost e da ja pokoruvame nasata volja na Bozjata i zloto da go pobeduvame so dobro, gordosta-so smirenost, gnevot i lutinata-so krotkost i trpelivost, a omrazata so ljubov"
 
Lek za gordosta e samo smirenosta. I toa, dzabe e ako nekoj nadvoresno deluva smiren-a vo dusata ostanuva gord. Toa e demonceto koe mora da se pobedi vo sebe.
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 20:59
Вчера напишав - во согласност на учењето на Црквата - дека колку човекот е посмирен, толку погрешен се чувствува. Колку повеќе се вивнува во висините на смирението, толку повеќе паѓа во амбисот на унизението. Вака, здраворазумски гледано, ова е навистина налудничаво и ненормално. Во математичката логика може да се нарече како парадокс, а во природните закони како некој вид на аномалија.

За момент да погледнеме на гордоста (се надевам ќе зборуваме и за тоа); зарем не може да се види овој парадокс и овде, само свртено од страната на гревот? Колку повеќе се возгордева и следствено се огрешува човек, толку за поправеден се смета. Овој парадокс ни е некако поимлив, лесен за разбирање: возгордеаните се сметаат за подобни. Тие всушност се во заблуда, затоа што гордоста ги заслепила. Од друга страна, непоимливо ни е, како е можно добредетелните христијани, особено светителите, да достигнале големо совршенство, дури се здобиле и со дар на чудотворство, а сепак себеси се сметале за грешници! Исто така, здраворазумски е да се запрашаме: Нели е возможно тие да ги виделе своите совршенства? Биле ли искрени во своето сознание за гревовност? Нивното смирение, не било ли само надворешно? На крај, длабоко во себе си, најискрено, не ли го чувствувале целото свое обожение?

Св. Тихон Задонски вели вака:
„Во вистинското смирение се забележува непрестаен глад за Божјата благодат: затоа што смирението не гледа на тоа што веќе го има, а мисли и го бара тоа што го нема. Како што учениците од книгите и учителите, што повеќе се поучуваат, толку повеќе ја гледаат својата неукост; затоа што многу подалеку е она што не го знаат, од она што го научиле; така и учениците во школата на Божјата премудрост, се гледаат толку победни во духот, колку што повеќе стануваат учесници на Божјите дарованија - затоа што гледаат дека уште многу нешта немаат, та затоа барат смирение и воздишки.“

Од овде јасно се гледа, зошто светителите без секоја сомнеж се нарекувале грешници. Само горделивиот од духовна слепост и незнаење, секогаш мисли за себеси дека е прав, а смирениот христијанин достигнал голема мудрост, и со својата духовна прозорливост гледа многу гревови и неправилности во себе. Сите светители биле големи духовни мудреци, и затоа сите и се сметале за големи грешници.

Има нешто многу естетствено во сознанието на праведникот, дека тој е недостоен и грешен. Секоја човечка добредетелност без Божја помош е како ситна светкава небесна ѕвезда во темната ноќ на животот. Ѕвездите светат само ноќе, кога е темно. Но изгрее ли сонцето, тие веднаш го губат својот блесок, и исчезнуваат. Така е и со луѓето. Додека се во ноќта на гревовите, далеку од Бога, светат, се гордеат со она или ова. Но изгрее ли Бог во нивните души, тие веднаш згаснуваат и гледат дека се ништо пред Божјото величие. Е, тоа е всушност смирението - кога човекот невидливо стои пред Бога и покрај добредетелноста што ја има, се смета за ништо; бега од слава и почести и не трпи суетни пофалби за себеси, и непрестано секоја слава и пофалба ја предава на Бога.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 19:16

Ma ostaj se, da ne e Bog...ce ritame kako oslinja, plukajci i gazejci po licnosti bez pardon.

Slava Mu sto ne sozdal -LUGE.
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 19:08
Ах таа гордост....човечка...
Срека што Бог се простува ако се покае човек.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 19:05

Tokmu taka.

Kako sto pogore mi pojasni makarios, "Ние бевме повикани за повисоки цели, и сето тоа го погазивме. Тогаш, нашиот разум наликува на бесловесноста кај животните."
 
Mislam deka gordeliviot covek nalikuva tokmu na nesvesno zivotno koe, rakovodeno od svoite instinkti, rita i kloca, gazejci se pred sebe....


Изменето од maria_magdalena - 29.Октомври.2008 во 19:05
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 18:10
Идејата дека си пониско од добитокот, ако се прочита само како извадок, звучи доста чудно, дури и глупаво. Но - ако се постави во контекст има сосема друга смисла. Бог нас не дарил со ум и со разум. Не дарил со слободна воља. Ни дал можност да избереме што ќе правиме и како ќе го направиме. Тоа не е само дар, туку многу тежок "аманет" и обврска! Ако некој без разум згреши, не можеш да му земеш за зло (дури и законот ги ослободува таквите), затоа што не знае што прави... но ако некој со разум згреши, тоа е страшно, затоа што точно знаел што прави.
Во случајов - тој разум и таа слободна воља, не предупредуваат дека секое Божје Творение на оваа земја е важно и со самото тоа што ние го разбираме тоа - е поважно од нас самите!
Тоа не е слепо послушание, ниту пак е понизност. Тоа е извисување над работите, над материјалното, и пред се и најважно од се - извисување над егото!
Do what is right, come what may...
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 15:31
Makarios, blagodaram za objasnuvanjeto. Sekako deka moitre sogleduvanja se od podolna instanca na duhovniot razvoj, zatoa sto samata nemam dostignato nekoe nivo za da gi sogledam i od ovoj agol.
 
"Ние бевме повикани за повисоки цели, и сето тоа го погазивме. Тогаш, нашиот разум наликува на бесловесноста кај животните."
 
Ovaa recenica, cinam, ja otslikuva svesta na gordeliviot covek...sto e pak sprotivno na smirenosta.
 

 
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 13:17
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Доколку човек се смета себе си за добиток, со тоа тој го понижува делото на Божјите раце.

Не.
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Доколку човек се смета за добиток, тогаш тој индирекно го нарекува и Бог добиток, бидејќи е создаден по Неговиот лик.

Пак не.
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Една од најголемите Божји заповеди вели: "Љуби го ближниот свој, како себе си". Доколку човек не се љуби себе си, тогаш како ќе го љуби ближниот свој КАКО себе си?

Исто така и човекот исполнет со себељубие се љуби себеси. Треба убаво да се размисли што сакал авторот да каже со тој цитат.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Оваа "понизност" се нарекува еретичка понизност. Поради ваквата "понизност" многумина правеле многу смешни работи, оделе во џунглите, спиеле по шталите, јаделе со свињите итн.

Наведи ми кој вели така? Јас не зборував за понизност, туку за смирение (и тоа за внатрешното смирение).

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Поради ваквата "понизност" многумина одбиваат дури и да се крстат и да се причестат, велејќи дека се недостојни за такво нешто (небаре некој друг се удостоил самиот себе си за да земе причест или да биде крстен).

Во православната Црква, таков пример не е познат.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Затоа, чувајте се од лажната и лицемерната понизност.

Зарем јас реков поинаку?

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Секој човек треба да знае дека е вреден во Божјите очи, бидејќи е создаден по Божјото подобие. Исто така секој христијанин треба да знае дека е откупен со Христовата скапоцена крв, со што нашата вредност во Бог е зголемена!

Сепак, знаејќи ги овие работи, и да останеме несмирени... збунетост За мене ова е налудничавост.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

 
Нека ми прости ткн. "светец" Амвросиј Оптински, но претерал малку со "смиреноста". Сакајќи да се истакне со радикалната "смиреност" т.е. во случајов "понизност", тој ја преминал Божјата долна граница за човековата вредност.

Да се надеваме дека ќе ти прости.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.