IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - ФИФА СП (Мундијал)
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ФИФА СП (Мундијал)

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 38>
Автор
Порака Обратен редослед
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2014 во 08:29
Колумбија - Уругвај 2:0.. реакцијата на Суарез после поразот ..

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2014 во 15:31
Вчера заврши групната фаза на натпреварувањето ....

Португалија ја совлада Гана со 2:1 (Кики успеа да даде гол и нема да плаче иако Португаилија си оди дома). Сали Мунтари и Кевин Принц Боатенг се суспендирани од репрезентацијата на Гана поради вербални и физички пресметки со членови на репрезентацијата (што и не е многу битно нели голема насмевка)

САД - Германија заврши со 0:1 со голот на Милер во 55’ ... ништо возбудливо ... 

Алжир - Русија беше натпревар на денот затоа што се бореа за место во осминафиналето. Завршија со 1:1 што на Алжир му овозможи историско место во осмина финалето и тоа по прв пат (така мислам барем замисленост). Русите имаа водство до 60’ што нив ги водеше понатаму но со голот на Ислам Слимани алжирците се изборија за таа позиција.

Јужна Кореја - Белгија беше повеќе како формален натпревар, заврши 0:1 со гол на белгијците во 78’ иако од 45’ играа со играч помалку поради црвениот картон на Стивен Дефур ...
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2014 во 16:19
Босанците можат сега достоинствено да се вратат дома по победата над Иран со резултат 3:1, тоа никако не ја брише неправдата која им беше нанесена со поништениот гол и која можеби ќе го сменеше целокупниот тек на настаните во нивната група, но што е тоа нема уште технологија за судиите ... 

Нигерија - Аргентина атрактивно ја завршија групната фаза до резултат 2:3 во корист на Аргентина. 

И Еквадор - Франција заврши без голови иако се надевав барем на еден ако ништо повеќе од страна на французите кои играа скоро со резервниот состав ... 
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2014 во 11:14
Како одминува времето се повеќе сум убедена дека ќе гледаме латино-американско финале. Големите репрезентации на стариот континет многу бргу го завршија натпреварувањето на ова СП. По Шпанија, Англија и Португалија, сега и Италија .... 

Уругвај успеа да ја совлада репрезентацијата на Италија со 1:0 во или-или натпреварот за опстанок. Она што е интересно е што Суарез почна повторно да гризе овој пак жртвата беше Киелини ... голема насмевка
Фифа започнала со официјална истрага и ако се докаже дека навистина е така Суарез се соочува со суспензија од две години ... 

Костарика и Англија изиграа 0:0.

Грците имаа среќе, или подобро ќе биде да кажам дека репрезентацијата на Брегот на Слонова Коска немаше среќа. Откако Грците поведоа во 42’ со голот на Самарис, „слоновите“ изедначија во 74’ и тој резултат ги водеше нив во осминафиналето. Но во 92’ прават фантастична грешка и грците со пенал и резултат 2:1 одат понатаму. 

Јапонија - Колумбија заврши со убав резултат (Ли голема насмевка) 1:4 во натпревар во кој Колумбија беше апсолутен фаворит. 
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2014 во 10:30
Е сега вчерашниот ден беше исполнет со убави натпревари иако ме нервира фактот што беа по два во ист термин. Но јас не се откажувам па ги следам и двата во исто време голема насмевка.

Шпанија на заминување успеа да победи и тоа да даде 3 гола против Австралија. Интересен е фактот што тие три гола ги дадоа натпреварувачите кои ја делеа клупата за резерви на претходните натпревари, Виља, Торес и Мата. Како и да е тие сепак си одат дома, но барем последниот натпревар на ова СП им овозможи тоа да го направат со малку достоинство.

Холандија се намачи со Чиле, иако баш и не мораа многу да се трудат. Натпреварот заврши со резултат 2:0 ( ништо со ветувањето на чилеанската порно ѕвезда за нови 16 часа бесплатни „услуги“ ако победи Чиле смеење) . Головите беа дадени во 77’ и 90’ кога веќе се измори одбраната на Чиле. голема насмевка

Бразилците коначно со сигурна победа и резултат 1:4 со Камерун. Искрено ако и овде се мачеа ќе почнев да навивам за камерунците кои секако се најслабата репрезентација на ова СП. Дури и најкритикуваниот играч на Бразил - Фред успеа да постигне гол за да им ја затвори устата на оние кои се прашуваа зошто тој уште има место во репрезентацијата и во првиот состав. 

И на крај Мексико ги спакува хрватите со резултат 1:3. Искрено јас навива за Мексико и кога вече босанците мораа да си заминат (неправедно) сакав да си заминат и хрватите кои отсекогаш ме нервирале ( дури и фактот дека Нико Ковач им стана селектор не го смени моето мислење голема насмевкаплазење)
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2014 во 12:42
Вчерашниот ден и не беше нешто што со нетрпение го очекував.... Освен натпреварот САД - Португалија. И нели се наметна прашањето за кого сум за американците или за португалците? голема насмевкаплазење

По првото полувреме иако голот на Нани во 5’ беше фантастичен, заклучив дека навистина повеќе ми се допаѓа како играат американците. И требаше да победат бе а не да примат гол во 94’ за изедначувачки 2:2. Кики очигледно се пази поради повредата и не влегува во посериозни дуели што накрајот може да го наведе да плаче поради тоа што не постигнал гол, но нели сепак негова беше асистенцијата за вториот. Туку не ми е јасно како може една репрезентатија да биде толку голем баксуз уште на самиот почеток на првенството, па мислам дека веќе половина од португалската репрезентација е повредена и не игра. Поради тој факт и фактот дека американците навистина можат да пружат шанса за атрактивен фудбал во понатамошното натпреварување, јас бев за американците ... смеење


Изменето од Blue Scarlet - 23.Јуни.2014 во 12:43
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2014 во 14:18
Поради вчерашното отсуство нема да надокнадувам за испуштените коментари (ниту за испуштената обложувалница, и така немаше да погодам ништо голема насмевкаплазење) ... ќе го искоментирам натпревараот на Германија со Гана, јас искрено навивав за Гана (no offence колешке голема насмевка), играа со срце и изджаа до крај за нерешен резулат против големата Германија. 

Она што е интересно за овој натпревар е фактот дека Клосе го постигна својот 15 гол и се изедначи со Роналдо по дадени голови, но уште поинтересно е што Роналдо својот 15 гол го има дадено во Германија (а нели тој е бразилец) и тој гол бил токму против Гана а сега Клосе (германец) својот 15 погодок го постигна во Бразил пак против Гана ... голема насмевка

Се изнервирав за поништениот регуларен гол на Босна синоќа против Нигерија, фатална грешка на судиите поради која Босанците треба да се спакуваат и да си заминат од оваа СП прерано. Еве го доказот, и слепиот ќе видеше дека не постоеше ниту најмала шанса за офсајд ... лутина


Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2014 во 22:48
Ви текнува на времето за кечерите,и сите оние муабети
стварно се тепале море не се тепале.Циркусот си течеше.
Еве ни го новиот циркус светски и тоа.
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2014 во 11:20
Човекот со кој Суарез ги прославуваше головите против Англија е физиотерапевтот
Валтер Фереира (63).. имено, тој боледува од рак и го одложи своето лечење само
да помогне во опоравувањето на Суараз.. овој му се оддолжи со два прекрасни гола..

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2014 во 10:08
Колумбија - Брегот на Слонова Коска 2:1 (првиот точен резултат оваа првенство во моето типување голема насмевкаплазење). Сите три гола беа постигнати во второто полувреме, и иако Колумбија беше фаворит на натпреварот доста се намачија за да победат.

Голови:

Rodriguez 64'
Quintero 70'
Gervinho 73'


Натпреварот кој јас го чекав беше Уругвај - Англија, само поради фактот што тој беше пресуден за понатамошното учество на двата тима. Секако дека навивав за Уругвајиако се сомневав дека ќе успеат да ја победат Англија. Руни коначно го тргна проклетсвото кое го следеше и успеа да даде гол ( облозите во обложувалниците во Англија дека ќе успее изнесувале некаде околу 10 милиони фунти) но сепак не беше доволен наспроти двата гола на Суарез. Сега само многу тешка „виша“ математика може да ги задржи англичаните во понатамошното натпреварување. Резултатот беше 2:1.

Голови:

Suarez 39'
Rooney 75'
Suarez 85'

Јапонија - Грција заврши без голови со резултат 0:0. Иако јапонците беа со играч повеќе откако во 38’ по втор жолт картон Katasouranis доби црвен, не успеаја да стигнат до победа. 
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2014 во 17:19
Адиос Шпанија . Барем на мене нема да ми флите . Ако може денес и англииските дрвари да си појдат ќе биде феноменално .
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2014 во 17:06
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2014 во 15:12

Вчера гледав Фудбал. Не ми се верува. Не ми се верува
Австралија - Холандија. Имавме проблем со децата оти не знаевме за која екипа да навиваме.
Па некаде на половина натпревар решивме да навиваме за лалињата.
И нормално - победија “нашите“плазење
, па до крајот на мундијалот може да изгледаме и уште некој натпревар.




Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2014 во 14:55
Се надевам следната утакмица Чиле ја губи...
Греота за глумицана .
Е Бог да чува човек што се ќе види во еден век.
А викаат животот бил краток.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 38>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.