|
Пчеларство |
Внеси реплика | страница <1 234 |
Автор | |
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Полен
Се состои од машките полови клетки на растенијата, од кои голем број се опрашувани од инсекти. Поленот се лепи за пчелите додека собираат нектар, се носи до пчеларникот и се складира во саќето. И до 4 000 000 зрна полен се собираат при еден лет, се наоѓа околу гнездото зашто служи како храна на матицата. Мешавината од полен, мед и восок се нарекува амброзија-храна на Боговите! Поради неговиот висот протеински состав се користи како тоник при општа слабост како и за десензитизација на куѓе кои се алергични на него. Пчелен восок Восокот го создаваат три пара восочни жлезди на стомакот на 12-18 дневни работнички. Тие создаваат восок за изградба на саќето. Лугето го користат восокот за свеќи и церопластика и како како презерватив, а во древен Египет се користел за мумификација. Восокот се добива со топење на саќето и прочистување со жешка вода. Прополис Не е продукт на пчелите туку се собира од пупките и кората на дрвјата и другите растенија. Се состои од 50% смола, 30% восок, 10% едецијални масла и 10% протеини, витамини и олигоелементи. Пчелите го користат како лепак за да ти пополнат пукнатините во кошницата поради тоа што е многу леплив и има фунгицидно, бактерицидно и вирицидно дејство. Затоа лугето го користат за третман на инфекции на кожа и мукози. Се добива со гребење на дното на кошниците или со специјални решетки. Матичен млеч Се создава во надвиличните и фарингеалните жлезди на 3-20 дневни работнички. Се користи за исхрана во леглото, особено за матицата. Сите ларви се хранат со матичен млеч во првите 3 дена. Матиците се хранат со матичен млеч цел живот, додека пак работничките после 4иот ден добиваат и полен и мед. Млечот има бактерицидно дејство и широка примена во медицината а се добива со празнење на ќелиите од ларвите матици. Пчелен отров Се создава во отровните жлезди на работничките од 14 дена во ќесичката за отров. Осилото се состои од 2 бодила кои минат низ жлеб а меѓу нив има канал низ кој поминува отровот. Кога пчелата ке убоде цицач, кесичката излегува од нејзиното тело и отровот се испумпува. Исто така се ослободува мирис кој ги наведува и другите пчели во напад. Отровот се користи во медицината како лек против реума. Се добива со механичко или електрично дразнење на пчелите стимулирајки да го испуштат отровот. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пчелно семејство-корисна популација
Пчели-доместифицирани животни, останати како важен дел од земјоделието и ветеринарството. Во Германија, комерцијалната вредност од пчелната опрашувачка активност е многу поголема од вредноста на медот што го произведуваат. Дури и самоопрашувачките растенија имаат многу помал принос ако пчелите не ги посетат. За да се овозможи понатамошниот птидонес на пчелите во економијата, мораме заедно со нив да работиме за да им овозможиме да останат во добра кондиција. За да се изведе ова, важно е да знаеме се за нивното однесување, нивното одгледување и нивните анатомски и физиолошки способности. Домот на Пчелите За разлика од поранешните плетени кошници кои се користеле денес модерните кошници имаат прегради кои се оделени од гнездото со мрежа, што овозможува полесно вадење на медот. Денес се користат таканаречени магацински кошници кои се состојат од оделни кутии кои по потреба седодаваат една над друга. Во кошниците се ставаат рамки во кои пчелите го градат саќето,а пчеларот обезбедува восочни подлоги за да им ја олесни работата и да им ја заштеди енергијата на пчелите. Пчелно семејство Семејството се состои од 3 типа пчели -матица -работнички -трутови -Матицата е најголема пчела која несе до 2000 јајца дневно и живее до 5 години. Таа го контролира случувањата во леглото преку нејзините мириси. -Работничките се најмали пчели во семејството и инаат најмал животен век. Исто така се женки, но не несат јајца. ое го вршат чистењето (1-3 ден од животот), се грижат за матицата (4-10 ден),го градат саќето, го чуваа влезот на улиштето (11-20 ден),и собираат полен и мед (21-40 ден). -Трутовите се машки пчели и се поголеми од работничките. Не ја преживуваат зимата. Во активна сезона на семејството-кога цветаат растенијата, пчелите пасат а матиците летаат за парење-тогаш се раѓаат трутовите. Улогата им е да се спарат со матицата. На крајот на парењето, во Јули-Август, работничките ги истребуваат. Развој на Пчелите Развојот на пчелите од јајце до возрасен примерок трае 16 дена за матица, 21 ден за работничка и 24 дена за трут. После третиот ден ларвата излегува од јајцето и се развива од препупа до пропупа. Од 10иот ден ќелиите се затвораат и пчелите се изведуваат. Анатомија на Пчелите Една особеност на пчелниот интестинален тракт е медната вреќичка која е слична на голтката кај птиците, а служи з ачување и ферментација на нектарот. Малпигиевите телца имаат улога на бубрези, филтрирајќи ја хемолимфата. Инсектите имаат отворен крвен систем со пулсаторен дорзален крвен сад и додатни срца. Кислород не се дистрибуира клеточно, туку со осмоза. Имуниот систем е неспецифичен, што ги прави вакцинациите невозможни. Тие дишат со пасивна вентилација од трахеалниот систем преку мали дупки-спиракули, кои се отвораат и затвораат. Размножување на Пчелите Матицата е нецелосно развиена кога ќе излегне. 3-5 дена по излегувањето матицата ги прави првите ориентациони летови за да ја запознае околината. По околу 3-5 дена таа го прави првиот свадбен лет. Парењето се врши на околу 10 метри височина. Вештачко осеменување кај Пчелите Бидејки е тешко да се контролира парењето кај пчелите постои потребата да се развијат методи за вештачко осеменување. Пчелите треба да се отпорни на зима, популацијата да е јака, да се мирни по карактер, да имат слаб нагон на роење, имуни на болести и да имаат добра продукција на мед. Потребни се 7-12 ухранети, полово зрели трутови за оплодување на една матица. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Внеси реплика | страница <1 234 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |