IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Познати жени во историјата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Познати жени во историјата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2345>
Автор
Порака Обратен редослед
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2008 во 16:11
Марија Антоанета(1755-1793)
Ќерка на Марија Терезија од Австрија
Омажена е за францускиотпринц Луј Август кој подоцна станува Луј 16.Позната е како мрзлива и лекомислена.Кралицата поради нејзиното разуздано однесување и горделивоста се смета како главен виновник за финансиската криза во Франција.Во сатиричните песни од тоа време била нарекувана Мадам Дефицит.Но за време на револуцијата и периодот кога е затворена покажала дека поседува и висок морал и огромна храброст.Со достоинство реагирала на навредите и глдта а со голема храброст се искачила по скалилата што ја воделе во смртта.Позната е по изреката,,ако немаат леб нека јадат слатки,,
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
DarlinG Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*Lara*Croft*

Регистриран: 09.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1621
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DarlinG Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2008 во 15:34
Јованка Орлеанка



Јованка Орлеанка (фран.: Jeanne d'Arc) (6 јануари 1412 - 30 мај 1431) е народна хероина на Франција и Светец на Католичката Црква. Уште на 17 години, таа ја командувала француската кралска армија, убедувајќи го кралот Шарл VII да ги истера Англичаните од Франција и подоцна, овозможувајќи го неговото крунисување.
Во 1429. на чело на неколку стотици Французи, кај Поатје ги победи англиските освојувачи и го зазеде градот Орлеан. Бургундијците ја заробуваат во 1430. и им ја предаваат на Англичаните, по што е осудена за ерес и запалена на кол во 1431 во градот Руан.
Во 19-тиот век, таа е прогласена за француска национална хероина. Јованка Орлеанка е прогласена за светица од страна на Католичката Црква на почетокот од 20 век. Моментално, Република Ирска, Канада, Велика Британија и Соединетите Американски Држави покажуваат голем интерес во нејзините дејствија. Јованка Орлеанка се смета за силна жена полна решеност и вера.
Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2008 во 17:49
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Originally posted by BisernA BisernA напиша:

Мис Стон

Американска мисионерка,... доаѓа за да биде предводник на Протестантската црква... Во 1901 била киднапирана во Банско, заедно со Катерина Стефанова Цилка... која е бремена...
 
Нивното грабнување било организирано од ВМРО, и било предводено од Јане Сандански и Христо Чернопеев. За Мис Стон да биде ослободена, била барана голема сума на пари,... која требало да ги снабди Илинденците со оружје... таа прво не сака ни да чуе да даде 110,000 $ на ,,тие луѓе,, бидејќи ги смета за разбојници... но откако ќе помине неколку месеци со нив,... се приврзува за нив и сфаќа дека тие само сакаат слобода...


Ова е малку идеализирано, бар така сум потчула...Малку со Јане Сандански чинам...љубов црвенеењено природно во такви околности, шума, комити...

Мислам, што мајка барала Мис Елен Стоун овде, а? Во земја каде веќе цутело христијанството? Турско ропство-а  ни Турците не  бранеле исповед на православието, со исклучоци. Што мајка барала? Да позната е како личност ама по ништо исклучителна за мене.




pa ne deka napravila neshto korisno,... vo kako shto velish,... vekje hristijanska zemja... замисленост samo mi ostanala vo sekjavanje намигнување
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2008 во 12:35
Мирка Гинова (1916 - 1946) е борец и народен херој на Македонија. Родена во с. Русилово, Воденско, Егејска Македонија. По занимање била учителка. Погубена од грчките монархофашисти, Мирка Гинова се смета за прва жена жртва на грчкиот монархофашизам. Таа во Македонија представува симбол на храброста и смелоста на македонските жени. Денес во нејзина чест низ Македонија има десетици институции кои го носат нејзиното име. Како на пример државниот ученички дом за средношколци и студенти во Битола, каде постои и нејзин споменик.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2008 во 11:13
Тоа го прават и многу нејзини следбеници/следбенички денес. Ќе дојдат да “проповедаат“, а после идивиди извештај на интернет, лично сум се уверила. Каква само слика даваат за Македонија. И тоа ми е некоја “христијанска“ етика. Ни во филм не заслужила да се најде.
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 21:07
Не направила ништо корисно, ниту значајно за историјата. Освен што се снима филм за грабнувањето - ништо друго не произлегло од нејзините активности во Македонија, освен неколку многу негативни репортажи за населението и земјата (пред грабнувањето и се смета дека се повод токму неа да ја киднапираат).
Do what is right, come what may...
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 20:55
Originally posted by BisernA BisernA напиша:

Мис Стон

Американска мисионерка,... доаѓа за да биде предводник на Протестантската црква... Во 1901 била киднапирана во Банско, заедно со Катерина Стефанова Цилка... која е бремена...
 
Нивното грабнување било организирано од ВМРО, и било предводено од Јане Сандански и Христо Чернопеев. За Мис Стон да биде ослободена, била барана голема сума на пари,... која требало да ги снабди Илинденците со оружје... таа прво не сака ни да чуе да даде 110,000 $ на ,,тие луѓе,, бидејќи ги смета за разбојници... но откако ќе помине неколку месеци со нив,... се приврзува за нив и сфаќа дека тие само сакаат слобода...


Ова е малку идеализирано, бар така сум потчула...Малку со Јане Сандански чинам...љубов црвенеењено природно во такви околности, шума, комити...

Мислам, што мајка барала Мис Елен Стоун овде, а? Во земја каде веќе цутело христијанството? Турско ропство-а  ни Турците не  бранеле исповед на православието, со исклучоци. Што мајка барала? Да позната е како личност ама по ништо исклучителна за мене.


МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 18:51
Мис Стон

Американска мисионерка,... доаѓа за да биде предводник на Протестантската црква... Во 1901 била киднапирана во Банско, заедно со Катерина Стефанова Цилка... која е бремена...
 
Нивното грабнување било организирано од ВМРО, и било предводено од Јане Сандански и Христо Чернопеев. За Мис Стон да биде ослободена, била барана голема сума на пари,... која требало да ги снабди Илинденците со оружје... таа прво не сака ни да чуе да даде 110,000 $ на ,,тие луѓе,, бидејќи ги смета за разбојници... но откако ќе помине неколку месеци со нив,... се приврзува за нив и сфаќа дека тие само сакаат слобода...
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 15:26
Византиската царица Теодора

Исклучителна жена...немам зборови. Сопруга на Јустинијан први и негов најблизок соработник (кој вели дека жените не владеат, па таа била мозокот на Јустинијан...).

Ова мора да се прочита
:

http://en.wikipedia.org/wiki/Empress_Theodora

а ако ви падне в раце книгата “Теодора“ (не го паметам авторот) не ја пропуштајте.










МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 00:40

Светата великомаченичка Злата Мегленска, чиј празник се слави на 13 октомври по црковниот календар, била родена е во селото Слатина, во Мегленската област, од сиромашни селски родители, коишто имале уште три ќерки. Света Злата била кротка, мудра и побожна девојка.

Еднаш кога излегла по вода, ја фатиле некои Турци и ја одвлекле во својата куќа. Кога еден од нив ѝ нудел да се потурчи и да му биде жена, таа храбро му одговорила: „Јас во Христа верувам, само за Него знам и Тој ми е Женик. Од Него нема да се откажам никогаш, макар и на илјада маки да ме ставите и на парчиња да ме исечете.“ Тогаш дошле нејзините родители и ѝ рекле: „Смилувај се на себе и на нас, откажи се привидно од Христа и ќе бидеш среќна и ти и ние, а Господ е милостив, ќе ти прости за гревот ако го правиш по цена на животот.„

Витешката душа на Св. Злата не дала да биде победена. На своите родители им одговорила: „Штом ми советувате да се одречам од Христа Кој е вистински Бог, не сте ми повеќе родители ни сестри; татко ми е Господ Исус Христос, мајка Богородица, а браќа и сестри - светителите и светителките.„

Потоа била фрлена во затвор, каде што лежела три месеци и секој ден била биена. Најпосле ја обесиле и ја подложиле на оган за да се загуши од чадот. На крајот била обесена на дрво и целата исечена на парчиња. Така починала во 1796 година. Парчиња од нејзините мошти христијаните разнесиле за благослов по своите домови

Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 00:35

Нефертити (што се изговарало отприлика како нафратита) (1370 – 1330 п.н.е.) била Големата Кралска Сопруга (или главна придружничка/сопруга) на египетскиот фараон Акенатен/Акенатон/Ехнатон. Таа била мајка или маштеа на фараонот Тутанкамун. Нефертити веројатно владеела како фараонка според наследно право и тоа под името Нефернеферуатен веднаш по смртта на сопругот и пред доаѓањето на Тутанкамун, иако неговата идентификација е непотврдена според последните истражувања. Нејзиното име грубо преведено значи „убавата (или совршената) жена дојде“. Нејзиното име исто така е име за издолжен златен бисер што се нарекува нефер, со кој честопати е насликана. Таа стана славна заради нејзината биста во Берлинскиот музеј. Таа биста е едно од најкопираните дела на древниот Египет. Припишана е на скулпторот Тутмос и била пронајдена во неговата гробница. Бистата е значајна, бидејќи укажува дека древните Египќани имале познавање за реалистичните фацијални пропорции. Таа имала бројни титули. Така на пример во Карнак има натписи во кои стои; Наследничката, Полна со Доблести, Што поседува Шарм, Која зрачи Радост, Господарка на Милоста, љубената, што го утешува кралското срце во неговата куќа, Господарка на Горниот и Долниот Египет, Големата Кралска Жена, која ја љуби, Божицата на Двете Земји, Нефертити.

Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
DarlinG Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*Lara*Croft*

Регистриран: 09.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1621
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DarlinG Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2008 во 23:34
Мислам дека цела тема неможе а да не се спомне Клеопатра 7-ма којашто бај да веј е македонка




Клеопатра, припадничка на македонската династија Птоломеиди.
[уреди]Потекло на името

Името за кое викаат дека е Хеленско, мора да го прифатиме со резерва, бидејќи Хелените ги преведувале на нивен јазик топонимите..па и личните имиња(пр. Египет кој се викал КМТ..Кеопс кој се викал КУФУ и живеел пред Хелените да дојдат во Европа..)..веројатно коренот на името и доаѓа од античко Македонскиот збор АТА кој значи Татко...но иако името е извртено на Хеленски со додатоците оС и иС..сепак се препознава коренот АТА..Така, на пример, францускиот историчар Ламартин во своето дело " Vie d'Alexander le Grand" (Париз, 1859, стр. 54), во врска со ова ќе запише: "Грците ги испревертувале дури и имињата на владетелите и војсководците со кои војувале. Tиe на ce давале хеленски изглед, дури и во Индија и Персија..."..па веројатно цел свет не бил Хелени пред Хелените и да стапнат во Европа...
Таа била втората ќерка на Птоломеј XII Аулет. На смртта на татко и -51 п.н.е. на само 18 години таа станала ковладетел со нејзиниот брат Птоломеј XIII кој и станал маж. До август 51 п.н.е. таа го испуштала неговто име од официјалните документи што се носело со дотогашните египетски традиции. Понатаму на монетите се појавувало лицето на Клеопатра.
Можеби поради овој напад на независност, Потиниус ја тргнал од власта и откако таа неуспешно кренала востание отпловила со нејзината помала сестра. Есента 48 п.н.е. Птоломеј ја зацврстил својата власт мешајќи се во работите на Рим. Кога Помпеј го победил Цезар и пристигнал во Александрија барајќи прибежиште, Птоломеј наредил да го убијат за да се обедини тој со Цезар. Но, Цезар бил толку многу згрозен од ваквото предавство што го конфискувал целиот египетски капитал и станал арбитер меѓу Птоломеј и Клеопатра (треба да се спомене дека Помпеј бил маж на Ќерката на Цезар, која умрела раѓајќи го синот). По кратка војна Птоломеј XIII бил убиен и Цезар ја вратил Клеопатра на тронот со нејзиниот помлад брат Птоломеј XIV како ковладетел. Цезар престојувал во Египет во зимата 48-47 п.н.е. и Клеопатра ги зацврстила своите позиции станувајки му љубовница. Египет останал независен, но биле оставени три римски легии да го штитат. Врската меѓу овие двајца резултирала со син кој бил наречен Птоломеј Цезар (Цезариус) но самиот Цезар одбил да го назначи за наследник, и за таков го ставил внук му Октавијан. Клеопатра и син и го посетиле Рим помеѓу 46 и 44 п.н.е. и биле присутни кога Цезар бил убиен. Пред или по враќањето во Египет, Птоломеј XIV умрел мистериозно (можно е да бил отруен од Клеопатра) по што синот на Клеопатра станал ковладетел и наследник.

Во 42 п.н.е. Марко Антониј еден од триумвирите кои владееле со Рим по смртта на Цезар ја замолил Клеопатра да се сретнат во Тарсус за да ја потврди лојалноста, Клеопатра пристигнала доста привлечно и Антониј решил да ја помине зимата 42-41п.н.е. со неа во Александрија. За време на зимата таа останала бремена со близнаците Клеопатра Селен и Александар Хелиос. 4 години подоцна во 37п.н.е. Антониј ја посетил Александрија додека се подготвувал за војна со Партијаните. Ја обновил врската со Клеопатра и од тогаш па натаму Александрија станала негов дом. Можно е да се оженил за Клеопатра иако во тоа време бил венчан со сестрата на Октавијан. Тој и Клеопатра имале уште едно дете Птоломеј Филаделфус. По освојувањата на Антониј секое од овие деца добило територија со која владеело: Клеопатра и Цезарион - Египет и Кипар, Александар Хелиос - Армениа, Медија и Партија, Клеопатра Селен - Тунис и Либија и Птоломеј Филаделфус - Феникија, Сирија и Сицилија. Клеопатра го зела прекарот “кралица на кралевите”. Има многу приказни за Клеопатра како на пример таа дека на една вечера со Антониј се обложила со него дека може да потроши 10 милиони сестерци за да организира вечера. Утредента таа нарачала чаша со оцет и во неа ставила еден од своите бисери и ја испила смесата. Однесувањето на Антониј не било прифатливо за Римјаните па Октавијан го убедил Сенатот да кренат војна против него. Во 31 п.н.е. силите на Антониј се соочиле со Римјаните во поморска битка на брегот на Актиум. Клеопатра била пристуна со сопствената флота. Легендата вели дека кога таа ги видела сиромашно опремените бродови на Антониј како губат се повлекла, а тоа го направил и Антониј, но нема дополнителни докази за тоа. По оваа битка Октавијан го заседнал Египет. Како што се доближувал до Александрија, војниците на Антониј дезертирале. Клеопатра и Антониј се самоубиле таа го направила тоа користејќи отров од змија и се отровила на 12 Август, 30 п.н.е.. Синот на Клеопатра со Цезар бил погубен, а другите 3 деца со Антониј биле одведени кај жената на Антониј, Октавија. Често се вели дека Клеопатра користела асп за нејзиното самоубиство. Тоа се однесува на отров од различни змии, но првенствено од египетска кобра. Постои и друга теорија која вели дека Клеопатра не се самоубила туку била убиена од Октавијан, но ова не било толку веродостојно.
Смртта на Клеопатра го означила крајот на Египетската монархија. Римските владетели дошле во Египет да владеат со него. Птоломеидите биле Македонци во суштина, но тие владееле како Египјани, фараони. Клеопатра била последниот фараон на Египет. Нејзината посветеност на државата била огромна,Плутарх запишал дека мајчин јазик на Клеопатра бил "македонскиот јазик"!..Плутарх пишува: "Беше вистинско задоволство да се слуша звукот на нејзиниот глас со кој, како инструмент со многу жици, таа преоѓаше од еден јазик во друг, така што имаше само неколку барбарски народи со кои разговараше преку преведувач, додека со поголемиот број од нив таа директно разговараше. Такви беа: Етиопјаните, Троглодите, Евреите, Арапите, Сиријците, Медите, Партијците и многу други, чии јазици таа ги научи. Тоа беше повеќе изненадувачки затоа што повеќето од нејзините предци кралеви едвај се мачеа да го научат египетскиот јазик, а некои од нив прилично го запоставија и македонскиот јазик".(на англиски "Macedonian", a во оригиналот на грчки: Μακεδονιζειν) (Antony by Plutarch, Translated by John Dryden) ,но исто така зборувала течно 9 јазици но не и латинскиот, била одлична во матекатика и особено го ценела Цезар како многу паметен човек, за разлика од него Антониј бил помалку интелегентен.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2008 во 23:01
Магдалена Антова

На утрешен ден 14.октомври 1941 год. младата 20 годишна Магдалена Антова го положи својот живот и е запишана во Македонската историја како борец за Слободна и Независна Македонија.
Нејзиниот млад живот згасна кога Кумановската чета која на 11 октомври излезе во борба за Македонско народно ослободување беше пресретната од бугарскиот фашистички окупатор и во нерамна борба по целодневна опсада таа и нејзините другари храбро загинаа за Македонија.
Слава и вечен спомен за храбрата Македонка и нејзините другари
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2008 во 19:43
Валентина Владимировна Терешкова





Првата жена во Вселена
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2345>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.